1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.733
    Пол:
    Женски
    Вајлд овој народ знаеш како функционира. Еј го казниле тој и тој, дај да не ме казнат и мене кој ќе плаќа толку и толку пари. Дел вака, дел преку чипирање. Пак ќе има што ќе успеат да се извлечат, целосно да се искорне не е ни возможно. Овде циљаме да се намали бројот. Лека полека, утопистички скроз да исчезне ќе треба неколку генерации да се менат. Ама барем да се мрдне од мртва точка, ова веќе на ништо не личи.
     
    На ivi1987, PaLaVa, LollySky и 8 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Рефка сигурно не би пратила куче на улица. Тоа е повеќе од јасно без да каже. Она збореше како размислуваат некои луѓе.
    Инаку околу непарењето. .. нож со две оштрици. најмалку што може да се случи е канцер. А ако кучката има повеќе од 5 год и никогаш нема родено и се нема парено лесно може да удри на агресија. Па да нападне и сппственик и дете да изеде и се.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Денес нема да знаеме.

    Ама ако заловуваме и стерилизираме од улица масовно, знаеме дека се намалуваат шансите некој да земе куче нестерилизирано и нечипирано од улица. Значи, ако веќе сака баш од улица, најчесто ќе мора да биде стерилизирано.

    Потоа, еве и да не сака да го чипира, ќе мора, скоро сите во даден момент животното го носат на ветеринар. Ако не е чипирано, ветеринарот нема да смее да им го врати без чип и нестерилизирано, дури и да се докопаат до такво, нели.

    Потоа, одгледувачниците повеќе не продаваат нестерилизирани кучиња, што значи главниот извор на улични кучиња се секнува,
    Пречесто од 1 расно исфрлено куче почнува циклусот.

    Приватни лица НЕ СМЕАТ да парат кучиња, односно, да речеме јас имам хаска, ти имаш хаска, јас и ти НЕ СМЕЕМЕ ДА ГИ СПАРИМЕ, оти ако ги спариме нема да можеме да им дадеме педигре - пошто правиме нели, криминал.

    Потоа, ако веќе постои таа комунална полиција, и те како би го пријавила комшијава, да знам дека ќе дојдат и ќе му ги одземат, а него ќе го казнат.

    И да, рандом проверки по дворови и паркови, секако не може некој да ти упадне во двор, ти чука на врата, ти кажува зошто дошол, ако не дозволиш а комшии се жалат и понатаму, следно ќе ти дојде со полиција вистинска и со налог.

    Просто правиш средина во која на луѓето не им се ризикува и не им се исплати да прават глупости.

    На луѓето не им е важно да размножуваат кучиња, не им е ни гајле, туку ги мрзи и се несовесни.
    А совеста со казна се дотерува.

    И секако, треба време, затоа реков процес од 5 години би бил доволен за сериозни резултати да се видат од ваквите мерки, а и да почне населението да се навикнува дека не живее во дивина.
     
    На PaLaVa, LollySky, bile454 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Ако не е стерилизирана.

    Секако дека не мислев на Рефка, како Рефка, илустративно е во муабетов :) Мислам дека разбра :)
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Да де ако не е стерилизирана :D онака нема гајле
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Затоа реков небулози и глупости.
    Ги паничат сопствениците без потреба и им набиваат некои идеи кои не се вистина и не се никако научно поткрепени, всушност се демантирани.

    И жена човечка ако никогаш не роди а засекогаш има матка, поголеми се шансите да добие рак на матка од таа што родила, а најмали шанси секако има таа што нема матка :D
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Знам дека нема никогаш да се реши овој проблем со кучињата скитници од причина што многу побитно работи (не дека ова не е битно) не се решиле во државичево.
     
    На shz, elimkd и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    на страна малце од. темата ама сепак околу тоа. .
    јас и папагал да имам под нож носам. не парам и нема што животното да се тормози со хормони. Тоа е тоа. не е баш ок според благосостојба на животно ама од две зла полесното. .
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Камелија, мене твоите предлози многу ми се допаѓаат и тоа е тоа што би функционирало во една нормална држава. Ама ај да бидеме реални - ќе најдат начини и тие закони да ги прекршуваат.

    Најголемите криминалци во државава што свртеа милиони лежат само по неколку години затвор. Се случуваат сообраќајки кадешто гинат луѓе. Да не почнувам за мито и корупција. И никому ништо! Мислиш дека некој ќе се нафати да плати 500 евра оти имал нечипирано куче? Јас мислам дека не - ќе фати врски.

    Знаеш каде е проблемот? Во менталитетот, недостигот на едукација, затвореноста на умот, итн. Се согласувам дека мора од некаде да се почне ама секој почеток ќе мора да носи драстична одлука со себе. (нешто како масовна еутаназија)

    Ете сите го кажуваме Западот - јас знам дека таму ако се залови куче, се стерилизира, вакцинира и се чека да се вдоми. Ако не се вдоми по одреден период...... жал ни е, ама тоа е. Одредена бројка на животни не смее да се надмине. Мислиш дека tax payers у Америка ќе ранат 15,000 кучиња во стационар? Ќе кренат револуција. :)

    Зошто има толку многу т.н. rescue dogs? Затоа што до последна минута се моли некој да ги вдоми/спаси. Сите знаеме од што треба да се спасат.

    Значи, како да свртиш, еутаназијата е дел од решението. Нема како инаку, не може да имаме утопија со стационари полни со илјадници кучиња. Ниедна држава (особено не нашава) нема да издвои толку многу средства за тоа.
     
    На PaLaVa, LollySky, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Јас не ја отфрлам еутаназијата во никој случај.
    Само не ја поддржувам како единствено и прво решение.
    На Запад - за среќа - имаат многу стационари (нешто што кај нас не можеш легално да отвориш, инаку), кои се финансирани од донации и тоа се тие no kill shelters.

    А друга работа, во Америка конкретно, ниту агресивните не се успиваат веднаш, туку се даваат на ресоцијализација.
    Јас тој момент не го ни спомнав, затоа што иако лично не ми се допаѓа, во нашава ситуација не би оставила таков простор сега за сега барем, односно би еутанизирала без шанса за ресоцијализација.

    И трето, Америка не ми е најпример за хуманост, ни кон луѓе, ни кон животни.
    Малку се најтапа во поглед на хуманост.
     
    На crimson, PaLaVa, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Исто.
    Иако немам женка, мажјаци се двајцата, крцнати се уште од бебиња.
    Супер им е животот, еве кучево 10 години сега ќе прави, и е супер и здраво и витално, и сосема нормален животен век си има :)
     
    На LollySky, Nigredo Odor и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.322
    Пол:
    Женски
    Тие што се со маркица не се воопшто третирани, мене ми собраа едно го вртија со шуга, загноето око, нестерилизирно, без чип,а по болестите кои ги фати очигледно и без вакцини. Ништо нема да помогне ни здруженија, ни тровања постојано ни стационари, само парични казни за напуштање и стерилизација и кастрација на оние кои веќе се на улица. Ама кај нас проблемот нема да се среди мислам фека уште добри 10 год. Има многу улични, мене не ми е страв од нив ама ми е жал, веќе чувам 5 и едно улично, да можев сите ќе ги соберев. Кај нас има човек на плац што чува околу 50 улични ги собира и лекува со донации и сл, ама градоначалникот му се заканувал дека ќе го казни. Човекот ем ги собира и лекува од свој џеб ем секојдневно добива закани. За што? Оти народот е злобен до нема каде
     
    На PaLaVa, LollySky, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Оти на градоначалнокот појќе му одговара да пере парички кои секоја општина ги добива за справување со проблемот.
     
    На PaLaVa, LollySky, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Нема свест/несвест тука. За тоа постојат закони и казни, да не држат строго во ред.

    И баш заради ова Вајлд што прашува како ќе знаеле кое чиво е треба долгорочен план. Не може да се среди овој проблем за 1 година.
    Најпрво почнувајќи од стерилизација на сите улични што ќе се заловат, потоа чипирање.
    Камелија супер објасни. Само треба да се примени, а знаеме кај нас применувањето тешко оди.
     
    На crimson, LollySky, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Абе бесплатно е чипирањето до Април 2019.
    Познавам КУПИШТА луѓе што ни бесплатно не чипираат.

    Мрзи се и несовесни.
    Само по џеб, тоа највеќе ги боли изгледа.
     
    На crimson, LollySky, bile454 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Може бе да се санира тоа..
    Секако го носиш на ветеринар, ако некој не сака да го чипира, може да пријавува ветеринарот :lol:

    Чпиуни ни требат поќе :D
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Ма по службена должност да пријавува и да не смее нечипирано, невакцинирано и нестерилизирано да му го врати.

    Од толку лабаво, до овде стигнавме.
    Во секоја сфера, не само со улични кучиња.
     
    На PaLaVa, LollySky, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Колку е бесплатно не знам.Слушнав некои муабети дека заедно со чипот одела и вакцина која што се наплаќала.Има некој искуство од тука?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Доправа ние треба да го носиме на вакцина и чипирање мачево..
    Не ни прашав за тоа дали се плаќа..
    Мислам.. ако сакаш животно, арно рече некој на темава: Не е само да си играш со него, треба и да бидеш одговорен.
     
    На CameliaMiller и John Snow им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.600
    Ние однесовме куче на чипирање и уште 1000ка ни земаа за пропратно работи
     
    На John Snow и WildMk им се допаѓа ова.