Феминки ме интересира каде во Скопје може да ми наместат ваков ретејнер и колку чини и евентуално дали има вакво нешто на државно?
Oвa е мoбилен aпaрaт зa зaби. Секoј oртoдoнт мoже дa ти гo нaпрaви, дaли привaтни или сo фoнд, зaвиснo oд тoa кoлку гoдини имaш. Ти требa упaт oд мaтичен стoмaтoлoг.
Се извинувам за две мислења едно по друго, синоќа не успеав да редактирам. Најверојатно е неуралгија, според ова што го опишуваш, особено дека болката жари и тлее цело време. Ако не ти помогне хомеопатијата, и ако сакаш да пробаш со прп, пиши ми слободно.
фала многу на одвоеното време...докторке ..прво ке пробам со хомепатија па ке видам како ке реагирам ако не помине ..па после правец на неврологија за сигурна дијагноза .. а инаку за ова прп ..плазмолифтинг дали знаеш која е цената од третман и од колку третмани ги снемува болките со оглед на тоа дека имам неуралгија веке една година со паузи ....и каде би постигнала најдобри резултати .. поздрав
@Annath во бременоста имав мала дупка во забот, требаше да го правам по пораѓај но од пусти страв сеуште неам отидено. Сега забот веќе поцрнен има дупка и ми крвари. Не ме боли. Колку е сериозно и опасно. Не сум во Мк, итна ли е работава. Инаку ми крвари може и една година ако не и повеќе. За ќотек сум ама многу ми е страв.
Мoже зaбoт, a мoже и oд непцетo дa крвaри. Пoверoјaтнo ми е oвa втoрoтo, се вoспaлилa гингивaтa oд кaриoзниoт зaб. Инaку не е зa чекaње, без oглед нa тoa штo не бoли, пa штoм дoјдеш вo Мк, oдмa нa зaбaр. Мoже и дa гo спaсиш aкo си нa време.
Денес на стоматолог ми кажаа дека сум имала воспаление на жлебината (се собирала нагоре ако добро ја разбрав), забен камен и џебчиња Нишо не ми е јасно... Некој стоматолог да појасни ако сака? Страшно нешто е или? :-/
Значи некни бев на забар и ми поправи 3 заби сите 3 во исто време ме болеја и не знаев од каде доаѓа поголема болка , од сите 3 само осумката имаше симптоми на расипан заб, сите други навидум здрави беа а болки огромни имав. Сега еве два дена отечена сум цела и морам да пијам антибиотици Klindamicin пијам 3 пати дневно и мислам дека од нив сум како зашеметена имам големи главоболки изгледа ми се многу јаки. Ме интересира што ќе биде ако прекинам да ги пијам лекарствава ?
Да не ти била болката од синуси, а не од забите? Некогаш така изгледа како да е од заби. Посебно зашто велиш дека три заби те болеле. Ако не ти одговара клиндамицинот, смени го. Има други антибиотици, ама тоа по совет на твојот матичен стоматолог.
Вадев заб и уште истиот ден само неколу часа по постапката местото во празнината ми е подуено,има темна боја и е мн меко на допир(како гној полн со крв) а исто така и непријатно мириса.Прашањето ми е дали тоа е нормален процес на заздравување и местото мора да биде така зараснато или најпрвин треба да имам празнина па после неколку дена да заздрави ?
Женски ми треба помош.. ми се појави циста на забите не ми е прв пат туку ми е трет и сеа не се сеќавам колку време се лежеше во болница после операцијата ако има некој искуство со тоа нека каже ве молам )
дечки мене првиот заб ми е потемен пошо ми е мртов веќе неколку години. ама колку и да ми ставаат пломба на него сепак се познава , дели од другите и многу ми влијае при насмевка и во самодовербата. дали сте имале сличен проблем или искуство и како можам да ја изедначам бојата со другите заби ?
Не се лежи во болница, рутински операитивен зафат е, истиот ден те пуштаат дома. Со навлака. Има опција избелување на забот од внатре, ама не е ефикасна секогаш, ниту трајна. Само навлака, метал керамичка или керамичка да се стави, за да се изедначи бојата.
Не ќе да ти била на забите... пошто тоа е рутинска операција, кај тебе веројатно за нешт одруго се работи.
На забите беше сто посто, лежев во максилофацијална е сеа излеа подолго сум лежела бидејќи последнава операција шо ми беше ми беше као што рекоа пробиен и синусот и ми имаа ставено и газа ... а сеа за оваа операција не знам дали е така али се сомневам и у тоа ... Со целосна анестезија бев за време на операцијата... после тоа останав во болница имав оток и не знам уште шо не таму ..
Твоето е веќе компликација на циста на заб, така кажи си. Тогаш, веројатно зависи од случајот, како е сега ситуацијата. Една недела најмногу, може и пократко. Ама никој не може точно да ти каже, освен тој што ќе те оперира.
Дај боже да е за една недела , бидејќи проблемот кај мене е тоа што следниве месеци ми се хаос со матура затоа и се плашам да не изгубам нешто Не ми имаат кажано за друг чекор , а и тие две операции не беа според моја одлука пошо бев малолетна тогаш и моите беа тие што одлучиле и докторот..