Ве молам за совет... Имам остри болки десната страна под пазувите знаци целиот долен дел под пазувите и накај грбот.... ме боли кога ке вдишам длабоко и при секое помрднување.... од вчера почнаа, а денес се многу појаки... не можам да издржам ни да седам, исто така ме болат вратните жили, и мускулите на рацете... цел горен дел сум катастрофа, хаос... сакам да прашам дали може да ми биде од промаја...? знам дека од промаја може да те болат ребрата, ама не знам до сега не ме болеле вака... и дали има нешто за ублажување на болките, нешто да се намачкам или да испијам?? Ако имал некој вакво искуство ве молам пишете и за колку време ке помине, не можам да го издржам Позз
Може да ти е од промаја, луѓе добиле фацијалис (искривување на лицето ) од промаја, и јас не пазам ама навистина треба да се внимава. Ќе те држи 4-5 дена сигурно. Не знам што да ти препорачам освен онаа маста со мирис на ментол што ја користат спортистите за опуштање на мускули. Јас дома имам од Фитовал, се вика Фиталп, баш вчера ја ставав на вратот затоа што ме болеше. На неа пишува дека смирува болки, помага при реуматски болки, ја релаксира мускулатурата. И пази се од промаја
isto taka mozes i da se napies nekoi apcinja za opustanje na muskulite... da vidis so daleron, ako ne probaj diezepam... toa ti e za opustanje na muskulite... pola diezepam pred spienje pa kazi kako si pominala i kako ti e sea ? pozdrav !
da da obavezno!!! namackas se so masta sto ti kaza nekoj od forumov ( neznam ime, izgleda nema da mi zameri) i da se ztoplis !!! ukocena si
Лижалче, можеш и со Руска Водица да се прскаш, во спрејче е, слична е како фиталпот, ама мислам дека е поефективна. Татко ми има силни болки во вратните мускули понекогаш и само таа му делува. Речиси и без масирање, освен што тој кога се мачка се масира додека не размачка. И многу пазање треба оти јас имав другарка два месеца не можеше на себе да си заличи, целосно и се парализираа мускулите на лицето од таа промаја.
кај мене дома за вакви проблеми користат руска вода и ВИКС маст ги има во аптека и колку што гледам ефикасни се
Викс и Фиталп е исто само од различен производител , го има во различни пакувања, братучед ми затоа што е спортист го имаше во кантица од пола кило А го има и во мали пакувања, во тубички... ама истото е
епа незнаев дека е иста па пишав и јас дома имам мало паковање како тегличка е ....ама ептен мало и мириса на ментол....мене кога ми е затнат носот си мачкам под носот и ми се отнува одма, дека има јак мирис, а моите за реуми и воспаление на мускули и зголобови ја користат
Девојки да ви кажам дека мене денес ми е многу подобро после вчерашните неколку масирања од страна на дечко ми и на мајка ми со ракија, и пиењето на парацетамол и витамин ц... не купив ништо од тоа, со ракија се излечив, ок не сум скроз, ама за разлика од вчера сум топ
леле девојки јас со години си имам мака со таа пуста промаја, уште од средно веќе незнам уште што немам пробано од апчиња, од масти, од кремови, од гелови за реума и уште неможам скроз да ја искоренам болката, поточно десната страна од лицето и вратот. сега мала промаја да има негде и одма ми смета или пак да седам во климатизирана просторија одма ме боли и инхалации исто имам правено, ама за џабе- тогаш за тогаш утре пак ја имам болката а и во зима си имам многу мака кога е ладно многу времето. нека пиши некој ако има слично искуство или знае некое чаре за макава
Здраво имам многу силна болка од десната страна на стомакот и грбот мислам дека е од промаја ставав таква маст за опуштање но многу ме лошо боли и имам како гадење ми се повраќа.Дали има шанси да е нешто страшно бидејќи многу ми е лошо?
Ако си вкочанета од промаја нема зошто да ти се повраќа, а по симптомиве мислам дека ти е слепото црево, оди одма на доктор.
Здраво сакам да прашам дали некој досега имал парализа на едната страна од лицето (Белова парализа) која настанува од промаја и искуства со истата.
Мене ете веќе 2 пст за период од 6 месеца. Направив и Компјутерска Томографија, но , тврдат дека е од промаја