Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    @Stella1111200 пред неколку години истото ми се случи, минав низ глутница и среќа не ме нападнаа. Крвта мислам ми се заледи во мене. Пријателка беше нападната, бараше оштета од општината и така застана тоа ако не се лажам.

    Проблемот го гледам во луѓето што сакаат, вдомуваат и по некое време го губат интересот кон миленичето и го испуштаат на улица. А многу во организации не верувам, зашто и тие делуваат пристрасно. Ова е апла проблем, никој не го решава зашто немаат уште нападнато дете на овие што седат во фотелјите. Инаку да нападнат, те како ќе го решат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Ама ајде значи стварно е срамота. Тие што имаат кучиња и што треба да го прошетаат крвта им се заледува. Пред 5-6 години од тераса имам видено како улично куче го кине домашното куче на едно девојче, таа слика од памет не можам да ја извадам.
    Минатото лето бев 4 недели во 5 градови , Париз, Амстердам, Монако, Прага и Ница, во ниту еден град не видов ЕДНО куче а камо ли стадо или чопор од 20 кучиња. Ама зошто е тоа така? Па затоа што имаат закони и процедури на место ,а не овде не можеш улица да поминеш на раат.
     
    На Selena01, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Еве сега.. прекината вечерна прошетка затоа што чопор нападнаа еден човек постар од мене, ни крив ни дужен човекот пешачеше по патеката.
    Ниедна тема не ме иритира како оваа. Страшна работа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    36.711
    Пол:
    Женски
    Ама секогаш се виновни луѓето. Ги провоцираат животните. Така коментираат на фб љубителите на кучиња (facepalm)
     
  5. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Ма какви, еве мене кога ме нападнаа со камења демек ги мавав. Не велам стварно има ситуации кога и луѓето се закачуваат ама до оваа мера е стварно жално.
    А баш се одлучив да истрошам некоја калорија, не ми било пишано:D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    36.711
    Пол:
    Женски
    Деца си играат на игралиште и им се пуштаат кучиња. Вината е во децата? Од Анима Мунди не реагираат. Во маало кај мене ги има многу. Страв да те фати да се враќаш дома навечер.
     
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    17.228
    Пол:
    Женски
    Ама вие не разбирате,мора да има тригер за кучето да нападне,така ми пишуваа тука.Е сега тригерот може да биде и што воопшто дишиш ама нема везе.
     
    На christinnn и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Ама кај мене во центар порано не беа до толку бројни ама како минат годините се повеќе и повеќе ги има и тоа ми е многу чудно што од чиста мира почнуваат да лаат и да трчаат по тебе, некој ми на тоа кажува сакало да си игра, абе какво играње какви бакрачи глупости. Исто се собираат во чопор и си бранат територија, ако стапнеш таму дека не треба одма почнуваат да лаат како ненормални.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    36.711
    Пол:
    Женски
    Па, да. И обавезно да му дадеш да јаде. И по можност.... Да не носиш кеси (facepalm)
     
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    17.228
    Пол:
    Женски
    Затоа што порано ги убиваа уличните,државата.Сега не смеат има многу здруженија интернет.
     
  11. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    А каков е тригерот тука во мојот случај? Човекот шета и гледа само напред и без никаква причина кучето му рипна??? Тие што викаат дека мора да имс тригер очигледно не биле подгонети ама здраво подгонети од куче.
    Плус не викам, во некои ситуации стварно имс тригер и стварно лугето од чиста мира некогаш почнат да се закачуваат, ама тоа не е во сите случаи.
     
  12. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Во комшии имаме лик со воздушна пушка што до сега има осакатено дузина кучиња и мачки и ги гаѓа исклучиво во рбетните пршлени за да останат живи ама инвалиди. Полиција се смее, кур не им чуе. Виновни се луѓето.
     
    На theowndemon, Amellie13 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Не ми е во ред ни да ги убиваат некако језиво ми е ама дај барем нека ги приберат ова веке нема никаква смисла. Колку пати кога одам докај факултет се вратам од сред пат рсди кучињава.
    На ни една тема волку не се нервирам ама кога станува збор за кучиња значи косата почнува да ми се дига.
     
  14. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Е ова на пример не ми е во ред, жива душа е и кучето какви и да се
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Леле копилињата пред зграда, не е законски ама да беше, по една прачка од глава ќе им искршев. Е вака 10 копилиња собрани ми ги малтретираа кучките пред зграда, ги гаѓаа со камења и се цепеа ко недоквакани. Немој тоа децата невини плис. Муабетов ко да ги слушам мамичките со „Ама мој Лука не е такво дете“.
     
  16. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Да сакавте промени ќе отидевте и прво ќе ја пријавевте Дунавка што го има направено Оскар уличен миленик, и ќе баравте од АХВ да ја санкционираат. И не е само Дунавка, има милион Дунавки у Македонија, затоа има толку кучиња по улици.

    И да и јас се плашам од кучиња, дури и од малите, ама не драмам вака, мене до сега не ме имаат нападнато иако живеам во средина со многу кучиња, еднаш два пати во сезона на парење ме имаат збркано, ама тоа е тоа. Утре и да ме касне, не пријавувам, за да не идат под мач бато, пошто маалскиве ми се такви те ме сакаат те ме нејќат (имаат и они лоши денови кога дебили ги тепаат па покрај сувото гори и суровото).

    И не драмете, нема беснило во уличните кучиња, во Македонија има само во дивите животни и еднаш у таа мачката од Радишани, што префатила од лисица, ама беснило е многу типична инфекција и ќе ја познаете на куче, башка што многу брзо прогресира кај нив и брзо умираат, особено кога ќе им настапи фуриозната фаза.

    А освен тоа ги вакцинираме и уличните и дивите животни против беснило.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    7.120
    Пол:
    Машки
    И не се само скитниците во прашање, него и овие со газди напаѓаат.

    Вчера си одам дома со тротинет, немаше ништо и од еднаш од нигде никаде од лево ми излезе пес, ми се пушти, агресивен, лај ли лај, јас стојам уште толку агресивност покажува. Излегува газдата и ми вика оди бато слободно. Добро, како е тоа твое оди слободно нормално? Срамота е на 21 век да се занимаваме со примитивни работи, ами земи врзи го. Не рече ништо, си замина, песот со него демек го кара.

    Во вакви ситуации секош пријавувам в полиција, овие шо не им се врзани и ги пуштиле така. Претходно исто, кучево пуштено да скита, ти си врвиш нормално ни го провоцираш ништо, она готово да те касни, ржи, агресивно. Им реков или ќе си го врзите или пријавувам плус приватна тужба. А ако се случи нешто, испод 20.000 евра нема да помините туку така лесно. Па сега вие одлучете се.

    Другиот ден не го врзале, туку го однесле на друго место. Значи можело ако се сака.

    А за уличните кучиња, ако се во чопор, без причина лаат, напаѓаат. Им ставиле обетки, шо дека обетки коа забите им стојат. Шинтерскиве служби слабо..
     
    Последна измена: 6 ноември 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    36.711
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам кога имав 6 години. Пред влез некој ја отрул кучката што секојдневно не чуваше нас станарите.

    Честа појава е да ги оставаат кучињата во кутија, пред контејнер.
     
  19. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Добро тоа за беснилото го кажав на саркастичен начин, свесна сум какба инфекција е беснилото.
    И не драмиме туку стварно претставува сериозен проблем ова со кучињата, барем на мене и од моето лично искуство. Нормално дека секој ке имс различна приказна во врска со темава.
    Плус никаде не реков дека само кучињата се криви, криви се и лугето што ги тепаат и малтретираат ама не ми е јасен моментот кога ти изрипаат и почнат ненормално да лаат од чиста мира и тоа ми ствара огромна нервоза и почна дури фобија да ми се развива. Толку кажав.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.527
    Допаѓања:
    21.302
    Лајка имаат меил и број за пријавување агресивни кучиња.
    Пишувам, дечки може ли кај вас, вака и вака ситуација. Вика да, пратете ни локација и кучето како изгледа.
    Праќам. Одговор курац. Реакција поголем курац.

    И беснило можда не, ама не може рана од улично куче да не се третира најмалце со антибиотик. А ни тоа не даваат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.