Го купив спрејов за заштита од топлина пред некој ден, ама сè уште е рано да имам некакво мислење. Вака се чини океј, барем не ми ја сплескува косата дополнително, тоа најмногу ме плашеше. Го има пробано некоја од вас?
Јас го користам веќе 3то паковање по ред го дотрошувам. Мене ми е океј, имам долга права коса но забележав дека откако ќе ја исушам со фен некако ми е сува. Ставам потоа маслен серум на Pantene и ме спасува ама планирам да сменам и да пробам некој друг, веројатно некои состојки ми ја сушат, или можеби ми се презасити дека долго време го користам.. Го забележав во дм овој на Сајос со кератин ама не знам дали да го земам и каков е, од Сајос производите генерално што сум ги пробала не сум задоволна па не знам дали да ризикувам. Го има некоја девојка користено да сподели искуство?
Да и мене ми се допаѓа Elseve засега. На врвовите секогаш ставам малку масло после фенирање/пеглање, па не сум приметила да ми ја суши косата нешто. Плус косата прекрасно мириса и трае долго мирисот. На два дена мијам коса, баш може да се каже дека ми трае до наредно миење. Овој од Syoss не знам дали би го купила зашто од брендов единствено сум задоволна од еден лак за коса што го имам. Другото све било утка.
Здраво, дали пред да користите електрична четка за сушење ставате спреј - за заштита од топлина и кој би препорачале?
Јас секад ја фенирам косава после бањање, али ништо не ставам за топлина. Знам дека треба, али цело време заборавам да купам нешто вакво. Дали може препорака за некој добар производ за заштита од топлина?
Јас од,ова сум задоволна, види во hair shop дали го имаат, или најверојатно некои фризерници што соработуваат со Алфапарф милано. Јас во Грција го имам купено ова инаку
Јас го користам моментално овој на Сајос ама едвај чекам да го потрошам. Мислам дека поизгорена ми ја прави косата, плус ја заплеткува некако, плус ми ја мрси. Претходно го користев тој на Елсев и ќе си се вратам....
Ја нема, не можам да ја најдам на веб-страницата. Може друг предлог за средство за заштита при фенирање?
Ова. Го имам купувано два пати. Само е доста поскапо од тоа на Алфапарф милано. Ама ипак дава добри резултати.
Фала многу, ќе го пробам. Периодов многу почесто ја фенирам и осеќам како да е посува од топлината. Ако пробам и со мароканско масло пред фенирање дали ќе имам подобар ефект?
Можеш маслото да го помешаш со производот на Керастас. Ама мислам дека само маслото не штити од топлина