Проблем со говор и разбирање

Discussion in 'Здравствени проблеми' started by Alek35, Aug 29, 2019.

  1. Alek35

    Alek35 Нов член

    Joined:
    Aug 29, 2019
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    Здраво на сите,

    Денес на татко ми кога му се јавив почна да не ме разбира и да зборува неповрзани работи. Знаев дека нешто не е во ред и прво помислив на мозочен удар. Претходниот ден немаше никакви индикации дека нешто не е во ред освен што изгледаше уморно.

    Откако отидовме кај него, се подоправи со речениците но пак знаеше да меша работи и зборови.

    Во првиот саат го однесовме на клиника и на магнетна немаше никакви индикации на мозочен удар.

    Контактибилен е и подвижен, ништо не му е фатено освен тоа што знае да не одговори соодветно. Има 64 години, пушач и без правилна исхрана.

    Ми рекоа дека можно е транзиторна дисхемија, но тоа не би требало да трае повеќе од неколку часа. Исто така стравувам за деменција.

    Ве молам за ваше мислење доколку знаете што би можело да е или сте имале ваква ситуација.

    Поздрав,
    Алек