За мене лично решение на овој проблем е награда. На пример, ако ги завршам планираните обврски на време, ќе можам да излезам и да фотографирам. Порано оваа финта секогаш палеше кај мене, ама сега поради сплет на околности не можам да излезам и да работам над некое хоби, така да нема награда, а ако нема награда и мотивацијата е послаба. Воглавно, сакам кога сѐ ми е навреме завршено, но периодов, повторно поради сплет на околности, често сум лошо расположена и тешко ми е да се фокусирам, па така имам оправдание пред совеста кога гледам дека приоритетите не ми се исполнети. Ќе се согласам дека состојбава можат да ја предизвикаат безброј фактори, дали надворешни кои што не може да ги контролираме, или пак психолошки кои зависат од нас самите. Во ниеден случај прокрастинацијата не е наивна, а решението може да биде само доволно волја за да се избегне она чувство на паника кога рокот е пред нос, а работата уште нечепната. Да ви кажам искрено, сѐ што напишав погоре е да се убедам да завршам со едитирање на цел албум од роденден, обврска која што ја тегнам една недела и се наоѓам нешто попаметно да завршам. Причината за ова: мразам да фотографирам родендени, ама го правам тоа затоа што добро плаќаат. Решение: да го работам само тоа што ме исполнува, тогаш сигурно нема да прокрастинирам, ама за да дојдам до таму треба прво да создадам можности кои сигурно нема да ми паднат од небо. Ајде, албумот ќе го средам во понеделник.
Многу ретко ми се случува, да речам еднаш годишно. Во глобала и не сакам одложување на обврските. Се водам според правилото колку повеќе одложување, толку поголемо измачување.
Во последно време ептен се пронаоѓам во насловов... Би рекла депресија...немање желба ни да станам насабајле.. Ниту една награда не ми е доволен мотив. И да ми речат дека наградата е платен пат околу светот за 90 дена (мојата најголема желба, да патувам), нема да мрднам со образложение - што ќе ми е? Имам проект...ама ене го стои непочнат. Образложение - до сега без него, зошто ми е? Правосмукалката ме чека мене...образложение - никој не умрел од неусисано.. Немам ручек за утре... ок ќе јадам пак диња.. Имам студија за пишување за инвестирање во малешевијата (тема на која што порано и без пари ќе пишував, а не па како сега за пари) , рок до 20ти... ене ја не е почната.. образложение - сега ли им текна дека морам и тоа да го напишам? Немам желба...не осеќам потреба.. Порано ќе се потепав за било која од работиве што ги наведов погоре...
Се трудам да не одложувам обврски затоа што така само повеќе ми тежат. И тоа секогаш сакам да ги завршувам во првата половина од денот, па како доаѓа попладнето и вечерта да се ставам во режим одмор А работите што ги сакам не ги гледам како обврски и на нив можам да работам и дење и ноќе, неуморно. Во секој случај, прокрастинацијата за мене е непознат поим. Се надевам дека така ќе остане и понатаму