омажена сум скоро половина година,живеам на 5-8 минути пешачење од куќата на мајками и таткоми,,ние сме само сестри...моите две поголеми сестри се омажија од предходно,,јас трета,,сега имам уште една помала сестра дома...бевме премногу поврзани со мајками,сега тоа што не сум со нив многу тешко и доаѓа..и мене ми е тешко кога знам дека нејзе и е така..секој ден додека одев на работа поминував кај нив,,само да ги видам,,некогаш на кафе,некогаш на јадење..но сега имам и јас обврски не можам секој ден да одам..ако направи нешто за јадење а јас не каснам таа се натажува...или ако не отидам неколку дена се натажува.се лути..вика мажот не ме остава да одам..итн...а сега навистина и на мажот ми не ми е згодно секој ден да му велам дека сакам да одам..кога не работам,,одам кај моите на 3-4-5 дена,зависи од обврските и ситуацијата....навистина не знам како да се справам со оваа ситуација..дали јас имам проблем со психата или не не знам,,ама има девојки кои заминуваат и странство па не се гледаат со семејството по цела година..или повече ,па ништо...а ова со нас веќе не знам што е..мајками емсто да с ерадува таа тажи...се омажив на 25 години колку уште да седев дома?....се наперавив чекор по чекор..ве молам за совет!!!
мајками и јас Најдобро е да разговараш со мајка ти, кажи и дека имаш обврски и дека не можеш толку често да одиш, прашај ја што ако си се омажела во друг град или држава....не се секирај, ќе се навикни и она на промената.
мајками и јас знаеш...вчера и реков,,што ако како пример.Елена....заминав во Австралија,,каде че ме најдеше?...и вика еееее па не си ти Елена...ти си ти.......леле...не можам да ја убедам да не ми прави вака притисок,,ајде дојди,,ајде јади,,кога готви мисли само на тоа ја сда јдама од тоа...мисли уште сум бебе..и мене ми фали таа,,,но не сакам вака да ми прави притисок и да ми е тешко што не можам да отидам,,итн....навистина ова е проблем,,еве ако има некоја нека пиѓи ако има ваков случај,,мада не верувам дека ги има многу вака...
мајками и јас не се секирај сите мајки се такви некои и бетер дај и на знаење дека си имаш и ти обврски и дека неможиш цело време да дремиш таму јас на пример тоа го кажувам со викање и дерење оти ме вади од контакт кога ќе ми рече такво нешто ама ти можеш смирено и полека плус на 5 мин одалеченост живеете што има да тажи, речи и замисли маж ми да е како мене залепен за сукњата намајка му, мене како ќе ми биде? ќе свати полека полека ич да не се нервираш.
мајками и јас сестрите мои омажени се во друг град,,,тие доаѓаат на 2 недели,,некогаш на 3 зависи од ситуацијата...на 80 км се од овде...за нив знае дека не можи да се тука секој ден и не прави така...само ако 1 месец не се дојдени тогаш че се запне... и јас исто се развикувам кога ми прави така притисок после се каам што и викам.....и мене ми е жал немаат син да седи со нив...ама во денешно време и син да е не седи со родителите....ама јас сум рекла дека нема никогаш да ги оставам сосема сами,,,што и да е никогаш нема целосно да ги оставам,,им се јавувам по 3 пати во денот,,знаат за секој мој чекор...а исто и сестрите се јавуваат..мајками по цел ден е на телефон,,еднаш едната,,потоа другата..па јас...итн...
мајками и јас ^седни со нејзе и разговарај. Само тука е спасот. Прашај ја како оже да издржи со нив да не се види 2/3 недели. А тебе за 2/3 дена ти прави проблем. Објасни и дека ти си имаш свој живот, прашај ја дали она сака ти да имаш проблеми во бракот? Сигурно ќе ти рече не, а ти на тоа возврати и, дека ако се случуваат вакви работи и понатаму ќе ги има. Ако повторно продолжи така, пробај на друг начин. Пример ако си одела 3/4 пати во неделата, оди еднаш,максимум 2 пати. Тогаш можеби ќе свати. Но не попуштај никако, бидејќи тоа многу ќе ти значи за твојот брак.
мајками и јас епа браво ти си дете за пример, мене мајка ми ми се јавува секој 2 ден и јас заборавам и и викам аман секој ден ли сеа ќе се слушаме. ја разбирам таа потреба да не се остава мајката сама ама па аман секој си има свој живот и фамилија и искрено ти кажувам од себе и од колешки таа нема да престане и да разбере твое е да ставиш граница на ова наместо да си уживаш во животот ти ќе носиш грижа на совест. веројатно мн сте поврзани но сепка мораш да ги разграничиш тие работи
мајками и јас во право си,,,јас вака не можам да уживам...кога сме излезени поминуваме покрај нивната улица..и јас осечам грижа на совест што не сум влегла кај нив,,,мора ова да го средам,,не можам повече вака...
Јас сум од Битола, мајка ми секое мое одење пред бегање плаче...и мене ми е уште потешко, ја карам ама џабе е ја разбирам до некаде затоа што не ме гледа некогаш по месец два.
Хризантема,нормално е штом сте толку блиски,да и биде тешко на почеток,потоа ќе се навикне. Биди среќна и безгрижна што знаеш дека мајка ти не е сама,сестра ти е со неа и татко ти,јас да сум на твое место навистина би била поопуштена.Мајка ми е сама,сестра ми кога е дома,кога во Скопје,повеќе време моментално е сама,можеш да замислиш како ми е мене?И јас сум ептен приврзана со неа,и цело време ја мислам.И јас и сестра ми.И звонам по пет пати на ден,ако ја нема да ми се јави незнаш која паника ме фаќа.Ако се скараме по телефон навечер,јас не спијам цела вечер од мисла нешто да не и се случи зошто сум ја изнервирала,па сабајле уште во 6 и звонам....Можеш да замислиш како се осеќам.... Ама ете мојата мајка не е како твојата.Има разбирање и знам дека не и е сеедно,ама не ми вели пример маж ти не те пушта,зошто не доаѓаш секој ден итн.Дури некогаш и ме кара кога ќе ме види засекирана за неа,ми вели си имаш маж,тој да ти биде на прво место,а мене ми е добро не се секирај. Јас знам дека не и е.Многупати сум пишувала за тоа. Така да верувај многу е полесно како тебе.Ако седнеш да разговараш со неа,може ќе се подналути,ќе си рече сака да ми каже нешто меѓу редови,јас би те советувала да ја замолиш сестра ти,кога некогаш ќе ти рече нешто,кога ќе си заминеш на само да и каже да не претерува,да не те растажува така,дека сега имаш друг приоритет.......Ќе видиш ќе успее
фала ти на мислењето....кај да и сестрами че се омази...тогаш како ли че биде????знам како ти е,,,,се прашувам како некои луѓе иммаат среча си имаат синови па не седат сами...
Ова не е толку проблем ама не знаев кај да го напишам. Мајка ми е многу емотивна личност, кажи и нешто може одма да се расплаче. Од кога заминаа брат ми и снаа ми да живеат во странство ако и текне нешто за нив плаче, ко ќе се слушнеме на интернет после знае да плаче. Не знам како да ја утешам да и помогнам. Сама е т.е јас сеуште живеам со неа но, како си одиме ние по нашите патишта неа и е уште потешко. Што да направам не знам. Не ми е убаво кога ја гледам таква. Кога зборуваме за моја свадба, за мажење пак и е мака плаче бидејќи ќе остане сама. Не кажала ни еден збор секогаш не подржувала во се, ни кажува дека секој си го бира својот пат, но премногу ми е тешко кога ја гледам таква. Не е постојано во таква состојба, а мислам дека се воздржува пред мене не сака да ја гледам така но, некогаш и е многу тешко и знае да заплаче и пред мене. Јас се трудам да бидам секогаш расположена, да не се расправаме,да не ја нервирам, кога имам некој проблем не и кажувам секогаш од причина да не се секира. Што можам друго јас да направам?
Очигледно е дека жената си е таква, емотивна, раздраслива и плус може поминува климакс згора не се па и некоја аксиозност или депресија. Во вакви случаи треба да и зборите убави работи и ти и син и, да се смеете, зезате, са и зборувате дека не е сама секогаш тоа да се повторува дека никогаш нема да ја оставите сама, дека ја сакате и цените итн итн.. Ако забележувашдека ситуацијата е се потешка нека посети психолог па може ќе и даде и некоја терапија малку да се смири и да се со тек на време среди работата Кажи и дека и кога ќе се омажиш може секој ден да се гледате или може да оди кај син и на поседок итн Се решаваат вакви работи само мене ми е многу жал за вакви емотивни особи веднаш замислувам дека имаат и предобри души не ја оставајте сама жената ако е потребно и ако гледате дека не е во ред нека ја земе малку брат ти таму некоја недела месец дена а ти секогаш потенцирај и дека нема да е сама и дека ти ќе си со неа.
Не знам, си оди на работа нормално, кога е дома постојано работи нешто за да не размислува, гледа тв или спие, понекогаш оди да шета со колешки. Најнормално си функционира но, ете мака и е. Најверојатно ко ќе и се собере треба да се исплаче и да и олесне. Јас си правам филмови ми е страв да не и се случи нешто ко ја гледам некоаш колку и е мака за некои работи. Па ко ќе помислам дека треба да остане сама ко ќе се омажам , и си правам филмови дека тогаш постојано ќе плаче. Може и јас така го доживувам сето ова. Паничарка сум и честопати помислувам на лоши работи.
Постојано и се потенцира тоа дека ќе бидеме секогаш тука, па макар и јас да заминам во странство ќе ја земеме и неа таму нема да ја оставиме сама. Јас кога ќе се омажам ќе живееме зграда до зграда. Тука сме блиску нема да е сама. Многу сум приврзана за неа и многу ја сакам и многу тешко ми паѓа некогаш. Дури мислам дека е посилна и похрабра од мене што се поминала во животот јас да бев на нејзино место не знам како ќе сум издржела.
Кога ќе дојде мажачката тогаш ќе размислуваш сега за тоа не размислувај оти крај краева и кога ќе дојде би можеле да најдете компромис за заедничко живеење со мајка ти штом жената е во ваква ситуација Но никако не ја испуштај од видик и збори и давај и утеха и надеж Можеби е период и и треба време да го надмине.
Таа не сака да живее со нас, ни купи и на мене и на брат ми стан за ко ќе дојде до мажење да бидеме посебно. Свесна е дека кога ќе си имаме брачен партнер ќе си имаме други обврски и приоритети, ко ќе дојдат деца уште повеќе обврски. Секако и таа ќе е тука но, тогаш ќе имаме свое семејство. Ах мајка мајка, никогаш нема да имам доволно зборови или дела кои би можела да ги кажам или направам за да и се заблагодарам за се што сторила за нас во животот!