Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.081
    Допаѓања:
    268.959
    Ма ни совест ни душа немаат, а богами ни разум.
     
    На RoseRain, Feminka22, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски


    кој разбира ке разбере
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    колку се криви кучињата на улиците толку се криви и луѓето затоа што тие кучиња не изникнале од земја на улица
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    55.880
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller само така изгледа може да им дојде малку памет на трујачиве што е трагично, и тоа е прашање дали ќе им дојде воопшто.

    Во нормалните држави и за повредување на животно ти иди полиција и може да те фрлат в затвор, не пак за убиство. Ако заклучат дека не си способен да чуваш миленик ти го одземаат. Таму секој живот е на исто рамниште. А, и тешко дека ќе сретнеш куче скитник, сите се прибрани во стационари и чекаат да бидат посвоени. Свет на фантазија за Македонија.
     
    На RoseRain, violetblue, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Прво треба да се решат луѓето во Мк,па после кучињата скитници,во оваа држава никогаш немало правда а нема ни да има,затоа кој и да дојде на власт маме еб*ава.Така да ова ке си остане како скитник куче,непознато како дошло нели до скитник и така ке се заташка.Кога ке почнат сите криминалци,и мафијаши да си ги сносуваат одговорностите т.е делата,тогаш значи нешто дека почнало да иде напред во државава,а до тогаш ке си биде вака.И Урко утепа дете и тоа со огромен прекршок(познаник ми беше детето,Бог да го прости),заедно возевме мотори порано,па нит казна имаше за него ни бутур,а детето требаше да прави свадба,само што си ја запроси девојката.Нема правда нема ни мир во оваа скапана држава.
     
    На shz, Shmizla94 и FallenAngell им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Не знам што се точно може да те наведе кон одмазда, само реков дека загуба на дете ги поминува сите граници и не може ништо да се тврди со сигурност.

    Епа или си или не си вегетаријанка. Ова како - ми влезе еднаш, невина ли сум, или од еднаш педер не се стануе.

    Ни јас не сум за труење и безмилосно убивање на сите кучиња, ама за тие кои нападнале човек или друго куче, да, сум. Исто и за луѓето, поддржувам смртна казна за сите убијци, силувачи, педофили.
    Баш дека сме луѓе и сме на ниво погоре од животните, треба разумно да размислуваме како да се заштитиме од оној кој не напаѓа со опасност по нашиот живот.
    Кога власта молчи а проблемот останува, што друго му останува на народот, еве предложете мерки за заштита, само да не спаѓа тука палка за безбол, спреј за очи, или порано спомна некој нешто како џебен произведувач на звук од кој бегале кучињата :x

    Многу е битно дали си веган или не си. Само веганите можам да ги разберам кога ќе речат дека се против убиство на кучињата. Останатите, кои секој ден млатите хамбургери, салами, кременадли, стекови...олабавете малку. Се храните со брутално убиени животинки, кои на никој ништо лошо не му направиле, а ете убиени се за да вие се прехраните, за да носите кожна јакна, паричник и сл. Ова е и те како битно во овдешнава расправија @PaLaVa , веќе кога се прават поделби кој е поголем љубител на животните, не сме цвекиња за мирисање никој. Ако веќе бевме луѓе, со свест поголема од таа на животните, сме можеле да измислиме начин за наша исхрана кој нема да вклучува затворено чување, насилно убивање и исхрана со животните кои ништо лошо не ни направиле а сепак ги јадеме.

    Дали само мене ми се чини, ама изгледа се препираме за различни работи, јас кон друго целам за разлика од некои муабети кои вклучуваат која родила, која посвоила, која не родила итн...
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.166
    Пол:
    Женски
    Не се криви уличните кучиња, криви се луѓето кои ги оставаат на улица на милост и немилост. Куче кое напаѓа човек на улица е затоа што е претходно малтретирано и тепано од луѓе кои немаат ни трошка совест, ни осет. Кучето што напаѓаше луѓе во мое маало се гледаше дека е истрауматизирано, тепано, малтретирано, било претходно чувано дома ама го исфрлиле со се ланецот на улица и од страв напаѓаше и гризеше и деца и возрасни. Мене кога ме нападна истото, пријавував неколку пати во шинтерска, го собраа со уште неколку други што се мотаа по улица ама истоварија неколку нови. Периодов пред влез израснавме три кутриња, од бебиња ни беа оставени така и уште се тука.
    Проблемот нема да се реши ако се успијат сите улични, ќе дојдат нови за некое време. Проблемот нема да се реши ако умоболни фрлаат отров кај стигнат, така само може и човечки живот да отиде.
     
    На RoseRain, Rebecca_R, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.557
    Пол:
    Женски
    Прост народ.
    Попрво ке купи ланате него ли храна.
    Масовна стерилизација на сите кучиња и казни за сопственците ке го реши проблемот долгорочно.
     
    На candy.cane, Feminka22, violetblue и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    А до тогаш? Што да прави народот додека власта почне да казнува, да чипира, да ги стерилизира? Да се браниме кој како знае и умее?

    Еве на пример те нападнат група од кучиња, од нив две се агресивни а другите само им прават друштво еве да речеме се осеќаат побезбедни во нивно друшто. Ти почнуваш да маваш или почнуваш да пукаш со пиштол во групата кучиња од кои не си сигурна кое напаѓа а кое само прави друштво. Значи може да повредиш и невино кутре.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    би сакала да искочи закон: казна 500е за секој сопственик што има миленик а не е стерилизиран што од тој миленик има миленичиња а не планира да ги чува туку на улица да ги остави....или да му се одземе миленикот па нека се чуди или нека му удри по џебот или по совеста....но за жал денешниве луѓе немаат совест па незнам каква казна да искочи..

    лично мене ми имаат убиено 3 мачки до сега со воздушна пушка пријавено е секој пат ама не е превземено ништо од властите и сега ? нели кучињата се опасни а што со мачките ? треба ли јас сега да земам отров у јадење да му ставам или пушката и у чело ?
     
    На LollySky, Feminka22 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.557
    Пол:
    Женски
    Зошто, до тогаш?
    Веднаш.
    стерилизација и храна и немаш агресија.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Ние знаеме како треба,ако ништо друго гледаме Animal Planet и како е решен проблемот у западниве земји. Е сеа не знам дали тоа го гледаат тие што треба да го применат,јер ќе си останеме вака да си куцаме по тастатури и да се обвинуваме меѓу себе кој колку сака животни.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Епа проблемов не е од сега, се влече со години а без никаков напредок. Затоа реков, што додека да почне да функционира државава нормално, како што треба? А тоа нема да биде до утре, ни до задутре, како што изгледа ниту наредниве години.

    Точно, ние и понатаму ќе си гледаме анимал планет а нашиве и понатаму нема да работат. Ние го полниме буџетот за да работат за да смислуваат решенија за секоја сфера од животот не само за проблемов со животните. Ама парите во џеб си ги ставаат. Попрво би ги дале за концерти за влез во еу, ама да не навлегуваме па да се расправаме и на релација вмро-сдс.
    Нели стручњаци се вработуваат, толку ли се неспособни да напишат една стратегија за излез од проблемов и да ја спроведат на дело. Ако не знаат да состават сами, нека препишат некоја од западниве земји. И за препишување не ги бива.
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Нема врска вмро-сдсм проблемот не е од вчера а ниедна власт не сум видел дека е премногу загрижена за да го реши овој проблем,за жал...
     
    На Someonespecial и Amellie13 им се допаѓа ова.
  15. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    А ти веган ли си? Или и ти млатиш месо од кутри испоубиени животни? Се читаш ли колку си сама на себе контрадикторна. Еднаш ќе стануваш сериски убиец и ќе се одмаздуваш на луѓе и животни ако ти чепнат нешто твое, сега овде као одеднаш ти е жал за животните во сточарските фарми. И неагресивните кучиња на никој ништо не направиле па ете во дадена ситуација би ги пукала со пиштол затоа што не правиш разлика помеѓу нив.


    Да бевме тревопасни, крави ќе не викаа а не луѓе. Да ни се извини Господ што не створил такви организми со потреба од внес на протеини од животинско потекло. |(

    За веганство и вегетаријанство како прво нема место на темава, а како второ за да се дебатира потребно е познавање и читање на мнооогу факти за да може да се развие дискусија на истата. Има тема ако веќе ти се пишува за тоа. А тезава дека тие што јадат месо не сакаат животни, никогаш не држела вода.
     
    На candy.cane, LollySky, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Точно, и кучињата не се трвопасни. Да им се извиниме ако изедат некое дете, бидејќи не се тревопасни.

    Жал ми е за животните ама не до тој степен за да ги ставам пред луѓето. Па да не се занесуваме и да се правиме нисам ја одавде. Не глумам јас цело време. Јадам месо, затоа не се потресувам ако некој рече ќе убие куче. Јадам животни кои претходно некој ги убил. Ама кога јадеме слатко ни е на душичката, како тука не застануваме толку во одбрана на животните и да не ги дискриминираме.

    А ако во група кучиња кои те напаѓаат има некое неагресивно што им прави друштво, ти би застанала додека те напаѓаат и ќе утврдуваш кое е агресивно а за тоа време можеш да умреш?

    Жал ми е што не си ме разбрала за тоа со сериски убиец, не дај Боже некогаш да имаш причина да ме разбереш а не дај Боже било кој да имаме таква причина.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.081
    Допаѓања:
    268.959
    Апсолутно - загуба на човечки живот ги поминува сите граници, 100% се согласувам.
    Но, за тоа е пак крив ЧОВЕКОТ, а не кучињата.
    Луѓето, треба да се казнуваат, а не кучињата.

    И да - апсолутно сум согласна дека за секое куче кое ќе нападне - треба еутаназија.
    Немаме ниту ресурси, ниту стручњаци, за (ре)социјализација.

    Но, никако не сум за еутанизирање на СИТЕ бездомни единки.
    Не е нормално, не е хумано и нема да донесе никаков резултат - само ние ќе станеме погрозни од тоа што веќе сме.
     
    На FallenAngell, LollySky, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.081
    Допаѓања:
    268.959
    Правда нема, мир богами има.
    Сите префрлаат топка некому... :)

    За да нема глутници, сите треба да ги поддржат здруженијата.
    Од проста причина што ако се даде повеќе моќ во рацете на здруженијата - поголеми се шансите ефективно да се решава проблемот.

    Очигледно ниедна власт до сега нема поим како со скитниците, за оваа работа барем има граѓани кои сакаат доброволно да помогнат.
    Кога те напаѓаат се браниш како знаеш и умееш.

    Но тоа не значи дека да речеме, одиш по улица, гледаш рандом куче како си брка работа, не те ни гледа тебе, ама пошто сиротото е бездомно (како не му е срам!) одиш и го клоцаш - ти во оваа ситуација си психопат.
    Навистина, не само ради муабет.
    Тоа однесување е за посматрање, прашај кој сакаш психолог, психијатар, социолог...
     
    На FallenAngell, candy.cane, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    45572536_10215454610572754_8597507040249643008_n.jpg
     
    На FallenAngell, LollySky и violetblue им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.081
    Допаѓања:
    268.959
    Кај смеат да им писнат на урковците де :)
    Најлесно е на понемоќен од тебе да се истресуваш, онака, сѐ што ти тежи на душата, секој бес, секоја неправда, удри - мавај по послабиот :)

    Не знам што е тука чудно...

    Пред две недели некој небитен уби човек и инвалидизира бремена жена... гледам се згнаа да го бараат, тепаат, убиваат.
    А крив беше 200000000%. Преку две полни ленти ги акна.
     
    На LollySky, 1209, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.