Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Не е проблем во тоа,туку дека збореа бесплатно е чипирањето.Инаку се слагам со тебе
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.613
    Допаѓања:
    43.187
    Пол:
    Женски
    Ако става чип мора вакцина за беснило оти има даваат пасош со сета документација, ама и таа вакцина е задолжителна така да околу 200 ден плаќаш само, место 1000(овс грубо кажано не знам цени точно ама таква поголема е разликата)
     
    На LollySky, CameliaMiller, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Па и да има, 600 денари е максимум и е задолжителна за сите кучиња и мачки на годишно ниво.
    Претходно имаше некоја акција со бесплатни вакцини.

    Искрено, ако некој не може да си дозволи 600 денари годишно за вакцина, поарно ич да не чува животно.

    Инаку чипот кошта околу 2000 денари, а со него се добива и пасош за животното.

    Тој што решава да чува миленик, мора да расчисти со себе дека и пари за тој миленик требаат, храна и ветеринарни трошоци во најмала рака.

    Повеќе од одлично е што самото чипирање е бесплатно, реално 2000 денари не се малку пари.
     
    На Harper, crimson, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Не ме разбирај погрешно,не зборам за тоа.Се сложувам ако веќе се нафаќаш да чуваш животинче треба да го чуваш ко што треба.Муабетот ми беше дека збореа чипирањето е без пари.
     
    На WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Ако никогаш не е вакцинирано, од хумана аптека купи му сируп за прочистување, прочисти го, се носи на вакцина, за две недели на ревакцина и чипирање.
    Тогаш можеш да купиш каивче против болви или пак да го боцнат, јас мачорот го боцкам, а кучето носи каивчиња.

    Па е, не плаќаш 2000 денари за чип :)

    Ако ништо никогаш не примило, и за парво ќе го боцнат.
    Затоа може да има некој трошок, за вакцините и прочистувањето.

    Ако се' тоа е средено, нема што екстра да се плаќа.
     
    Последна измена од модератор: 7 ноември 2018
    На LollySky, WildMk, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    @CameliaMiller се запна да го решиш проблемов...
    Од сабајле шо бев: 'Ќе ги отепам сите кучиња' - успеа да ме дотераш до: 'Па не е лоша идејава'... :D

    Е сега, уште некој да го спроведи, и тамам ќе биди се'. |(

    Прочистено е...
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Не се проблем кучињата,проблем е системот што не се грижи за нив
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    А системот е 'луѓето'.
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    60.744
    Пол:
    Женски
    Леле коментариве на фејс, леле. Парафразирам, едно дете, едно ангелче ни го зеде Бог, ангели го чуваат сега, да даде Госпо сите што сакате кучиња вас да ве изедат и со вашите деца да се нахранат со човечко месо.

    Се моли и колне во иста реченица. Вакви како неа ги има многу, премногу. Од овие ќе очекуваме да чипираат и кастрираат? Оф мори мајко мила. Турете крст уште сега.
     
    На Harper, ivi1987, candy.cane и 14 други им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Заслужуваат хуман третман.А од друга страна си мислам,ќе отидеш во некоја болница па ни со нас не се однесуваат хумано па што останало за кучиња:|
     
    На PaLaVa, LollySky, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Не го измислив јас ова Вајлдке...
    него чичковци и тетки од оние држави во кои се чудиме како може да нема улични кучиња :)
     
    На LollySky, WildMk и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Фејс војниците ти се дно на општеството.
    Нелуѓе.
     
    На PaLaVa, LollySky, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Сакам да се надоврзам со темава споделувајќи лично искуство.

    Вчера, околу осум часот додека одев по улицата во мојата населба, одненадеж се створи чопор кучиња кои вознемирено или агресивно (не знам како да го протолкувам звукот) лаеа околу случајните минувачи. Тука се најде еден татко кој го држеше својот син за рака, но откако забележа што се случува инстиктивно го качи на грбот. Друга постара госпоѓа која како што одеше со кесите храна, едно од кучињата се дрзна да го подгризне кесето кое таа го држеше во десната рака. Видно исплашена само побрза неколкупати вртејќи се наназад да види дали сеуште чопорот нервозни кучиња оди позади неа..
    Малку после тоа, видов како група мали деца излегуваат од локалниот парк, додека кучињата се вивнаа накај нив. Кога децата почнаа да врескаат, тие се разбегаа.
    Среќа во близина имаше месарница, па во моментот бев во можност и купив голема количина пушено месо за кое не е потребна подготовка. Ги повикав кучињата, или со други зборови ги барав и собирав изложувајќи се да бидам нападната. Откако им дадов, јадеа како да не виделе храна цел свој живот.. На две од нив ребрата им се познаваа, и добив такво лошо чувство што најискрено ви кажувам дека бев спремна да влезам во конфликт со моите дома само за да ги прибереме во овој и онака мал стан, само да не чував друго милениче - мачор.

    Поентата од ова е дека јас стварно не знам која власт и кога вистински ќе се заангажираат за овој проблем. Колку уште деца треба да врескаат, луѓе бидат нападнати и колку шинтерски служби треба да интервенираат за усмртување на агресивно гладните кучиња, пошто нели државата нема поинаков механизам за решавање на проблемот освен со убиство..
    Еве во моментов седам и размислувам дали можеби меѓувреме постоеше шанса уште некој човек да биде нападнат на улица доколку не им се купеше храна.
    И не, не пробувам од себе да направам херој со постов. Напротив, револтирана сум и гневна. Гневна сум зошто Коце градеше улици додека граѓаните беа изложени на опасност, а Шилегов пак, безгрижно ја препелка чашката ракија меѓу прстите, додека надвор во овој Silent Hill полн магла и чад шетаат.. потенцијални убијци.

    Исто сакам да го прокоментирам и хуманиот обид за кастрација кој овие денови беше споделен на социјалните мрежи, зошто мислам дека стварно беше крајно време за една таква добродушна акција за подигање свест кај граѓаните. Ама, дали е тоа перманентно превентивно решение? Што кога не можеме сите кучиња до едно да ги фатиме, вакцинираме, чипираме и стерилизирамем и што со нивното понатамошно репродуктивно здравје откако ќе бидат стерилизирани?
    Сеуште останува на тоа дека мора да се отвори установа во која бар мнозината ќе бидат згрижени, иако сега за сега од таква предлог мерка нема ниту трага ниту глас. Дури мислам дека дури и да постои таква институција, наместо да се грижат за нив, само дополнително ќе продолжат да ги убиваат како и досега.

    Патем, ќе споменам уште нешто што веројатно ќе звучи крајно не етички и језиво, ама морам. Не знам дали се вистинити гласините дека месото од убиените кучиња завршува на месарска маса а подоцна и на нашата трпеза но знам дека со оглед на тоа во каква држава живееме, голема е веројатноста санитарната инспекција да ја врти главата во вакви ситуации, или бар да постојат изолирани сендвичарници и гостилници каде кучешкото месо се продава како мелено. Така да би ви порачала да бидете претпазливи од каде купувате брза храна.
     
    Последна измена: 6 ноември 2018
    На PaLaVa, LollySky, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Бесплатно е чипирањето, денес прашував во ветеринарна станица. Се плаќа само 120 денари за пасош.
    До крај на Март ќе е бесплатно, после по 800 денари ќе се плаќало.
     
    На LollySky, WildMk, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.876
    Пол:
    Женски
    Да. За да се чипова, конкретно можам за мачка да ти зборам зошто ќе одам сега јас, мора да прими вакцини и да му извајш пасош. Сега баш за ова зборам со другарка ми шо има прашано, кај ветеринарот кај кој одиме е 600денари за сите вакцини, 120денари за пасош и чиповањето е фри. Ако е некој стар миленик, кој ги има сите овие работи, тогаш чиповањето е скроз фри. Горе цените се сепак вадени од ракав, зошто не знам дали сегде вакцините коштаат исто или не.
     
    На LollySky, WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    55.880
    Пол:
    Женски
    Во моево не многу големо место, секоја среда (тогаш најмногу, не се исклучок и другите денови) дека пазарен ден, се фрлаат кучиња, а во најголем број малечки малку потпораснати од тие што чуваат кучки и не сакаат да ги стерилизираат. Во секое можно маало има најмалку по 10тина кучиња. Најголемиот дел од нив се изгладнети и им се бројат ребрата. Има еден човек во моево маало кој во двор чува повеќе од 20 кучиња, и плус уште 10тина што се вртат во маалово што ги храни. И тоа не ги храни само нив, туку оди со велосипед насекаде и сите што може ги храни.Им има градено и засолништа од картонски кутии, им обезбедува лекови на тие на кои им е потребно, спасува затруени. А простиов народ не разбира го обвинува него што се труди да помогни дека ги „збирал пците“ а не знаат дека кучињата се агресивни најмногу заради тоа што се гладни, премрзнати и во неретки случаи малтретирани. Но ни тој не може да ги престаса овие што масовно ги испуштаат на улица и секогаш ќе има гладни. И јас им давам храна на овие во маалово кога можам и никое ни ми лавнало ни ми се стрчало сите ме сакаат бидејќи и јас ги сакам и ги галам, ама трчаат по други луѓе и е многу лошо за гледање.

    Проблемов го има насекаде во државава и никаде не се решава. А може да се реши, само да се одвојат средства и да се воведат казни. Поголемо животно од човекот нема.
     
    На Nigredo Odor, PaLaVa, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Чипирањето е бесплатно.

    Мојата кучка ги има примено сите вакцини претходно, од првата која се прима на 2 месеци до последната, соодветно на возраста. Секоја вакцина е 500 денари (100 денари +/-).

    Ветеринарот кажа да ја носиме за чип кога ке слушнеме на телевизија дека чипирањето е бесплатно и задолжително. Се јавивме, ни кажа дека има чипови и ја однесовме. Си доби чип и пасош целосно бесплатно.
     
    На ivi1987, LollySky, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.561
    Пол:
    Женски
    Јас имам две ,чипирани на мој трошок,секоја година ревакцирани од беснило,стерилизирана и кастриран од 6 и 8 месечна возраст.
    Неприфатливо ми е убиство на сите улични кучиња заради неодговорност на луѓето.
     
    На crimson, CoverGirl10, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.937
    Допаѓања:
    177.658
    Пол:
    Женски
    Како на почеток тргнавте со коментарите, на крај сиротото девојче ќе излезеше криво што поминувало низ парк, а мора да помине зошто таму од другата страна е автобусот за Здуње. (facepalm)
    Паркот во Гостивар е голем и поделен со Вардар на 2 дела, поврзан со мостови. Вардар, воопшто не е ист како во Скопје, не е плиток и повеќе кал место вода, не ретко е многу брз, а честопати и висок, за несреќа на девојчето бил таков. А да не спомнувам дека е целосно со камења. Затоа и било побарано од ХЕЦ Маврово да го намали нивото.
    За да некој доброволно рипне внатре при такви услови, мора да е кондициски многу спремен, да не речам профи за такви брзи струи, камења и студената температура на водата. Да не се лажеме дека секој од нас може туку така да рипне.
    На тој мост и во тој парк сум поминала мал милион пати. Малата Џејха, нека и е лесна земјата, немала никаква шанса да претрча пола парк додека ја бркаат бесни кучиња за да евентуално стигне до нечив дом. Бесмислено е само да се коментира за истото, оти шокот што го доживеала не можеме ниту да го замислиме. Нејсе...

    Да, луѓето се суштината на проблемот и да, мора да се интервенира и кај луѓето исто како и кај животните. Куче што веќе каснало, ќе касне пак и тоа куче не е ниту невино, ниту безбедно за околината. Куче што еднаш нападнало, големи се шансите да нападне пак.
    Државата има длабоко посериозни проблеми. Веќе постои природна селекција и таа вели дека на врвот на синџирот на исхрана имаме деца кои спијат на улица, кои премрзнуваат и се гладни и боси и дека не можеме да ги спасиме сите, па мислам дека е многу нереално да се надеваме на некаква си кучешка утопија.
    Се сложувам со Дузи. Еутаназијата не е решение, ама е дел од него.
    Менталитетот е клучот за најмногу од проблемите во земјата. И казни. Ништо не може да го научи подобро Македончето од фина казна, спакована во уште пофин коверт.

    Пораснав со кучиња и сум поминувала сред глутници без никаков страв.... се додека истите не ме нападнаа на неколку пати. Сега веќе не сакам куче покрај мене. Сега си чувам мачка. Бар со мачките е едноставно. Од нив знаеш дека можеш да очекуваш се!! Од кучињата секогаш очекуваш некаква кроткост и потчинетост и тука најчесто е заебот. Во вакви трагични моменти се исто трагични и фразите дека кучињата ги сакаат повеќе од луѓето.
     
    Последна измена: 6 ноември 2018
    На vitamina, PaLaVa, LollySky и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Се нaдевaм декa oтруенa е целa глутницa вo Гoстивaр, верoјaтнo пoзнaтa е нa грaѓaните тaму. И не сaмo тaму, превентивнo, секaде.
     
    На Јаневски, TheSecret и baba Rada им се допаѓа ова.