1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Ти одговорив.
    Никогаш нема да прифатам убивање на недолжни. Никогаш.

    За мене човечки живот не е повреден, колку сака нека ми биде "непопуларно" мислењево.

    Освен што уништуваме се', друго не правиме.
     
    На crimson, ivi1987, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Секако.
    Освен што ќе направи некој зулум, друго нема да се случи.
    Не е ова Америка, па да му чукнат на врата и да го уапсат.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не е 'непопуларно' туку е нелогички.
    Супер.. да имаше функционална санација на проблемот, ама нема.

    Не се почнува со 'хуманост' кога нема услови за тоа.
    Додека не се научат сите со казнување како стојат работите, до тогаш само успивање.

    Ќерка ми сама оди до школо секој ден.
    Не дај Боже да и' се случи нешто од куче.
    Има сите во градот да ги убијам и око да не ми трепни.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Ок.
    Ајде да ги убиеме сите човечки бездомници, и онака нема што да им правиме.

    Ретардирано е да одземеш нечиј живот затоа што немаш програма како со него.

    Се надевам ако некој маж (далеку било) и' напакости на ќерката, сите мажи ќе ги убиеш.

    Искрено, гледам кога луѓе шутираат кучиња.
    И со нив се конфронтирам.

    Никој не заслужува да биде малтретиран.
    Посебно не куче.
    Ни криво ни должно.
     
    На crimson, ivi1987, CoverGirl10 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш нема да поддржам убивање на уличните кучиња.
    Не можам едноставно таква сум.
    Ако верувате како мала ептен лошо ме има каснато едно комшиско, пуштено од ланец куче,
    дедо ми тргна да го тепа, јас не му давав да го допре. ( сеуште имам белег )
    Не има и вакви, за жал или среќа..
    Не сум за варваризам во 2018та година, кога постојат држави кои со соодветни цивилизирани мерки се справуваат со проблемот. Ако можат тие, можеме и ние.
     
    На crimson, ivi1987, PaLaVa и 12 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Никогаш не сум удрила животно.
    Сите кучки и мачки по улици ги ранам... ама ова е надвор од контрола.
    Мачето, ако не.. вдомено ни е..

    Друга работа, не се споредува човек со куче.
    Барем јас не можам тоа да го правам.

    Греота се, ако не се ризични..

    Прашав, како ќе знаеш кое е опасно? Ќе чекаме ко вчера, уште некој да умри па да дознаеме кое е за успивање, а кое не?
    Прашав: Се исплатеше ли она од вчера?
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    За проблеми со кучиња, секогаш кога имало ваков настан се повторувало шо треба да се преземи за да се среди проблемот, for good, ама секогаш имаше некој шо би рекол: "абе шо проблеми имаме во државата, не е стигнато до ова", и дур има некој вака шо ќе мрачи и мисли дека само отров е решение, за голема жал, ќе има вакви ситуации. Отровот е краткорочно "решение". А, немој да мислите дека на сите не ни е тешко за ситуацијава. На зима ми е страв да бегам сама, а обично бегам сама, не знам како да реагирам ако наидам на куче/ кучиња по пат. А, во исто време ги сакам, жал ми е да гладуваат и неќам да им наштетам и сум свесна зошто реагираат вака.

    Ова со задолжително чипирање на кучињата, контролирано раѓање на нови кучиња - е одличен прв чекор за решавање на проблемот. Исто тоа вакцинирање и стерилизирање на уличните кучиња. Во градови каде тоа се применува за скоро нема да има улични кучиња. За жал, ситуацијата не е иста во сите градови, и за жал, кучињата кои се вакцинирани и стерилизирани и пуштени да шетаат се исто така гладни. И затоа напаѓаат. Нека е тоа следен чекор кој ќе го решаваат надлежните, да не мора луѓето да се плашат за својот живот. Дали тоа било да оставаат одредено количество на храна на определени места каде би оделе кучињата, а со тоа ќе се контролира и каде се движат.

    Агресивните кучиња е најдобро да се успијат, за сечие добро, ама греота е да се успијат и тие без агресивни тенденции само кои се родиле во несреќни околности на улица.

    Ова е проблем кој мора да се реши целосно зошто е проблем кој се повторва поќе пати за време на есенско- зимскиот период. Најдобро е да се реши на хуман начин на кој сите ќе се задоволни и во право беше членка понапред дур ја читав темата, која рече дека овој проблем не е на листата на ни една партија, зошто на граѓаните не им е грижа повеќе од една недела после немил настан. Да бидиме погласни и да се реши проблемот и да збораме за ова долго после овој немил настан за да остани како последен немил настан, да нема други во иднина.
     
    На ivi1987, Orthophill, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Како и обично, после секоја трагедија, да се повторат чекорите потребни за решавање на проблемот на форум, за да малку се почувствува народот подобро и поцивилизирано, оти "успивање" е знак на нецивилизираност и одлика на потенцијални психопати. Па не е Мк нецивилизирана земја во која луѓе страдаат и умираат од глутница агресивни кучиња, нели?
     
    На oblace1, Yowannty, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Стигнато е до ова, откако знам за себе.
    Иначе, и тебе да те прашам, како ќе одредиме кое е агресивно, кое не?
    Ќе чекаме да нападне некој? Како оние вчера?
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Можеби ти го перцепираш давањето на можни решенија и предлози како желба за чувствување подобро и цивилизирано, јас само гледам потреба да ги потсетам тие кои трујат дека и лани, и оломнани туеле, ама џабе било и дека решението е краткорочно и дека мора да се изнајди решение кое ќе биди трајно. И повеќе луѓе заедно ќе најдат подобро решение низ предлози него еден чоек сам што ќе тумачи шо да напрај.

    До што е стигнато?

    Многу е лесно да се увиди агресивно од неагресивно куче. Кога се чипуваат, вакцинираат и стерилизираат нели седат во стационар извесен период. Е дур се таму се гледа нивното однесување. Дел од тие кучиња, затворени, се обидуваат да нападнат, дел седат мирно и мафтаат со опаш кога ќе те видат. Можи таму да ги пуштат во контролирана околина, со други кучиња, да се види како ќе реагираат. Ако се агресивни тоа ќе се види, и ќе се спречат пред да наштетат на било кој во контролираната средина, и нема шанси да се пуштат во средина со луѓе.

    Ова е ете, прво кое ми падна на памет. Јас знам дека е многу тормозење, ама збораме за решавање на проблемот, не индиферентно пролонгирање на решението. Исто така, бараме начин да се обезбеди хумано живеење и хумана смрт дури, каде што е потребно, а во исто време да нема повеќе човечки жртви. На сите ни е таа цел.
     
    На PaLaVa, LollySky, karmenka21 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ако може така, супер.
    Сега нека отворат стационари и нека ги соберат сите од улица. :)
     
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Што се чудите?
    Како можело да се удави ли бегајки ?! Епа можно е.
    Оти не секој од вас има искусено да ве јадат "на живо" да ве касапат дел по дел и ич око да им чуе.
    Да не беше мојот школски ќе завршив и јас како девојчето.
    Во негова кожа ќе се ставам и ќе одговорам дека стравот во тој момент и бесознанието се огромни и не може секој тоа да го разбере оти не го искусил на своја кожа а и да не го искуси не дај боже.
    Девојчето сигурно било преплашено, до толку што повеќе не ни можела да гледа и да сознае други ризици. Еве, почнувам да се сеќавам на мојот момент и точно знам како се чуствувала и како се удавила во самиот момент од огромен страв.

    И за мене вака збореа и се смееа од типот "како можело куче да ја изеде" или еве "оваа што ја изеде кучето" им бев предмет на исмев пред 11 години ама ако.
    И додека најмалку 50 души ме гледаа од портата доле како ме јадат и никој не сакаше да излезе да ме спаси среќа сум имала да се погоди да помине човек што нема ете да му е сеедно.
    Да не беше тој ќе умрев, шансите беа мали да преживеам.

    И не знаете како се јас борам со годините да го совладам стравот и траумата од што ме јадеа низ нозе и имам дупки што засекогаш ќе болат и психички и физички и тоа е.

    Ова 5 пати го зборувам на форумот знаете зошто?
    За да им кажам на луѓето наместо да се смеат и ѕиркат ко да гледат трагедија од филм да дојдат и да помогнат, да спасат човечки живот. Исто така за да превземе некој и нешто во врска со ова оти страшно е, луѓе стварно има луѓе што се плашат од кучиња.
    Јас на пример кога поминувам до куче и ден денес ногата почнува да ми дрхти и да ме боли од психа.

    Кога бев во мк многу се плашев сама да одам било каде бидејки имаше наезди од едно 10 кучиња што напаѓаа за да се прехранат.
    Гладни, изнемоштени, преладени, смрзнати, повредени нормално дека нема да се мирни и дека ќе напааѓаат.
    Не знаете кај нас дека секојдневно се случуваат вакви тортури меѓу кучиња и луѓе ама ПОЛИТИЧАРИВЕ газот не ги боли нели оти се друго е побитно од човечките животи, од човечките финансии, од подобрување на човечкиот живот.

    Решение ниту имало ниту ќе има, работава е колку можам да се спасам а да верувам дека ќе го решат ова нема да го решат.

    Тука и околу и воедно во еу не сум видела куче, маче, врапче скитник, ако сакаш да си купиш ќе си купиш и ќе го чуваш како треба да го чуваш и толку.

    Ама нели, ние сме изолација од светот како и по се друго па било проблем за ова.

    Или кога некој ќе ми рече "де де што толку се плашиш" почнувам да покажувам што се имам од кучиња и тогаш молк. Гадно било. Нечовечко било.
    Епа не е.
    Остајте ме раат се плашам и крај и не сакам да ви цртам што како.

    И ден денес куцам. Не постојано ама се случува често.
    Ме врти, се вкочанува, не реагира ногата.
    И така.

    Да сме живи и здрави.
     
    На shz, Yowannty, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    пак јас :) со законот за чипирање малку од малку ќе се донесе ред. зашто кога ќе те застанат со куче не гледаат само поводник и маска. бараат и чип да има. Е после треба човек да е мрднат и да го пушти кучето на улица. Има да го изгорат од казни. по моја рачунка горе доле 2000 еу.
    Тие пари место у буџет на рм да се пренасочат кон вардариште ќе имаат и подно греење кучињата.
     
    На crimson, PaLaVa, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Мене не ми е јасно ова што го опиша.
    Еве мене кучката ќе ми роди 3 кученца, едно ќе задржам, две ќе оставам на улица.
    И двеве на улица како ќе ги најдат чии се? Јас сум до Карпош, а ќе ги оставам во Кисела Вода на улица.
     
    На SexiLy, LiliBoz и WildMk им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Точно.
    И утре тие кучиња пак ќе искасаат некого од болки и дехидрираност од прегладненост.
    И цела фамилија ќе се тресе. Ќе плаќа вакцини, ќе плаќа инекции, болници итн..
    И ќе има заувек траума.
    А кучето ќе си е скитник и така и у општина ќе ти кажат и крај.
    Завршува приказната.

    Никој крив никој должен освен колатералната изедена штета нели па одозгора и ќе се смеат демек де де до толку ли си да дозволиш едно куче да те изеде.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Како дали се исплатело?
    Нема поента прашањето, како не разбираш?
    Има некој барем минимална корист од вчерашниот настан, па да се исплати?

    Човекот како е попосебен? Во што е подобар? Кое е тоа право што ние смееме што си сакаме да си правиме?
    Дали освен што уништуваме се' пред себе, нешто корисно правиме за светов?

    Оттука извлечи го мојот одговор зошто не треба да се убијат сите.
    Затоа што (ако) сме совесни и свесни битија, и нели, по тоа се разликуваме од другите живи битија, совеста и свеста не би требало да ни дозволат да се однесуваме нехумано.
    Од токму таа причина не абортираме секој фаличен фетус, на децата со многу коморбитети им обезбедуваме лекување, не убиваме криминалци туку ги чуваме во затвор и ги ресоцијализираме, психијатриски болните од раѓање до природна смрт ги чуваме по институции итн.

    Затоа што се трудиме да бидеме ХУМАНИ суштества.
    Затоа не можеме да ги убиеме сите кучиња, мачки, итн.

    Човекот е крив, а да го казнам кучето.

    Никогаш. И за ништо.
     
    На crimson, PaLaVa, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Хуманизам е за humanity, не за животни.
    Хумана сум.... Затоа не сакам да не јадат кучиња по улици.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    И затоа од страв нема да скокнеш меѓу глутница :)
    Јас ќе скокнам (и скокам) вака нехумана.

    Верувај, сѐ што можам да направам, ќе направам, за доброто на тие невини суштества.
    А гревовите на оние на власт нема да ги перам, ни под разно.
    Ниту ќе казнам куче ради некој човек.

    Во случајов - ради перачите на пари.
    Боже сачувај, да убијам куче, а тие да си перат и понатаму.

    Може нив да ги присилиме да работат, на пример, тоа е пореално и почовечно.
     
    На crimson, PaLaVa, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Има решение и за тоа но уште многу леб ќе изедеме за тоа да се реши. Кога македонче ќе носи кучка на пород во станица тогаш автоматски чип ќе се става. И нема ова да се случи.
    Ама далеку е сонцето ..
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Па не е само до политичарите.
    Не треба политичар да ти кажи дека си стока невоспитана ако фрлаш на улица домашни миленици.

    Не сме сите храбри да скокаме во глутница.
    Не е до хуманост тоа.