Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со Девојка ми - Потребно женско мислење!

Дискусија во 'Врски' започната од DaftPunk, 7 септември 2013.

  1. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    OK, значи вака, ова е битно што не напоменав. Имам учено 2 години во Америка, и плус таму поминав 2-3 лета.

    Дел од тоа време бев строго внесен во тоа да имам успех со девојки. Знам дека звучи ептен сељачки но верувајте дека тоа не беше со его намера. МИслам, да, да не глумам совршен, сум правел грешки и сум повредил други луѓе но барем пробувам да станам подобра личност. Имало и време кога ми удирало во глава тоа што се дешавало.

    Но мора да ме разберете, замислете период од 30 дена во кои се излегувало со друштва СЕКОЈ ДЕН. Значи, сериозно, секој ден; а како што реков дел од тоа време имав као цел да си фурам со девојки.

    Таму one night stands се шала, а социјално однесување е нешто во што ако вложуваш можеш само да станеш подобар, и многу работи се повторуваат. Ипак сме луѓе и сме повеќе слични одколку различни. Нормално имало денови да не можам да сврзам муабет со некоја типка и да се вратам дома повреден, хаха.

    Али коа си ON, иде и тоа како. Во Америка има и поголем избор и таму не се замраат многу многу. Пример во Los Angeles, има еден клуб се вика Create Nightclub и таму чуда се дешаваа. Чуда! Зборам лапање 2 типки истовремено, секс у WCиња и слично. А и кога ќе те одбијат мнооогу типки, стануваш индиферентен и се ти е онака.

    Пак ќе кажам, неќам да се фурам, и затоа не спомнав за ова, но не зборам од его кога ќе кажам дека не е ни во топ 10. A сеа да женам Американка, тоа не иде баш така.

    Ќе повторам уште еднаш, не сум тип да вара, имам високи морали и пробувам да си го терам животот што попозитивно...
     
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Те сфаќам што сакаш да кажеш, океј може тие американките имале тело топ и се, али јас сепак мислам дека кога една личност ја вреднуваш ги ставаш сите нејзини квалитети како изглед, карактер, однесување...а не само изглед, што сигурна сум дека е единствено нешто што тие го имале. И нормално дека нема да ги жениш нив затоа што, кој би женел некоја што секоја вечер е со различен така? Таа карактеристика не ја вбројуваш?
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Да, значи најдобрата за мене не мора да биде најубавата. Без разлика дали е најубавата со која што сум бил или пак што ја иам видено. Прост пример, Jessica Alba е математички најубава жена za mene, но нормално смешно би било тоа да го барам низ град :))

    Е сеа, карактерот е секако пребитен. Не сите луѓе имаат хемија меѓу себе и не сите би се сакале. Има доста луѓе што ме ку*чат а и ја нив, но тоа е во ред. Имам почит за нив во смисла нека си бидат подалеку, а што си прават си е нивно и не им посакувам лошо.

    Кога си бил со повеќе девојки и не си се ослонил да изборот ти се сведе на типки што ги знаеш од работа или преку некој познаник/другар, имаш далеку поголема прегледност на тоа да знаеш што ти одговара и што бараш (ова иначе си е мој избор, секој си има право да си наоѓа партнери како си сака, нема прав начин или грешен). А и колку повеќе девојки толку повеќе согледуваш дека е реткост да налеташ на некоја што ептен ќе ти се погоди. Дури тогаш се дешава и да се понашаш поразлично не сакајки да "заеб*еш" работа, што иронично и најверојатно ќе се деси пошто ќе се понашаш чудно :lol:

    Исто така, преку наградување на добро однесување и игнорирање на лошо полесно може да се наредат работите. Извинете ако тоа звучи шовинистички, али пак ќе кажам, немам задни намери.

    Можеби не си одговараме со девојкава ко што сум си мислел или очекувал, а можеби и самиот грешам одејки против свои ставови. Пак ќе се извинам ако сум контрадикторен низ постовиве.
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    A ти од толку лудувања во Америка да не си закачил некоја болест по тоалетите, не е лошо да идеш да си се провериш. Се зезам, али не ти е лоша идејава.

    И велиш сексот со девојките од таму ти бил боље од сексот со наше девојче? Може да ни доловиш во што тие се подобри? Ако не те мрзи.

    А зашто не се вбројува твојата девојка ни во првите 10 коишто некогаш си ги имал? Заради некоја физичка или карактерна убавина? Или и за двете. Ако е поради двете веднаш удри и корпа. Не си го трошете времето.
     
  5. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Забораив за тоа дроља моментот да спомнам. Значи сексуалното минато на девојката ми е комплтено небитно. Девојките, осбено оние поубавите, може ако сакаат да имаат секс секој ден со 4ца без фрка. Само треба да аднува луѓе на фб, или да искочи низ град и да застане некој. Да не зборам за рандом ропаци и неропаци што и се пуштаат од сите страни.

    Нормално, општеството налага да девојките се штитат од ова пошто ќе бидат осудавани. Но факт е дека девојката на некој начин одбива мноооогу повеќе секс од колку што има (макар и да се еб* секој ден) а кога едно машко би ја имало таа моќ би ја користел и тоа како. Порно индустријата би пропаднала за 5 мин во такво сценарио.

    Мразам двојни стандарди и ако ја сум бил со 30 а девојка ми исто така, ја сум као звер а она ку*ва. Смешки. И плус, неам несигурности од типот на дали ќе ме споредува со претходните. Баш напротив, одвај ќе чекам да и покажам колку сум кул. Ако е со мене, си е со мене, тоа е најбитно; и искрено жал ми е понекат за вас девојките бидејќи ве ставаат во кутија и ограничуваат.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73

    Хаххаа, не не нема гајле, кондоми, туш и се си е ОК. А и тоа со тоалетите или 5 minute lays ко што ги викаат на зезање се реткост, сеа да не се праам и ја некој јебо.

    За сексот види, пак си е до мене во смисла да на него гледам како изразување. Значи, не ми е ај да си завршам ја работа па неа кој ја еб* (језда иронично јас ја еб*ам, хаха, се зезам). Плус си внимвам на кондиција, добра исхрана и слично, и така се си е подобро. ПЛус, кога има чувства се си е поубаво. Позз до КИко btw, од цела Америка една рингла немаше.

    А иначе со поише ако си бил онака поише може да знаеш што сакаш поише а што не. Инаку не сакам да правам споредби, немам ништо против нашиве девојки. Тие што си ги сакам си ги сакам, супер ми се.

    Хмм, за тоа последното па не знам. Мислам дека е што го немаше она инстантото ептен да ти се засвиѓа, као онака WOW да ти дојде, језда неќам ни па да се ограничувам на тоа, дека и тоа малце без везе пошто ја ставаш на пиедестал а тоа сметам не е фер спрема неа, пошто сакам да ја сакам за неа. За ова ќке морам повеќе да размислам па да искоментирам.
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Да можат, ама за мене тоа не е девојка и дама, и пред се :!: таа дефинитивно не е девојката која во иднина ќе ти биде верна само тебе, искрено.
    Е сега за советов, прееска не пишав мислење... Пред се, да ти кажам дека и јас да сум ти женска ќе се сомневам и тоа долго време.
    Ако стварно сакаш да и покажеш дека сакаш да бидеш само со неа, и имаш искрени намери посебна формула не постои, времето ќе и покаже, ти само биди си добар со неа, искрен, се како што треба. Еве и дечко ми порано важеше за женкариште големо заедно со неговите двајца другари, и јас не бев сигурна на почеток, се со некоја резерва бев, незнам како да ти опишам. Ама со тек на време си сфатив дека тоа е тоа, он не е како порано, убаво се однесува со мене и сега му верувам безисмерно. Дури многу пати и он знае да и каже леле колку ме смени, со никоја предходно не сум се понашал вака, не сум се замарал итн. Значи треба време, остај нека се распраша нека дознае, и ти кажии ако треба отворено, нека бидат сите карти отворени, кога ќе слушне од тебе повеќе ќе верува, посигурна ќе биде ( знам по мене ), а времето поминато заедно ќе си го направи своето.
    Пак ќе кажам, ако стварно сакаш, и искрено си спремен да го поминеш тоа време со неа. :)
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    A зошто моралот се суди само по нас женските,ние не заслужуваме некој кој ќе ни е верен или фраери се ебачите :^) ,господин го сметате тој што легнал со многу хмм ,морам да кажам но така е,продолжете со таа женска војна.
    A за тебе дечко,ако не ти е по ќејф девојка ти раскини наместо да се мачите и двајцата.Mногу поздрав што не не осудуваш нас девојките,еден од ретките си :) .Mора и ние да живееме нели ,квит сме во овој век :rofl:
     
  9. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Да? Епа супер, многу ми е мило кога ќе чујам вака, нека ви е со среќа и понатаму :hai:

    Инаку ете го тој моментот, баш пошто бил со повеќе можел многу полесно да увиди колку ти уствари си супер и подобра од "нив". Тоа ти е ко да идеш во 200 продавници, барајќи некоја маица пример, и кога ќе наидеш на она правото, одма си знаеш. :D

    Фала на совет, и се најбоље!
     
  10. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Јасно, и премногу логично и очигледно. А тоа осудување најчесто се сведува на љубомора што пак се сведува на несигурност. Ништо повеќе. Али ај да не испадне ви вреѓам дечковци, разбирам дека не сите се имуни на љубомора (и јас сум бил таков), и не е дека паровиве не се среќни и без тоа. Така да ОК си е, секој со своето.

    Толку од мене за вечерва, позз до сите и ви посакувам се најдобро. Ако кажав нешто што ве навреди и слично, знајте дека немав таква намера. А ако за нешто не се согласувате со мене, тоа е исто така сосема ОК, и не мора да некој да е во право. Реалноста си е субјективна ипак ;)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Еве ти едно мое најискрено мислење.

    Епа вака братче.Ти не знаеш да го цениш тоа што го имаш.Верувај ми кад-тад врскава ке ви пукне (иако ни врска не можам да ја наречам),таа ке си најде друг-подобар од тебе,а ти ке останеш сам барајки ја најдобрата.И тогаш откако ке си замине ке почнеш да ја цениш.

    Не и го троши времето штом не ја сакаш.Не е грев да не ја сакаш,туку да ја лажеш дека ја сакаш.Ти да ја сакаше таа ке беше за тебе и најдобрата и најубавата девојка во светот.
    Најдобро,секој по својот пат.

    А ти остани некое време сам.И така не знаеш што сакаш. ;)
     
    На glosipgirl, srcekrsacka, Inna5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Aко постои љубов ќе се најде начин да се справите со се .Tи си многу поискусен а таа не.Tоа не е никаков проблем.Oд секогаш било така со нашиот балкански менталитет. Мажите влегуваат искусни во врка а ние жените не.Има и обратни случаеви ама тие се ретки .Не сме Америка.
    Не гледам проблем во тоа.Проблемот се нејзините прашања како што сфатив.Секоја девојка со здрав разум би прашала.Знаеш кој би бил твојот одговор ако ја сакаш?Дека минатото не е битно , важни сте вие овде и сега, битно е да и ја покажеш сегошноста и колку ја сакаш , цениш . почитуваш , дека мислиш на иднината.
    Тоа би го сторил само ако си начисто со твоите чувства.Дали ја сакаш или не? Постави си го тоа прашање себе и ќе го пронајдеш одговорот на сите други, па и на прашањата на девојка ти .
    Нека не те загрижува нејзиното неискуство сети се дека и ти си бил неисусен. ;)
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Toчно. На тебе ако не ти е ни меѓу првите десет, дај и` шанса некому да биде најубавото нешто што му се случило во животот. Не ја заробувај вака поради твоето „поарно вака него сам“ затоа што е себично.

    А за изглед, индивидуално е. Моеш на 100 да си им секси а на 10 да си им ко лопата. Така што ако не ти испунуе стандарди, остави некој да ја гледа како најубава жена на светот. Заслужува некому комплетно да му одговара. На колку жени Бред Пит им е убав, пример, а мене да ме прашаш, би нашла одма куче со поубав сурат? На многу. И обратно, харизматични ми биле многу кои други не ги ни приметувале. Замисли некоја да е со тебе а да не осеќа потреба да ти посвети доволно внимание затоа што еј, не си Антонио Бандерас у младоста. Боли нели? Е замисли како и` е нејзе кога не и` даваш третман и внимание какво шо заслужува.

    И у иднина, малце самокритичност, гледање у огледало, па потоа судење за други.

    Oва ко шо ја милувам да кажам, „Hе праќај младо Балканче у Америка. Ќе му се искриви перцепција за се`.“ :D Шала на страна, мислам дека темата на форумов за Бугарија и нејзиното влијание врз тукашниве врски е тема на која ќе ти се разјаснат многу работи.

    vrski/bugarija-i-nejzinoto-vlijanie-vrz-vrskite-vo-makedonija-t4916/
     
    На glosipgirl и vinozito1 им се допаѓа ова.
  14. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Во право си. Малку си контрадикторен со мислењава. Велиш дека девојкава не ти е во најдобрите 10, а на некои места си пишал дека не сакаш да споредуваш. Според што не е во најдобрите 10? Изглед, карактер, инстантна допадливост, целосна слика?.. Што ти е критериумот за рангирање и дали си се обидел да се ставиш во нејзина позиција, на пример? Би бил ти задоволен таа да си направи ваква споредба со тебе? Мислам, не дека не е можно е низ глава некогаш да ти прелета мисла за некој претходен/претходна, но секој си бил и е посебен на свој начин. Искуствово во Америка можеби ти ја сменило перцепцијата. Знае посетата на Америка така да влијае врз луѓето :)
    Треба и ти да се преиспиташ. Според напишаново, претпоставувам дека се` уште не си вљубен во неа, туку само ти се допаднала, а и најверојатно не на прв поглед штом се фокусираш на споредби. Дали мислиш дека понатаму може да се развие тоа во љубов? Зашто си пишал дека е подобро да си со некого отколку сам. Значи, немаш расчистено дали си со неа зашто ти се допаѓа или не сакаш да бидеш сам. Биди искрен со себе зашто ако одолговлечиш, а девојкава се заљуби во тебе, потешко ќе и` падне прекинот тогаш отколку сега.
     
  15. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    пријателе проблемот е во тебе, ти мачтееш по нешто а најверојатно незнаеш ни самиот, еднаш велиш дека ја сакаш таква каква што е еднаш велиш не била најдобра?најверојатно мачтееш по твојата бивша. факт е дека не те бива, извини вака ама според пишаново така испаѓа. и уште еден факт девојката сама треба да те начи добро да ја ебеш а истото и ти неа па сега види ако неможеш да ја научиш оди пак до америка доучи уште две години.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Тоа што таа сака да знае за минатото, не е во ред, тоа е минато и таму треба да остане, но бидејќи ти кажа дека подобро со било која отколку сам, нејзе најверојатно и створило некој страв, затоа што наслушнала дека никогаш не си бил сам.
    И толку ли не знаеш да се снајдеш, да не кажеш ништо за минатото, а сепак кратко и јасно да кажеш се. Пример, сум сакал- завршило минато е ми било убаво, кога не било веќе убаво сум прекинал. Сум се мувал, нормално. А живеам во сегашност. И толку....Се е кажано.
    И реши се, како тоа не е доволно добра за тебе??? Физички, хемиски, професионално или како?? Ако не ти е по терк не залажнувај, после испаѓа за тебе да се шират лоши гласини. Не е се во убавината, парите....таму каде што мислиш дека има најмалце хемија, може да упали. Со девојка ти немаш пробем, туку со самиот себе, премногу си самоуверен.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Опа, доста ad hominem мометни, али ОК, дел си се оправдани со оглед на начинот на кој што ги имав објаснето дел од работите.

    Прва ствар, двојни стандарди. Како што кажав не се интересирам за минатото на една девојка, и ако јас не прашувам ништо за истото и сум индиферентен на можноста да девојката пример била со 40 машки, сметам дека е фер ако го очекувам истото назад.

    Алудирање на ствари од типот на варање без никаква основа и барање на докази за такви чинови, кога истите не постојат, е исто така нефер; пред се и кога ќе се земе в предвид дека јас не го правам тоа.

    Како тоа она не е најдобрата, а истото е и небитно? Ќе искористам уште една аналогија. Пример, да речеме дека во фудбал навивам за некој ретардиран тим како на пример Виган. Мене Виган може да ми биде најомилен у свет, да ми е у срце, да си купувам шалчиња од нив (језда нема кај да се набават. наводно дегенски тимови не заслужувале да се прави фејк роба од нив) но тоа не значи дека Виган се најдобриот тим у свет. Гледано објективно, Виган пловат во канализацијата на фудбалот, а тимови како Барселона или Челзи, се класи над нив.

    Да речеме сум фудбалер кој играл за Барса или Реал, но таму сум изиграл што сум изиграл, сум освоил титули што сум освоил, но ете сега играм за Виган. Виган не се најдобриот тим за кој што сум играл, но тоа не значи дека таму не ми е супер. Имајќи 20 фанови е навистина неверојатно.

    Со други зборови, имало девојки кои биле поубави од сегашнава, кои биле попаметни од неа и со кои сум имал подобра хемија. НО, и ова е едно големо НО, тоа не ми менува ништо. Што сум имал претходно е комплетно небитно, не ми ни поминува низ глава да правам споредби. Мене типкава ми е топ и она НЕ МОРА да биде најдобрата.

    Сепак, Фрката е што она се чини има некоја неостварена желба да го има тој статус, а тоа е ко секој кошаркар да се комплексира дека не е боље од Jordan. Значи Jordan си е Jordan, ти биди си најбоље за тебе. Гледај да го искористиш целиот свој потенцијал и да воведеш нешто ново.

    Неќеш да си сам? Да појаснам. Мене сам ми е топ, комплетно сум среќен со себеси а тоа е поради тоа што веќе подолго време работам на тоа да станам личноста која сум имал визија да станам и тоа ми е како некоја си цел во животот. Со тоа што всушност и сум тоа што сакам и сега само се надградувам, а од тоа нема ништо поубаво. Моментот кога можеш да бидеш среќен само со сознанието дека ти си ти, и кога не ти треба ни пари, ни коли, ни жени, ни стан на Бахамите, ни статус и сите да те јачаат за да ти ја дадат таа среќа е неверојатен. Тоа е нешто што ретко кој го доживува, има амбција да го доживее и сл. а Јас го имам на 24 год и сум прерадосен. Моментот кога среќата не ја бараш во вчера или утре и кога сегашноста е супер сама по себе.

    Како и да е, имањето партнерка со која ќе го поделам сето ова прави истото да биде уште поубаво и јас сум исполнет да знам дека некого правам среќен. Како што реков, девојкава си е ОДЛИЧНА на нејзин уникатен начин и многу ми е најубаво кога ќе и ја видам насмевката на лице кога ќе се здогледаме, пропратно со невиниот поглед што знае да ми го испрати. Има некоја искреност кај неа и тоа ми е повеќе од привлечно.

    Токму затоа и одам против едно од моите ТОП Правила, бидејќи сакам да дадам шанса на целава работа. Инаку правилото за кое говорам е дека според мене врската може да пропадне најчесто поради нерасчистени ствари во првите 2 недели од истата, и игнорирање на проблеми (ќе повторам, ова е мое мислење и став, тој што не мисли исто не значи дека греши). Ние веќе одиме 2 месеци и ете за некои ствари имам преќутено или пак сум се надевал дека ќе сфати преку мои индиректни импликации. Меѓутоа, тоа некако не иде, така да ќе мора да седнеме на посериозен муабет деновиве.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Другарче, уживав да ти ги читам постовите на темава. :) Само не разбирам зошто ти бараш совет од луѓе кои пологично е од тебе да бараат?!

    Сам знаеш зашто си со неа. Сам знаеш дека не ја сакаш како тинејџер, туку малку посериозно, ама и сам знаеш дека малку претеруваш кога викаш дека има љубоморни испади. Ај помисли, нели претеруваш? Девојката гарант нема друга мана, освен што те гњави повремено дека си женкариште, па премини бе преку тоа, за нејзино добро, угодувај и`, напраи да се осеќа сигурна. :inlove:

    Е сега, ако грешам, и ако стварно си се обидел да напраиш све и сва, а она пак хистерише, тогаш тоа не е девојката која си мислел дека е. Ако имаш 24 години, онда нема да умреш утре, дај шанса на некоја друга девојка ако оваа не може да си ги совлада the issues. :)

    И не обрнувај внимание што те судат тука, не се правдај и особено не се обидувај на женски форум да појасниш користејќи спортски метафори. :lol:
     
    На glosipgirl, Cka и DaftPunk им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Да бе друже, нас женскиот мозок не ни прифаќа други изрази освен шопинг и дотерување. Плитки сме, што да правиш.
    Никој никого не осуди, освен што момаков мислам дека се фура, она филозофии и дефиниции ни сервира на маса, како ние од манастир да излеговме сега, или можеби сме ние во некој филм амерички или не знам... искуството му е големо, не знаеме ништо ние. :?:
    Дечко, ти со девојкава немаш некој голем проблем. Она изгледа не го добива потребното внимание од тебе, па се чувствува несигурна и затоа поставува прашања. И се допаѓаш многу, и таа сака љубов во оваа врска, што ти премногу објективно ја анализираш и не можеш да и ја дадеш. Или и фрлаш трошки, па се залетува мислејќи дека и ти се чувствуваш како неа, па потоа кога ќе спласне ситуацијата нејзе сеуште ја држи еуфоријата па се депримира. Само за врска од 2месеца... може проблемот и е од порано :^)
    Мене ми е интересно тоа како, даваш шанси, сакаш ова да биде, она да биде... ништо нема да биде. Не се планира тоа бре друже. Или ја бива или не ја бива. Кога толку многу анализираш една врска што треба да биде опуштање и уживање, и тоа уште на почеток... не знам зошто се замараш. Или убеди ја дека не е битно минатото (што тешко дека можеш, ти мислам дека си се гордееш со твоето минато) или расчисти. Јас да сум и вакво однесување да имаш спрема мене, како што го изнесе сега овде на форумов, одамна ќе ти речев чао... Ама тоа е дека не се разбирам од спорт изглеа :?:
     
    На LovelyGirl, srcekrsacka, Captain-Omni и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Респект bro, толку ќе кажам.

    Lol.