1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    Ме интересира што ви е побитно дали влезот во ЕУ и Нато по цена на името и индетитетот на Македонија, или сте за прекин на преговориве.

    мое мислење е дека секоја институција од типот на ЕУ и Нато историјата покажала дека се распаднува. Со тоа само би го смениле индетитетот и историјата што ни е стара точно 2310 години а за возврат би добиле само некоја привидна сартисфакција. А и ние кој сме за да одлучуваме за иднината на наредните генерации. Мислам дека би требало да се прекинат преговорите.
    Што мислите вие :)
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Јас сум НЕ за Европска унија, НЕ за НАТО, со тоа само ќе се отежне ситуацијава која и така е доста тешка. Уствари има и полошо, ама ние не сме за таму. Што значи дека НЕ за смена на името. И плус дури ние да стасаме до ЕУ ќе се распадне и таа па после ние ќе си видиме последици. Кратко и јасно-никаква промена на името.
     
    На Sara123 и al-vik им се допаѓа ова.
  3. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    36
    Големо НЕ за промена на името. НЕ за влез во ЕИ и НАТО.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Ма каква промена. Глупости! Како божем мед и млеко ќе тече ако влеземе во ЕУ.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Сметам дека воопшто не треба да се смени името и да се прекинат преговорите.Едноставно затоа што сакаат да не снема,не само Грците,тие се мамка на Америка или на тие што владеат со светов,на нив воопшто не им е важен нашиот идентитет.Пред една недела прочитав за тие што владеат со светот,а тоа се Евреите,тоа што го прочитав не беше баш убаво,нивниот однос кон нас е катастрофален,само се чудам која цивилизација туку така исчезнала,само поради тоа што на некому не му одговара нејзиното постоење.Секако дека сум против промена на името,но нив воопшто не ги интересира тоа што ние сакаме,се што се случува сега е само маска ништо друго,така да џабе е ние што сакаме,тие имаат сила и моќ.Сакам да се прекинат преговорите за името,мислам дека би имале корист од тоа.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.202
    Допаѓања:
    23.963
    јас само би ве прашала во која земја од ЕУ не се живее добро? (освен Грција, ама Грците се глупи)
    И
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Бугарија.
     
  8. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    никакоооооооо ЗНАЧИ НЕ!
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    едно гоооолемо не за промена на името!!! а некаде во погорните постови читам сте ја спомнале европската унија... со влегувањето во неа можеме само да изгубиме :|
    покачени цени, казни... бла бла... знаете по европски стандарди, а просечната плата ќе остане иста 200 евра :) колку иронично нели?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да го менуваме името, ЕУ со тоа не уценува, а никој не ни гарантира дека ќе не примат. А како што ми мириса, ЕУ ќе се распадне наскоро... што бараме ние таму? Што им фали на скандинавските земји, Велика Британија и Швајцарија што не се дел од ЕУ? Ништо, дури и појака економија имаат така самостојно... барем така мислам...

    А јас сум стриктно против промена на името и против уцени од „големите“ - никој не може да ни диктира како да се викаме и како ќе се чувствуваме. Ама Грција е посилна, во сојуз е со гореспомнатите - па и се може. А им одговараше да молчат кога бевме дел од Југославија. Мислам дека тоа е повеќе од страв - нели постоеше договор во 2013 да и се вратат одземените територии на Македонија после Балканските војни? Не беше ли тоа Букурешкиот Договор? Или нешто грешка сум... ајде историчари! :)
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека така нешто беше. Некои земји воопшто не сакаат да влезат, а ние дури и име ќе смениме само да влеземе. А каде? Ама ете ти ќе има некој фајде и од тоа, па форсира.
     
  12. santa

    santa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    7
    Категорично не!!! Прво треба да се средиме како народ и како држава, а потоа да мислиме за нешто подалечно кое во случајот и не е тоолку битно за опстанокот на една држава како нашата ни :l: МАКЕДОНИЈА :l:
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.202
    Допаѓања:
    23.963
    во бугарија не е најсјано, ама живеат многу подобро отколку пред 10 години. И многу им има помогнато ЕУ . (исто како и во Романија)
    Не сум за промена на името. Мислам дека нема Македонец што е за промена на името и идентитетот, ама искрено никаде не одиме. И не сметам дека ќе тргне напред работава во брзо време.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Да престанат преговорите.
    Значи девојките пред мене кажале се што јас сум сакала да кажам:
    - (бројче) Платите ќе останат исти, цените ќе се покачат, па ќе се чешаме.
    - (Кате) дур да влеземе ние во ЕУ, ќе се распадне :lol:
    + кои сме ние (?) да одлучуваме за иднината на идните генерации.

    Макар никогаш да не влеземе во таа мочана (пардон ама морав :lol: ) Европска Унија, Грците ако сакаат на глава нека се превртат, ние име не менуваме.
    Ајде сега некој да дојде тука и да ме прекрсти мене.
    Страшна работа :o

    Ќе пишував уште, ама многу сум осетлива на темава и станувам вулгарна, а не сакам така да го грдам постов.
     
  15. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    точно во 2013 треба да се вратат териториите на Македонија, договорот е во времетраење од 100 години :)
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.202
    Допаѓања:
    23.963
    Од Скандинавските земји, само Норвешка не е дел од ЕУ (затоа што имаат нафта сопствена, а со влез во ЕУ ке треба да ја делат). Велика Британија е од сам почеток во Европска Унија, односно во Европската Заедница што многу подоцна ке стане Европска Унија. А во Швајцарија е сконцентиран најголем дел од парите (капиталот) на ЕУ заради јаките банки кои ги имаат. Исто како што Норвешка не сака да го дели профитот со ЕУ, така и Швајцарија.

    Муабетот ми е (може треба цел пост да оди во темата за Европска Унија) е дека ние како мала земја која нема излез на море, нема нафта, нема инфраструктура немаме што да и понудиме на ЕУ ( можеме ние само да искористиме од нивните фондови). А баш и како таква мала земја, која нема инвестиции затоа што се смета за политички нестабилна, (и 1ва во свет по невработеност) неможеме сами многу да напредуваме.
    (посебно НЕ со нашиве мили 2 партии на кои единствена цел им е сопствениот а не државниот интерес).
     
    На O.l.i.v.a и TennisBabe им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Што сакаат нека прават. Од ова полошо мислам дека неможе да биде. Мене воопшто не ме занима како ќе се викаме, Македонија или незнам ти како. И не сум патриот ниту пак се замарам нешто посебно со земјава. Мене оваа држава ми нема пружено ништо ама апсолутно ништо за да јас ја сакам и да давам глава за неа. Очи нека вадат, ако е поарно за народов да се смени името воопшто не ми смета. Сеедно ми е. И онака веќе гледам да фатам патот оттука.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Не би сакала да се менува името! Зошто да си го изгубиме идентитетот? Заради што му текнало на нашиот јужен сосед? НЕ!!! НЕ САКАМ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО!
     
  19. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Дефинитивно треба да престанат преговорите и да си остане уставното име на Република Македонија.
    Македонија е прекрасна земја, но сметам дека во неа треба повеќе да се инвестира и да се подобрат условите за живот.
    Можеме да имаме добар живот тука и без членство во ЕУ, но секако доколку се вложи повеќе во нашата прекрасна Македонија.
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.202
    Допаѓања:
    23.963

    a da te prasam samo.. Koj ke investira vo Makedonija, ako ti kako zemja ne garantiras stabilnost, za da moze biznisot da se rasvie?? Zatoa ni treba EU draga, zatoa sto EU nosi stabilnost i sigurnost. Primer za toa ti se Bugarija i Romanija. Vidi kolku samo se razvija od koga vlegoa vo EU....