Проблеми со јадењето

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од disaster, 12 септември 2013.

  1. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Значи од почетокот се здебелив едно добри 5-7 кила и после тоа ги смалив ама не 5-7 туку скоро 10 и сега кога ми се јаде почињам да јадам и наеднаш ми се одјадува како да се заситувам од првото залче и толку.. Дали е ова почеток на губење апетит или почеток на анорексија хаха, зошто ми викаат дека уште малце анорексична ќе станам..
     
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Не бре каква анорексија. Анорексијата е психичка болест. Се гледаш во огледало дебела. Ти на пример си слаба или си таман, а се гледаш дебела. И не јадеш, или јадеш па намерно повраќаш (булимија).

    И јас имам такви периоди, ми се јаде многу и почнувам да јадам, па ќе се заситам од малку, или ми се одјадува. Ми се случува или кога ќе прегладнам многу, или кога сум многу уморна, или некогаш без причина. :D
    Пробај со некои витамини за апетит, матичен млеч на пример, или квасец...
    Или јади по малку, 3 залчиња 3, после саат време пак. Сфаќаш, по малку ама повеќе пати во денот. :)