над долниот десен умник потечено ми е непцето и ме боли нешто како гнојна ќеса кога голтам, зборам и сл. дури осеќам болка на грлото и увото. Го гледам забот ништо не му е и не знамм што е причината
Па не се сеќавам точно бидејќи беше пред 5 години само се сеќавам дека ми ставија инекција и дека смеев да јадам послем тоа една недела само мека храна ..
Ми треба паталец. Денес хируршки конечно извадив горна осмица, таму бев храбра, ама дома збеснав од анкс. Напади. Бидејќи веќе некое време не пијам лекови за анкс (др. Ми рече, не на своја рака) не пиев ни Хелекс. Јас болка третирам со Кетонал. Имам испиено од 10х наутро до 2х ноќе 3х100. Океј сум. Проблемот е што и малку да заболи јас умирам од страв. Има некој идеа за поефикасно нешто од Кетонал (или да смеам почесто да пијам, или појако ама поретко) @Annath на работа да им речам да ме боцкаат Кетонал или орално да го земам? За заб што би било поефикасно?
Боцкањето е подобро, бидејќи кетоналот не е баш добар за желудникот. Ама ако ти помага орално внесен, и не ти прави проблеми, тогаш може и таблети да пиеш, не мора боцкање. И нема потреба да го менуваш ако ти помага. Уште денес може да те боли местото, од утре веќе би требало сосема да прекине.
Еве денес жива сум. Ноќеска ептен отеков, па решив и денес да се поштедам од комуникација со луѓе. Бев кај докторот, ме боцнаа Дексаметазон, ме сунчаа малку со ласер, и ми рекоа да пијам Амоксиклав и Серапептазе. Инаку сабајле пробав божем Ибупрофен, ама воопшто не ми делуваше. Па почекав 2 саати и испив пола Кетонал, па после 2 саати уште пола. Сега за сега сум океј. Мене самото место кај што е шиено не ме боли ич, ама грлото и увото болат, а најмногу образот боли Веројатно од отокот. За 1 недела вадење конци Мене најшубе ми е со Кетоналов зошто знам дека треба со храна, ама јас не можам ништо да изедам, па го пијам со јогурт, колку толку да имам нешто во стомак..
@Annath извини, уште нешто да те позамарам Амоксиклавов не можам да го пијам затоа што не можам да голтнам толкаво апче. Најголемо што сум проголтала е Асентра од 50мгр и тоа со двоумење, припрема, длабоко воздух итн. Обично за заби ми препишуваат или Клиндамицин капсули (кои не ги ни купувам на крај, нема шанси да ги проголтам) или Амоксиклав - кој само што го исповратив (го искршив). Инаку докторите знаат за моево неголтање, ама упорно ова ми препишуваат. На крај на своја рака купувам Макропен, бидејќи ем го кршам и го пијам, ем немам нагон за повраќање. Прашањто ми е следно - знам дека Макропенот не е пеницилински, а овие два се - дали во случајов е ептен важно да е пеницилински антибиотикот? Ако е ептен важно, што можам да купам со таква форма и помалку убитачен вкус од Амоксиклавот? Ни Макропенот не е вкусен, ама успевам да не го повратам
Не се сите пеницилински, сaмo Амoксиклaвoт е. Мaкрoпенoт ми е слaб некaкo зa вaкви рaбoти, пa реткo и сaмaтa гo препишувa, oсвен пo бaрaње нa специјaлист. Акo не мoжеш ниту издрoбени дa ги пиеш Клиндaмицинoт или Амoксиклaвoт, тoгaш пиј Мaкрoпен. Мoжеби ќе требa пoдoлгo или пoгoлемa дoзa дa земеш, aмa ќе ти пoмoгне кoлку тoлку дa спречи дoпoлнителнa инфекцијa. Спoред мене Клиндaмицинoт е нaјдoбaр вo вaкви ситуaции, aмa aкo не мoжеш, и Мaкрoпен ќе зaврши рaбoтa.
Знам дека е најдобар, ама јас треба да ја отворам капсулата и да го испијам прашакот, што е еднакво на бруталност. Ќе се обидам да го пијам Амоксиклавов, да го маскирам со јогурти Среќа денес веќе воопшто не ме боли и немам никаков оток, па ми е помирна душава. Благодарам ептен најмногу
Еве вака Имам заб правен со колце на коренот на забот пред 3 години.Пред два дена ми падна забот сосе колце.Мислам дека треба да се извади коренот зошто ме боли инаку забот е 3горе лево.Ама има друг проблем.Можно е да сум бремена и анестезија несмеам да примам.Дали некој вадел заб без анестезија или некој совет да ми даде што да правам.позз
@Ctete треба да си тотално луда за да вадиш заб на живо што би рекле старите. може да ти стави лек да го извади живецот па кога ќе утврдиш статус дали си или не тогаш вади го а и ако ти го извади живецот за што не е потребна анестезија може со години да стои а да не те боли. Незнам дали таа анестезија може воопшто да влијае на плодот затоа што е епте мала доза и локална, дури ни целата уста не утрнува.
ама живецот е умртвен од пред 6 години.бев бремена 9 месец кога ми се скрши и докторот ми го направи.Ама еве после 3 години почна да ме боли и забот испадна.Е сега знам и дека несмеам да го сликам зошто и тоа е штетно.Не сум сигурна за бременоста но несакам да ризикувам.А и ме боли да не ме болеше како било но тоа е
Веројатно не ти е изваден целиот живец но тоа не бино, единствена варијанта доколку не сакаш како што ти велиш да ризикуваш ма да јас мислам дека воопшто не е ризик ако се работи за тек недела две бременост ти останува да пробаш да го смириш со лек, друго чаре нема.
Тоа зависи и од исхраната, како ја преработуваш! понекогаш забите може во ред да ти се но сепак да имаш непријатен здив. Тоа се случува кај тие што залакот неизџвакан го голтаат. Па поради неможност на желудникот убаво да ја преработи како таква, таа останува во него и почнува да"гние". Затоа се препорачува секој залак да се џвака околу 20 пати. Од почеток ќе ви омале устата, ама со време си се навикнуваш, и верувајте нема да имате проблеми со здивот позз
Анестезијa НЕ СМЕЕШ дa примaш aкo си бременa, вo првo трoмесечие. Пoнaтaкa мoже. А снимaње не е пoжелнo, нo мoже, aмa сaмo сo зaштитнa престилкa. Без тoa никaкo. Зaбoт имa прoцес, зaтoa пaднaлo кoлчетo и те бoли, фaктички кoскaтa те бoли нa тoa местo, a не зaбoт, бидејќи е мртoв. Мoже и дa oтечеш, меѓутoa бидејќи е oтвoрен кaнaлoт, пoрaди тoa немaш oтoк (штo не мoрa дa знaчи). Кaкo и дa е, испитaј се преку крв дaли си бременa, зa дa знaеш штo дa прaвиш сo зaбoт.
Здраво.Сакам да ве прашам за искуство операција на максилофацијална хирургија?ке треба да ми вадат долна 6 и да отварат долу....дали боли и ако има некој правено таму како сте задоволни од услугата?Фала