Класните разлики кога тогаш ќе се покажат. Било жената да е богата, било мажот некој ќе биде понижен. Ретки се случаите кај што тоа не се приметува. Случај во фамилија кај маж ми. Чичко му цел живот е во странство над 40 години таму и братучедите му се родени. Убаво се снајдени и ситуирани си имаат свои бизниси. Братучед му зема жена од овде од помал град се запознале кога бил тука на одмор. Таа далеку поскромна од нив, кога прв пат ги запознав слушнав од свекрва и коментар за снаата ( имале годишнина син им и купил скап бренд на чанта и чевли). Ееее што знае Х што е тоа кога ја земавме од ќумезон у партали беше сега ќе се перчи со брендови...Притоа син им свој пари троши не нивни и верувам дека ова и на неа и го имаат кажано во прва прилика со цел да ја понижат. Затоа е најдобро партнерите да се барем колку толку на исто рамниште, или заедно да се трудат да постигнат нешто без притоа никој да не биде понижен.
Па читај и ја приказната и размислувањето, понижувања и ништо друго не кажува. Си живее во тежок филм некој.
Родителите негови можеби работат физичка работа, ама тоа не ги прави неспособни. Неспособни се тие што не работат ништо. Штом се избавиле од овде, не е дека не мислеле ништо и не може сите да се бизнисмени.
И ти направи профил само да го напишеш ова? Прво дали ја разбираш вредноста, тежината и суштината на зборот "не способни"? Друго, ако не се тие физички работници (претпоставувам градежници, а градежништво е најтешка работа) од каде би имале вие бизнис со станови? Сами ќе никнат од земја? Луѓето си работат чесно и поштено и си го вадат лебот, не бараат од тебе. Од работа нема срамота, работата те краси. Тоа што немале "факултет" не ги прави помалце "способни" од тие што имаат. Еве да земиме пример, студенти сме, еве студираме (студент сум), која е гаранцијата дека утре ќе работиш со тоа книжулето (диплома) од факс и дека нема да работиш физичка работа? Нула (0) гаранција. Уствари заборавив, за вас нема зима, имале или немале факс, бизнис имате, други работат физичка работа за вас па и умствена со факс, архитекти ова она. Ова е класично безобразно понашање, тоа е последица од фактот "тато носи, мама меси", сето ставено на тацна. Не те осудувам, само размисли за она кое си го кажала, зборовите отвараат и железни врати ама и затвараат. Од секогаш имало класно опшество и народите и луѓето се делеле на класи. Ако ти спаѓаш во буржоазиска класа (што е 1 на 100.000 жители во Македонија), тогаш бирај ги луѓето околу себе од таа класа, а не од средната или ниската, а притоа да им се понашаш "возвишено" над нив потценувајќи ги а ако веќе сакаш да си со нив тогаш навикни се и прифатиги тие околности кои постојат во овие две класи.
Гледам дека сака да биде со него, не ми е нешто страшно тоа. Ако има избор да работи и да учи тука и сака да го прави тоа наместо да се убие од физичка работа(за која е натеран) некаде, why not.
Никој не го дапаѓа дечкото, напротив, неговите работат напорно за да имат добар живот и плус се снашле да заминат во странство за да го земат и него. Девојката тоа неможе да го разбере оти како прво, кажа дека добро се ситуирани тука, и второ, мала е. Она сега размислува за забава и да биде само со дечкото, а не за понатаму. Затоа кажав дека они се два света. Освен ако на дечкото не му се оди во странство па да седи со неа. Ама мислам дека и тогаш пак нема да ја биде работата. Затоа пред некое време јас јадев гомна дека една девојка треба да си бара дечко шо е исто ситуиран како неа или повеќе ситуиран. Оти сите приказни шо ги знам околу мене, вклучувајќи ме и мене, со жената поситуирана а мажот гол газ, завршија со развод, други се во тек на развод. Едноставно тоа не бидува. Ама девојката е мала и не го разбира уште тоа, си мисли дека животов е Дизни. И јас така си мислев на нејзини години. Затоа подобро секој по свој пат.
Последнава реченица кажва колку голема селанка си најискрено... т.е ти немаш појма од животот, два денари не знајш да ги напрајш ни со тешка работа ни со никаква со тато носи мама меси сите не бива. п.с мама и тато нема цел живот да те носат на грбача за жал, кога тогаш ке ги снема
Ни твоите го прифаќаат него, ни неговите тебе. Друго, премногу сте млади за да размислувате на долги стази. Не ми се допаѓа ни твоето размислување за неговите дека биле неспособни, тоа многу кажува за тебе, за твојата не почит спрема нив. Терајте со врската додека тера, на долг рок јас тука не гледам никаква иднина. Ако дечкото сака да остане, нека остане бидете заедно, а ако смета дека треба да оди нека оди, не е фер да го спречуваш. Болдот посебно ми засмета, тебе не те интересира ништо друго освен совет како он да ги убеди да остане тука со тебе. А зошто? Очигледно само ти го знаеш одговорот на ова прашање.
Дете си. Толку крупни одлуки да носиш со прва бројка 1 на твоите години е прерано. Зошто го велам ова? Да беше постара и ако сакаше да одиш странство - немаше како твоите да ти забранат. Со тек на време ќе видиш шо поќе ти одговара, странство или тука. Не е то одлука која мора одма да ја пресечиш на 18. Башка рече прв дечко. Колку време одите? Лично, не би правела толку рано, толку големи промени за дечко. Дури и да одите долго, тогаш си била дете во врската. Прво порасни, после друго.
Класични родители на Балканот,не ги пуштам децата.....нека се врзани за мене и нема мрдање.....какво странство, јас ќе им одберам жена.......ќе им кажам кога и колку деца треба да имаат.....каде да живеат.....им правев куќа,за да живеат со мама и тато.......ФУЈЈЈ,примери каков родител да не бидам.... Сепак децата се индивидуи и не треба да ни бидат карта на која ќе играме кога ќе оствариме,во стилот.....сине,еден ден по мене бизнисот становите куќите ќе бидат твои но условот е да ми служиш до крај.....
Без оглед дали случкава е вистинита или не среќни парови се разделувале заради многу помали контрасти. На пример различно размислување на одредени теми како и водење животен стил, а не па за економски статус. Така што според мене годините не се проблем кај паров, (не е дека во позрели години драстично ќе им се смени финансиската ситуација), туку работата е кој повеќе ќе направи отстапка и компромис да се прилагоди според потребите на другиот. Во спротивно се знае, секој продолжува на своја страна.
Ти најде да зборуваш кој е неспособен да створи нешто затоа што немале факултет….ти која не си створила ништо и живееш на грбот на твоите родители….ти која имаш 21 година или 19 колку и да имаш и сеуште немаш завршено факултет…океј
Јас те сфаќам скроз. Размисли колку го сакаш и дали вреди. А и он тебе. Ти си средно уште, он треба факс да учи. Шо се замарате со глупости? Ако не му се оди, нека не оди. Ама негово е да размисли
Да сум мајка на дечкото и јас нема да дозволам да биде со тебе. Остави го барем не му руши мирот. И знај не знаеш денот што носи, а не пак месецот, годината... Засега уживај да те развозуват ама не напаѓај колку е некој лош родител ако нема факултет. Се кладам дека твоите освен пари ни пола не ти имат посветено внимание како родителите на ,, сиромашниот дечко ".
премногу размислувања за годините ваши. Шо би рекле англичаните ”let the relationship follow its natural course”. Ако ве биде, и странство и било што, ке се наместат коцките да сте заедно. Ако не не. Машки на секој чекор. Не се секирај.