Здраво феминки, Вчера ги направив сите анализи на крвта што треба во бременоста заедно со дидимери и крвната слика комплетно. Е сега малку ме загрижи холестеролот ми е 6,6 а гледам таму пишува дека максимално е 5,5, дали е нормално да се покачи повеќе на бременост или нешто не е во ред?не сум бил кај гинекологот во понеделник имам закажано и ќе му ги покажам резултатите. Поздрав,
Нормално е да е покачен во бременост, затоа не се ни испитува. Во бременост се проверува само крвна слика, шеќер, серумско железо и урина. Нема потреба друго да се испитува бидејќи нормално е покачено. После пораѓај се ќе се врати во нормала.
Ти благодарам многу малку се смирив кога прочитав и на нет дека тоа се случува многу често во бременоста, ама сепак се плашев повеќе да не биде опасно за моето бебе. поздрав
Дали некој знае за CRP јас испитував по препорака од гинеколог бидејќи ми се покачени д-димерите и испадна дека ми е 4 а треба до 3, и ми препиша гинекологот ампицилин на 6 саати по едно седум дена, се плашам да не е штетен ампицилинот јас сум 35 недела?? Помош!
Фаторите кои можат да ја променат вредноста на CRP во серумот можат да бидат биолошки и аналитички. Биолошки фактори се: зголемен физички напор, бременост (посебно во последните неколку месеци), земање на орални контрацептивни средства, пушење, висока надморска височина. zdravstveni-problemi/analiza-na-krv-tolkuvanje-rezultati-t2451/10.html не се плаши, од тоа што прочитав пишува дека е нормално да се покачени овие вредности, на некои форуми пишува и до вредност 6, а брисевите ти се во ред?
Јас цел ден барав по интернет за тоа, нормално е се да ти е покачено во бременоста ама за се препишуваат терапија, неможав повеќе немам ни сила, време и нерви да се бафтам по шалтери и амбуланти. А и ампицилинов ме плаши да почнав да го пијам да не е штетен за плодот иако сум 35 недела.
Не е штетен, во последно време докториве ептен претеруваат со атнибиотици. Навремето ни парацетамол несмееле да се напијат. А да се консултираш со друг доктор? Отиди до некоја приватна амбуланта со гинеколог само на консултација..
Сакам само да ви дадам еден најдобронамерен совет на сите што земате антибиотици. Од жена со искуство од над 30год. (медицниско лице) добив совет, дека со земањето на секој антибиотик, пожелно е да се земат Б6 витамини, 2-3 пати на ден, и ова не важи само за трудници, туку за сите жени, затоа што антибиотиците биле мамка за кандида. Можеби сте го знаеле ова, но баш беше добронамерен совет, затоа што еве 10год моите матични(општа и гинеколог) до сега не ми напоменале.
Во приватна ординација сум со матичен гинеколог, ама чим велите со б6 витамини јас пијам многу витамини за бременост со овој витамин а плус тоа и цедевита па најверојатно нема кандида да ми се појави за 7 дена антибиотици.
Има некој искуство за во воена на трансфузиологија, дали се чека многу оти сум со приоритетен упат, а во државна чекав 5 саати а овде како оди работата, ќе одам во понеделник па ако некој знае нека пише??
Девојки во кој месец првпат ви рекоа да испитате крв и урина?Јас бев на преглед ми кажаа само дека сум 5та недела но ништо не ми кажа докторката за крв и урина да испитам само ме праша дали знам кој крвна група сум и кажав дека рх факторот ми е позитив и на мм му е позитив само тоа беше
Одма сега почни и секој нареден месец да си правиш пред да одиш кај гинекологот на преглед-ехо. Јас така си правам еве сум во 9 ти месец и се си е во ред си терам се по редослед и нема проблем ако треба терапија за нешто ќе си почнеш се на време со редовна крвна слика и мокрача.
Дали сте имале проблем со земање упат за крвна слика од матичен гинеколог? Јас сум 31 недела и до сега без проблем зимав упат секој месец, но од овој месец наводно имало измени и матичниот гинеколог не ми дава упат...
Правев проверка на крвта, нормалата за железо за жени пишуваше дека е од 9-30. Кај мене беше 17. Лекарот на приватно ми рече дека резултатот е ок, а матичната ми рече дека железото е слабо и ми препиша хеферол. Незнам дали да ги земам
Jas pijam Hefferol veke 4-5 meseci i do sega fala Bogu krvta mi e dobra.Samo jas si hefferol pijam i vitamin C (taka mi kazaa vo apteka).Mislam deka nema da zgresis ako pies
Денеска правев проверка на крв и мокрача.Леукоцитите ми се 11.2,а нормални вредности од 3.5-10.0. А пак уринарски статус катастрофа ми е: Пх 7 Седимент на урина: 1-2 еритроцити; 8-10 леукоцити; Епителни клетки ++; Бактерии +; Аморфни урати. А на гинеколог сум дури во понеделник и незнам како че издржам место не ме фаќа.Само да не е нешто сериозно.