Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.839
    Допаѓања:
    77.242
    Пол:
    Женски
    Кај мене е проблемот дека забот е над кецот веќе, а 3ката е тој... и башка имам големи 3ки кучешки баш, еве слика пак види баш каде е забеган забот веќе во корењата на 2ка и 1 :/
    12674997_10207367569140675_1827442912_o.jpg
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е, ептен убаво се гледа... ќе се среди, не се секирај толку. Ќе ја заборавиш и операцијава за брзо ;)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dolores93

    Dolores93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    7
    Дечки дали некој од вас има искуство со мртов преден потемен заб и дали сте ставиле композитна фасета или коронка или друга опција?
     
  4. thalia zapata

    thalia zapata Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    здраво луѓенца некој да каже некое место каде прават прецизни снимки на забите ..освен КРуна ...таму се снимав ама не сум задоволна беше заматена снимката ...а скапо ја платив ...? фала ...
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.590
    Допаѓања:
    5.938
    Знaчи не знaм штo се случувa сo мене. Четири денa се кoгa земaм дa пијaм билo штo чaшaтa прaвo вo зaб јa удaрaм,вo ќецoт. Сегa ме бoли зaбoт.


    Дaли е мoжнo дa ми пoтемне или нештo другo дa биде?
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Кога бев во 9ти месец од бре
    бременоста ми се појави како брунка на лева горна страна од јазикот. Почна да расте и на моменти крвари. Бев на оториноларинголог и рече дека е бенигнен тумор кој што ми го отстране и го пуштивме на испитување. Е сега од ко ми го отстране под јазикот од левата страна на сублингвалната жлезда ми се појави како оток и црвено е малку. Може да е реакција на тоа или нешто друго?
     
  7. .mr.black.

    .mr.black. Нов член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Барам помош од @Annath .
    На мојата 10 годишна сестра еден стоматолог и го извади забот но по 3 месеци не и порасна нов. Дали е нешто сериозно или?
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Ќе си порасне... изгледа предвреме е изваден млечниот заб. Најубаво е сам да падне кога му е време, освен во исклучителни случаи.
     
    На .mr.black. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lunaa21

    Lunaa21 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Бремена сум 9ти месец. Горната 4ка ми беше пломбирана и се беше во ред додека една вечер почна наеднаш да боли неподносливо. Бев на заболекар ми го отвори забот ми го умртвуваше живецот, вели ке направам се за да го спасам. Е сега немам појма шо ми стави некој лек шо требало да стои месец дена. Арно ама ми искрсна непланирано да излезам од државата на два месеца. Кпга се вратов тој не беше тука и помина пола ходина од тогаш. Денеска на јадење почувствував остра болка и видов дека ја сменил бојата потемнел и се сронол до пола. Страв ми е дека ќе ми го вадат сепак преден заб е а и бремена сум не знам дали може да се работи на него со анестезија..
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од анестезија, забот е мртов и може да се работи безболно на него. Оди на забар да процени дали е за вадење или не, ако е за вадење, завршете со тоа пред да се породиш.
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Од кога треба да почнат дечињата да се носат на забар ?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Од година и пол, две... прво онака, прошетки до забар, запознавање со него, со функцијата, со машините. Редовни контроли на секои 6 месеци, по потреба и почесто. Па после ако не дај Боже боли запче, да не биде проблематично. Многу родители грешат токму тука - првпат ги носат децата на забар кога ќе се појави болка, па тоа искуство е трауматично и така се раѓа стравот.
     
    На theowndemon, Bozica1980, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Уште едно прашање...
    Дали на запчињата влијаат лекарствата на пример ,,гарамицин,,
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Да, влијаат. Особено лековите од групата на тетрациклински антибиотици. На млечните заби делуваат уште кога се во фаза на формирање, во стомакот на мајката (ако мајката земала такви препарати). На трајните заби влијаат ако децата земаат такви лекови од најрана возраст, и во текот на животот. Забите се со поинаква боја, темно жолто кон сиво и многу лесно се оштетуваат.
    Гарамицин или гентамицин е во друга група на антибиотици, не делува на забите.
     
    На referentka и MilaP им се допаѓа ова.
  15. thalia zapata

    thalia zapata Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Докторке Annath мене ми потврдија тригеминална неуралгија ...ако сакаш да ми пишеш котакт од доктор што прави ПРП. плазмолифтинг....фала
     
  16. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    Nemam vadeno zab dosega,pa da prasam,dva dena imam ogromni bolki,zabot najverojatno e za vadenje,otvoren e,no gledam fatil gnoj.dali smeat da go vadat taka ili ima druga procedura.?
     
  17. Lunaa21

    Lunaa21 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ми кажаа дека забот не може да се спаси (се работи за четворка горе лево имам пишано во пост погоре). Е сеа забарот ми рече ке го вадел па ке ми стаел порцелан. Па ако може да ми ја објасните налку процедурата.
     
  18. cakedup

    cakedup Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво екипо!
    Сакам да направам екстракција на тројката односно кучешки заб кој ми се спушта така што ми ја покрива и турка навнатре двојката.
    Дали е потребно да се обратам кај орален хирург, предлог на добар орален хирург и одприлика колку би ме чинел еден таков зафат ?
    Благодарам :)
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Може да се врати на свое место со фиксен апарат, нема потреба да го вадиш. Тројките се клучни заби за одржување на формата на лицето, конкретно линијата на усните.
     
  20. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Annath помогни ми те молам. 6ката долу ми беше скршен едно време, одев кај една никаква заболекарка ми ставаше и ми трупаше пломба врз пломба на тој заб, бидејќи цело време ми се кршеше. Отидов кај друга задоволна сум од неа, ми го направи 6ката и плус 7 та до него била расипана. Мислам дека на 6ката лек ставаше ама не сум сигурна. Ми испадна убаво го правев одамна ама нема мислам пола година. Пред некоја недела ме заболе, а баш тогаш имав закажано за на забар, за друг заб. Ја прашав заболекарката зошто ме боли ме праша дали на топло или на ладно и викам на воздух. Ми рече ќе ти помине ништо не е тоа. Ми помина ама еве сега 2 дена пак ме боли. Незнам што се дешава со моите заби. Едни правам а други се расипуваат. Помош Annath?