1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со Девојка ми - Потребно женско мислење!

Дискусија во 'Врски' започната од DaftPunk, 7 септември 2013.

  1. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Јас си имам проблем со сегашнава девојка :sweat: Типката уште на првиот "date" упорно вртеше одоколу за да ме прашува како ми било до сега со претходни девојки. Не сум бил многупати во врска, меѓутоа сум бил со доста голем број на девојки и обично не сакам да зборам за тоа поради страв од предрасуди. Кога сум бил отворен во врска со тоа, речиси секогаш девојката добивала мислење дека сум некој кој само ги користи жените и дека не знам да бидам сериозен односно тип кој умее да почитува и сака.

    За работите да бидат фер, и јас никогаш не се интересирам за нивното минато бидејќи сметам дека истото е комплетно ирелевантно. Како и да е, девојка ми со тек на времето станува се понапорна за тие работи; најверојатно се има распрашувано по луѓе и ако начула нешто сигурен сум дека си сврзала некои филмови. Ништо чудно и да мисли дека ја варам, дали со некоја нова дали со бивша - сеедно. Btw, никогаш немам варано (барем не од 7мо наваму :) )

    Моја претпоставка е дека она немала многу искуства (иако има 21 год) и дека тоа и создава доста несигурности. Најверојатно и е страв дека можеби не е доволно добра за мене и/или дека дел од моите бивши биле подобри од неа. Ова второво искрено е вистина. Колку повеќе девојки запознавав толку повеќе сфаќав дека вистинска реткост е да се погоди некоја со која ќе ја имам правата хемија. Згора на тоа, комбинацијата од добар изглед и карактер е безмалку непостоечка. Но кога нема да успее со тие што се близу "вистинската" доведен сум до тоа да мора да се задоволам со нешто полошо. Бидејќи сепак, подобро тоа него сам.

    Иронијата е што колку помалку сум се трудел толку повеќе девојката се затрескувала во мене. Ќе бидеш најфин на свет и се, ќе испадне не си интересен или "многу брзо некако иде ова", ќе бидеш поладен и како да им е филм да си докажат самите на себе дека они се вредни за моето внимание.

    Да не должам многу, имате ли совет како да и укажам на девојка ми дека бившите не ми се битни, но и некако да скријам дека она не е најдобрата што сум ја имал. Да бидам реален, не е ни во најдобрите 10.
     
    На SexiLy, Summer19 и Igrata им се допаѓа ова.
  2. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    ^ Дечко прва работа да те прашам... Ја сакаш ли искрено?!
     
    На Summer19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    5.498
    a sto baras so nea koga mislis deka ne e dobra?i kao vi uspeva taa vrska stvarno ne mi e jasno.
     
    На Summer19, Rose96, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    еј другарче, ако ја сакаш ти неа каква и да е ке ти бидит на прво место! кочи малце ;)
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Јас од целиот овој муабет некако како да добив впечаток дека и не ти е толку битна девојката колку што ти е битно тоа да не останеш сам !? :?:
    Како и да е - во секој случај, колку и да е сурова вистината во врска со бившите девојки подобро кажи ѝ - сигурно не во детали, но начни нешто околу тоа како навистина си се чувствувал тогаш и како на тоа гледаш сега.
    Но, мислам дека ниту една не би можела да те советува како ти да ѝ докажеш на девојка ти дека не ти е гајле за бившите девојки (а притоа да прикриеш дека не е доволно добра (?)), посебно не ако девојката ја сметаш недостојна да биде со тебе, без разлика дали се работи за физичкиот изглед или нејзиното интелектуално ниво.
    Попусто е ако има хемија, а го нема она суштинското - колку и да ти се чини невистинито, хемијата е минлива доколку останатите да ги наречам квалитети останат неисполнети. :)
     
    На glosipgirl, tessie, DaftPunk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Хмм. Дефинитивно ми значи и мило ми е што сум во позиција да бидам со неа и да и понудам убави емоции.

    Досега кога сум бил "заљубен" во ретроспектива излегувало дека сум пробувал да си пополнам некаква си дупка во себе а сега, пред оваа врска, конечно се осеќав среќен и целосно исполнет со себе. Со други зборови, на врската гледам како на екстензија на мојата позитивност и девојката не ја гледам како потреба. Сметам дека не би било фер ако од неа барам да реши некакви си мои проблеми. Исто така не сакам на неа да и ги наметнувам карактеристиките на мојата идеална девојка, и со тоа да пробувам да ја сменам или пак да ја правам нешто што не е.

    Проблемот е што таа прави проблеми од безпотребни работи. Како што реков, бившите се ирелевантни, и иако можеби она не е технички најдобрата што сум ја имал, сакам да и дадам шанса на врскава и во неа и двајцата напоредно да се развиеме како подобри личности. Да не зависиме еден од друг, туку да се надополнуваме.
     
  7. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    По пишаново, добив впечаток дека не ја сакаш и затоа ама баш ич не ми е јасно зашто всушност си со неа? :^)
     
    На Summer19, srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    :^) Тебе ти е попатна станица, колку да ти помине времето, а девојкава освен што не си посебно заинтересиран, дури и те масира :^) Женската љубопитност не можеш да ја убиеш, некои од нас можеме да ја скриеме, некои може и се излечиле :wasntme: :D некои не можат да се воздржат а да не прашаат. А всушност со нејзините прашања, она сака да дознае дали ти е најдобрата. А бидејќи не ти е... ма не знам што се замараш :D

    И не, подобро да си сам, отколку да е било кој само за да се рече дека има некој. Поголеми се можностите кога си сам, и идеш во кафич сам, а не со било кој под рака, па можеш Некој да сретнеш...некој битен :)
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Според некоја си логика, сите жени прават проблеми од ништо - да се изразам поконкретно - во очите на мажите некои работи кои жените ги прават изгледаат чудно, па така е и со правењето „нешто од ништо“.

    И сигурно дека во една комплетна врска двајцата партнери би се надополнувале еден со друг, но дали навистина твојата девојка се чувствува така (според дадените информации претпоставувам не, па затоа и така реагира) и размисли дали можеби таа се чувствува несигурно или неисполнето во било која смисла, па прави „непотребни“ проблеми. Понекогаш повикот за малку внимание не бира облици, едноставно се појавува и бара да го препознаеш. Преиспитај се самиот себе, изнеси ѝ дел од тоа цитираното мислење погоре во мојов пост и ќе видиш каде е проблемот, дали во тебе или во некој друг.
     
    На Dea8, Igrata, sanja.burgundy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    ^ AMEN SISTER!
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  11. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Како што имав кажано, тоа е и мојата претпоставка. Се сомневам дека таа има одредени несигурности, но не гледам како тоа е мој проблем.

    Објективно гледано, таа не е најдобрата што сум ја имал но не ни мора да биде. Јас не барам да биде тоа што била некоја друга, ниту пак да биде некаков си идеал. Спремен сум да ја сакам за тоа што е, и единствен проблем е што таа најверојатно мисли дека ја споредувам со претходните.

    Мислам, точно, јас ја споредувам но тоа е кога само говорам технички и објективно, во смисол не би сакал да лажам, тоа ваљда би било нефер. Но ако никој не праша, таквите работи не ми ни проаѓаат низ ум.

    Кога би направил аналогија за подобро да се објаснам, тоа би било ко јас да имам пример 10 милиони долари и сеа ако некој праша дали сум најбогат у свет - јас да кажам да. Тоа би било лажење, но фактот што не сум најбогат не значи и дека не сум доволно богат или пак дека не сум среќен.
     
  12. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Како прво сакам да кажам дека кога девојка реагира така, сигурно нешто чула за тебе, се сомнева.
    Или љубоморна е и сака да те задржи, сака да знае нешто повеќе за тебе (иако знае дека ќе и се скрши срцето) или чиста љубопитност. Со нас девојките никогаш не можеш да ја дознаеш нашата цел.
    Второ нема потреба од укажување дека не ти се битни бившите, кажи и' го тоа во лице. Кажи и' дека ја сакаш само неа.
    Да скриеш дека не ти е најдобра, па направи да се чувствува дека е најдобра, кажи и’ колку е убава, колку многу ја сакаш, но немој да ја лажеш.
    Јас заклучив дека немаш некои посебни чувства спрема неа, а сакањето е нешто посебно верувај.
    Веднаш ќе знаеш дека таа е вистинската, но колку што забележувам ова е врска во која ја нема онаа хемија помеѓу двајцата. Ако таа ти е придружба за да не бидеш сам, подобро биди сам некој период зашто ти кажувам дека вистинската може да налета во секој момент. :!: Звучи како на шала, но кога најмалку очекуваш се случува.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Да, добро, но чиј проблем е тоа што девојка ти се чувствува несигурно !?
    Да - можеби и самата таа си всадила мисла или ете доволно е да начула било што во врска со нешто што ја навело да ти поставува прашања и да драматизира, но ти треба да бидеш тој кој ќе пресече, ќе го сослуша муабетот во врска со проблемот и ќе проба да ја смири ситуацијата па тек потоа да следат пропратните работи со напредокот на врската.
    Во спротивно, доколку навистина си мислиш дека не е твој проблем и очигледно ти е сеедно, спреми се за многу такви секојдневија со правење галама и проблеми, испади, било што, па прашање на време е на кој прв ќе му пукне филмот - тебе или неа, па ќе ја спукате и работава.
    Малку си себичен и некако мислам дека проблемот не е толку во девојката, колку што е во твојот страв од тоа да се биде сам. :?:
     
  14. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Постојат 3 вида на врски. Една е кога и двајцата зависат еден од друг (ака папучарење до коска :lol: ), една кога едниот е (по)независен а другиот е зависен, и трета кога и двајцата се независни и заедно растат во врската.

    Моментално сум во потрага по 3тото, али работава ми изгледа на второто. Ќе видам што како уште некое време а ако не ќе ја прекинам работата. Не сакам да и го трошам времето или пак да ја повредам.

    Btw, немам проблем ако други се во врска од првите 2 типа што ги кажав. Истото не ме тангира ни процент, а и искрено сакам сите да си се среќни, па ако среќата ја нашле на начин со кој што јас не се согласувам, тоа е сосема ОК.

    Една од работите кои ме водат е НИКОГАШ да не судам, така да сметајте го тоа како "side point".

    Е и, не секогаш се изразувам најконцизно, така да ако нешто делува контрадикторно, не замервајте. А и плус доста работи се парадоксални anyway
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Всушност немаш проблем со женската туку со самиот себе си.
    Ми делуваш како да немаш самодоверба зошто бараш сосема друго. Зошто си западнал во врска со женска ако не ти е сигурна? Девојките на таа возраст делуваат наивно и нормално ќе си свртат филмови. Но да се вратиме на темата.

    Најдобро разговарај отворено со девојка ти и објасни и на секој можен начин. Пред се почитувај ја како дама, а потоа сакај ја таква каква е.

    Научи дека вистинската љубов не е да бидеш независен туку да имаш своја убава половина со кого ќе ги победиш сите препреки.
    Мада ми делуваш како детенце кое сеуште верува во филмска љубов но разбуди се бидејќи никогаш нема да влезеш во тој кадар.
     
    На glosipgirl, female.3 и tessie им се допаѓа ова.
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    8.111
    Пол:
    Женски
    Прво мислам дека проблемот е до тебе, а не до неа.

    Второ попрво сам, одколку со било кого, ако се бар малку цениш.

    Инаку, ако и ти докажуваш дека ја сакаш и цениш тогаш нема што да се грижиш, ако таа дознае нешто повеке за твоето минато. незнам зошто толку одбиваш да зборуваш за твоето минато мислам секоја личност сака да знаe нешто за минатото на партнерот и уште по нормално е да и кажеш нешто, секако деталите не се препорачливи. :)

    Постов ми повеке личи на спуштање девојка ти под тебе едно 5 пати, отколку излагање на проблем, а искрено и не е никаков проблем тоа што си го напишал, едноставно е докажи и дека не се битни и тоа е тоа. Стекнав утисок дека си со неа за да се чувствуваш битен. Ако мислиш дека не е ни во првите 10 тогаш не и го троши скапоценото време.
     
    На Glasna, srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Кога ке започне да ти поставува такви прашања потенцирај и зошто си со нејзе. Дека бифшите си се бифши и треба таму да останат да не поставува непотребни прашања.

    Лошото е што девојкати е најверојатно без, а ти со премногу самодоверба што на моменти и брутално искраен звучиш на форумов. Без преценување. Не била ни во најдобрите 10.... :^)
    Цени го тоа што го имаш моментално! Најверојатно е дека девојката сака комплименти или можеби повеќе внимание да и обрнеш. Па незнае како да го постигне тоа и чепка кај што нетреба.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Tоа и сакам да кажам. Независен во смисла да не ми треба девојката да попунува некаква си дупка во мене, во стил дека нешто ми фали, или пак она да биде изворот на мојата самодоверба.

    Со самодовербата имав проблем кога среќата поточно позитивни емоции не барав во себе туку во нешто екстерно (ко што многу луѓе прават со пари, материјални ствари, статус и слично)

    Филмската љубов, а и општо љубовта најчесто се помешува со neediness (користам англицизам, нема баш адекватен превод). А тоа филмоското е ништо освен само-хипноза во која си ги преувеличуваме емоциите и неретко гледаме работи кои не се таму.
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Па пријателе, ако не ти е ни во првите 10 што бараш со неа? Искрено па и во право е да не се осеќа сигурно, и ја не би се осеќала...
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Според тоа што си го напишал, твоите бивши воопшто не ти се важни, така? Епа зошто тогаш девојка ти дава толкав акцент на тоа? Најверојатно има нешто- твоето однесување ја натерало да помисли така. Ако таа не се чувствува посакувана- почнува да се сомнева... Во неколку наврати ти нагласи дека не е во првите 10, па зошто си тогаш со неа??? Искрено јас не би сакала да бидам со некого за кого сметам дека не е доволно добар за мене, нема да си го губам времето со некој кој е под мојот просек, едноставно ќе најдам некој кој ќе е на врвот- нема да се задоволам со ништо помалку...

    А дури потоа емоциите... Зошто да и го арчам времето на девојката и да зборувам за емоции ако не ме привлекува доволно??? Мислам дека доволно си возрасен за да сфатиш и самиот дека ти секогаш ќе ја споредуваш со други а резултатот ќе е следниот: не е ниту во првите 10... Е тоа се вика губење време- твоето, а пред се на девојката...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.