1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Девојки имам проблем со непцата, при четкање ми крварат и на долното непце од лева страна имам топче како со гној, некогаш го има, некогаш не, али ме боли на тоа место ( мислам дека ми се појави откако правев екстракција на 8цата таму, ми се искомплицира ептен). Исто би сакала да ми препорачате некој добар стоматолог во Скопје, може да е и приватен, бидејќи имам проблеми со осигурувањето и секако морам да плаќам приватно.. :*
     
  2. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас го имав истиот проблем, тројката ја турна двојката. Како дете носев мобилна протеза, но да бидам искрена не бев доволно дисциплинирана, па сега "на старост" носам фиксен апарат. Забите ми се наместија по 2 месеци носење, но заради возраста и заради тоа што забот повторно се враќа на првобитната позиција, морам да ја носам протезата уште минимум година и пол. За потоа ќе видиме со ортодонтот.

    За мене екстракција не доаѓа во предвид, забите се пола здравје народски кажано, зошто со сила здрави заби да вадиш? Меѓу другото, што ќе правиш со местото што ќе остане празно?
     
  3. Дакноманиак

    Дакноманиак Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Бев на стоматолог па ми стави лек и треба пак да одам по 1 недела.
    И сега од лекот имам малку болки не се страшни и не се постојани, но не неможам да гризам на тој заб бидејќи кога ке гризнам ме боли ... Поминаа скоро два дена од кога бев на стоматолог ич не ми е згодно за џвакање на храната.
    Дали е ова нормално од лекот ?
     
  4. cakedup

    cakedup Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Па нема да остани празно местото, тројката ми е над и измегу двојка и четворка ама повеќе е над двојка така што ја турка навнатре а расте пред неа, не би рекла дека со фиксен апарат би се средило тоа затоа што мене двојката и четворката ми се споени и не знам како можи да се направи толкаво место меѓу нив :)
    или па двојка да се извади па со фиксен апарат да се повлечи тројката на нејзино место.
    Проблем, проблем стварно не знам.
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Женски
    i jas imam takva situacija , ne se vadi dvojka , tuku cetvorka , petka , mnogu loso ke izgleda da e na mestoto na dvojkata. I da so fiksna i te kako se sreduva
     
  6. Hermi44

    Hermi44 Нов член

    Се зачлени на:
    21 март 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам 16 години,пред некое време додека бев на преглед кај стоматолог ми напоменаа дека треба да одам на ортодент.Денеска бев,ми кажаа дека е можно само со фиксна протеза да ми се исправат забите.Има само еден проблем,не ми се излезени умниците а докторката ми кажа дека ќе ми ги извадат со операција сите 4!!!!Исто така не знам како се одржува хигиената,дали после се носи мобилна и дали вреди?????
    ПОМОООООООООООООООШ
     
  7. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Знам, те сфаќам, исто беше и кај мене. Консултирај се со ортодонт, најдобро ќе ти објасни. Од лично искуство верувам дека се корегира со протеза, но ти си знаеш најдобро.
     
  8. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    1.178
    Вчера ми ставаа лекови во двете осмици, за 15 дена треба да ги вадат живеците. Дали е нормално и денес уште толку многу да ме болат како и пред да ми ги стават лековите?
     
  9. Mlada devojka

    Mlada devojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Имам премногу мека коска на забите, не само што е мека е и кршлива може некој кој имал ист проблем да ми каже дали е можно нешто да се конзумира или мачка за зацврстување на коската?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Не би требало. Изгледа не се добро отворени, па лекот не може да делува, или пак загноени се, па погрешен лек е ставен. Кажи ми, на ладно те болеа пред да одиш на забар? Сега каква е болката, константна, дали се смирува на топло или на ладно?

    Се случува понекогаш да болат забите, на пример кога се преосетливи, без некоја посебна причина. Следи ја болката, ако не се смири за недела-две, или ако стане појака и константна, тогаш ќе треба пак да се лекува.

    Со фиксен апарат ќе се среди, бидејќи коската се ремоделира, и забите се поставуваат на саканото место. Ако има потреба, ќе ти вадат четворка или петка, тројка не се вади, оти тројките ја држат линијата на усните и насмевката, па таа страна кај што ти е тројката ќе ти падне тој дел од лицето. Не наеднаш, ама постепено. Не си се консултирала со специјалист, сама си донесуваш заклучоци што треба да се вади и исправа. Првин зборувај со стоматолог, па ќе видиш што ќе ти каже.


    Не би требало да те боли, но може да се случи, некогаш е очекувано. Се додека не те боли константно и без провокација, не е проблем, секако за брзо време пак ќе одиш на забар.

    Вреди, зошто не би вредело? Ќе се извадат сите умници (рутинска операција, секако не сите наеднаш), после ќе се стави апаратот и ќе ти се исправат забите. После тоа се што треба ќе правиш, за хигиена и одржување ќе си го слушаш стоматологот.
     
    На SnowQueen17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Една забарка ми има кажано дека може да боли заб ако пример горниот е расипан а да боли тој под него. Мене ми е расипана 5ката горе, а долу ме болеше 6ката. Сега немам никакви болки ама се плашам да не ме повтори. Наредната недела сме на екскурзија во странство па не ќе можам да си помогнам.
     
  12. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    1.178
    @Annath мене не ме болеа двете осмици. Отидов да средам една петка горе и двојката горе имаше малку кариес ја средив и нејзе.
    И конечно по консултација на претходната матична и сегашниот избран доктор решив да ставам мостови долу. Ми фалеа 6 и 7 и од двете страни ама извадени уште мноооогу одамна на моја голема штета.
    Отидов и ги истругаа петките и осмиците и со пробите до финалното местење нели поминуваат 5-6 дена. Мене ужасно ме болеа забите ама сите околу мене ме убедуваа дека е нормално стругани се. И докторот рече дека се отворени и ќе поминат кога ќе се стават мостовите.
    Ги ставивме со привремен лепак во четвртокот, оставив простор до сабота дека така треба нели ама беше неиздржливо, со бруфени и вентори се киздрогирав и џабе. Ноќе пулсираа и особено многу болеа.
    Вчера отидов и осмиците се проблемот, одобено левата ме излудува. Ги отворија и ставија лек кој ќе стои 15 дена. Ми рекоа денес треба да помине. Не поминува! Две и повеќе нели веќе нервно попуштив!

    Во 4 испив вентор и ми се смирија. Дека прегладнета а не можам ни да џвакам како што треба земав пудинг да јадам и ем пазев ми избега на лево малку и ене го пулсира и ме излудува. И се плашам дека ова нема крај.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    @Nova, нaјдoбрo дa oдиш, сo aнестезијa дa ти ги средaт. Пoдoбрo тaкa вo еднa сеaнсa двете, oткoлку дa чекaш 15 денa, дa не се искoмплицирa, пa дa требa дoпoлнителнo лекувaње. Oбичнo кoгa се стaвaaт зaби пoд мoстoви, или ќе бидaт витални (без изваден нерв - пoреткo) или умртвени и исчистени вo еднa сеaнсa, знaчи штo е мoжнo пoкрaткo oтвoрaње и зaтвoрaње нa кaнaлите зa дa се спречи пoнaтaмoшнa инфекцијa. Амa секoј рaзличнo рaбoти, не мoжaм дa се мешaм вo туѓaтa рaбoтa. Снимки и детaлнo чистење е пoжелнo, зa дa не се пoвтoри вaквa бoлкa кoгa мoстoвите трaјнo ќе се цементирaaт.

    @SnowQueen17 и тoa е мoжнo. Бoлкaтa знaе дa се шири нa пример aкo бoлaт гoрни седмици или oсмици, дa бoлaт и дoлни. Тaкa штo се е мoжнo. Нa екскурзијa сo тебе имaј aпчињa прoтив бoлкa oбaвезнo и некoј aнтибиoтик зa секoј случaј.
     
    На SnowQueen17 и Nova им се допаѓа ова.
  14. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    1.178
    @Annath значи не е дека не е можно ова како моето? Од "ништо" нешто си направив.

    Фала ти на советот многу! Утре ќе се јавам да кажам и ќе барам и снимка, они беа убедени дека ова е правилниот начин и дека болката ќе престане. Ама очигледно нешто не штима.

    Иронијата да биде поголема мостовите ми се совршени и никаква преправка немаше. :(
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    @Nova чест случaј е вo прaксa. Не сaмo кaј зaби штo се стaвaaт пoд мoст, туку и кaј вooбичaенo, прoцедурaлнo лекувaње.
    Штoм имaш бoлкa се уште и пoкрaј лекoт, не е бaш вистинскиoт нaчин, мoрa другo чaре дa се бaрa.
     
    На Nova му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми ординација за изработка на забен мост од која сте задоволни? И цена на еден заб? Без разлика дали порцелански или обични
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Цените се од 50 евра нагоре, нема обични, исклучиво керамика, само зависи која техника и материјал ќе се употребува.
     
  18. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    @Annath сакам да те прашам што е најдобро за забите -дали да ставам навлаки на заби или нешто друго..Носам фиксна протеза кај и да е за месец дена ке ми ај извадат е сега на двојката немам живец т.е ми го извадија и како минува времето тој си поцрнува..што би ми препорачала да направам на предните заби?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Можеш само на тој заб да ставиш навлака, другите не ги чепкај. За една недела ќе ја имаш. Само провери го со снимка прво дали е во ред забот.
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Горните кецови ми пораснаа расипани. Одвај одвај ги дочував до сега со постојано пломбирање од сите страни. Пред 6-7 месеци едниот кец сам умре. Живецот умре внатре си се умртви и то беше едно од најболните работи шо ги имам доживеано. Пиев антибиотици. Па ми го извадија живецот, па со лек седеше два месеци и го пломбирав.
    Ама уште ме боли. Значи некогаш повеќе некогаш помалце. На ладно топло кога гризам итн. Денес се снимив забарката ми рече на снимката нема ништо. Ми рече предлабоко е пломбиран и гибан и може сам ќе се смири, може ќе си наболнува така. Ама ако почне повеќе да реагира ќе треба операција за кратење на коренот (ако слушнав добро). Паничам. Значи какви не маки сум претрпела со овие забите никакви, сите пломбирани ми се.... И сега уште ова. Дали некој има слично искуство?