Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со Девојка ми - Потребно женско мислење!

Дискусија во 'Врски' започната од DaftPunk, 7 септември 2013.

  1. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас можам само да кажам дека ако девојкава ти е ТОП како што викаш, немаше на крај памет да ти падне да пишуваш дали е десетка или не, дали претходните ти биле подобри или не. Ако ти одговара девојчето и ако сакаш да ти успее врската, ќе направиш се што можеш да ја смириш и убедиш дека само таа те интересира.

    Очигледно тебе те мачи тоа што си имал подобри (иако неколку пати напиша дека тоа не ти смета), па сега тука демек абе она не е десетка ама не е ни лоша. Нас не не интересира дали си имал подобри или не, или на кое место е на твојата „ранг листа“. Немаше ни потреба да спомнуваш такво нешто. Само требаше да кажеш.. сум имал многу девојки, она начула нешто, не ми верува многу, како да и докажам.. и толку. Како сам себе да се убедуваш дека не е страшно што се задоволуваш со некоја што е под тебе.

    И го губиш времето. Сигурно ќе може да најде некој што ќе ја цени и почитува како што заслужува.
     
    На DaftPunk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    пријателе те читам и се газам од смеење, одите 2 месеци да предпоставиме сте се виделе 6 пати, да речеме сте имале 5 пати односи и ти ја споредуваш со бившите, па ти ако имаш две чисти јас ке го сечам мојов, дај и време да ти ги покаже вештините што се кријат во неа, да си поминал ти повејќе од 10 девојки немаше тука да филозофираш, туку сега ке беше во кревет со твојата девојка, со твоето однесуванје ке си патиш, сигурно се прашуваш зошто пола од феминкиве ти напишаа дека со тебе ни на сон не би биле, те поздравувам и ти посакувам среќа, не верувам дека во скоро време ке ти даде девојка ти.
     
    На shugarbaby, mime87 и london-girl им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    10 пати спомна, не е најдобрата што си ја имал, не е најдобрата што си ја имал... :x

    Па со таква мисла и негативна вибрација, секако дека ќе имаш проблем со неа...

    Јас лично не би сакала да имам дечко кој зборува како тебе...не е најдобрата...па ако беше некоја подобра, не ќе раскинеше со подобрата...!!! :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Баш би сакала да те запознаам-"во живо" ;)
     
    На DaftPunk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    После многуте твои огромни постови, конечно мислам дека сфатив што сакаш да кажеш.
    Океј, си бил што си бил со тие у Америка, мислам дека оваа не ти е у најдобрите 10 зашто (по моја претпоставка) сеуште не си бил интимен со неа.
    А што ако таа биде најдобрата? Што ако ти ја издигнеш на пиедестал? Таа за тебе сигурно ќе биде најдобра ако искрено ја сакаш.
    Значи секое машко си го има периодот како твојот, да се има што повеќе девојки, бројките да се множат(осудуван си зашто овој период си го минал у Америка).
    Точно е дека секој сака да си ги оствари целите и дека секој сака да си ја пронајде својата совршена половина, мислам дека ти сакаш да се смениш од тоа што си бил и сакаш да и' се посветиш на девојкава (не буквално, али во смисла да и' бидеш верен е доволно).
    Ти спомнав во минатиот пост дека тоа што е љубоморна е и мала доза љубопитност. Обиди се да и' докажеш дека тоа што било во минатото таму и ќе остане, треба да се фокусирате на сегашноста.
    Исто ти спомнав дека вистинската може да налета во секој момент, иако не го сфатив баш најдобро постот со фудбалот, не пратам спорт :lol: , сфатив дека ти ја сакаш девојкава и имаш страв дека ќе дознае што било со тебе и дека тоа ќе биде причина да те напушти.
    Разговарајте искрено меѓусебе, ДОКАЖИ и' дека ја сакаш. Знам 2 месеци е релативно малку време, но доволно за да се искаже љубов.
    Ако таа и после тоа не ти верува и се однесува чудно, напушти ја ти.
    Знам дека го одолговлеков мислењево, можеби според некого мислам грешно ама морав да се изјаснам.
    И уште нешто, многу ми се допаѓа што го почитуваш секое мислење, без разлика дали ти се допаѓа или не, тоа е знак дека си личност која знае да ги цени некои работи. ;)
     
    На DaftPunk и Daydream им се допаѓа ова.
  6. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Поетот сакаше да каже-сакам да се ебам,ама не сакам да ми влезе :^)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Абе "Американац" много га разглабаш :rofl: . Да го искористеше времето додека пишуваше долгометражни постови, досега ќе ја решеше работата и ќе го најдеше одговорот на твоите прашања од вистинското место.
    Ама уште еднаш го покажуваш твојот амерички мачо стил на дечко кој поминал многу женски и сега заборавил како треба да изгледа вистинската.
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Муабетот ни заплет ни расплет,како и да е ако те праша нешто девојката одговориму тебе ако не те интересира за нејзиното минато неа можеби за твоето да и што е сега тука проблемот?и од каде доби таков впечаток дека тоа го прашува оти мисли дека можеби е помалку вредна од другите?ај спуштисе на земја проблемот е во тебе што си искомплексиран и оваа девојка сигурно ти е една од 2 или 3 што си ги имал ако си имал над 10 најверојатно ќе си го најдел тоа што го бараш до сега и овде немаше да седиш да филозофираш и да ја анализираш и таа што си на нашол затоа чиллл аут дечко...
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Драги мој каква е таа храброст на бодирање и составање на топ листи на девојки?Како ТИ би се чувствувал кога би осамнал на нечија топ листа некаде на 30-то место?Ти имаш проблем што живееш во минато и дозволуваш да ти се меша во сегашноста.Искрено мене ми падна жал за девојката која чувствува дека нешто се случува,а не знае што.Зошто ја мачиш?Седни и кажи и ,маче ти не си на мојата топ листа ,не ми одговараш.Подобро така ,зашто твоето одбивно несвесно однесување веројатно се рефлектира во врската.И таа гледа дека нешто не е во ред,ама не знае што.
    Ја измачуваш!
    Искрено,тешко на девојките во иднина што ќе ти дојдат во животот.Дури ти си зафатен со бодирање,животот одминува.И дури ја правиш твојата топ листа можеби покрај тебе ќе помине вистинската а нема ни да приметиш.Се разбира доколку сакаш да доживееш вистинска љубов.Ако не ,тогаш воопшто не си требал да ја отвараш темава.Ти знаеш како да се однесуваш и што да и кажеш.
     
    На Venera.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.770
    Знаел ли дека и ти можеби, според неа, не си у првите 10? Ама ти дала шанса оти мислела дека си забавен, или паметен или...некоја друга причина.
    Девојката се бори да ти стане број еден, ама ти одиш надоле нанејзината листа. Батали совети од нас, оди некаде со девојка ти и кажи и дека ти е најубаво со неа, подобро од било која друга. Ако ја сакаш и те сака, не е битна дебелина, висина, големина на цицки и стегнат газ. Она е топ 1 ако ме прашаш мене, бидејќи се труди да те задржи.
    Другите што тебе ти се у топ 10 - ако вределе ке останеле покрај тебе, немало да ги откачиш, или немало да те откачат. Биди среќен со тоа што го имаш.
     
    На mime87 и DaftPunk им се допаѓа ова.
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Немаш проблем, со девојка ти.Твојот проблем е со самиот себе.
    Од толку размислувања, филозофии, ранг листи...на крајот ќе си останеш сам.

    Велиш дека си фер,но не си :!: .Неа ја споредуваш со други а прашањата поврзани со тие други ти се главниот проблем.Тоа е твојата прва реченица во темата.(девојката ме прашува за минатото).
    Мислам дека треба да отвориш нова темаМЕ ПРОГОНУВА МИНАТОТО.
     
    На tessie и tinan им се допаѓа ова.
  12. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Да не враќам на сите посебно, фала ви за мислењата - се цени. Со девојка ми ќе се видам денес или утре па ќе ве исзвестам што како било.

    А некој што спомна за сексот. Значи тој дел е најмал проблем и повеќе не би ни можел да барам (Добро освен можеби некој role play, она да биде Princess Leia а ја Solo :wasntme: ).
     
    На Igrata и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  13. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Од почеток бев збунета , па се запнав ти ги прочитав сите мислења и сериозно имав чувство дека некои твои зборови буквално сум ги помислила мал милион пати . Тоа не е ни во топ 10 знам дека звучи малку непријатно за чувствителни увцинја и душички и веројатно некој тип за мене да кажел такво нешто ќе размислам и дали воопшто здраво ке имаме утре , ама да бидам искрена мислам дека сите си имаме помислено такви работи . Пример од мое лично искуство , до сега само еднаш сум била вљубена и тоа не значи дека бил најдобриот дечко , сум имала милион пати подобри конверзации со други дечки , физички поубави и позгодни , бил 100 пати понезгоден карактер и многу поразличен од мене ама јас само него сум го сакала и доаѓал на сцена оној ироничен момент , какви ти се пуштаа , овој оној те молеше а сега се наоѓаш у ситуација да полудиш и за најмала ситница во врска со оној кој наводно не бил најдобриот , ама хемијата е јака , го има ОНА нешто , е сега јас мислам дека кај тебе е проблем хемијата , мислам дека не си затрескан во девојката и го немаш она чувство на возбуденост околу неа , а токму тоа чувство не тера да наоѓаме маани . Значи ова ме потсеќа на оној женски синдром кога ке запознаат некој фин добар дечко ама не им летаат пеперутки по стомакот како за бившиот кој според нејзино кажување е "тотален кретен" и дечкото е супер се труди околу неа ама она уште потскокнува кога ке се види случајно со бившиот кој патем и не и угодувал многу многу ама не знае зошто не може да го заборави . Е сега кога хемија , се е хаотично , брзо , темпераментно , не ни имаш време да ја анализираш личноста дали е ваква онаква , пошто си целиот обземен , мислиш на тоа колку е супер што сте се споиле апсолутно не се замараш за ситници , а ако појдеш за озбилно нели доаѓа оној период кога сфаќаш дека од толку што си бил затрескан не си приметил дека не знам не ти се свиѓа некоја нејзина навика или гримаса или не знам што . Искрено ако е вистина делот околу не изневерувањето да си пред мене ке ти се поклонам ! Ама стварно со сега имам многу значи МНОГУ ретко видено верни машки . Многу се пронајдов во делот кога велиш дека си имал пролазна забава низ животот и свое минато ама дека тоа не те дефинира како несериозна личност , туку напротив на некој начин ти помага да се доизградиш и наместо да те направи незрел ти отвара нови и пошироки погледи и комплетно те разбирам дека се чувствуваш како да ти е нанесена неправда кога девојка ти е љубоморна без причина токму заради тоа минато .Ама од секогаш сум велела ,подобро да си фатам дечко за озбилно со бурно минато , отколку на 30-35 години на му текне дека ништо не пробал у животот и да се понаша неиживеано или да си дозволува глупости на страна пошто кога било време не пробал се што требало . Сум била во иста ситуација и тогаш а и секогаш кога сум слободна сакам да го искористам тој период за забава , експерименирање и правење глупости , за да сум целосно подготвена кога ке влезам во врска да не се трескам од земја на првиот згоден дечко што ке ми се запушта или да жалам зошто ова или она не пробав . А сум имала случај кога токму поради тоа сум трпела ненормална љубомора па дури и на некој начин пратење на тоа што правам без да знам . И знам колку може буквално да боли кога навистина си чист и немаш што да криеш а да ти бараат игла во сено . Значи од секогаш сум била за верност и искрен однос и секоја чест што останаа машки како тебе што го сакаат истото , само имам една лоша вест , мојот бивши никогаш не сфати дека не ми ни паднало на памет да го изневерам дури на моменти се сомневал дека сум го , многу е можно и твојата девојка да го мисли истото и никогаш да не го искорени што искрено не ти го посакувам . И последно нешто сексот не е најмал проблем во никој случај ! Сум имала многу добар и многу лош секс за да го знам тоа , значи најсериозно ако таму работите не штимаат барем на овие години , веднаш се јавуваат проблеми и на други полиња , додека пак доколку сексот е одличен , ке биде супер решение и на понекое ситно проблемче, знаеш она после караница ... ;) И така малку се заборавив јас .. ајде пиши ни обавезно што си направил :D
     
    На Daydream, CuteEva и DaftPunk им се допаѓа ова.
  14. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Звер си, хаха (го пишав со з пошто не знам кај е ѕ-то на тастатура). Али не, сериозно, почит за искреноста и објективноста; се гледа дека си добро созреана а и нема зашто да не си збориме отворено. До душа, барем јас не сум таков да судам а знам дека многу други се па разбирам ако си навикната да треба да се воздржуваш. А за должината на постот, нема гајле, обично и преферирам подолги (that's what she said).

    Anyway... Toa што кажа за како некоја девојка може да се затреска (или општо да свиѓа) некој ’’нетипичен’’ за неа всушност се сведува на некои обични психологии кои имаат многу смисла, иако не се баш логични. Звучи парадоксално али така е. Работата е што девојките се многу по емоционални суштества од мажите и без разлика дали се свесни за тоа, сакаат да искусат поголем спектар од емоции, додека пак машките радо би фурале само chill и без многу замарање. Затоа и може да се рече дека една девојка уствари е привлечена од (или заљубена во) емоциите што ги доживува поради некое машко а не од машкото самиот. Истиов феномен е и доказ дека парите и изгледот не се толку битни, а и е објаснување за тоа како некоја типка иде со ’’таков’’.

    Поради тоа што емоциите ги тераат девојките често да ја занемарат логиката, многу пати се дешава да кажат ’’ни самата не знам што сакам’’ и сл. Е сеа, другата психологија е што кога некој тип ќе и ги погоди емоциите ко што треба, девојката станува безмалку слепа на маните и фокусот и се префрла на добрите страни, кои меѓудругото се и поизјачани. Сетете се само на некој дечко на некоја ваша другарка, за која сте мислеле дека е грдичок, а за нејзе изгледал супер. Btw, не ги ругам овие феномени, напротив нормално си е и се, али само кажувам.

    Тоа со хемијата на многу начини е точно. Факт е дека некои луѓе едноставно си имаат природна хемија и привлечноста цвета. Но, лошо е кога за позитивните чувства што се добиваат од таа хемија и меѓусебна затресканост доаѓа до тоа да се трпат разни срања. Дали варање па простување, а да не зборам за ако девојката се дешава да биде удрена од него во повеќе наврати. ’’Ама знаш, он добар е ме сака, само ете некат начукан и има испади...’’ и ред други рационализации преку кои си се ’’тешиме’’.

    Исто така за затресканоста, може да се каже дека искрено е еден вид на самохипноза. Често се случува да каратеристиките што ги имаме за нашите т.н. идеални партнери да ги ставаме на личноста во која сме затрескани, а притоа таа личност тие карактеристки воопшто и да ги нема. Па после ќе пробаме да ги смениме и... А затоа и спомнав тоа за правилата, во смисол да сметам дека обично врската завршува поради нерасчистени фрки у првите 2 недели или нешто така. Ќе си ќутиш и ќутиш, и кога тогаш ќе пукне филмот па ќе се чуди едниот еј од кога овој/оваа стана ваков/ваква, многу некако наеднаш се смени и сл.

    Не викам дека љубовта е лоша или дека не треба да се затрескуваме но поздраво е ако се биде пообјективен и да се имаат, како да кажам, по реални чувства и да не се бркаат толку некои Disney фантазии.

    Делот за изневерувањето е точен, и фала, хаха. Ако веќе сум се решил за врска би било ретардирано да варам. Ако било да правам со други, онда кој к*р ќе ми е врска. Со тоа што, пример у Америка се дешаваше да терам со некоја али да сме си биле договорени да е без обврски, па никој не се лутел. Имаше една и ќе ми кажеше се фукав со еден пред некој ден, и кога ќе ја прашав онака чил ’’Супер, и како ви беше’’ дури и се чудеше зашто не сум напнат.

    Фала за разбирањето а и се согласувам. Пред се вие жените, вашите најдобри години се грубо кажано 18-25. Не го сфаќајте ова шовинистички, али тоа што најпрво привлекува едно машко е изгледот, а изгледот на жената во главно е најдобар тогаш. Мажите стануваат попривлечни со годините, бидејќи им расте самодвербата и стабилноста (нормално, морон си е морон али ОК) а тоа е она што попрво пак ги привлекува девојките. Доволно е да ја отворите темата за Постар или Врсник на фемина, и ќе видите што кажале 90% од луѓето. Макар и тоа ми е глуп муабет пошто има момци што на 18-19 години се многу по асални од 25-30 годишни дегени што ги знам, а има и многу работи што многу луѓе ни во 4 животи нема да ги сфатат. Ама да, тие што се асални, стануваат уште појаки понатаму.

    Овде доаѓа и фрката со љубомората кај многу мажи. Љубомората секогаш се сведува на несигурност од типот на дали имало/има/или ќе има некој подобар од мене за неа, а ако типката имала повеќе искуства, машкото може да изуми дека он има уште многу години пред себе за да ги добие своите (претпоставувајќи дека е помлад) а девојката не баш. А и плус, фактот е дека ако она е со тебе значи те има одбрано од сите оние кои би можела да ги одбере, и нема зашто да се биде несигурен. И баш несигурноста може да доведе до тоа да девојката ’’најде’’ некој подобар.

    Уште тоа за сексот. Значи кога реков најмал проблем сакав да кажам дека и двајцата сме потполно задоволни, а нормално дека сексот може да биде голем проблем доколку нешто не иде |(

    Инаку со девојка ми уште не се видов пошто времево е на дроги...
     
    На Igrata, LaraSolare, Captain-Omni и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.770
    Daft, со проблемот сосема сум сигурна ќе излезеш на крај. Интелегентен си, паметен, ги разбираш работите. Не знам зошто воопшто побара од нас помош, знаеш сам се да решиш, па затоа се прашувам за вистинскиот мотив, ама не е ни битно.
    Сепак, некои точки и запирки во постот ме заинтригираа, па пишувам колку да се најдеме во муабет.
    Супер што не сакаш и не изневеруваш, но страв ми е од фактот дека мислиш дека има подобри од сегашната. Ако имало, ќе си бил со нив сеуште. Ако мислиш дека можеш подобро, ќе најдеш и ќе изневериш, или ќе и раскинеш за да бидеш со некоја која е у топ 10. Извини, ама како жена тоа со топ 10 уште не можам да го простам :)
    И жените не се најубави до 25 - ова е веќе непознавање, кое не ти го замерувам, ќе пораснеш и ке сфатиш дека жените на 30 исто така имаат квалитети и исполнуваат критериуми кои 18 годишничка не може да ги исполни. Ако зборуваме за љубов - нивото на 18 и на 30 години е сосема различно, а особено сфаќањето за љубовта а и она што можеш да го добие, во насока на поддршка и разбирање и другарство. За секс, не можам да зборувам, бидејќи различни се вкусовите, но на 30 жените знаат што сакаат од сексот и мажи лоши во кревет - нема да стасаат далеку кај нив.
    Ама, човеку, да не се видиш со девојата заради временски прилики-да ми беше дечко сега ќе ти раскинев. Што ако врне, топ е за бакнежи на дождот, стиснати под чадор. Што ако е ладничко - супер да ја гушкаш и грееш. Чај на времево е совршен, а со жената која ја сакаш разговор и шетање е одлично. Плус, денеска сонце имаше цел ден. Ова не е оправдување да не се видите. Да не можеби некој некого избегнува?
     
    На Glasna, tessie, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со постот над мене и со мислењето како јас да сум го напишала :* а за дечкото што да кажам поголемA флегма амин ...
     
    На DaftPunk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Хахахаха, сериозно се фативте за тоа за времето?! Значи cute сте ептен, жими се :)))))

    Еј а тоа за годините чисто мислев за физичкиот аспект, со тоа што не дека таа што е убава станува грда на 26, али онака општо земено, во најтоп форма повеќето се тогаш. А за личноста во целост, се согласувам дека понатаму ќе биде уште боље, али и тука важи истото ко што кажав за мажи, глуперда си е глуперда цел живот и не мора да значат многу годините.

    За тоа со топ 10, еве уште една аналогија, последна ветувам, и се надевам нема поише да влошам ситуација :lol: Пред некој ден го глеав Oblivion филмот и прејак ми беше. Но ако ме прашате за дали ми е у топ 10 филмови не ми е. Пример мене омилен ми е Star Wars ама кога го гледав Oblivion, не мислев еј овој не е боље од SW туку само дека е топ филм. И пак би го глеал :D
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Даф, извини што касно враќам!

    Интересно колку девојките се радуваа околу твоите ставови за верноста, јас мислам дека не би можел да бидам така верен или моногамичен - ако сваќаш на што мислам ;) Ваљда и за девојките тоа не е толкав проблем, барем на почетокот на врската?

    Размислував и за советите што ми ги даде и сакам да ги пробам некој ден. Ако одиш утре во Хавана и имаш време, да пробаме да се најдеме (ќе бидам максимално нормален :D).

    Позз!
     
  19. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Звер си, хаха (го пишав со з пошто не знам кај е ѕ-то на тастатура). Али не, сериозно, почит за искреноста и објективноста; се гледа дека си добро созреана а и нема зашто да не си збориме отворено. До душа, барем јас не сум таков да судам а знам дека многу други се па разбирам ако си навикната да треба да се воздржуваш. А за должината на постот, нема гајле, обично и преферирам подолги (that's what she said).

    Anyway... Toa што кажа за како некоја девојка може да се затреска (или општо да свиѓа) некој ’’нетипичен’’ за неа всушност се сведува на некои обични психологии кои имаат многу смисла, иако не се баш логични. Звучи парадоксално али така е. Работата е што девојките се многу по емоционални суштества од мажите и без разлика дали се свесни за тоа, сакаат да искусат поголем спектар од емоции, додека пак машките радо би фурале само chill и без многу замарање. Затоа и може да се рече дека една девојка уствари е привлечена од (или заљубена во) емоциите што ги доживува поради некое машко а не од машкото самиот. Истиов феномен е и доказ дека парите и изгледот не се толку битни, а и е објаснување за тоа како некоја типка иде со ’’таков’’.

    Поради тоа што емоциите ги тераат девојките често да ја занемарат логиката, многу пати се дешава да кажат ’’ни самата не знам што сакам’’ и сл. Е сеа, другата психологија е што кога некој тип ќе и ги погоди емоциите ко што треба, девојката станува безмалку слепа на маните и фокусот и се префрла на добрите страни, кои меѓудругото се и поизјачани. Сетете се само на некој дечко на некоја ваша другарка, за која сте мислеле дека е грдичок, а за нејзе изгледал супер. Btw, не ги ругам овие феномени, напротив нормално си е и се, али само кажувам.

    Тоа со хемијата на многу начини е точно. Факт е дека некои луѓе едноставно си имаат природна хемија и привлечноста цвета. Но, лошо е кога за позитивните чувства што се добиваат од таа хемија и меѓусебна затресканост доаѓа до тоа да се трпат разни срања. Дали варање па простување, а да не зборам за ако девојката се дешава да биде удрена од него во повеќе наврати. ’’Ама знаш, он добар е ме сака, само ете некат начукан и има испади...’’ и ред други рационализации преку кои си се ’’тешиме’’.

    Исто така за затресканоста, може да се каже дека искрено е еден вид на самохипноза. Често се случува да каратеристиките што ги имаме за нашите т.н. идеални партнери да ги ставаме на личноста во која сме затрескани, а притоа таа личност тие карактеристки воопшто и да ги нема. Па после ќе пробаме да ги смениме и... А затоа и спомнав тоа за правилата, во смисол да сметам дека обично врската завршува поради нерасчистени фрки у првите 2 недели или нешто така. Ќе си ќутиш и ќутиш, и кога тогаш ќе пукне филмот па ќе се чуди едниот еј од кога овој/оваа стана ваков/ваква, многу некако наеднаш се смени и сл.

    Не викам дека љубовта е лоша или дека не треба да се затрескуваме но поздраво е ако се биде пообјективен и да се имаат, како да кажам, по реални чувства и да не се бркаат толку некои Disney фантазии.

    Делот за изневерувањето е точен, и фала, хаха. Ако веќе сум се решил за врска би било ретардирано да варам. Ако било да правам со други, онда кој к*р ќе ми е врска. Со тоа што, пример у Америка се дешаваше да терам со некоја али да сме си биле договорени да е без обврски, па никој не се лутел. Имаше една и ќе ми кажеше се фукав со еден пред некој ден, и кога ќе ја прашав онака чил ’’Супер, и како ви беше’’ дури и се чудеше зашто не сум напнат.

    Фала за разбирањето а и се согласувам. Пред се вие жените, вашите најдобри години се грубо кажано 18-25. Не го сфаќајте ова шовинистички, али тоа што најпрво привлекува едно машко е изгледот, а изгледот на жената во главно е најдобар тогаш. Мажите стануваат попривлечни со годините, бидејќи им расте самодвербата и стабилноста (нормално, морон си е морон али ОК) а тоа е она што попрво пак ги привлекува девојките. Доволно е да ја отворите темата за Постар или Врсник на фемина, и ќе видите што кажале 90% од луѓето. Макар и тоа ми е глуп муабет пошто има момци што на 18-19 години се многу по асални од 25-30 годишни дегени што ги знам, а има и многу работи што многу луѓе ни во 4 животи нема да ги сфатат. Ама да, тие што се асални, стануваат уште појаки понатаму.

    Овде доаѓа и фрката со љубомората кај многу мажи. Љубомората секогаш се сведува на несигурност од типот на дали имало/има/или ќе има некој подобар од мене за неа, а ако типката имала повеќе искуства, машкото може да изуми дека он има уште многу години пред себе за да ги добие своите (претпоставувајќи дека е помлад) а девојката не баш. А и плус, фактот е дека ако она е со тебе значи те има одбрано од сите оние кои би можела да ги одбере, и нема зашто да се биде несигурен. И баш несигурноста може да доведе до тоа да девојката ’’најде’’ некој подобар.

    Уште тоа за сексот. Значи кога реков најмал проблем сакав да кажам дека и двајцата сме потполно задоволни, а нормално дека сексот може да биде голем проблем доколку нешто не иде |(

    Инаку со девојка ми уште не се видов пошто времево е на дроги...[/quote]
    Како тргнавме со долгиве постови , се осекам како да сум кај некоја другарка и имаме long conversation night и дискутираме за животни прашања хах :D
    Тоа дека нели девојката е со некој заради тоа како он прави да се чувствува е скоро целосно точно , ама нели сепак мора тој некој да има нешто што го издвојува од другите за да ја прави да се осека така , и ако има моќ да прави да се осека најубаво , значи дека има моќ да направи да се осети и најглупаво , а зошто би била со него ако го прави и тоа нели , па уште почесто ако се дешава... што значи сепак ИМА УШТЕ НЕШТО што веројатно со зботови не може да се опише :D
    Уште поголема иронија е кога девојката и покрај тоа што е затрескана сепак ги гледа мааните , а уште па кога гледа дека преовладуваат да не збориме и пак нешто ја влече накај типот :) Мала шала на моја сметка хах

    Околу тоа дека девојките знаат да пројдат и преку неверство и физично насилство или пак самите да изневерат , проблемот го гледам подлабоко , се секогаш но често кога девојките растеле во нехармонична средина имаат или премногу висок или премногу низок праг на толеранција , што значи или ке израсне во јака самостална личност и најмала ситница ке ја натера да се тргне на време за да не поминува низ она низ што поминала нејзината мајка на пример или пак обратно ке мисли дека е во ред понекогаш во името на "љубовта" да се жртвуваме и "малку" повеќе .

    E сега околу делот дека у првите 2 недели се гледа све не се согласувам , баш у првите 2 недели нема што не е розево околу тебе и оној момент као за среќа колку малку е потребно , па како порано не ја / го сретнав , мислам сериозно во првите 2 недели можеби би била спремна да ги жртвувам и најомилените штикли за него од што сумзанесена ! Според мене оној момент на прва жолчна расправија доага околу 2 месец , а ако нешто повеке трпение имаат партнерите евенуално 2.5до3от , знаеш на почеток се ти е незгодно , па си мислиш да дадам шанса , па уште е рано ова она да и речам ке почекам и да речеш нешто па смирено ке е , е после ако другата страна нешто пак не штима доаѓа она па 100 пати ти реков тоа и тоа не ми се свига ау а мене ова она и тука може се да пукне .
    И да збориме реално супер е да си објективен , ама ако си па и многу објективен има шанси многу убави работи да пропуштиш анализирајки ги постојано , настрана дизни фатназиите , јас и не сум некој клише романтик , ама па друго е кога ке се препуштиш :D
    ''Ако веќе сум се решил за врска би било ретардирано да варам. Ако било да правам со други, онда кој к*р ќе ми е врска.' еве го делот кога велам дека попрво би да завршам со дечко со бурно минато ! Еве ке бидам поблага и ке речам богато минато хаха , пошто тој дечко бил и со добри и со лоши и со одлични и веќе од прилика знае што сака и е доволно зрел за да знае дека за некоја пролазна авантура не вреди да ризикува нешто во кое вложува енергија . И според мене било машки било женски што изневеруваат се несигурни личности што постојано им треба потврда за тоа колку се посакувани и добри , а такви дефинитивно не ми требаат до мене .
    И за тоа околу 18-25 години ме насмеа :D Не за друго него ти си еден од ретките што немаат некој фетиш на милфици хаха а ја си мислев дека машкиве ги сакаат оние по 30-35 пошто се самоуверени искусни и имаат разбирање хаха мислам барем така ми кажувале :)
    И не се вади многу многу на времево :rofl: , пошто есен веќе дојде , зима иде , многу веројатно да е цело време такво , знаеш прочитав на некој литературен блог "кога ќе почнеш да се откажуваш од плановите заради дожд , значи дека си остарел " така да како што темава доживеа голем интерес за кратко време верувам дека многу чекаме да видиме што си направил :D
     
    На Daydream и DaftPunk им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Жената е убава најчесто кога е спокојна и среќна. И мене не ми се веруваше ова, но убавината однадвор доаѓа однатре. Ова нема врска со годините.

    Вујна ми, на свои 50 и кусур години, еве, одговорно тврдам дека изгледа многу поубаво одошто кога била млада. Да е фотогеничност само не е, затоа што гледам слики и од тогаш и од сега. Ама животот и` е убав, нема секирации, вујко ми си ја чува си ја сака, не ја нервира...маж со големо М.

    Твојот проблем Daft е што, од што ти е сигурна партија женскава, поседува карактеристики кои ти прават да ти е удобно со неа (мирна е, не те вара шо е реткост, според нејзинава ниска самодоверба можам да заклучам дека не ни имала мн врски и сл) не ти е веќе ни предизвик и затоа можеби не чувствуваш потреба да и` покажуваш со однесувањето и делата дека ја сакаш и ти значи и нормално, љубопитна би била зошто е тоа така.

    Ја го разбирам моментот дека кога сакаш некого, го сакаш и прифаќаш сосе мааните. Но, ти очигледно не и` ги прифаќаш многу мааните. Кога јас сум имала чувство „не е ни меѓу првите десет“ не сум ни останувала во такви споеви затоа што не било тоа тоа. Сега, со мм, не ни можам да си го поставам тоа прашање. Мене ми е тој идеален таков каков што е. Остави девојка ти тоа да го почувствува од некој друг. Навистина е греота девојчето. Остави ја да биде безусловно сакана и воздигнувана од некој друг и ќе видиш како ќе стане и поубава и попривлечна од порано. Го заслужува тоа.
     
    На mimiiiii, vinozito1, Cka и 3 други им се допаѓа ова.