Како што заклучив, ти си со неа за забава. И не можам да разберам, пишуваш дека не е ни во првите 10, а после пишуваш дека си навистина заљубен во неа. Ако не ја сакаш, не ја измачувај и не се измачувај самиот себе. Разговарај со неа, раскажи и се, прекинете. Може некој период ќе и биде тешко, но ќе преболи. Подобро на овој начин, отколку да ја лажеш и она да живее во некои бајки. Ако го пребарува твоето минато, сигурно во нешто се посомневала или дознала дека пред неа си имал доста девојки. И како можеш да ги рангираш девојките? Катастрофа. Ако не ти била ни во првите 10 зошто воопшто си и дал надеж и си дозволил да ти се приближи?
Ти дечко од толку претходни искуства со многу и секакви девојки не ни верувам дека еден ден ке можеш целосно да се предадеш на една и да ја сакаш, а во глава секогаш да ја споредуваш (како што имаш пишано на некој пост од првите страниции да мислиш како таа не е најдобра но сепак не мора ни да биде -ТРЕБА ДА БИДЕ АКО ЈА САКАШ ИСКРЕНО И АКО САКАШ ДА БИДЕШ СО НЕА. не сакам да те осудувам ама реално така гледам. Глеам се трудиш да бидеш подобар и да ги средиш работите(го ценам тоа кај машките), ама мислам дека тоа најдобро ке го направиш ако си седнеш и разговараш со девојката, да и кажеш што си праел тогаш, што сега и што те натерало да смениш некои работи од тогаш до сега, таа ако навистина те сака ке свати и нема ништо да ти пререче ако не и е битно минатото туку тоа што сега си со неа-но сепак треба да и докажеш дека навистина ти е битно да бидеш со неа и дека ја сакаш. Од др. страна можеби и треба одредено време да бидеш сам за да си средиш и ти некои работи сам со себе па дури тогаш да фатиш некоја девојка, а не девојката да ти биде причина за средувањето на животот. позз и се најдобро
24, неколку години постар е од мене Сакаш да кажеш кај добар другар? Btw Дафт пиши кога ќе ја видиш претходната порака што ја пратив, позз!
Опа, пак доста постови. Ко Mozart ќе станам дур ви одговарам, ќе ме најде девојка ми умрен пред монитор на Фемина и нема да викне брза помош пошто прво ќе чита што сум пишал и нешто ми кажува дека делот со топ тенот нема да и се допадне Шала на страна, не сте свесни колку ми е најбоље денес Се видовме вчера и средено е се, дури и се среди подобро од што мислев само што ќе мора да ви пишам покасно дека сеа прво враќав на некои постови и тамн да стигнам за главново, нешто ми искочи. А сакам убаво на раат да опишам Срце си, те сакам. Башка мило ми е што ти текна у параграфи да пишуваш (се зезам). Е али, значи, тоа пак се сведува на емоциите. Типот у прашање има МОЌ да ги креира правите емоции, а муабетот ми беше дека парите и изгледот не играат толку голема улога во тоа (нормално, истите може да се добар бонус). Таа моќ е во карактерот и начинот на однесување, без разлика на тоа дали типот е свесен што праи или не. И да, стално има исклучоци, за некои девојки дечкото мора да изгледа ко модел и тоа е тоа (ако некоја таква го чита ова, ја замолувам да притисне на X-от таму горе кај tab-от. Фала). Се заборавам дека ова е форум за жени, и дека начинот на размислување е различен, и колку е битна разликата од машкиот и женскиот поларитет. Да се навратам за емоциите. Може да се каже дека не е толку важно дали емоциите се позитивни или негативни, туку колкав е нивниот интензитет. Да бидеме реални, работиве у светов т.е. луѓево се ебено досадни. Се е некоја навика, рутина, беден комфор, тие што се у врска неретко стануваат ботови после првата година итн. Е сеа, кога ќе се деси некоја појака емоција, најчест начин на кој што се опишува тоа е ’’се осеќам некако жив/а’’. Се разбира, под појака емоција не се мисли некој да умре или сифилис дијагноза нешто, туку појака во рамките на разумот. Овде само ќе напоменам и дека машкото треба емоциите да му зависат пред се од самиот себе, значи да доаѓаат од внатре, а додека пак женското е поочекувано да се води од околината и нешто екстерно. Пошто се е досадно, а јаките емоции се ко дрога за девојките, тој фикс им е потребен што почесто (drama queen, anyone?). Затоа, ’’уживањето’’ може да дојде и кога некој тип се понаша лошо, ама па од другата страна среќата со него е посреќна, а тагата потажна, и тука е рационализацијата дека бедовите на некој начин вредат. А и башка постои тоа, за мене хендикепирано мислење, дека ако некоја подолга врска прекине тоа ќе значи дека периодот додека траела пропаѓа. Тој период дур си бил убав си бил и тоа е тоа. Подобро да се прекине отколку да се форсира даље и да се бара нешто што веќе не постои. Знам дека е инвестиција во време и се, но нема зашто да се плашиме да почнеме од нула и да инвестираме со некој друг. Тоа за 2-те недели поише мислев дека е битно за да се постави динамиката на врската. Знам дека е краток период ама и пред се гледам од страна на машкото. Што е до мене, негова обврска е да среди како ќе течат работите, а на девојката и е ’’дозволено’’ повеќе да олабави и да се препушти ко што кажа ти За милфици иам фетиш немај гајле, хаха. Значи вака, прво ќе мора да си признаеш дека си тешка лузерчина. Како што можеш да приметиш, ова што е само страна на интернет, ретко која ќе те примети макар и да почнеш да ги пцуеш, а не па во живо каде што не можеш да се криеш позади тастатура. Ако ова те налути или навреди, читај го се додека истото не е случај, пошто кога ќе се ставаш на рандом жени можеш да очекуваш и многу позлобни работи. Дури и да праиш се ко што треба, на почетокот ќе се дешава да биде awkward и се, и да, многу пати ќе бидеш засрамен, но сето тоа ќе биде само дел од ’’патот’’. Немој да мислиш дека не сум на твоја страна пошто сум. Само што ќе мора да се ослободиш од егото што е можно повеќе и да не сфаќаш НИШТО лично. НИШТО. Сфати си се ко учење. За advance концепти џабе би ти зборел, сеа за сеа, биди задоволен со помалите ствари и искачај што поредовно. Секое приоѓање гледај го како победа само по себе. И глеј да бидеш у моментот, не планирај НИШТО однапред. НИШТО. Ајде па, сега некое време пристапувај за да добиеш какви такви искуства а после ќе дискутираме и ќе видиме што може да се среди.
Со навика/рутина тешко може да се истера врска/брак. Напротив, таа може само да предизвика криза во еден однос, која би се надминала доколку постои нешто повеќе од таа навика што ја држи врската. Ако е некоја врска подолга од една година не значи веднаш дека е досадна, монотона и дека луѓето од навика продолжуваат понатаму или затоа што така им одговара, т.е. си нашле некоја комфорна зона. Штом така мислиш, очигледно не си ја сретнал вистинската која ќе те натера да си речеш „Завршив со барање.“ И во право си. Мислам дека би било фер девојка ти да ги знае овие работи што ги мислиш. Не да ги прочита оттука де, ама барем да и` ги кажеш самиот, ако веќе не си го сторил тоа (што не верувам затоа што не би си поминале толку убаво на последната средба).
Eve tessie me prevari Zatoa i prashav za godinite na dechkovo(po postovite mozhe da se sfati deka se raboti za relativno mlado momche)
Е пријателе многу брзо среди све, секоја чест, само еден совет од мене кога те читам како да го читам Кико ринглата, се гледа си поминал некои работи ама не брзај ти идат нови искуства ке созрееш уште малку, не се истакнувај не се фали, остави малку противникот да копа по тебе дали ке е тоа твојот сопатник или други личности не ги искажувај сите свои способности, да не бидеш прочитан ко буквар... позз и се најубаво
Како е, момци? Извинете касно што враќам али имав некои обврски а и ко што реков сакам да објаснам убаво се у детали, да не испадне се сум кажал у две реченици. Значи вака, се видовме у неделата и решивме да напраиме најотворен муабет што може. Ја си кажав што ми смета, она си кажа што и смета, при што изнајдовме заедничко решение па сега се е подобро од што некат беше. Позз.
^Дечко многу си уфилман,не знам каква ти е девојката,ама како те трпи алал да и е.Ја не би можела 10 минути да издржам од вакви тензични уфилмовања. Стварно дечко,давиш. И момците исто така стареат,немој да мислиш дека ти на твои 28 години ќе изгледаш подобро од некој 18-19-20 годишен.
Од некои ќе изгледам од некои не, Brad Pitt у Fight Club на 35-6 изгледа подобро од 98% од тие што се по 18-20 години. Али да лично за мене, мислам дека на 25 (здравје) ќе бидам у најтоп форма, а после тоа ќе е надолно.
Читам и неможам да поверувам. Живееш во некој свој филм, се правиш дека си најдобар и најубав па затоа таа девојка божем не ти е достојна. Не е во првите десет. Грешиш, ти за неа не си достоен. Не ја заслужуваш. Се гледа дека од некоја корист си со неа, или целото друштво ти е во сериозни врски а ти си сам, па ајде да не останеш така нека има некоја било каква. Имаш страв од самотија, па затоа и не ти е битно каква е туку само да е женско. Но искрено заслужуваш сам да останеш, кога не цениш не треба ни да имаш.
хах што ви е на вас двајца? ај ве молам запознајте се ако сте толку совршени бидете совршен пар и не замарајте.. поздрав
Фала? Не, се зезам... али почит Хахаха, окккк. А на што се должи тоа ако не е фрка да прашам? Ваљда ако сме заедно, поише би замарале