Промаја

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lizalka, 4 јуни 2010.

  1. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    Ве молам за совет... Имам остри болки десната страна под пазувите знаци целиот долен дел под пазувите и накај грбот.... ме боли кога ке вдишам длабоко и при секое помрднување.... од вчера почнаа, а денес се многу појаки... не можам да издржам ни да седам, исто така ме болат вратните жили, и мускулите на рацете... цел горен дел сум катастрофа, хаос... сакам да прашам дали може да ми биде од промаја...? знам дека од промаја може да те болат ребрата, ама не знам до сега не ме болеле вака... и дали има нешто за ублажување на болките, нешто да се намачкам или да испијам??
    Ако имал некој вакво искуство ве молам пишете и за колку време ке помине, не можам да го издржам :devil:
    Позз
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.340
    Пол:
    Женски
    Може да ти е од промаја, луѓе добиле фацијалис (искривување на лицето ) од промаја, и јас не пазам ама навистина треба да се внимава. Ќе те држи 4-5 дена сигурно. Не знам што да ти препорачам освен онаа маста со мирис на ментол што ја користат спортистите за опуштање на мускули. Јас дома имам од Фитовал, се вика Фиталп, баш вчера ја ставав на вратот затоа што ме болеше. На неа пишува дека смирува болки, помага при реуматски болки, ја релаксира мускулатурата. И пази се од промаја :)
     
  3. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    Фала многу Ирена... а маста помага таа ти што ја ставаш?
    Ако помага одма ке си ја зеам :worried:
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.340
    Пол:
    Женски
    Не е магична ама помага, ги опушта мускулите, а уште ако најдеш некој да те измасира со маста.. :D
     
  5. zumbul

    zumbul Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    1
    isto taka mozes i da se napies nekoi apcinja za opustanje na muskulite...
    da vidis so daleron, ako ne probaj diezepam... toa ti e za opustanje na muskulite... pola diezepam pred spienje ;)

    pa kazi kako si pominala i kako ti e sea ? :)
    pozdrav !
     
  6. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    Сега ми е исто, ке пијам сега парацетамол и витамин ц, и ке си легнам под кебе, на топло :worried:
     
  7. zumbul

    zumbul Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    1
    da da obavezno!!! namackas se so masta sto ti kaza nekoj od forumov ( neznam ime, izgleda nema da mi zameri) :rofl: i da se ztoplis !!! ukocena si :)
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Лижалче, можеш и со Руска Водица да се прскаш, во спрејче е, слична е како фиталпот, ама мислам дека е поефективна. Татко ми има силни болки во вратните мускули понекогаш и само таа му делува. Речиси и без масирање, освен што тој кога се мачка се масира додека не размачка. И многу пазање треба оти јас имав другарка два месеца не можеше на себе да си заличи, целосно и се парализираа мускулите на лицето од таа промаја.
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    кај мене дома за вакви проблеми користат руска вода и ВИКС маст ги има во аптека и колку што гледам ефикасни се ;)
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.340
    Пол:
    Женски
    Викс и Фиталп е исто само од различен производител , го има во различни пакувања, братучед ми затоа што е спортист го имаше во кантица од пола кило :D А го има и во мали пакувања, во тубички... ама истото е :)
     
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    епа незнаев дека е иста па пишав и јас :D
    дома имам мало паковање како тегличка е ....ама ептен мало и мириса на ментол....мене кога ми е затнат носот си мачкам под носот и ми се отнува одма, дека има јак мирис, а моите за реуми и воспаление на мускули и зголобови ја користат :)
     
  12. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    Фала ви многу девојки.. а се продаваат тие во аптека, или... ?
    И која цена се да не знаете? :wasntme:
     
  13. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    да се продаваат во аптека без рецепта :!: :D
    ама која цена се незнам.... :^)
     
  14. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    Девојки да ви кажам дека мене денес ми е многу подобро после вчерашните неколку масирања од страна на дечко ми и на мајка ми со ракија, и пиењето на парацетамол и витамин ц... не купив ништо од тоа, со ракија се излечив, ок не сум скроз, ама за разлика од вчера сум топ :clap: ;)
     
  15. babyblue

    babyblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    леле девојки јас со години си имам мака со таа пуста промаја, уште од средно :worried: веќе незнам уште што немам пробано :( од апчиња, од масти, од кремови, од гелови за реума и уште неможам скроз да ја искоренам болката, поточно десната страна од лицето и вратот. сега мала промаја да има негде и одма ми смета или пак да седам во климатизирана просторија одма ме боли :worried: и инхалации исто имам правено, ама за џабе- тогаш за тогаш утре пак ја имам болката а и во зима си имам многу мака кога е ладно многу времето. нека пиши некој ако има слично искуство или знае некое чаре за макава :( :( :(