Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Да имам донирано за многу деца што отидоа да се лекуваат во странство.
     
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Можда ќе ти звучи шокантно, ама за тие исти деца дониравме и ние кои донираме за животни. ;)
    *mindblown*
     
    На FallenAngell, RoseRain, dayla и 12 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Браво хуманисте луѓе што имаат емпатија во себе не ни помислуваат на мртвото девојче туку се фатиле за кучињата.
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    ај престани да зборуваш глупости и повлечи се од темава.(wtf)
     
    На crimson, FallenAngell, Stories и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Каков гад сум јас цц.. само за кучињата сум се фатила.
    Душата директ кај Луци ќе ми оди.
    (прости ми Господе)
     
    На FallenAngell, candy.cane, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.950
    За не вјеровати :o
    Кога копавме по калиштана после поплавите, сите познаници "кучкари" ги видов.
    Ваквите интернет хуманитарци, што мислат дека се посрале од хуманост, слабо ги имаше.

    Не' бодреа на фејсбук де...
     
    На crimson, RoseRain, TutiFuti и 8 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    19.681
    Пол:
    Женски
    Треба да се преземат мерки да се тргнат од улица кучињата. Не со убивање или труење, бидејќи ова станува сериозна работа веќе секојдневно нападнати луѓе дури и жртва, девојче кое бегало да се спаси. Ме имаат нападнато мене и другарка чопор кучиња не можевме да мрднеме буквално само стоевме мирно, бидејќи и малце да мрдневме р'жеа. Имавме среќа комшија помина не виде пукна петарда и се разбегаа, цела се тресев од страв. Исто така и еднаш навечер се враќав дома и на уличката кај што требаше да поминам лежеше кучето на комшија еден кој беше агресивно и повеќе пати му беше кажано да си го врзе, бидејќи имаше искасано веќе една жена. Кучено буквално се пушти по мене дел од секунда фалеше за нога да ме зграпчи, среќа имаше камен во близина и го удрив по глава ( да мојот живот ми е поважен од неговиот), зошто ако не се одбранев ќе ме искасаше. Инаку сакам кучиња и мачиња цел живот чувам, и против сум тие што ги трујат, малтретираат и убиваат. Но ако ме нападне мене или моето дете, секако дека ќе се бранам како знам и умеам макар и да го убијам. И овие од " Анима Мунди" нека престанат повеќе да ги жалат кучињата од девојчето кое загина бегајќи да се спаси. Во местово каде живеам секој ден се појавува по некое ново куче со чип на ушите кое ги оставаат од Вардариште. Се собираат чопоративно и лаат по луѓето и по тие што се на велосипед.
     
    На TheSecret, FallenAngell, Someday и 4 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.857
    Пол:
    Женски
    @hellocity лекција за денес: научи шо е свест!
    После можеби ќе разбериш шо пробваме да објасниме страни и страни назад.
     
    На FallenAngell, ivi1987, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.950
    Се подразбира дека ако некој те нападне, и човек да е, ќе се браниш како знаеш и умееш.
    Тоа не знам зошто е воопшто дискутабилно.
    Па човек да е тој што ме напаѓа, секако дека мојот живот ми е поважен, со се' што можам ќе се бранам.

    За другото - АМ е здружение за заштита на животни, нормално дека ќе се фокусираат на животни.

    Инаку, не знам зошто е задолжително да се бира кого повеќе ќе жалам?

    Еве мене ми е еднакво жал и за девојчето, и за детето кое ДОМАШНИ (овчарски - не улични) кучиња го усмртија, и за кучињата и мачките кои НЕВИНИ СЕ и се жртви на несовесни и гадни луѓе.

    Не можам вина во нив да барам, туку само и само во оние кои ги оставаат по улици и државата која ништо не прави за да го спречи истото.
     
    На FallenAngell, ivi1987, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Сеа ќе дојдат полицајци и ќе му стават лисици на кучето и ќе го пратат во Идризово да издржува казна затвор! :drunk:

    Луѓе, сите вие што сакате и не сакате кучиња или било какви животни - отровот не е решение. Сфатете. Летово ме касна куче и што требаше ја на кучето да му направам? Да земам да го отрујам и убијам?
    Мене не ми беше ниту ми е криво кучето. Крива ми е државата, градот кој не превзема ништо околу уличните кучиња.
    Криви ми се луѓето кои земаат куче на чување и кога ќе им здосади на нивните деца или на нив ги фрлаат на улица како да се ѓубре. Во нормални држави ако јас имам куче и го избркам на улица или го малтретирам ми следува парична или затворска казна, ама не и во оваа трула држава.
    Жалосно за девојчето, ама реално државата треба да одговара за ова, а не кучето.
     
    На crimson, FallenAngell, 1209 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Јас сакам животни стварно многу и некогаш во животот ако би имала многу пари прво што би направила би отворила стационар со најдобри услови и би ги згрижила сите улични кучиња и мачки. НО, со муабетите дека кучињата не напаѓаат без причина не се согласувам. Во маало имам 15 кучиња што секој ден ги одминувам, често им давам храна, не само јас, скоро сите комшии. Еден ден се мирни, а друг ден те напаѓаат, те лаат, може да те растргнат. Мене ми се има случено и уште на неколку комшии. Затоа веќе не им верувам и стварно ми е премногу страв кога ќе ги видам собрани на куп ...
     
    На FallenAngell и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    А знаеш што се случува со тие деца? До 18 години живеат во дом, а потоа им наоѓаат работа. Значи тие деца колку - толку (иако и оваа тема може да повлече многу негативни коментари за домовите за деца без родители) се оспособени да се снаоѓаат во животот.

    Куче кое не е стерилизирано, а е пуштено на улица го прави она што најдобро знае да го прави - се бори за вода и леб, а кога е во период на парење едноставно се пари. Кучето не разбира дека не треба да го нападне девојчето, ама луѓето кои ги исфрлаат животните на улица и те како треба да се свесни дека тие кучиња сами по себе може, а и не мора, да бидат агресивни и дека истите тие кучиња порано или подоцна ке се спарат.

    Замисли, овде на форумот, а и надвор од него, има хумани луѓе. Луѓе кои донираат пари, храна, облека, луѓе кои волонтираат во домови за деца без родители, домови за деца и луѓе со попреченост, луѓе во домови за стари и изнемоштени лица. Е истите тие луѓе, замисли, вдомуваат животни, донираат за животните, даваат пари за храна и стерилизирање, со цел, состојбата со кучиња скитници се стави во некаков ред.

    Не знам дали ти би можела тоа да го процесираш, но има луѓе кои НИКОГАШ нема да стават screenshot со порака за благодарност што донирале 100 денари, доказ дека го донирале своето кафе.
     
    На crimson, FallenAngell, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Овој проблем е веќе зрел за итно, а не системско решевање. Под итно, се подразбира елиминација на сите единки и чопори на улични кучиња, нормално, што е можно похумано и по најниска цена на чинење по даночен обврзник. Потребен е компромис помеѓу граѓаните - жртви, потенцијалните жртви, граѓаните кои се плашат за сопственото здравје и здравјето на блиските и помеѓу активистите и организациите кои се борат за добробит на кучињата. Кога веќе во моментов не постојат никакви други опции за отстранување на кучињата од улица, непопуларниот метод е неизбежен. Со ова на граѓаните ќе им се овозможи безбедност, слобода на движење, спокој, почиста животна средина, а на активистите и граѓанските организации ќе им се отвори простор своите капацитети да ги насочат кон имплементација на новите законски акти во чие донесување и тие би биле вклучени со сето нивно искуство и познавање на тематиката.

    Ќе се заврти еден нов лист кој токму организациите треба да го испишат. Со таков граѓански коректор, кој сега целата енергијата и малкуте финансии ги троши на илјадници страни, а резултатот е разочарувачки, во иднина власта полесно би се снашла во оваа тематика.

    Според мене, после овој неизбежен метод, секој кој би сакал да чува куче потребно е да извади уверение дека е психофизички здрав. Барем на секои три години. Да мине низ куса обука спроведена од активистите и НВО кои за тоа ќе бидат платени. Обука со теми анатомија, хигиена, психологија и сл. Ако на крај не положи тест, нема ни лиценца, нема ни куче. Да приложи имотен лист според кој станбената површина ќе соодветствува за расата на кучето. Ако нема услови, нема ни чување куче. Нормално, здравствените сертификати се неопходни. Чипирање исто. Граѓанска инспекција формирана од платени за тоа активисти барем на пола година. Да проверат услови, однесување, хранење... Ако приметат ситуации „Џани Версаче или D&G кучиња“ или „дојди ми кај мама“ и слично понашање, одземи му и куче и лиценца. Нема ли маска или кеси за ѓубре при шетање, првиот пат условна казна и три плати. Нареден пат во робија и одземање на куче и лиценца. Отварање на кафилерија, водена од НВО, обавезно. За да не се доведат оние кои сакаат куче во ситуација да мора да набават куче од скапи пет-шопови, да постојат еден вид репроцентри управувани од организациите каде контролирано и плански би се „произведувала“ бројка на кучиња.
    Мора да се почне од нула за да се создаде петка ситуација.
     
    На FallenAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    5.584
    Супер ова вака да функционира, ама не само за да земеш куче, туку и за да родиш дете, бива?
    И како ,,дојди ми кај мама,, и слично понашање ти смета тебе?? И јас на мојата и вела на мама убавата и слично лигавење пошто си ја сакам и никој не може мене да ми каже да не му изразувам љубов на кучето. Друго, што ќе правиме со одземаните кучиња? Имотен лист за чување на куче ха ха да не треба и гаранција во банка или пак сметка на кучето во банка да му отвориме.
    Граѓаните кај нас демек само од кучиња се исплашени и небезбедни, инаку онака рози цветаат, што се убиваат, газат на пешачки и прават пијани и издрогирани сообракајќи.

    Одам утрово во маркет да си купам појадок.Пред маркетот огромно куче си лежи мирно, ниту дирна некого, ниту погледна. Му купив од маркет месен нарезак и еден леб, излегувам надвор, еден стар човек со бастун мава накај кучето да се тргнело дека лежело таму, и ако кучето се одбрани тоа е криво да. Го викнав кучето на страна му дадов да јаде, го погалив и го оставив да си лежи на крај. И според тебе ова куче сега треба да го убијат?
     
    На candy.cane, FallenAngell, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Не те разбрав, имаш родено куче?

    Ова е веќе лупетање и правење „на тошо“.

    Веќе видено и класика празен муабет. Еве ме, јас сум доги-Самарјанин.
    Да те прашам, мама и дава ли на убавицата дома нарезок и сув леб?
     
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    @corto.maltese Далеку сме ние од тој степен на законодавство и свест.
    Ме потсети на Сингапур, каде постојат изречити закони кои ги штитат животните, со кои се потенцира дека чување на миленице е многу повеќе од тоа да им дадеш корка леб и вода.
    Имаат казна од 5000 долари за невакцинирано куче, иста сума за нечипирано животно, едно семејство не може да чува повеќе од 1 миленик - ако сакаат да земат уште мора да бараат дозвола од владината организација AVA , и тоа - излегуваат на лице место и вршат увид дали тоа животно би имало прикладни услови и дали сопственикот ќе може да му го пружи истото. Ако земеш уште едно а не го пријавиш како твое казна од 4000 долари.
    За посебни раси ( питбул, ротфалјер, германски овчар ) плаќаат по 5000 долари за дозвола.
    Ако твоето куче касне друго куче или човек, пак казна од 5000 долари на државата и плус 2000 долари на сопственикот или на повредениот човек.
    И ете како функионираат перфектно :)
     
    На Tan4ence, corto.maltese, FallenAngell и 5 други им се допаѓа ова.
  17. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    5.584
    Не мора да родиш за да чуствуваш дека миленичето ти е член на семејството. И што толку ти смета како некој ќе му се обраќа на своето милениче?

    Не е јас сум доги Самарјанин туку дека не се сите кучиња исти, не се сите агресивни и не напаѓаат сите. Плус еве ти објаснив човекот го нападна кучето, и ако кучето реагираше на тоа, на вести ќе имаше бездомно куче нападнало минувач, никаде немаше да пишува што претходело на тоа напаѓање.

    Хаха сув леб хаха, боље сув леб отколку ништо.
    Ќе заборавев, вешто го избегна делот овие норми да важат и за раѓањето деца.
     
    На candy.cane, Mr. Right, FallenAngell и 4 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.950
    Ако посвоиш дете, нема мама да те вика?
    Оти не е родено?

    Како што разбрав, мораш да родиш, за да бидеш "мама" :)


    На моите им се обраќам со "убав на мајка" "лошотијо мајкина" итн.

    Знам дека не ги родив, патем ;)

    И ги хранам подобро него што се хранам себе :)
     
    На candy.cane, Mr. Right, FallenAngell и 7 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    И јас на мачката и' викам 'Ела кај мама' или 'Оди кај сестра ти'- за ќерка ми :D
     
    На candy.cane, FallenAngell, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    55.877
    Пол:
    Женски
    Јас на кучето и на мачето (особено на мачето) им велам 'Дојди ваму бебе мое најубаво'. :D :lol:
    Ете не знаев дека на некој можело да му смета. :rofl: Sorry not sorry.
     
    На candy.cane, Mr. Right, FallenAngell и 5 други им се допаѓа ова.