1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со исечени нокти

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Horma, 16 мај 2013.

  1. Horma

    Horma Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Поздрав на сите имам проблем кога ќе ги исечам ноктите на рацете, тогаш кожата на рачете ми се суши и имам хистерија и цела се наежувам може ли да ми дадете некој совет како да го решам овој проблем
     
  2. dharma03

    dharma03 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    18
    Како велиш хистерија?

    Постојат луѓе што се ежат кога допрат сунѓер или памук.. Можеби кај тебе се исечени нокти :)
    Не гледам зошто да ти се сушат рацете кога ќе ги исечиш ноктите.

    Пробај да не ги сечиш ептен до крај..

    Јас кога скроз ги исечам ги протривам од памучна површина ( појма немам зошто :) )
     
  3. Horma

    Horma Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Сум пробувало ово што го кажа ти но не помага 2-3 дена по сечење на ноктите јас имам хистерија и кога допрам нешто уште повеќе се зголемува.
     
  4. dharma03

    dharma03 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    18
    Така си си го ставила во главата :)


    Да, чудно е чувството кога се скратат после долго време... дури се чувствувам немоќно пошто неможам да гребкам :)

    Пробај да го игнорираш тоа чувство. Ти сама си си го направила „проблем“ :)... на крај краева остави си ги да раснат, можеби не орловски, некоја нормална долшина.. практична.
     
  5. Horma

    Horma Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пробувам да го игнорирам тоа чувство но не успевам дали би била паметна идејата да посетам доктор и дали постои некој здравствен проблем кој го предизвикува тоа чувство ?
     
  6. dharma03

    dharma03 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    18
    Мислам дека нема потреба од доктор... ти не чувствуваш болка.
    Само ти предизвикува некое чувство не ежење, јас го сфаќам како нормална работа.
    Сепак, ако мислиш дека тоа можеби може да предизвика нешто по сериозно, прашај стручно лице, ќе видиш дека нема место за паника, уште помалце за хистерија. :)
     
  7. Horma

    Horma Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да но само од себе си предизвикува хистерија кога ќе ги навлажнам рацето хистеријата помине додека не се исушат
     
  8. dharma03

    dharma03 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    18
    Хистерија е .... голем збор :)

    Еве ти велам... ако те плаши сето тоа... појди на доктор да слушнеш стручно мислење
     
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Сосема те разбирам што викаш дека те фаќа хистерија.
    Долго време си имав проблем кога ми беа рацете суви, и јас самата сум го опишувала тоа чувство како хистерија, буквално не можев да мислам на ништо друго освен на тоа дека дланките ми се суви, и како да дојдам до крема за раце. Се сеќавам на еден одмор како дете, кога првпат почна целата работа, седев со саати во плиткото за да можам рацете да си ги чувам во водата за да ми седат влажни. И ден денес секогаш имам крема со мене, каде и да одам, за секој случај, иако тоа чувство не го имам повеќе, барем не толку многу.
    Неколку години подоцна, мајка ми ме однесе и на кожен лекар заради ова, и ми дадоа некаква крема, ја користев неколку месеца, која искрено многу не ми помогна. Како и секоја крема за раце, моментално хидрира, ама штом се упие, или ако измијам раце, кожата пак ми се сушеше и пак по старо си беше. Не ја ни искористив целата... :?:
    На крај сама решив дека работава не ја бива, дека не можам да се плашам раце да измијам за да не ми се исуши кожата. Проблемот си го решив со тоа што сама дома си ја тестирав издржливоста. Да бидам во услови каде можам во секој момент да ги намачкам рацете со крема, но сепак да трпам најмногу што можам. И со тек на време, нервозата што ми ја ствараше сувата кожа се намали.
    Како што кажав, сеуште носам крема за раце секаде со мене, за секој случај. ;) Но, ако доволно се потрудиш, можеш да го решиш ова и сама. Нема никаков здравствен проблем поврзан со ова, едноставно се е во психата. Еден вид на навика. И од се може да се одвикне човек. :)