Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со Девојка ми - Потребно женско мислење!

Дискусија во 'Врски' започната од DaftPunk, 7 септември 2013.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.770
    Јас сум како девојка ти. Иста. За жал на дечко ми. Ама од мој аспект- вака размислува девојката и вака ме среди дечко ми.
    Заради минатото негово, бев љубоморна...Заради девојките што инсистираа да му пишуваат и јавуваат - што нови што стари - бев љубоморна
    И сосема е нормално - ми беше страв дека некоја од тие ќе биде подобра од мене во било што и ќе го добие.
    Дури и да е обична пачавра што само сака секс оти нејзиниот е неспособен - страв ми беше. Имав филмови дека останува трудна некоја и дека ке морам да му раскинам. не беше проблемот дали ме сака- се гледаше тоа. Проблемот е што е маж и не верувам дека на гола запалена жена ќе и рече - облечи си ги гаќичките.
    И знаев дека е срамота да бидам љубоморна, ама тоа ме јадеше од внатре. И најпосле почнав да зборувам, да забележувам...и можев комотно да си ја уништам врската.
    За среќа, се погоди дечко ми паметен, па сфати дека треба да ме убеди дека нема намера да биде со никоја друга и дека сум подобра од другите - не знам зошто, ама патам од тоа дека некоја друга е подобра и повеќе може да направи за него отколу јас.
    И нормалчно, едно 100тина пати ми го кажа тоа и ми го докажа, и јас се смирив. Добро, кога сум у ПМС не се важи.
    Ама мислам дека е сосема нормално да биде љубоморна - во нормални граници.
    Можеби ти не и докажуваш доволно дека е единствената која ја сакаш.
    Мој став - дај се што можеш во врската со сета сила. АКо биде, ке бидеш среќен. АКо не си среќен, чао.
    И да ти кажан - не е ни во најдобрите 10 девојка ти...е огромна навреда. Ако си со неа или ти паднале критериумите или ја сакаш. АКо мислиш дека можеш подобро, цело време ке сакаш да си докажеш, и ке ја изневериш. Мојава кугла не гледа баш иднина со ваков став. Мораш да знаеш дека девојка ти треба да ја сакаш и да и покажуваш и кажуваш, ако не е така, разделете се.
     
    На DaftPunk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Да бидам и јас најискрена, шо к*р бараш да и го трошиш времето неа, мада и твоето? Ако имаш такво мислење за неа дека не е ни меѓу најдобрите 10 ти си тој што не ја заслужува. Стави крај на ова, очигледно не ја сакаш, ке си најдете некој/а друг/а која за тебе ќе биде број 1, а и она за некој ќе биде број 1. А твојот пост да бидам уште поискрена ми остави впечаток дека си страшно самозаљубена личност, нешто во фазон, ју ар ноу гуд фор ми, јас колку многу женски сум имал бла бла бла боринг... :emo:

    Ако чувствува дека не е ''доволно добра за тебе'' тоа е срце, твоја вина. Ти си тој што несвесно и става до знаење дека не е ни меѓу првите 10. И сума сумарум ако добро разбрав бараш од нас совет како да ја измамиш неа, дека не ти се битни бившите??
     
    На srcekrsacka, Sanjichka007, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Друже, батали.

    Мислам знам по себе, дечко ми беше таков да мисли дека јас правам којзнае што и да се чувствува помалку вреден од претходните (реално не сум ни имала многу, само четворица до сега), ама ај иди докажи му дека чим сум со него, него сум го избрала и со него сум сакала да бидам.
    На почетокот проба да го потиснува тоа што го чувствува, океј сфаќам, машко ко машко, не сака да покажува слабост и ретко ги искажува вистинските мисли (барем оние поврзани со ваквите работи) ама после наеднаш збесна.
    И јас не обожавам да раскажувам за бившите, а ме знае каква сум, ако сум со некој сум со него комплетно, значи не ме интересира никој друг, посебно не минатото и луѓето кои останале негде таму, не од што сакам секоја вечер пред спиење да мисли за мојот живот пред него и да се интересира, него поради тоа што сметам дека луѓето од минатото не се носат во сегашноста. Било и поминало, не гледам причина да се објаснувам.. може само потешко да му биде.
    Знам и он дека имал многу убави девојчиња пред мене, ама дека веќе раскрстил со нив и дека е сега со мене, мене ме покажува во јавност, мене ме држи за рака и другите се тотално небитни.
    Морам да напоменам дека немам никаков контакт со нив.

    Викав ќе помине, секогаш пробував да го смирувам, ако неделата има 7 дена јас 6ипол од нив му објаснував дека не треба да ме распрашува за нив (инаку него го боли помислата што двајца од нив беа успешни спортисти, сега се доста познати) му објаснував колку го сакам, значи не знам ни сама од кај најдов толкава сила за секој ден да разглабам едни те исти работи, кога од утредента пак се беше по старо!
    Значи прв секс со него ми беше, ни тоа не му беше доволно, па не знаев веќе кај да си барам чаре искрено. Па ќе се смири, па пак ќе почне, па пак јас тешам, он избувнува и на крај пукна тиквата!

    Веќе некои 3 недели не сме заедно, а јас сфатив дека он си има комплекс на ниска самодоверба, еве веќе втората недела си најде друга, 8мо одделенка, па што ли треба сега јас да направам?
    Ништо.
    Мислам од луѓе со ниска самодоверба не можеш да очекуваш да сфатат некои работи. Јас секогаш се трудев да му докажам и покажам колку ми е стало до него и колку сум среќна што он е до мене, ама на крајот од денот мораше, ама мораше да ми ги спомне бившите и јас си одев дома расплакана и изнервирана до даска, па ставив крај и едноставно си продолжувам со животот.

    Вие сте сега на почетокот, два месеци, ако гледаш дека почнува да сфаќа некои работи што пробуваш да и објасниш супер, ако не, нема никогаш ни да ги сфати. (Ама покажувај дела, не само на зборови да остане). Според некое си мое скромно мислење ама доста големо искуство.. врска од скоро две години.
    Крај краева подобро ќе биде ако прекратиш сега на толку мал период, отколку подоцна, кога она па ептен ќе се заљуби, а можеби и ти и крајот само ќе го одолговлекувате и ќе си давате шанси кои на крајот ќе се покажат како џабе потрошено време.

    Ви посакувам среќа и не си трошете живци двајцата.. П.С. ќе видиш кога ќе се заљубиш како ќе ти влезе наеднаш во топ 10те. Има на пиедестал да ја качиш и инстант да ги заборавиш сите што биле претходно.
     
    На glosipgirl и DaftPunk им се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    За девојка што прати фудбал, можам и тебе и Виган у курац да те пратам.
    Ми изгледа во приказнава дека си се фатил со помалку наивно и прибрано моме, па твоите амерички и останати лудории и се непозната равенка.
    Тебе претпоставувам ти е ок да си со таков тип на женска, али мене ми изгледате ко пар наречен небо-земја.
    Секој со своите маани, ти моеш сега да продадеш басна од типот И ја не сум совршен, а уствари цело време ломотиш за нејзините несовршености.
    Нејќеш да форсираш јебо слика, ама и немаш ништо против по тоа да си препознатлив. Ја на пр. не би била никад со тип како тебе.
    Не ја мачи девојката, нека си тргне по друг пат.
     
    На marama, Sanjichka007, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    За да не поставува девојката многу прашања, не треба да и` се остави простор за тоа.
    Ако ја третираш како што заслужува да биде третирана (со љубов и внимание) не би ни помислила на твоето минато. За мм кога се зедовме сите ми збореа дека бил женкар, ваков, таков, но ете, јас не сум го запознала како таков, не ми давал повод и не сум прашала.

    Во еден филм збореа две за еден тип (не се сеќавам на името, ај Џон ќе го речеме...уствари Џон и се викаше, нејсе). Бившава нешто и` фураше на жена му, а оваа само и` одговори „Не ми пречи што таков бил кога си била со него или пак поинаков кога бил со некоја друга. Свесна сум дека можеби сите ние сме запознале еден друг Џон.“ Љубовта и значењето на саканата личност може лесно да те натера да ги смениш приоритетите.
     
    На glosipgirl, Waka-waka, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    DaftPunk ок јас лично до некаде те сфаќам. Малце феминкиве те уплеткаа ама жени сме шта чеш.. :D Ако не ги извртиме 150 работи во една минута и ако не ја разгледаме ситуацијата од секое можно аголче мислам... не сме жени тогаш нели? :D

    Ако добро те сфатив, ти си сакаш да бидеш со девојкава така? Е сега не знам колку време сте заедно ама добив впечаток дека сте малце време, така што не знам каде барате љубов тука? Он си кажа дека му е ок девојката, ете со неа е, убаво му е и толку. Љубовта доаѓа со тек на време, освен ако она не ја убие со нејзиното однесување.

    Според мене девојка ти нема самодоверба. Толку. Она знае каков си ти, каков си бил претходно и што си правел, па се осеќа подоле девојките со кои што си бил (сигурно ти знае некоја бивша и се споредува со неа).
    Друга работа, сигурно почнуваш да и значиш па се плаши дека ќе ја оставиш со оглед на статусот што го имаш во општеството. :lol: Мислам ја те сфаќам дека ти пречи тоа, на секого би му пречело, и тоа е нормално, за да вие двајца си градите врска мора минатото да го оставите позади вас.
    Јас лично кога започнував со дечко ми, а бидејќи знаев што и како правел претходно само му реков дека тоа што било, било, ама со мене не сакам екскурзии, нема денес со мене утре со друга, крај, узми или остави. Само рече во ред што било до сега било, од денеска е друга приказна со мене. Толку. Крај на муабетот. Не ми сметаше, ниту пак сега ми смета тоа што правел претходно ни најмалку ама не сакав да продолжи со тоа и кога ќе почне со мене. Мислам дека е ферски.

    Затоа, мој совет е прво ти лично со себе да си расчистиш дали девојката е тоа што ти првенствено го бараш кај една девојка. Ако ти се свиѓа, ако ти одговара (без да правиш споредби и ранг листи) тогаш седни ја и искрен муабет. Кажи и само јасно и конкретно без вртења дека тоа што било претходно било и дека не планираш и со неа тој начин на живот да го водиш. И ако сака да градите врска мора да го остави твоето минато позади вас како што и ти го оставаш нејзиното минато исто така позади вас. Ако те сфати и ако прифати тогаш со среќа и ви посакувам да си изградите одлична врска. Ако не те сфати и си продолжи со нејзиното, тогаш голем си и знаеш што треба да правиш. :)

    Ама доколку девојкава не ја гледаш нешто сериозно, со неа си само за да си пополниш време тогаш според мене нема потреба да се трудиш, да трошиш залудно време и за џабе да и почнуваш некој сериозен муабет кога ти и онака нема да останеш со неа.

    Иако според мене штом ти прашуваш за совет, девојката не ја гледаш баш онака пролазно. Како и да е одлучи си сам. :)
     
    На glosipgirl, DaftPunk и Izaabella им се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    WOW -Спортски метафори,амерички пи*ки,билдање самодоверба на погрешно место и погрешен начин.
    Низок карактер,многуу низок.

    Не ти да бараш мани во девојката,него она треба со еден гол да те шутни зад голот.
    Не си достоен за неа.Верувај ми.Воопшто!!!

    Не знам каква индеферентност опишуваш тука,кога и самиот не го знаеш значењето на истото.
    Bro-ако многу гледаше кошарка,или попатно некаде си заглавил у "Виган"-дај те молам биди маж и остави простор за некој подобар и позначаен од тебе за девојката која ти не ја сметаш за НАЈДОБРА,ами помалку од добра.

    Искуство брате не се стекнува за 30 дена во дискотеките во L.Angeles,туку тоа се гради континуирано и со врски,а не со пи*ки амерички за една вечер.

    Список!!!Си правиш список која во што била подобра,а која во се била најдобра?!
    Сигурна сум дека си добивал многу корпи,па затоа овде глумиш јак момак и бараш потврда за твоето ниско,многу ниско ЕГО?!
     
    На london-girl, srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Што уствари сакаше да каже поетот |(

    Ај не и го губи времето на девојчето, не ја разочарувај, се гледа дека кога тогаш ќе биде разчарана. Најди си некоја кокица таму, терај си го филмот.

    Ти такви заслужуваш изгледа, некоја празноглава висока лепотица да си го тераш ќефот, зашто "ти за љубав ни си роџен, погрешном си ѕвездом воџен или како и да беше"
    Значи без да ја повредиш, одоколу речи и дека ти не ја заслужуваш нејзе (да да добро прочита), можеби ќе вредиш за некоја друга ама за девојка ти - не.
    Штом ти не гледаш вистинска жена во неа, ако останало барем малку машкост во тебе прекини со нејзе и не и го губи скапоценото време од животот.
     
    На london-girl, srcekrsacka, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    Сакаше женско мислење, и ете доби всушност реални мислења за ситуацијата воопшто. Ти и девојчето немате проблем, ти имаш прво проблем.
    Од каде ќе и' е нејзе таа несигурност ако ти не си и ја наметнал (несвесно)? И ставаш трн во око со твоето однесување а потоа бараш совет од каде е тоа нејзино однесување...
    Таа сака сигурност и не е со тебе заради пополнување на времето, од што следува дека заедно не би и не функционирате баш најдобро.

    Не и' го троши времето жити се, стави крај на сето ова, остави ја како што ти кажаа погоре дека не ја заслужуваш, зашто стварно е така.
    Немаш потреба сто пати да и' објаснуваш едно те исто. Или стави крај или барај начин да и' покажеш без да бјаснуваш дека девојчето ти значи, не ги троши ни своите ни нејзините нерви.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Cka, Izaabella & Daydream - Многу искрено и фер од ваша страна, стварно ми се свиѓа како размислувате. Огромна почит, и ви посакувам среќа у љубов и општо у животот. :hai:

    За другото. Тоа со колку девојки сум бил и како не е нешто со што се гордеам и фалам во смисол да се ставам над другите. Впрочем, освен 2ца најблиски другари и 2-3 братучедки никој не ни знае за тоа. Никогаш не сум се фалел и сл., пред се пошто битна ми е дискрецијата а и нема потреба тоа негде да се спомиња. Онака премногу е ирелевантно.

    Второ, во врска со его и слично. Ќе го земам в предвид периодот кога ете во Америка сум бил на некаков си quest да се подобрам во таа "област". Причината, барем не во 98% од времето, не била да ја си направам салдо од бројки и да имам поголем процент на успех, туку да си напреднам социјално за кога ќе се деси момент од типот на поминува некоја убава девојка или пак ако истата ја запознам преку некого и сл., да јас го имам потребниот "skill set" да и пристапам и да можам да и оставам впечаток што поблизок до тоа кој сум јас.

    Бидејќи видете, ако прашате девојка што би советувале некој тип кој би сакал да и пристапи, тоа најчесто се сведува на "Да Биде Свој". Е сеа, ова да биде свој уствари (свесно или потсвесно) се мисли да тој го прикаже најдоброто од себе, и меѓудругото да биде без задњи намери, скриени агенди итн.

    А за да го прикажеш најдоброто од себе, уствари фрката е да се ослободиш од работи кои би те кочеле. Таква работа може да биде - типката излгеда преубаво, ти не до толку, и као сеа поради тој екстерен квалитет, таа е над тебе па ти мора да се докажеш и да пристапиш од позиција на помала вредност. Истото прави да се осеќаш како да треба да праиш некој перформанс кој многу природно ќе создаде трема, двоумење, како и барање начини да безмалку се прави некоја манипулација, поште ете "не си доволно добар за неа", а ако ти сам по себе не си доволен онда мора со нешто да надоместиш. Истово доведува до неавтентични конверзации кои се нефер за девојката. Као вреѓаат од што се нефер. А да не зборам колку creepy може да стане.

    За да се надмине ова треба пракса. Пракса што некој ја добил без ни да размислува за тоа, а некој сосема спортивно. Како и да е, со оглед на тоа што барем јас, тоа сум го правел за ете да стигнам до ниво да можам да бидам природен и да не пробувам да изиграм некого, или пак да бидам нешто што не сум; не знам како тоа една девојка не би го почитувала. Мојот труд бил вложен за да бидам во можност да нудам искреност.

    Нормално, ко што имплицирав, има луѓе кои немаат ваков проблем и ова им звучи апсурдно, но има и (многу) машки што најверојатно би се препознале и знаат колку страшно може да делува една ситуација како пристап на рандом девојка.

    Како егото влага у игра? Егото влага у игра кога имаш слика за себе, таа слика пример може да биде јебо сум, и кога пробуваш да си го потврдиш тој идентитет. Страв од одбивање. Ова као прво не треба да се сфаќа лично пошто девојката не те знае, она само го знае тоа што го гледа пред неа. Значи евентуалната критика (ака одбивање) е на пристапот а не на карактерот.

    Токму затоа, не можам да замерам на тоа што да речеме погоре го пиша baby-star. Јас и baby-star не се познаваме и таа само коментира врз база на тоа што јас го пишав тука и како таа си го интерпретирала тоа (еве и ќе се извинам). Кога би збореле у живо сигурен сум дека би увидела колку сум friendly и дека би дошле до разбирање. Истото важи и за сите останати учесници во темава кои можеби посакаа да ме видат со модрица под око |( (се зезам)

    Да се надоврзам на претходното. Btw, Ова за его и слични срања ми е многу интересно да зборам, така да се надевам нема да замерите (а и не дека сте должни да читате). Ко што реков работите може да станат creepy. Јас лично ги мразам (иако не баш пошто тоа ме довело до тука) деновите кога мојот пристап знаел да биде као другарски па као ај од страна ќе и покажеме дека треба да не свиѓа, и опа, таа те мисли за другар и ти и бараш date. Oнака рандом, зашто да не? Тука и во ретроспектива пропаѓаат у вода интеракциите од претходно коа заземаат ново значење. Девојката ќе се осети искористено, браво за мене.

    Егото е смешна ствар пошто кога си мал си happy. Happy си до оној момент кога почињаш да праиш споредби со други, кој има помалку а кој повеќе од тебе, оној момент кога себеси се ставаш во некаква си хиерархија, и кога твојата вредност зависи од вредноста на другите. Ај ќе серам некој за да си докажам колку сум боље, а ако некој го гледам како боље од мене, ќе се осеќам инфериорно и као недоволно добар. Во полош случај и него ќе го хејтам.

    Исто е и кога гледаш на пари/моќ/статус и општо материјални ствари. Ако погледнеме подлабоко, желбата за многу пари најчесто може да се сведе на тоа да се купат повеќе работи. А купувањето пак на тие повеќе работи, најчесто може да се сведе на тоа дека ќе не направи посреќни. За жал, станува збор за среќа која е краткотрајна. И не дека желбата за пари и слично е лоша сама по себе, баш напротив, но битен е мотивот. Што се однесува до мене, длабочината ми е многу поважна од површината. Сепарацијата преку споредби повеќе не оддалечува него што не зближува, а кога ќе се семе в предвид фактот дека сите сме луѓе, и сите сме имале слични проблеми, дури е и тажно дека таа некоја си блискост е занемарена и ја снемува.

    Но да се навратам назад. Процесот на пуштање на девојка е прекрасен. Може да понуди многу забава и позитивни чувства за двете страни. И као прво, сметам дека ниту едно машко НЕ СМЕЕ да се срами ако некоја девојка му се допаѓа, ниту пак девојката да замери за тоа. Оттука, сметам и дека е најфер тоа уште одма да и биде дадено до знаење и да се знае дека работава не е другарство.

    Меѓудругото, сексот треба да биде како природна работа што би следувала, а дека побитно е да се ужива процесот и патот до таму. Јас искрено и да не добијам секс, или пак мување/било што, доволно ми е да имам интимен момент со девојката од типот на гледање (искрено) во очи. А највеќе од се, најтоп е фактот што и кога двајцата се целосно внесени во моментот и останато е небитно, тоа чувство е најбоље у свет. Едноставно осеќаш слобода, слобода од која можеби и нема нешто подобро.

    Да сумирам. Его е нешто што секој има до некаде, јас пробувам да го намалам и моите намери во главно се чисти. Не мора некој друг да го согледа тоа, доволно е јас да го знам. Его е кога твојата вредност е во рацете на другите. Ако типката ме одбие излеа не ме бива и тапа сум, а ако ме прифати онда се си е топ, и да навистина, потврдена е теоријата дека вредам за нешто. Не сакам девојката да биде извор на валидација. Таа не го заслужува тоа.

    И као за крај (извинете што премногу се внесов и за должината али сакам пишување, и ако некој го прочита цело - фала) да напоменам дека сето ова се само мои мислења и теории, не пробувам да пропагирам нешто или пак да судам. Моите ставови не се факти и работиве во светов може да си функционираат на милион начини. Ова се само мои субјективни гледишта, слободно може да не се согласувате со нив. А и далеку од тоа дека морате. Е и мора да потенцирам дека за буквално се постојат исклучоци, така да некои ствари што ги генерализирам никако не се комплетно и универзално вистинити.

    Позз.

    *Глеам у меѓувреме имаше уште некој reply. Значи вака, ќе направам муабет со неа и ќе и кажам што ми смета и ќе оставам простор да си каже се, па да се изнајде некое решение. Ако истото не се деси тогаш ќе ставам крај бидејќи неќам да испадне сум ја сјебал.
     
    На glosipgirl и LaraSolare им се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во ред дечко, но од 1 мал проблем ти инзнакажа 300 други работи, кои благе везе немаат со она што ти наводно го споменуваш како проблем. Моето прашање е дали сигурно е само тоа или уште нешто те мачи?
    И сфати, секоја наредна МОРА да ти е подобра од предходната, и зборови од типот сум имал боље не поминуваат. Е сега тоа зависи од тоа што сакаш ти, трајна врска, моментална врска, или чисто убаво ти е па си тераш.
    Ако се работи само за физички изглед воопшто не те оправдувам. Тогаш тргни се на страна од неа....И што ако е лепотица бе????
    Сфаќам принципи и се тоа..во ред е, секој има право на тоа, ама па затоа ти сам одлучуваш.
    Седни и разговарај, на убав тон, кажи дека сакаш да ви биде уште поубаво а дека тоа е возможно само доколку таа не го вмешува минатото.
    Но, никогаш немој да спомнуваш никаде и на никого дека си имал и подобри. Зошто тогаш не си со подобрите. ЗНачи немој сам да си правиш товар на грб за кој подоцна ќе имаш проблеми. Од друга страна никој не знае кај му е среќата, секој од нас може имал шанси за подобро ако така гледаш. Ама, земи сума сумарум каде е најдоброто....Дали физичка убавина, со 3000 други не убавини или физичка нормалност со се друго во рамките на нормалноста.
     
  12. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Не не, само тоа е.

    И фала на мислење.
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    24 годишен дечко кој 2 години живеел во Америка и бил со кој знае колку девојки се врака во Македонија и е во 2 месечна врска со девојка која не е мегу топ 10тте :^)
    не и го трши времето и младоста на девојкава оставија да си го живее својот живот врати си се во Америка и продолжи таму каде што си застанал со тие one night stand
    да запознаам некој колку сака нека е убав паметен богат и да дознаам за неговото минато-како ти што некогаш си живеел веднаш има да пресечам па колку сака нека ме боли и да ми е тешко :!:
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Само заради неговото минато, кое патем сите го имаме, ти нема да продолжиш со некој дечко што би ти одговарал?

    Според тебе и јас значи со дечко ми треба одма да раскинам, односно не требало ни да започнувам. И он имал бурно минато, ама тоа не значи дека таквите (како за посебна врста на луѓе да збориме |( ) немаат чувства и дека не можат да се заљубат, да се сменат и да си имаат смирен живот. Јас искрено да ти кажам баш од тие што се целосна спортивност би се плашела. Зашто дечко ми (зборам за него зашто си е мој дечко не можам да се обраќам директно на некоја феминка за нејзиниот дечко зашто не сакам да бидам лошо сфатена) знам дека се што му било интересно и што му било желба поминал, пробал, изживеал сега веќе нема нешто што му претставува љубопитност и што може да го стави во искушение. Единствено сега си имаме за цел да си овозможиме двајцата еден мирен живот за понатака и што повеќе заедно да напредуваме и патуваме.

    И после некои се жалат дека дечкото или мажот им пререкува за нивното минато, ние одма како девојки скокаме во одбрана, а всушност истото го правиме и ние. Епа не барајте после рамноправност.
     
    На glosipgirl, babymama, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Прочитај го постот #50. Знам дека е долг но ќе ти разјасни доста работи. Нормално не мораш ако не сакаш или пак те мрзи.

    Тоа е тој начин на размислување. Максимален респект од мене!
     
    На Igrata и Daydream им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто изрипавте сите за тоа дека девојката не му е наводно мегу топ 10. Искрено и јас сум имала дечковци кои не биле ни во топ 20 па пак сум била со нив,не затоа што не сум сакала да сум сама туку затоа што сум увидела дека некои други нивни карактеристики ги бришат сите оние негативности кои ми пречат.

    И сегашниот дечко не ми е во топ 10,ми смета што е прокелав и што е понизок од мене па пак го сакам најмногу на свет. Зошто?!? Затоа што е најдобрата ЛИЧНОСТ што сум ја упознала во последно време. Сигурно не му покажувам дека ми сметаат неговите недостатоци,но длабоко во мене знам дека тие 2 надворешни карактеристики не се тоа што мене ме привлекува кај едно машко. Исто ко на него што знам дека длабоко во себе му смета што не сум атлетски градена,што имам стрии и целулит.

    Различни луге различни карактери.Тој своите недостатоци ги покрива со тоа што упорно вежба и има соврчено градено тело,јас моите недостатоци ги покривам со мојата емотивна достапност и безрезервност во поглед на него. Никој не е совршен ни јас ни тој ни било кој друг.

    И не,ниту јас него му го губам времето ниту тој мене не ми го губи моето време со тоа што 100% не сме задоволни еден од друг. Едноставно сме се нашле на пола пат каде и двајцата сме одлучиле дека има побитни работи од густата коса и целулитот на нозете.

    Дечково во ниту еден момент не рече дека не сака да биде со девојкава,напротив цело време вика дека сака да е со нејзе но му смета што константно го тероризира со тие прашања за неговото минато. И мене би ми сметало,затоа мојот нит го прашувам нит он мене ме прашува. Доволно ми е тоа како сега во моментот се однесува со мене и дали е нормален човек што сака врска или некоја лабилна личност на која единствената цел во животот и е да качи повеке на половиот орган.

    Одма рипаме кога некој не прашува со колку сме спиеле ,но ние да ги ровариме нашите први сме. Ниту ме интересира ниту сакам да знам.Што е до мене може и црнец во гз да му го начукал се додека во моментов додека сме заедно функционираме нормално и како што треба еден пар да функционира.

    И јас понекад се јадам и се замарам недај боже да ме остави,да не најде некоја подобра од мене ,некоја поубава од мене па пак не му го тупам тоа постојано на глава. Едноставно тоа си е страв што сите го имаме кога ке најдеме некоја личност што ја сакаме поред себе и не сакаме да ја изгубиме.

    Ако девојката на ДрафтПанк е до толку несигурна во себе ,во своите способности и својот изглед мислам дека не е фер ниту она да се измачува со врската со него,но ниту он ради нејзе да биде на постојан штрек дека ако застане у град да се поздрави со некоја девојка оваа одма ке почне да праи филмови во глава и да падавичари. Некој дечко или девојка ако не ти одговараат по било кој основ,ако не се осекаш срекен поред нив,ако гледањето со нив не ти носи возбуда и исполнетост туку напротив стрес ,нервоза и очај боље и за двајцата да прекинат. Лично не би сакала покрај мене некоја несигурна личност која би се бесела на врат после секое излегување у град без нејзе и на која ке треба да и ја бидлам самодовербата само затоа што самата не е способна за тоа.

    ДрафтПанк мислам дека најпаметно ти е да си напраиш муабет со девојчето.Да и објасниш дека минатото е минато а сегашноста и иднината сакаш да и ја посветиш на нејзе.На некој начин да се потрудиш да и покажеш дека таа е единствената во твојот живот и дека сакаш само со нејзе да бидеш. Ако и после се таа продолжи со таквото однесување и несигурност во тебе,ондак ја не гледам зошто вие двајца би биле во врска.
     
    На glosipgirl, LovelyGirl, DaftPunk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    DaftPunk друже, голем респект и од мене!

    Дојдов овде од фб линк, и можам да кажам дека ако нешто фали во Скопјево, се повеќе луѓе како тебе. Отворени, искрени и самоуверени - секој си има свои мани и стравови, но ти не се срамиш од тоа што си и какви ти се желбите, што е каде каде подобро од луѓе што си ги кријат или потиснуваат своите емоции, или уште полошо што ги лажат другите, па и себеси.

    Јас немам успех со жените како тебе, што можеби и до некаде ме прави немеродавен. Ако можеш пиши ми PM на форумов, па и да научам нешто повеќе од тебе (ако можеш да помогнеш).

    Позз!
     
    На DaftPunk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Леле не знаеш колку ми се праи мерак кога читам вака (за целиот пост зборам). И не е дека ме брани или нешто, ова е до тие што така ќе ги протолкуваат моите одговори на SuperGirl24 и Daydream, туку поради тоа што со ваков разум далеку се стига, а и вистинска реткост е.

    Инаку да, тоа и мислам да го направам т.е. ќе го направам на следно видување.

    Хахaaaa, WTF, темава ја има негде на ФБ??? Loool ако е така, или мислеше општо за фемина?

    Иначе пиши ми PM слободно.
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^^ А имате листа со критериуми по која ги рангирате луѓево или? Не ми е јасно тоа као, не е најубав, најпаметен, најзгоден...не е во топ 10. Јас подразбирам, некој да ти биде најдобар или меѓу најдобрите по тоа како ќе направи ти да се чувствуваш, каква врска ќе развиете, како ќе се однесува спрема тебе и тој спрема мене, емоции, љубов, секс, разбирање... По тоа да е најдобар. И јас мислам дека овој дечко ти е всушност прв на листата и ти е најдобар, затоа што кога некој ти е најдобар, не ти е гајле за неговите недостатоци или физички мани, му ги прифаќаш едноставно си го сакаш и тоа е тоа. Дали помалку би го сакала ако прекине да вежба? Ќе отиде подолу на листата? Ако се појави Бред Пит и те побара, би му раскинала, затоа што Бред Пит според некоја листа е најдобар? Би му кажала дека не ти е најдобар?

    Ако пишал нешто дечково во врска со ова најдобриве, се извинувам, не прочитав, многу ми анализира и разложува на темава :tmi: Еве над мене некој момак ќе се најде да си помогнат. Или си викна другарче?
     
    На DaftPunk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    kravce, значи ова што си пиша е се супер, само сакав да ти кажам. Значи теми како љубов и генерално машки-женски односи се сензитивни и нормално е да има многу несогласувања и сл. Секој си има свои субјективни перцепции и ставови и тоа е тоа. Јас не барам да се согласуваш со мене, и ОК е ако се деси и да те напнам или нешто, ама на крајот од денот ова е само форум и нема потреба да шириме негативност. Значи не ти замерувам ништо, и ко што им имав кажано на други од тука, извини ако нешто индиректно или директно те навредив и сл. Немав таква намера.

    Не не, си напраив уште еден акаунт (се зезам)