Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    4.086
    Пол:
    Женски
    Не сум некој љубител на животни општо па ни на кучиња ама искрено не ги ни мразам, никогаш сум немала непријатна случка. Ама сепак не е НОРМАЛНО толкав чопор во строг центар кучиња колку магариња големи, сликата ми е грда, не им е месотото таму да му беше секаде ке ги имаше во сите светски престолнини
     
    На lia22 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Искрено и јас бурно реагирам на темава затоа што одредени “ветеринари“ воа шишачи на кучиња, се залагаат за отстрел на кучиња во Скопје, што ако на некој му текне нешто такво, има да го запалам градот.
    А инаку за одговорност барајте ја од АХВ.
    Океј Лајка немаат ресурси да помогнат секаде, а агресивно, јебига се дешава, може и да излегле на терен а да не било таму, затоа што и тоа се случува.

    А ако те гризне куче ќе ти дадат терапија, ама не верувам дека до толку гризаат оти мене ме немаат гризнато а ми живеат добри 20 позади зграда
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    15.952
    Пол:
    Машки
    Сега брзо си бегав од излегвање до паркинг во центар на град ми се пуштија неколку песој баш како магариња толкави, се бркав во ниедно време со нив вечерта.
     
    На Youknow и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Во ред, јас стварно разбирам дека си љубител на животни и дека сакаш да си останат живи и здрави, ама сакам и јас да останам жива и здрава не само кучињата. Не ми е во ред да се стрелаат ниту да се убиваат, само велам да се направи азил или било што за да си живеат таму. Оти не е хумано да трчам и да се гонам со кучиња. Како што не е во ред за нив да се убиваат не е во ред и за мене да се шетам со страв.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Нема пари за тоа. Просто. Или ќе треба општините да одвојат повеќе пари за да направат центри и сериозно да почне да се спроведува казнувањето за несовесните сопственици, или ова ќе биде доживотен проблем.

    Ете ја пишав Дунавка, кој бил низ Козле го знае Оскар, сега е и слеп па го удираат коли и не знае кај е, ама битно Дунавка на ТВ ми ја пуштаат. АХВ не постапува иако се знае кој е сопственикот, не ни може некој друг да го вдоми оти е чипиран на нејзино име ама никој не ја казнува. Што поише муабетиме.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    287
    Јас тоа го и напишав погоре. Државата се испокраде значи решето ја направија ама битно не се одделуваат пари за тоа што треба. Очигледно ова претставува проблем на многу луге и ќе претставува се додека не направиме систем што функционира. Тие може и одделат пари ама на крајот во својот џеб поубаво им стоат. Срамота е ова и ова никаде го нема.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.527
    Допаѓања:
    21.298
    Може да се соберат пари така што ќе се казнуваат сопственици за шетање без поводник или без корпа ако е агресивно куче и ако не си ги собира лајната зад него.
    Имам комшии со едно агресивно акитЧе, може од нив да се почне.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.320
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Е да си жив и здрав за муабетов.

    Не бе, кучињата се криви, никако луѓето.. Па од луѓето има ли поголеми ѕверови бе?
    Кој дозволува неконтролирано да се котат, кој ги пушта на улица ко таа малоумната имбецилка Дунавка, а такви мал милион ги има ко што рече.
    Државата кур ја боли, и така..

    Проблемот е комплексен ама никој не реагира како и за се друго у државава. Најбитно кучињата се најкриви, па удри стапот по нив.
    Малку ги има и оние коишто ги малтретираат и се иживљаваат нели?

    Многу добро разбирам, ете да те нападне или дете не дај Боже да ти нападне, нормално е дека се би напраил да се одбраниш, тука нема збор, но многу луѓево гнев имаат насобрано кон кучињава, а не кон тие кои се највиновни за ова.

    И од здруженијава нема аир, а реално не се па ни семоќни да се справат како што треба. И ништо ете, останува како што е ситуацијата, а сите трпиме.
    Не знам како може толку долго, ебано решение да не се изнајде за ова, ама не им е приоритет секако, има многу побитни работи.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    126.453
    Пол:
    Женски
    Двете страни не го гледаат целиот проблем.
    Постои можност куче да те нападне без причина. Им се случува на луѓе.
    Но, вината е најмногу кај луѓето. Наместо да ги оставаат бездомни и гладни, треба да ги вдомуваат и хранат.
     
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    55.875
    Пол:
    Женски
    Многу се имам објаснувано на темава, но клучното е дека човекот е виновен. Не, не тие што се напаѓани без причина од кучиња, бидејќи да, има кучиња што напаѓаат неиспровоцирани, јер се животни кои се водат по инстинкти. Но зар има поголемо животно од човекот?
    Секогаш ме чуди кога цел гнев се насочува на кучињата, наместо на тие луѓе што се причина зошто се наоѓаат на улица. Колку пати сум сретнала мали кучиња фрлени во кутија. Зар тие кучиња се поголеми ѕверови од овие што фрлаат? Па тие сѐ најлошо заслужуваат. Но таква држава сме што нема ни казни ни шелтери ни бутур како што треба, ама пари за оштета од каснување секогаш има. Само глупине портали знаат да објавуваат вести за напади од кучиња со слика со некое раслошено куче за простиов народ да се пали и да повикува на труење. Никогаш не постирале колку е битна стерилизација и колку на дневно ниво се фрлаат кучиња на улица. Дури не сфатат повеќето кој е коренот на проблемот вака ќе е.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.012
    Пол:
    Женски
    Значи решението да не не касаат кучиња е да ги храниме и вдомуваме?
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    126.453
    Пол:
    Женски
    Да. Плус, посети кај ветеринар.
    Требаат да имаат топол дом, не да бидат на улица.
    Сопствениците мора да бидат одговорни.
     
  13. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.012
    Пол:
    Женски
    Зошто јас или било кој што несака мора да вдоми куче (затоа што неможе, нема финансии или едноставно нема желба за таква обврска) за да не се на улица, да имаат топол дом за да не касаат за луѓе?

    Колку кучиња имаш вдомено ти и колку кучиња храниш дневно?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    23.095
    Пол:
    Женски
    Абе вие до утре може тука да се вртите кој е крив, дали кучињата или луѓето, ама реално е дека додека не почнат огромни казни да летаат за напуштање/нестерилизирање/недокументирано парење на кучињата, ништо нема да се смени.
     
    На SummerGirl, EmporioIvankov и Hoping им се допаѓа ова.
  15. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.012
    Пол:
    Женски
    Е тоа е клучниот проблем. Со оглед на тоа во каква држава живееме ова нема да се смени и реши.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.320
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Па луѓето се криви кој друг, вајда на кучињата нема да им текне да ги казнат неодговорните сопственици, или пак самите себе да се казнат оти биле лоши и неумни. :?:

    Што функционира како што треба, па и ова да биде средено..
     
    На FridaodaMk и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    23.095
    Пол:
    Женски
    Таа е, до тогаш ќе се снаоѓаме како знаеме и умееме.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.798
    Допаѓања:
    169.790
    Пол:
    Женски
    Проблемот со уличните кучиња секогаш бил комплексен. Има начин како да се реши. Прво државата со прст не мрда, а и малку да мрдни народот се лути дека се одделиле пари и за то ко можело за нешто друго. И така сме во круг на "зло". Зошто нови кучиња се фрлат, стари се плодат и има поќе и поќе на улица. Па некој психопат покосва. И кругот почнува на ново.

    Само на темава колку пати е дискутирано, ќе пишам пак tldr:
    - Кастрирање и стерилизирање на сите улични и домашни животни
    - Чип
    - Високи казни за испуштање
    Само така ќе живеат кастрираните до крај на природен живот и ќе има минимално нови врз кои ќе треба да се напрај цел процес пак.

    Проблем е дека сме држава во која и се ова да е закон - нема да се прати. Нормално дека има како некои да го избегнат ова јбг. Ама значително ќе се намали бројот на испуштени кучиња на улица. Е са секогаш кога нешто се трга да се прај во поглед бездомни животни р е д о в н о има ќенкање дека то се пари шо би биле покорисни за нешто друго. И сфаќам дека е полесно да се бара вина во невладини организации. Ама државата и општината се тие кои треба да се грижат да е чисто, мирно, да нема улични животни и ред други работи. Така да енергијата на таму треба да е насочена.

    Зимно време јас не го шетам моето куче сама. Да не сум со него - немам проблем, ама со кучето имам. И лута сум на општината пред се зошто та е одговорна за мојата безбедност. Не сум лута на невладините шо бар храна фрлат за да не се прегладнети (зошто ако се, е тогаш се опасни).
     
    На FridaodaMk, Feminka22, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.