Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Добар бизнис ако отруеш едно а излегуваат нови 5.
    Со 10 хаски ќе сториш 50.... лапај бабе пари. Хм
     
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Јас не викам кучињата да се труат напротив ако е донирано а гледам колку донирате за тоа ќе имаат сега ќе бидат згрижени а пак се на улица парите кај се? Од дека па ти знаеш дека неам донирано живти све греота е тоа што го праете недај боже да го осетете на своја кожа куче да ви убие близок.
     
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    135.303
    Пол:
    Женски
    Не ве исчитав уназад, многу страници се, може ова го кажал некој ама ајде...

    Проблемот не е во кучињата. Човечки фактор е во прашање, со многу длабок корен. Во нашава пропадната држава тешко дека ќе се реши некогаш ваков проблем.
    Јаки контроли и строги, високи казни се тоа што ни треба.
    Регистар на домашни миленици со се име на сопственик. Точно да се знае возраста на животното. И покана ко за дете кога му е време за чипирање, за вакцина, кога му е време за стерилизација...
    Стеризилизација задолжителна, ако сака да чува некој милениче. Размножување само кај регистрирани лица, под строго определени услови.
    Па тогаш нек земе некој животиња и нек ја пушти коа ќе му помине мерак.
     
    Последна измена: 7 ноември 2018
    На DAngel, Nausicaa, Avery и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Јас сакам кучиња, сум чувал и самиот.
    Исто сакам газдите одговорно да си ги чуваат и да не ми лаат на глава.
    Исто сакам сите опасни глутници што ќе покажат и најмала агресија да бидат фатени и згрижени или доколку нема капацитет за згрижување стрелани на лице место и во вреќа. Сепак ова е урбана и пред се човечка средина. Отров е тешко, нека не се мачат толку време.
    Сите што подхрануваат а не ги земаат да ги чуваат, казна 50-100 евра. Ако си храбар и имаш услови, покажи се на дело - вдоми ги.
    Луѓето што исполнуваат услови (се наоѓаат во периферија, имаат голем имот, куќа за куче, дупла внатрешна ограда која што обиколува доволна квадратура) и сакаат да чуваат, да може да се регистрираат и да добијат куче од фатените, редоследно, без пребирање.
    Урбана средина сватете веќе еднаш каде живеете и кучето носи душа, бара засолниште, храна, друштво, внимание... А и луѓето окулу вас носат душа. Нема во густо населено место услови. Нема место за нас, па камо ли за кучиња... треба да одиме во широчина, не во височина, но да не навлегувам во друга тема...

    Во мене нема лицемерие, кога скраја да е, би бирал и за себе, би ценел доколку на мој трошок некој одлучи да ме стрела, наспроти било што друго. Еден куршум во тил и готово.

    PS: Постои и една додатна опција, да ги разделат и разнесат во дивина по шумине далеку, ама пак ќе наидат на луѓе евентуално, плус тоа, на крај ќе бидат ловени пак, исто како волци што се ловат пошто прават бељи. Така што, овој чекор е непотребен.
     
    Последна измена: 7 ноември 2018
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.613
    Допаѓања:
    43.187
    Пол:
    Женски
    Што е греота бе жено? Што имам душа и што помагам на кој можам, што пробам да олеснам мака на некој кој не е способен за тоа? Што е греота? Парите што ги донирам си знам јас каде одат и знам и луѓе кои се во здруженијата и не ми е јасно што одговорност барате од здруженијата кога тие се самофинансиски здруженија, самоиницијативни, значи помагаат колку можат, а не е задолжително да помагаат. За тоа државата е задолжена оти свекрва ми работи во собрание и знам какви договори имаат со шинтерските служби, кои не се испочитувани ниту 1%.
    Недај боже никој да осети таква болка, ама кучињата не се криви, не може да му префрлаш вина на нешто кое нема чувство за вина, нема свест и се води по инстинкт, за разлика од луѓето.
     
    На Harper, crimson, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Семејно насилство што се случува и што никој не реагира е во ред ама кога ке се види како куче се малтретира е тоа е веќе психопатија нели? Друго е чувано куче а друго е обична џукела нека те уапе нека ти пренесе некоја инфекција е тогаш ке ви дојде акло.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Намерно прашав да не има некој веган. Толку се испотресовте што некој предложи убиство на агресивни кучиња а секој ден кркате коковчиња у форма на стек, копанчиња, крилца, па јагнешки котлети, телешки гулаш, прасечко, а паштети, а саламички итн. Како така, сите животинчиња се исти, зар не ви е жал за другите, брутално убиени за да вие ги јадете, или само кучињата скитници се животни.
     
    На hellocity му/ѝ се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Не си ми јасна со муабетиве сега,што е поентата? Што треба да се направи според тебе?
     
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    И не носите крзна и тоа е од животно ако ги толку сакате животните.Мене искрено ме чуде ја сум запрепастена од коментарите се рабоити за млада девојка што имала соништа за иднината и на крај некои кучиња да ја подгонат да падне да се удави Срамотаа.
     
  10. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Како тоа никој не реагира на семејно насилство? Кој тоа?
    Само затоа што луѓето се против убивање на животни не значи дека оправдуваат насилство врз луѓе.
    Секој кој малтретира друго суштество за свое задоволство е психопат.
    И не, не велиме дека не е проблем и дека не треба да се превземи нешто ама убиство не е решение.
     
    На Harper, ivi1987, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Пример за насилство во Србија во автобусот манијакот што малтретираше девојче никој не се мрднаа а да беше куче незнам дали сега ке беше жив насилникот.
     
  12. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    И кој од овие луѓе што се против малтретирање на животни би останал рамнодушен на таква случка?
    Нели цело време против истото се бориме, насилство?

    Бараш да се убие друго суштество. Не пробувај да се извлечеш со туѓа нечовечност.
     
    Последна измена: 7 ноември 2018
    На Harper, Someonespecial, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Знаев дека од Б направија БИВОЛ со приказнава, како и секогаш.
    Едвај се чека да се спомене некаде напад на куче за да почнат локалниве "шинтери" да трујат маалски кучиња и да млатат празна слама по утрински програми.

    Убаво пишал градоначалникот да не се шпекулира за настанот и да се преувеличуваат околностите кои го предизвикале. А што ако кучето било нечив домашен миленик? Тие што се од Гостивар знаат дека домашните кучиња луѓето најчесто ги шетаат на кеј, во градскиот парк и ги одврзуваат од поводник за да се истрчаат. Секако за мене ова не е оправдано, прво што вршат нужда неконтролирано на патеките за пешаци (а ние сеуште сме светлосни години далеку од тоа да го собираме изметот од милениците) а второ што свесни сме дека има луѓе кои едноставно имаат фобија од кучиња па не е баш најпријатно на некој таков да му се стрча некое куче кое не е уредно врзано.
    Да ве потсетам само дека и во скопски аеродром кучето што нападна деца беше домашно па како и секогаш, го заташкаа случајот за да не се казнат сопствениците пошто нАли, се испостави дека се битни у нашево труло и распало општество.

    И џабе овде изнаоѓаме решенија за проблемов. Мислите дека народ кој фаќа врски по институции за 20 евра казна за паркинг, ќе го натерате да плати казна од 500 евра за неправилно чување на миленик?
    Мнооогу подлабок проблем имаме со нашиов менталитет.
    Или што би рекле на север - мало нас је, ал смо говна!
     
    На Harper, Mishela, kim.k и 7 други им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Во животни не спаѓаат само кучиња душо овде се и кокошките што ги печете и јадете, свињи, пилиња и уште што не ако си хумана толку спрема животните биди до крај иако на мене ми изгледаат такви како тебе да не имаат видено мака па ај животните животните.
     
  15. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    И за тоа си во право. Навистина многу ги почитувам вегетаријанците, иако јас не сум.
    Ама не можете да се вадите на таа карта секогаш бе. Ако едно се убило, за храна, не значи ај и другово, за така. Зошто да се бара друго решение, отепај го и чао пријатно.

    Сметам дека животот и маките на Роуз Реин не се предмет на дискусија во темава, а ни твој проблем.
     
    На Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. huricane

    huricane Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Проблемот со зајци во фотелја станува се поголем.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.865
    Пол:
    Женски
    Тоа е твоја претпоставка, пиши во соодветна тема. И не можиш да знајш дали некој би реагирал сем ако ја имаш сосем истата група на луѓе за да тестираш. Ако ја немаш истата група на луѓе - пропаѓа муабетот. Зошто во групата која одбранва куче можи ќе сум јас. Јас ќе го спасам кучето. Ама јас ќе го спасам и девојчето.

    Јас да бев на тој автобус би реагирала, дали било директно или да реагирам кај возач да застани и да викниме блиска полиција, ама би се уплашила од глутница кучиња. А, иронично, многу сакам кучиња. Исто ако некој малтретира куче, маче, би реагирала исто како во ситуацијата опишана со автобусот. Ама и друго куче да е нападнато од глутница нема да реагирам, страв ми е. Увидваш разликата?

    Цело време мрачите во темата да не се прат споредби куче- човек, зошто човекот е супериорен, ама не можите да се воздржите и сами да прајте споредби: "да беше чоек...", "какви проблеми има државата па да ова стигна".... *Ролам очи*

    Не сум вегетаријанец, чирс на тие кои се, и ќе ти повторам нешто шо пишам секоја зима и секој Кинески фестивал. Јас сум сосем океј дел од кучињата да се успијат доколку е потребно. На хуман начин, со успивање, без болка. Со Кинескиот фестивал воопшто не ми смета фактот дека Кинезите јадат кучиња. Мислам, која е разликата меѓу кокошка и куче? Ми смета фактот дека Кинезите вршат тортура, врз сеуште живо куче, го торментираат за да се вознемири, да му се крени адреналин, за месото да му е повкусно.

    И чинам ти беше таа која коментираше дека треба да се отрујат сите улични кучиња. Ако не беше, прескокни овој дел од коментарот и извини. Ама, секој есенско- зимски период, уличните кучиња имаат помалку за јадење. Со тоа, стануваат по агресивни и затоа напаѓаат. Нормално, ни јас неќам да напаѓаат, имам пишано дека и јас се плашам исклучително многу овој период од кучиња. Исто така, не барам причина да ги одбранам, ама е факт дека тие работат на инстикт и она што нас луѓе не разликва од животните е свеста. Како свесни суштества, сите овие години, ваљда убидовме дека труење на сите улични кучиња не функционира, воглавно ради човечки фактор. Има смисла да продолжите со труење? Нема. Проблемот мора да се реши длабински на поинаков начин кој е многу поќе од еднаш опишан детално страни и страни наназад.



    И нешто апсолутно неповрзано со тебе, иако го пишам во ова мислење со цел да не пишам мислење под мислење, горе читам некој спомнуваше психопатија со насилство врз животни. Апсолутно е точно. Млад психопат прво почнува со насилство врз животни па продолжва со насилство врз луѓе. Така да, тој кој го спомнувате од Велес, дефинитивно би требало да е задржен во установа.
     
    На Amellie13, Someonespecial, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Да почнам од името на темава - проблемот не станува поголем туку отсекогаш постоел. Се сеќавам и како мало детенце кога одев на училиште се случуваше да вртиме по улици лево-десно да бегаме од кучиња.
    Она што е најстрашно е што проблемот нималку не е решен.
    Власта работи со нашите пари, а не направила ништо за да не заштити од уличните кучиња, ама и нив да им даде хуман третман.
    Никако не можам да сфатам да нема соодветни стационари во секој град, таму хумано да се чуваат, кој сака да вдоми, да донира, да ги посетува, да оди таму. Така е по сите развиени земји, барем нели таму се стремиме и ние?
    Јас проблемот го гледам исклучиво во власта, која никогаш немала слух за ова прашање, а трошат огромни пари на разни глупости и испокрадија милиони.
    И читам во темава се раширил муабетот на разни страни, нешто многу нормално кај нашиот народ - да се бега од темата, да се тресат секакви глупости, и баш затоа не се решаваат проблемите !
    Проблемот се решава чисто, со делување на него, а не со мешање баби и жаби.

    Плус една реченица за случајот со девојчето, има изјави дека била замината од училиште уште многу порано, дека чантата и била оставена настрана, и прашање е дали ја бркале кучиња или е друго во позадина...!!!!???А, се поверојатно е дека сака да се заташка работата.
     
    На 1209, LollySky, Stories и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.964
    Се трудам да бидам вегетеријанец. 99% од времето ми успева.
    Сепак, консумирам млечни производи.
    Се надевам еден ден ќе успеам да станам веган.
    Зошто?
     
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Прво, не газам по другите членови, го образложувам моето мислење едноставно исто како што ти правиш со твоето. Ниту се расправам ниту навредувам, јас мислев дека фино дискутираме, ти дојде и таквата дискусија ја нарече газење. Како и да е.
    Второ не сум веган и тоа ич не е релевантно во случајов.
    Ужасно ме иритира што цело време ти и останатите членови, пробувате да не претставите како децо мразачи.
    Зошто ако сум љубител на кучиња и сум против нивно труење, значи дека ги фаворизирам наспроти луѓето?
    Зошто едното да го исклучува другото ?
    После секое излегување од дома ја отпраќам мајка ми до 'сигурно ' и за назад ја пречекувам, пошто улицата ни врие од кучиња скитници, а она има фобија од нив. Кога не сум во можност да ја чекам, она заобиколува 2 улици, за да ги избегне и да си дојде дома. Има околу 7 кучиња се на се, од кои 2 се агресивни, другите 5 се памук. Штом видат човек легнуваат на грб пред него и се местат за галење. Со што тие 5 кучиња, кои за жал,за несреќа завршиле на улица, имаат заслужено да бидат отруени ?
    Збориме за живи суштества, со душа, да те потсетам. Како што човек не одговара за постапките на друг човек, зошто едно куче треба да испашта заради друго ?
    Ако ме имаш читано внимателно, а не селективно, ќе си разберела дека се залагам за нивно целосно остранување од улиците, и за нивно добро и за наше добро. Имам волонтирано во згрижувачки центри, не знам колку пари имам изнадавано заедно со останатите волонтери, а донации немаше од никаде.
    Немаше куче да видиш низ мојот град, пошто сите ги сместивме и им беше пружена соодветна грижа. Дали ти веруваш дека покрај безброј апели за финансиска помош, 100 денари не добивме од еден обичен граѓанин ? И како да опстои таквиот проект ? Јас знам дека ова е во надлежност на секоја општина, ама кога веќе ги гледаме дека се безрбетни амеби, дека се глуви на овие прашања, да преземеме нешто.
    Многу јасно дека агресивно куче, што веќе има каснато некој, треба да се успие.
    За останатите - едноставно заслужуваат подобро.
    И ние знаеме подобро, отколку да се однесуваме како касапи на улица и да држиш отров во џеб,додека за рака си го држиш детето.
     
    На Harper, Kitten, RoseRain и 11 други им се допаѓа ова.