1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со комуникацијата (зборување пред други)

Дискусија во 'Психологија' започната од Scaredgirl1, 22 септември 2011.

  1. Scaredgirl1

    Scaredgirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не знам навистина што ми се случува. Веќе една година во главата ми се заврти дека ако помислам на нешто или го изговорам во седе дека другите ќе го слушнат тоа и дека ќе ме замразат поради тоа.
    Опседната сум со тоа. Дури и кога зборувам се мислам дека некои несакани зборови ќе излезат од мојата уста. Ми е страв да ја отворам устата па почнав да дишам со затворена иако ми е тешко така.
    Имам навика да се снимам, затоа што така ми е полесно да зборувам во спротивен случај се плашам да зборувам или пак да ја отворам устата.
    Знам дека xна многумина ќе им звучи како некоа зафрканција, но не е така верувајте.
    Очајна сум, навистина сум опседната со тоа.
    Не знам зошто сум ваква.
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Збор кој ми е постојано во глава

    Имав една другарка со сличен проблем, само што таа немаше гајле од нас, другарките, имаше страв пред други луѓе. Ни кажа за маката, па ние онака преку муабет ја советувавме дека непотребно самата си прави филм во главата, непотребно се плаши и си го отежнува животот...
    Малку се поопушти девојчето, ама `тоа` ја следеше подолго време. Беше и на психијатар, ама ништо конкретно не и` помогна.
    Најдобро е, секогаш кога ќе треба да разговараш, прво размисли што ќе кажиш, па зборувај. Диши длабоко, нормално. За почеток зборувај помалку, не мораш да бидеш `најзборливата` во муабетот, или да дебатираш надолго. Прво опушти се малку по малку, и ќе видиш дека не е ништо страшно, дека самата си ги правиш тие `мисли` и `стравови` во себе.
    И верувај поголем ти е стравот, отколку што реално ќе кажиш нешто што не треба!
     
    На Cloee, maca99 и Scaredgirl1 им се допаѓа ова.
  3. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    и јас имам голема трема и несигурност кога зборувам пред луѓе, а особено луѓе кои не ми се многу блиски пријатели. Дечкото ме запозна со пријателите и нивните девојки, а јас цело време си молчев... Би ве замолила мои феминки за некој совет околу тоа на која тема да започнам разговор со некој што не ми е толку близок/блиска? Поздрав
     
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    да и јас се согласувам со girl.23 поголем ти е стравот отколку што ќе кажеш нешто што не треба
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    ^Треба да поработиш на самодовербата. Не е ништо страшно ако кажеш свое мислење, ако го изразиш твојот став пред другите. Верувај нема да бидеш исмејувана, туку баш напротив-многу луѓе ќе се согласат со тоа што ти го зборуваш.
    Се зависи од тебе, треба да собереш сили и да го совладаш стравот, опушти се, кога ќе се најдеш во друштво слободно кажи си што мислиш.
     
    На Allthatglitters21 и Cloee им се допаѓа ова.
  6. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Не е тоа баш некој голем проблем...
    За се постои решение!!Некој велат изброј до 10 пред да кажеш нешто...се држам јас до тоа!! :) Треба да поработиш на комуникацијата.И не мора да се плашиш дека ќе навредеш некој или пак дека некој ќе те замрази...И верувај кога ќе се искажеш секогаш ти е подобро..
    еве конкретно за мене јас сум личност бес влакна на јазикот,искрена сум со сите,и понекогаш претерувам со тоа,а не ме брига ако некој сум навредила....од кога ќе се изнакажам ќе се извинам и ќе кажам дека бев искрена и тоа е тоа!!! :$ Сигурна сум дека многу лошо правам ама таква сум. :lol:
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    И јас би сакала да можам како тебе.Се во фаца :!: Секогаш си викам ајде можам јас,дури и од дома говор си вежбам понекогаш,за да не се измешам. :lol: Колку долго чувам работи во себе,што сакам да им ги изнакажам на некои мои "пријатели",но никако тоа да се случи.Само си чувам во себе и се нервирам.МОРАМ ДА ПОЧНАМ ДА КАЖУВАМ СЕ ВО ФАЦА
     
  8. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
  9. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Вистинскиот проблемот кај тие што имаат потешкотија со комуникација го зголемува тоа што наоколу врие од такви кои едвај чекаат некој нешто да згреши и сите комплекси на тоа да ги истресат.
     
  10. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Еве јас сум самобендисана и имам самодоверба во себеси но сепак сум многу молчелива. Незнам зошто. Ке се најдам во друштво и само си кутам. Како да не знам да отворам некоја друга тема или да кажам нешто за најопшти ствари. Незнам незнам што ми е :$
     
  11. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    И јас сум си прилично молчалива. Ако не познавам некому доволно добро не можам да се опуштам. А, за да запознаеш некому треба да зборуваш секако... Хахах... Ама јас не можам да зборувам, а кога сум на Фб, тогаш вртам триста муабети. Но, не е секогаш истото. Оние кои сум ги запознала во живо, и прилично сите разговори сме ги воделе без телефон или компјутер, со тие можам да зборувам колку ми душа сака. Ама, прво треба да ми се погоди темата. Ако не е погодена темата уште на почетокот, може веднаш да си продолжам со молчењето...