1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Па така никогаш нема да те најдат.

    Вака иде таа работа:

    Рефка решава да чува куче.
    Сака да вдоми, оди во стационар.
    Во стационарот ѝ го даваат кутрето стерилизирано (како што е пракса секаде во светот), вакцинирано.
    Рефка потпишува документи за сопственост, кучето се става на нејзино име, Рефка е одговорна 100% за тоа куче, и за неговото добро, и за доброто на сите во општеството кои би биле загрозени ако Рефка не го чува кучето како што треба.

    Рефка е должна на време да го вакцинира и да се грижи за неговото здравје.
    Доколку не го прави тоа, ѝ стига една, втора опомена, трето ја казнуваат.
    Ако и понатаму одбива да се грижи, ѝ стига казна и одземање на животното.

    Потоа, ако случајно кучето го најдат на улица, и по чипот искача Рефка, а кучето НЕ Е пријавено како изгубено, Рефка добива казна оти го напуштила.
    Ако го пријавила како изгубено ѝ се враќа, а ако се повтори губењето неколку пати, се испитува ситуацијата и се преземаат мерки.

    Доколку Рефка одлучи да купи расно куче, иста е процедурата, но, кучето пак МОРА да е стерилизирано, освен ако не е единка која е одбрана за размножување, ако е второто, Рефка следи посебен правилник за тоа како се размножува тоа куче и по која процедура.

    При случајна посета на ова куче, од инспекција чисто да проверат како е, ако се утврди дека е трудно, а Рефка нема документи за парењето, кучето се одзема и Рефка се казнува.


    Вака функционира секаде.
    Затоа никаде немам видено скитници во ваков број.
    Сум гледала по 1-2 кучиња во цел град, ама тоа е реткост, реткост!

    Кога чување куче ќе биде и ОБВРСКА, а не само ќеиф и поклон за детето, па после да здосади да се шутне, никому нема да се исплати да чува куче туку така.
    Кога ќе си ставиш потпис на троа појќе папири и ќе знаеш дека ти висат казни за неодговорно и нехумано чување, да видиш како нема на крај памет да ти падне да се правиш пофраер од сите.
     
    На crimson, Kitten, ivi1987 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Ништо не постигате ако се расправате меѓу себе.
    Ниту пак соодветните институции имаат слух за оваа проблематика.
    Одамна требаше да се реши проблемот уште кога се зачестија нападите.
    Но,сепак решението било "успивање."
    Не,решението е хотел за кучиња финансиран од државата.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Супер.. кога ќе се чипирани и стелиризирани сите.
    Ама не се.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Исто не е хуманоста врзана само како однесување кон други луѓе, туку е карактеристика на човек, негово однесување према други битија, кои не се задолжително човечки битија.
     
    На crimson, Bloom19 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Затоа ќе казнуваме луѓе, бидејќи луѓето се виновни.
    Не се виновни кучињата што се на улица,

    Или не можеме по магарето, па да маваме по самарот?
     
    На crimson, Kitten, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    Се е убаво замислено, ама Рефка треба да има висока свест и не само Рефка туку и сите Рефки кои сакаат да одгледуваат кучиња.

    Туку...ветеринарот ми рече дека пред да го стерилизира кучката, да му дозволам еднаш да се ,,спари,, зашто веднаш-стерилизирањето и го скратува векот на кучката.

    Затоа Рефка ќе го спари со рандом џукелче, кучилото ќе го остави во Драчево и мирна бачка.
    За 30 дена ќе ја опднесам кучката на стерилизација и толку.
     
    На LiliBoz и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Секако... ама реков.. Ако морам да избирам меѓу безбедност на луѓе и животни, избирам луѓе...
    Фак ит..

    За казнување и јас пишав :)
    Ама сега нечипирани и необележани и нестерилизирани, не можеш да знаеш кое куче чие е, па да казнуваш.
    Иначе... како што реков.. Казнување да си го проплука млекото што го цицал.
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Имам ненормална фобија од кучиња. Веројатно и јас во паника да доаѓаат кучиња накај мене, не знам во тој момент кај има излез би бегала и не би ни размислила трезвено. Може и девојчето имала таков страв и у тој момент на паника рипнала. Многу жално, се наежив. Можеби конечно ќе се освестат и ќе почнат да се преземаат некои мерки против кучињава скитници.
     
    На referentka, Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Па нека ја најдат 'Рефка' :D
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Да, ама не можеш да ги убиеш сите мажи зошто тројца се педофили, ме разбираш?
    Сите мажи се потенцијални педофили, сите луѓе се потенцијални убијци.

    И еден педофил, генерално, е способен да нанесе многу повеќе штета него било кое улично куче.
    Ама бидејќи сме свесни ние за ова, не ги чуваме мажите под лупа спремни да ги убиеме.

    Да, мажите се луѓе, ама луѓето се способни за многу погрозоморни работи него било кое животно.

    И да имаше поента успивањето на сите, океј.
    Ама континуирано да убиваме, без резултат?

    Просто не е во ред.
     
    На crimson, PaLaVa и LollySky им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Море свеста низ џебот се добива ;)

    А вакви небулози и глупости, непоткрепени со ништо, се опасни и тоа очигледно опасни.

    Кучката ако никогаш не ја спариш и никогаш не ја стерилизираш, има поголема опасност за рак на матка, исто како ние жените, ако никогаш не родиме и засекогаш имаме матка, поголеми ни се шансите за рак на матка.

    Ама ако кучката е стерилизирана на 6-7 месечна возраст, не може да има рак на матка... затоа што ќе нема матка :)

    Башка нестерилизирани кучиња не се вдомуваат, туку и стационарите и одгледувачниците се должни да стерилизираат пред да дадат на вдомување животно.
    Така Рефка нема избор, освен ако сака да чува посебна единка за размножување, што само по себе е многу напорно и скапо.
     
    На Kitten и LollySky им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не можам да споредувам луѓе со кучиња.
    Општо сум против смртна казна.

    Објасни, што ќе правиме со скитниците, во ваква ситуација, во која не се знае кое чие е?

    Ама како ќе го регулираш сега тоа?
    Малечко кученце, не е стерилизирано, чипови немаат уште сите, како ќе знаеш кој има дома куче кое е нечипирано и нестерилизирано?

    Еве, мачево го вдомивме, од една фамилија, која нашла на улица легло со мачиња.
    Отидовме, го зедовме, го донесовме дома..
    Никој не заведе никаде, дека јас имам маче.

    И? Како ќе ги натераме да си ја извршуваат должноста сите кои така, ко мене земале миленичиња?
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Јас па со сиот памет фатив да читам западов зако ги решава проблемите, кога ми текна кај живеам фино лепо си исклучив.

    И јас сум огромен љубител на животни, ама дека претставуваат проблем, претставуваат. Гладни се, премрзнати, некои од нив и тепани.

    Решение убаво кажаа Лавстоунд и Камелија, а тоа е да се удри по џебот на сите несовесни луѓе кои директно придонесуваат за зголемување на бројот на кучињата. Џабе ќе се прават центри кога проблемот нема да се пресече од корен, од едно напуштено куче излегуваат неколку, уште 10 центри да се отворат и да ги фаќаат, пак ќе има. Нема што да се пробува да се фати овој народ да се тера да размислува, се знае кој е најефективен лек - казна.

    Да се казнуваат тие што ги фрлаат малите на улица, да се кастрираат колку што може повеќе, да се згрижат во центри. Ваљда толку имаме капацитет во држвава, крај краева нека вработат стручни луѓе а не овие сега камен да им дадеш ќе го расипат.
     
    На ivi1987, PaLaVa, karmenka21 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ама како ќе откријат кое е чие милениче, па да го казнат?
    Многу има кои не се никаде заеведени, ни стелиризирани, ни чипирани..
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Ќе го поддржиме вистински проектот кој долго време божем го имаме со години.
    Значи - заловуваме кучиња од улица, прегледуваме, ако е здраво, го праќаме на проверка за агресивност, ако ја помине проверката, вакцинираме и стерилизираме, го чипираме, меѓувремено го објавуваме по сите достапни мрежи како куче кое може да се вдоми, ако се најде вдомувач - се вдомува, ако не, го враќаме на улица.

    Кучињата кои живеат на улица, не живеат подолго од 4-5 години, за тоа време, си работи комуна, ако види куче со менѓуша, му приоѓа со апартче, проверува чип, таму си е запишано кога е вакцинирано итн.
    Проверува дали покажува барем минимални знаци на агресија. Ако не покажува, си тера понатаму.

    Е сега.

    Да речеме дека вистински го тераме проектов, без забушавање.
    За максимум 5 години од денес, проблемот ќе биде 90% решен.
    Велам 90%, зошто 10% оставам за идиотите кои успешно ќе бегаат од правила и за несреќни случајности.

    Зошто ако сите живи кучиња скитници денес го заловиме, стерилизираме и пуштиме, викаме - ни едно ново нема да се роди.
    Знаејќи дека ретко живеат подолго од 5 години, очекуваме за НАЈМНОГУ толку време да се гледа огромна разлика.

    Иако првите подобрувања се гледаат и за 1 година, зборуваме за сериозно решавање на проблем.


    Создаваме комунална полиција истовремено.

    Секаде каде што постои сознание за имање куче, маче, доаѓа и проверува - чипирано, стерилизирано, вакцинирано ли е?
    Ако не е - се знае редот.

    Одгледувачниците добиваат ЗАБРАНА да продаваат нестерилизирани кучиња.
    Се плаќа ДАНОК за чување на чистокрвно животно (со цел дестимулација на намерното парење и размножување).

    И така.

    Неколку почетоци ова. Има уште многу.

    Ама кој да слуша, кој да поработи.
     
    На crimson, Kitten, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Не требаше да има човечки жртви за да се освестат.
    Зошто да загине некој ни крив ни должен за да некој се освести .
    Морбидно ми е, нехумано .
    Колатерална штета.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    Ти благодарам за објаснувањето како и за сите пропратни пејоративи упатени на моја адреса:)
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Одиш по улица и гледаш некој Трајче шета пит, му доаѓа комунална полиција да го “скенира“ кучето. И натаму знаеш :)

    Мора од некаде да се почне :)

    Или кучево ми лае во двор, фино - лепо, ми чукаат на врата, дојдовме да го видиме кучето, си го скенираат, гледаат во какви услови живее, и си преземаат (или не преземаат) мерки :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Не на твоја, на ветеринарот.
    Го имам чуено и од други ветеринари.

    Извини ако помисли дека на тебе се однесува.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ако некој не пријави никаде дека има милениче, тогаш, ако некој знае дека има, треба да го пријави?
    Или да ги 'фаќаат' по улица кога ги шета сопственикот?
    А што со тие што имаат дворови и не ги шетаат?
    Случајно ако мине некој контролор (или како да го наречам), да прави рендом чек, дали е се' уредно?
    И да пријавуваме ако знаеме дека некој чува и размножува кучиња и мачиња?

    После го видов вториов пост...

    За ова да профункционира ќе треба 5 години, а кај нас како што функционира се' со врски со пријатели, со неодговорни буџетарски работници...
    Башка уште 5 за да видиме резултат на улица...
    Во меѓувреме?
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.