Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Зошто ми викаш да посвојам дете, кога ти не си посвоила прво?
    Дај не биди лицемерна.
    Мала :D
     
    На Kitten, crimson, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Зошто ми се мешаш во пари што сама ги заработувам? Твои пари трошам па да ми кажеш што да правам со нив?
     
    На crimson, Amellie13, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  3. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Искрено многу сакам животни дали тоа било кучиња ,мачиња и сл.
    Али веќе со месеци нешто се случува со уличниве кучиња и ств. не е во ред од државата не мрднуват со мрст нема ни да мрднат,они не мрднале прст за нас народот а не па за кучиња.
    Еве кај мене во мало има огромно куче скитник од каде се појави незнам али 2-3 куќи го чуват и ранат.
    Пред некој месец нападнал човек,потоа братми го нападнал од што пробал да се заштити и да не го фати цел беше искршен едвај спиеше од болки.
    Вчера си одам најнормално на улица и почна накај мене да оди со лаење малце фалеше и да ме касне,во тој момент си реков ако ме нападне со ранчево и со сите сили ќе го утепам па господ нека ми пишува грев.
    Како што го одминував идеше по мене и лаеше ....мн се изнервирав и реков доста е ако комшите не превземат нешто тогаш јас ќе превземам затоа денес оврска ми е да најдам некој дали шинтери или анимал мунди да дојдат да си го соберат додека дете не изеде.
     
    На Abeja и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Знаете што е 'најсмешно'?
    Ќе јадиме ла*на овде за тоа што треба-како треба... по некој ден ќе се стиши муабетов, и пак исто ќе биде како и досега.
    Од секое дрвце, не бива кавалче... Ни од нас, како народ...
     
    На vitamina, Abeja, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    45.408
    Пол:
    Женски
    А зошто упорно ме напаѓаш? Од кај знаеш дека не реагирам и на семејно насилство? Или не знаеш веќе како да ја продолжиш дискусијата па ајде сеа ќе мешам баби и жаби. Верувај јас најмалку, ама најмалку сакам да има улични кучиња и сметам дека се огромен проблем на општествово, ама не е решение ниту труење ниту собирање во нашите никакви стационари. Мора да се почне прво од човекот во државава, да му се разбуди малку свеста па потоа.
    Оти јас милион пати сум била сведок на луѓе кои викаат не го кастрирам кучето, не ја стерилизирам кучката тоа е греота и не е природно, па после кога му се родат кученца ми ги остава пред врата оти ја сум знаела што со нив. Извини, ама таквитр се го*на и немаст право да чуват животно и треба да има казна за такви "сопственици", значи кога ќе почнат луѓето да ги сфаќаат работите дека ако сакаат да чуваат куче/маче ќе трба да имаат услови, да си плаќаат данок итн етогаш ќе биде како во другите земји(кои ги браните, демек во другите држави нема куче на улица да видиш) ама таму менталотетот на народот е на светлосни години пред нашиот.
    Кај нас и сто пати после вакви случаеви и секојдневно да делат правдба дежурните паметњаковци со труење, џабе е.
    На моето куче му фрлија отров во двор, на куче кое најголем дел од времето е дома и на кое глас не му се слуша, кое не шета без поводник и нилогаш не бега од дома, зошто го направија тоа? Ајде кажи ми дека не е од злоба? Сигурни сме во тоа кој го фрли ам што требаше да одам да го утепам? Не можам немам такво срце. И разбирам да не ги сакаш, моите другарки не сакаат кучиња се плашат, ама не рсзбирам како може да те е ќеф да страдаат, тоа треба да си без душа и срце, таков да си скапан.
     
    На candy.cane, karmenka21, Rebecca_R и 8 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Се карате зашо ништо не функционира во државава? сериозни сте?
     
    На theowndemon, DAngel, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.405
    Пол:
    Женски
    Slikaj, A jas ke slikam site dzukeli sto ke gi sretnam na ulica i toa samo vo eden den. Pa ke vidime koi poveke gi ima vazi
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Како настануваат џукелите, mamichke?
    Уствари ти никад куче не си чувала, па врска немаш, дете не си посвоила, пак врска немаш.

    Роди, ајде да ти веруваме :D
     
    На Kitten, candy.cane, karmenka21 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Реално, муабетот на @CameliaMiller е највреден и најрелевантен тука. Можете колку сакате да ја плукате дека не е мајка и тоа менува нешто, дека живее во фантазија и не знам што - ама да размислуваа и дејствуваа по тоа што пиша она функционерите со средства и надлежност за радикални промени, Швајцарија ќе бевме досега. Така и се прави всушност во нормални развиени држави.

    Никој не е за обвинување освен системот и неодговорните власти, најмалку кутрото девојче со тоа како пробувало да избега во шокот, па ни очевидците - бидејќи како што се спомна, ова е доста опасна и трауматична ситуација. Едно е да се реагира на манијак што сексуално вознемирува во автобус на пример, а друго е да се стори нешто во близина на разбеснета глутница и потребно скокање во река - доста луѓе нѐ има што се плашиме од улични кучиња во група, а и сме далеку од искусни пливачи со кондиција.

    И никому не му треба да стане мајка за да разбере нешто, сфатете веќе еднаш - целокупна јавност, значи на СИТЕ ни е многу жал и сме гневни што се случува, и на СИТЕ ни е целта уличните кучиња веќе да не бидат на улица - само разумните предлагаат хумано наместо насилно решение (кое освен што е насилно, досега се покажало и воопшто бескорисно - невини улични животни (не ни само кучиња) се трујат, а ваквите трагедии пак се случуваат). Навистина нема потреба од овие расправии при секој немил настан.
     
    На Kitten, karmenka21, RoseRain и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Жено, знам јас дека се работи за човечки живот пишав дека е МОЈА ВРСНИЧКА.И дај не чепкајте мртви души колку да имате ,,потпора” за вашиот гаден хејт према уличните кучиња.Ете јас ги бранам бидејќи до сега лошо од нив не сум видела.Да земам да ви нацртам да сфатите ако не?И не ме напаѓај како јас да сум го убила девојчето или моето куче (што го немам) и се с’снало.Ми се ставате без причина.Не е во ред ни насилство меѓу луѓе.Ама да видам дека кучиња задеваат дете или жена или маж ќе помогнам нема да фаќам сеир па да јадам бурек овдека еј знаете Петко трчаше од кучињата како споулавен не знаеше кај да оди, се згазив од смеење!
    Џабе овде што продавате магла и изигравате душебрижници кога пола од вас немаат храброст надвор од форумов да помогнат некому во таква ситуација.Јас можеби немаше да скокнам по девојчето во Вардар ама ПРЕД да скокне ќе и помогнев.Единствена овде која поштено се искажа е @WildMk а другиве глумите лудило без врска..Дај ви се молам.
    И јас еден ден ќе имам дете да и ќе го растам со животни уште од мало да нема страв да искочи на улица или да шернува глупости за животните.
    А п.с да ви покажам каков гнасен народ сме.Кај нас на вратата од дворот имавме ставено знак демек ,,Пази опасен пес” бидејќи влагаа разноразни луѓе а баба ми и дедо ми не чуле за КЛУЧ НА ВРАТА.Ние и покрај тоа што стварно немаме никакво куче наоѓавме парчиња храна во дворот и кај вратата.А со која цел?Со цел да се отруе нашиот ,,опасен пес” кој не ни постои.Замислете тоа отруено парче да го касне некое маче или врапче.Знаете каде ќе му е крајот?Смртта ќе му е крајот.Ја тргнавме таблата и татко ми сите парчиња храна ги фрли во канта бидејќи мислеше дека се со отров.Ете каков гнасен народ сме
    @Abeja јас сум вегетаријанка веќе 13 години не јадам месо освен 1-2 пати годишно.Каква врска има вегетарјанството?Демек ни е жал?
     
    На Kitten, candy.cane, karmenka21 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    57.047
    Пол:
    Женски
    Не' направивте нас љубителите на животни како да сакаме да има кучиња на улица за да си ги галиме, и ние сакаме да се отстранат од улиците и да нема ни луѓе повредени/жртви ни кучиња изгладнети и малтретирани. Само одбираме тоа да е на хуман начин. Секој живот е важен и никој не е супериорен. Разликата е што скоро секој од нас љубителите има по едно или две кучиња најмалку вдомено од улица, а вие освен da se otrujat site dzukeli друго не знаете. Не знам како очекувате од кучиња, ЖИВОТНИ, свесно и рационално однесување особено во услови во кои се наоѓаат. Тоа му е задача на човекот како свесно суштество во теорија. Еве јас повеќе се пазам од луѓе отколку од кучиња, бидејќи како луѓе што ме повредиле ниедно куче не може.

    Ми се повраќа и од муабетот дека ако сакаш кучиња мразиш деца. Ме асоцира на она ако не си вмро си сдсм, ако не си сдсм си вмро. Аман со ова. Не мора да сме мајки за да го сфатиме животот. Можеме да имаме и деца и кучиња. Децата мои ќе ги учам да ги сакаат животните и да се залагаат за нивно добро.

    Само ќе речам, тешко на оние деца чии мајки ги учат да ги мразат животните и на крајот ќе имаме психопатчиња со потенцијал на убијци како тој тинејџер од Велес.
     
    На Kitten, candy.cane, karmenka21 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.610
    Пол:
    Женски
    Не ми вади муабети, децомразач не сум нарекла до сега никого ниту пак имам намера. Ниту сум пишала дека некоја не требало ич да раѓа.
    Причината зошто ве прашав дали сте вегани ја наведов во мојот претходен пост, касно беше да чекам одговор.
    А дека дискусијата ви доби друг правец, ви доби, тука не требаше јас да дојдам и да го кажам тоа.
    Не заземав став за убивање, само наведов која причина може да го доведе човек да посака да се одмазди и да убива.
    Начини ова да се среди има многу, сите ние ги набројуваме, но кога власта молчи, народот ја зема правдата во свои раце, па дали се работи за кучиња, дали луѓе, небитно. Тоа ми беше поентата.
    И да, и јас поминувам низ место каде што има кучиња скитници и не можам да бидам сигурна кое е мирно а кое агресивно. Едноставно, немам доверба во кучињата и секогаш поминувам со страв.
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.557
    Допаѓања:
    62.395
    Пол:
    Женски
    Ај на форумов цитирај кај вика некоја од нас дека е во ред семејното насилство. Еден цитат, не мора повеќе.

    Овде никој не вика да не се превземе ништо, дека сите кучиња се безопасни, дека не треба решение. Богородици не изиграваме. Овде се дебатираат шанси и можности како најдобро да се реши ситуацијата а да не е со отров. Убаво кажа некој некоја стрница унзад дека џабе ќе ги отруеме сите, кога доволно е 10 газди да фрлат малечки на улица и пак да се размножат.
    Затоа 11 страници се дискутира за кастрации, чипирања, контролирано парење и слично.

    Темава не е за семејно насилство, не е за веганство, не е за криминал.

    Убаво кажа Камелија, треба да се консултираат луѓе што имаат познавања на оваа област, да се направи неколкугодишен план и да се реши ситуацијава. Јас да сум надлежен одма би ја вработила а би би отпуштила се што е неспособно.

    Ама пак ќе речам џабе фантазија, прво да ги научиме да не го молат Госпо и да колнат во иста реченица, жалејќи за еден живот, а посакувајќи смрт на друг, па после кучињата ќе ги оправаме.
     
    На candy.cane, karmenka21, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Многу работи можат да те наведат на се одмаздуваш и убиваш - други луѓе на пример.

    Не се одмаздуваме и не убиваме затоа што нели не сме... животни?
     
    На Someonespecial, LollySky, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.728
    Пол:
    Женски
    Ете ја... тоа е таа ултимативна одбрана на другата страна од приказнава.
    Ако толку ги сакаш животните, зошто не си веган? - Браво! :clap:

    Па колку што ние што не сме вегани не можеме "да ја докажеме" нашата љубов кон животните, толку вие ја докажувате вашата нехуманост и омраза кон нив со муабетов.
    И време е малку да се едуцирате околу разликата помеѓу домашни миленици, бездомни и фармски животни.

    А за глупиве и неразумни муабети од типот "немаш деца, не знаеш како е" и "роди па реплицирај ми на мислењево" треба некоја да ве подбере по стоти пат и да научите основни бон тон правила во комуникација. Има девојки/жени кои не можат да имаат деца па ете решиле љубовта да ја насочат кон животните (не алудирам на ниедна членка тука, општо го кажувам ова) и кои сте вие да пишувате вакви констатации незнаејќи кој стои од другата страна?
    И ние во ЕУ ќе сме оделе со размислувањава.

    Се извинувам што излегов надвор од темата.
     
    На candy.cane, karmenka21, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со целиот пост, поготово со овој издвоен.
    Треба да ја земеме правдата во свои раце, ама со цивилизирани мерки. Постојат огромен број на држави кои успешно се справуваат со овој проблем, па можеме и ние. Не со варварски мерки, не со убиства.
     
    На ivi1987, Someonespecial, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    45.408
    Пол:
    Женски
    Ете мајка ми сега се јавии од работа, испаничена, жените во конфекција збореле како треба да се отрујат сите таму, како они ќе фрлеле отров, се испокарала со сите оти она и уште неколку колешки хранат кучки таму. Кукале колку било жално за девојчето, тоа се требало да се убие...ги знаете веќе муабетите.
    Мајка ми се нервира, вика притисок ми се качи и викам ниту ви земам од платата да ги хранам, ниту ве молам вие да ги храните, ако престанам да ги хранам е тогаш дури ќе видите како ќе станат агресивни зимава без корка леб.
    И велам да не се нервира, тоа е со проста раја никој не се разбрал, џабе објаснува.
    Е сега да ви го кажам лицемерието, мајка ми и уште тие неколку жени се единствените кои кога се донира за нешто или кога некој доаѓа да собира пари за нешто даваат без проблем. Пред некој ден го правевме муабетот, дошле школски другарчиња за некое другарче од клас да соберат пари им изгорела куќа и жените таму викале, цитирам ''Немам јас, нека донира некој друг, не се малку 50 ден, 2 леба ќе си купам'' ете буквално тоа го чула, значи само неколку жени дале за детето, овие истите кои многу се загрижени за децата и се засегнати многу од случкава и апелираат како треба да се реши проблемов, не посегнале ни 20ден да извадат од џеб, што реално тебе ништо работа нема да ти завршат.
    Ете колку овие загрижените за ситуациите, оние кои многу се загреани за донирање, ете како се понашаат во реална ситуација.
    Оти човек што има меко срце има за се.
     
    На crimson, candy.cane, karmenka21 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.557
    Допаѓања:
    62.395
    Пол:
    Женски
    А еве да го разгледаме "решението" отров. Јас искрено не му ги познавав карактеристиките, еве отворив да разгледам.

    Ако се внесе преку уста или стапи контакт со очи, токсичност левел 1 (4 левели се 1 е најмногу 4 најмалце). Може да е фатален. Ако само се вдише токсичност левел 2. Тоа значи можат неповратно да се оштетат белите дробови.

    Е сеа замислете колку фактички размислуваат тие што фрлаат отров, посебно по паркови каде дете може да допре на земја и рацете пак во уста. Дали воопшто размислувате каква трагедија може да се случи ако детенце допре до трева каде бил расфрлан отровот и се допре за очи? Ако дете недајбоже фатално заврши ради расфрлан отров, кој ќе е крив?

    Башка што бил одлично растворлив во вода, па во водата од земјата лесно пенетрирал и во таа земја може да стои 25 дена. Свесни ли сте дека таа вода може и кај нас до чешма да стигне? Па после оти рак на дебело црево на 45, е од каде де? Не биле ненормални на запад каде има забрана цивил да го купи овој лек. Можат да го купат само луѓе кои поседуваат дозвола за истиот.

    Значи тоа samo lanate e spas daumrat dzukelite да се заборави.

    А да, уште нешто. Со секоја гризнатина доаѓа цела плејада вакцини за беснило, па замислете колку само државата ја коштаат тие вакцини. Ете впроочем начин и да се заштеди. Ама кој да земе прст на глава да стави, тешка работа е тоа.
     
    На Annath, crimson, karmenka21 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Само чекам кој ден ќе биде кога од ланате ќе падне и човечка жртва.
    Страв ми е само дека најверојатно ќе биде детски живот во прашање, затоа што психопативе по градинки и паркови расфрлаат.

    Не ми е јасно како е возможно така слободно отров да си купиш бе.
    Ни мирис ни боја има, кого сакаш ќе убиеш.

    Навистина сѐ е пореметено.
     
    На Kitten, candy.cane, ane.bella и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Не размислуваат тие трујачите немаат потсвест
     
    На Someonespecial, LollySky, ЕденЧлен и 3 други им се допаѓа ова.