Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.381
    Пол:
    Женски
    Леле жалноо.
    Ич не сакам да слушам како некое животинче е повредено или убиено.
    Ама еден ден ќе им се врати.
    Тој копукот сака да се направи некој и нешто со тоа што ги убива.:swear:
     
    На A94 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    Проблемот со преголемиот број на кучиња скитници е човечки. Земаат, дур е мало им е интересно, играчка за деца, кога ќе порасни ќе видат дека е обврска и оп испушти го на улица. И така ќе се размножуваат и ќе има премногу. Казни за напуштање на миленик, казни за нечипиран миленик, стационари, тоа е решение. Јас многу ги сакам животните имам куче знам како да изреагирам, но ако е глутница и ти се с'снат е опасно. Изигравање на шериф и одење по улица со пушка и пукање во кучиња треба да е парично и затворски казнето. Поставување на отрови казниво. Редно време е да се воведи ред во државата ова веќе ја помина границата. Наместо да ставаат се во џеб како што се научени нека ги згреат столчињата и нека направат нешто паметно. Греота е вака да се убиваат кучиња
     
    На CameliaMiller, dayla, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Не само тоа, туку и тие што ги чуваат по дворови си ги пуштаат да шетаат слободно, нестерилизирани/некастрирани. Менталитетот ни е таков. Мојата кучка на година и пол ја стерилизирав, чекав само еден циклус да добие заради хормоните да се средат. Не знам колку ми рекоа, леле греота си ја стерилизирала…. Што има греота во тоа, тоа треба да е стандард пракса. Гледана е ко принцеза ама греота била оти не ќе можела да раѓа… а луѓето во дворови ги чуваат на ланец дење ноќе… не виделе ни љубов ни грижа, важно машкоста не му ја зеле. Изместени ни се сфаќањата тука. Затоа и проблем имаме.
     
    На CameliaMiller, Waverly Raven, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    2D4431E3-9B6C-4C70-B5D5-3E2E8F0DE180.jpeg Сепак е вистина
    Дајте нешо да напраиме
    ?? Кажувајте
     
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.409
    Пол:
    Женски
    Чекајм малку, ти се читаш ли што пишуваш? Не се пуштило по бебето ама се пуштило по нејзе? И сега што, да остави да види дали ќе ја нападне? Или да почека да тргне кон бебето па после да реагира?

    Еве ти еден од најреалните одговори овде:

    И за пофалба е напишаното затоа што до сега ретко кој призна дека ако е глутница е опасно.

    Какви видеа не излегоа деновиве од глутници што напаѓале што неми се верува дека властите дозволиле да дојде до овој степен! Ама тие си се возат во коли, што им е гајле што останатите се напаѓани...
     
  6. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.568
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што ме прозиваш вака стварно. Цело време коментирам дека имаме проблем итн итн да не се повторувам. Да, опасни можат да бидат и сега што да кажам, да ги убиваме? Треба да се тргнат од улица, јас правам што можам, но тоа е системски проблем. Членката имала немил настан, продискутиравме тука што како, фати прочитај. Што туку се дереш :D
     
  7. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    395
    Вчера вечер имав прилика да видам еден човек на бензиската Мечкаров како брка куче, со џогер, кој го земал од пумпата. Потоа најде и некој камен. Беше сериозен во намерата да го удри. Јас првично Бев далеку т.е кај НЛБ Банка на околу 100 метри. До таму луѓе меѓу кои повеќето млади (девојќи и машки) ја посматраат ситуацијата и никој не проаѓа да го одврати човеков од глупоста, туку само коментираат од страна.

    Јас притрчав, поминав низ тие дремачи( озборувачи) и дојдов до човекот. Му објаснив дека тоа што го прави не е убаво, Прво ми напомена дека го изело кучето, што немаше врска. Го замолив да не прави глупости и да го остави каменот! Да не го вознемирува кучето бидејќи ако тоа осети страв, утре може тоа навистина да нападне некого.

    Незнам дали се уплаши од мене, бидејќи знам да бидам навистина нервозен кога некој напаѓа животни. И секогаш реагирам.

    Но чудно е во каков свет живееме. Како што напоменав На 20 метри од човекот имаше група на момци и девојќи меѓу кои и во групи по 5-6 луѓе. Никој не се обиде да разговара со човекот како што тоа јас го направив, туку беа застанале како пред диско. Посматраат ситуација и не реагираат.

    Реално кога ќе ја сумирам сега ситуацијата незнам дали вечерта повеќе ме изнервира човекот што сакаше да го удри кучето, или овие младиве идиоти од страна што застанале како пред диско и немо посматраат и озборуваат нешто.

    Не ми е јасно.
    Ако свесно гледате дека некој е во опасност или отиди и спречи го ( не се мисли тука на тепање), или замини си скрос од местото, и не изигравајте новинари со гледање од страна, и озборување. Незнам што може да биде полошо од ова, уште да земат да навиваат кој ќе победи кучето или човекот.

    Многу проста маса на народ имаме. И млади и стари.
    Затоа и немаме напредок.

    Второ не е виновна лајка или општини, колку што се тоа медиумите и вакви луѓе посматрачи како во случајот погоре.

    Виновни се повеќето медиуми, кои со измислени и спектакуларни наслови за секојдневно изедени 10-20 луѓе, придонесуваат да луѓето (особено оние изманипулирани и со поплитка свест) да ги тепаат кучињата.

    Како последица на тоа, малтретираните кучиња ќе станат агресивни и со тек на време ќе настрада некој навистина невин човек.
    Бидејќи и човек да го тепате и малтретирате без повод, ќе стане агресивен. Како и со луѓето, така е и со животните.

    И на крај морам да кажам дека многу сум разочаран особено од Телма. Не очекував дека ќе бидат толку многу безобразни, и дека ќе шират толкава пропаганда. Си го урнаа кредибилитетот за добар медиум кај мене т.е Ми станаа одвратни.


    Секоја чест за професионалноста на некои медиуми, кои воопшто не прават вакви пропагнади. Ако е за утеха, барем имаме доста такви.
     
    Последна измена: 19 јануари 2023
    На CameliaMiller, A94 и cooll им се допаѓа ова.
  8. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.381
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/reel/813154256648147
    Оф,оф,оф:worried:
    Жално за дедово/чичково.(човекот што е легнат на пешачки)
    Па,има ли некој во државава наша?
    ;(
     
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    За жал , нема . По коментари читав на истата страница , велат и наутро и навечер е страшна состојбата . Луѓе не можат да отидат на работа , ниту пак да се вратат . Ми се случило да ме опкружи глутница враќајќи се од маркет . Јас метро и жилет , наспроти десет кучиња кои ми беа до висина на струк .. На моја среќа , од никаде се појави човек , кој веројатно само поминуваше оттука , но кога виде дека ме опкружиле им свика па се тргнаа малку колку да можам да поминам . Не ме нападнаа во тој момент , не сакам ни да помислам што се можеше да се случи доколку беа бесни и немаше луѓе наоколу . Веројатно и луѓето што имаат дуќанчиња во таа област им даваат по нешто храна , па затоа беа толку смирени кучињата .

    Не е решение да се убиваат . Но не е решение и живи луѓе да јадат . Мора да се преземат итни мерки . Слушам , општината нуди оштета за каснување од улични кучиња . Да им ги пуштиме нив да ги искасапат , па нека трчаат по оштета потоа :@ . Глупави ниедни :@ .

    Наместо да се соземат веќе еднаш , да се изгради стационар , да се вработат макар двајца ветеринари , да се вработат лица кои ќе се грижат за тие кучиња , па ако треба и ќе одвојуваме по 100/200/500 денари месечно , сите граѓани на општина Тетово , за да се плаќаат тие луѓе , а и да се купува се што треба за кучињата да се вратат во некоја нормала , па да може да се " посвојуваат " , односно да си најдат нов дом , каде ќе бидат сакани и ценети .

    А што се однесува до лигавиците кои ги земаат како плишани играчки , а потоа ги напуштаат , би предложила секое кутре кое ќе се роди , да биде чипирано уште на првото вакцинирање ( без знаење на сопственикот додека не се чипира ) . Откако ќе се чипираат , да се соопшти на сопственикот дека кутрето е чипирано . И огромни казни за напуштање на домашни миленичиња . Па ако имаат му*а , нека ги пуштат на улица пак :devil: .
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.381
    Пол:
    Женски
    Да беше само во Тетово.
    Ама на секаде низ Македонијава е.
    Па не дај боже да носиш во раце некое печиво,ќе те бутнат за да го земат.
    А,ако им скршиш малку(или ако им го дадеш цело) ќе те следат до дома додека не им дадеш уште.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.712
    Пол:
    Женски
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е само во Тетово , но бидејќи тука живеам , зборував конкретно за општина Тетово . Сум видела и по другите градови , ситуацијата е иста , а некаде за жал дури и полоша .

    Едно не ми е јасно само . Како може да одвојат пари за оштетените граѓани , а неможат со истите тие пари да изградат еден стационар за да ги сместат сите улични кучиња и мачки ? Подобро е да се спречи , отколку да се лечи нели .. Ама не , подобро е да се перат пари врз грб на оштетените граѓани .

    На крајот на краиштата , како што реков ќе си плаќаме плус некоја минимална сума ( пресметана според број на жители ) месечно за да се издржуваат тие кучиња во стационарот , да се плаќаат луѓето кои таму ќе се грижат за нив , да има за лекови и хигиенски средства , за храна .. храна може и да се донира кога сите ние би биле едуцирани што од храната која обично ја јадеме по дома , може да се дава на кучиња/мачиња , наместо да се фрла . Има решение за се , но само за оние кои сакаат да го најдат . Оние кои сакаат да седат со скрстени раце , ќе понудат вакви решенија , како дотичниов ни градоначалник .
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    395
    Тетово е дива лига. После војната, многу албанци, турци од најзатепаните села се спуштија во градот. Многу Неписмен и прљав народ. Тие немаат ни вкус за естетика ни ништо.

    За жал со партииве, тие истите луѓе се довлечкаа на власт.
    Па така од град во кој живееше учен и чист народ, се случи катастрофа.


    За жал по војната кога се спуштија овие од тешките села, натера и многу албанци кои со години живееле во Тетово да мигрираат, бидејќи Тетово стана диво. Имаше периоди кога луѓе градеа неплански , на сред жичара, на сред улици. Градот стана прав Кабул.

    Градот пред 2001 и после е комплетно различен. А и државата дигнала раце од него.
    Навистина ми е жал за Тетово. Ама многу пропадна. Треба да поминат векови за овие луѓе кои се спуштија од селата, да се образуваат и дури тогаш можеби некој ќе помисли на кучињата дека се и они живи суштества.
     
  14. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.712
    Пол:
    Женски
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.175
    Пол:
    Женски
    До кога? Се знаеше дека една будала ќе ги мотивира и другите.
    Денес, Битола.
    Screenshot_20230226-190104_Facebook.jpg
     
    На Евроазија, theowndemon, cooll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.950
    Кучево однесено е на ветеринар?
     
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.175
    Пол:
    Женски
    Да.
    Ама велат дека мала шанса има да преживее.
     
    На Евроазија и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.950
    Ми доаѓаат сите клетви за пукачот и цело му поколение. Гад.
     
    На Евроазија, theowndemon, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    Леле бе најмирното куче на кој му пречеше. Господ да ги казни, злобни души
     
    На theowndemon, CameliaMiller, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.858
    Пол:
    Женски
    Гној на општеството. Дотичниот се надевам некако ќе одговара оти е опасност за околината во најмала рака, башка шо во соодветна установа треба да е за сечие добро. Вакви се моментите кај шо можам скроз да исклучам емпатија за некој. Сељо копилест.
     
    На Евроазија, Cosmic Girl, Sielo❤️ и 5 други им се допаѓа ова.