Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Да, Офи, поврзано е и те како за гробот на Александар, значи го опишува пренесувањето на гробот од Египет во Македонија со робови, потоа вмешување на многу познати личности итн. Сега пак цела книга ќе ти ја кажам вака :D :D интересна е, а сега што се случува со книгата незнам,бидејки книгата, тоа се всушност бакарни плочи на кој е пишувано, а подоцна според неа пишувано и толкувано е книгава наречена исто, Бакарна книга.Мислам дека ја имаат и однесено во некој институт за да се открие и материјалот на кој е пишувана книгата - бакар, интересна е,незнам дали ја има на интернет за да се симне.
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Баш ме заинтересира сега ова. Ќе ја побарам на интернет, а и ти ако случајно ја најдеш да се симне прати ми линк :)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Да, обавезно :) ќе проверам низ интернет,па ќе ти кажам.

    Мислам дека многу ќе изгубиме,ако се смени името, затоа што веќе ако решиле да го менуваат, треба да знаат дека нема само име да смениме, тотално ќе смениме се, се што кажува Америка нема врска.
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Па преговорите, никогаш и не биле само за името де. Тоа можат само сите оние кои учествувале во преговорите да не лажат, бидејќи ако се било така лесно, уште кога ни го залепиле она ФИРОМ и кога го сменивме знамето ќе се решело.
    Ама станува збор за цел пакет на прашања кои паралелно со името на земјава треба да се решат, што вклучува и прадавката „македонски“, што значи јазик, народ, култура и се останато е ставено под знак прашалник. Постои голема веројатност да бидеме принудени и да направиме ревизија на нашите историски читанки и уште многу други занимливи работи... кои се одлагаа до сега не заради друго, а бидејќи не многу фини биле предлозите :) и за нас, ама и за Грците. Прост пример, ако не беше се друго во прашање, ќе имавме ли ние толку натегања и во рамките на ОН и во рамките на ЕУ околу документите во кои стои придавката „македонски“.
    И со Бугарија нели го решивме прашањето за јазикот :D во време на Љубчо, тогаш толку фамозно ја преставуваа спогодбата со која си се тапкавме сите по гради, за потоа да обелоденат во јавност дека форумлацијата која стои во самата спогодба нема ништо општо со било какво признавање на македонскиот јазик, а „државниот јазик“, односно јазикот што државава го избрала за официјален на нејзина територија... тоа не значи дека рекле македонскиот јазик е македонски, а не бугарски.
    Дипломатски игри, кој верува дека се е така лесно и едноставно уф, јака му душа. ;)

    За ова ли? Тајната на Бакарната книга?
    http://mesto.com.mk/video/0044ae3bdce98 ... 0%B5%D0%BB
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    ЕУ не НАТО да!
    ЕУ не од причина што платите ке останат исти а цените ке рипнат многу и ке исцркаме за јадење и скраја да е може ке бидеме прв народ кој што исчезнал од глад.
    НАТО да затоа што ја гарантира стабилноста и ке се зголемат многу странските инвестиции т.е. дирекните странски инвестиции па ке се отворат нови раб места, па ке здивнемем малку.

    А за името хехехе и да го решиме по некое чудо со Грција, на ред е Бугарија а со неа ке имаме уште поголем проблем отколку со овие пропаднативе. Многу поголем проблем.
    А верувајте како што е тргната работава во земјава самата власт води политика да сам народ рече: Нека се гони и име и се у пм дајте леб! Не знам дали приметувата ама така ја тераат да го бапнат народот во сиромаштија, па кога ке ви свири стомакот ич нема да ви биде гајле како ви се вика државата верувајте...кој доживеал знае!
    И само за потсетување...Јас колку што знам 1912 е инзче Букурешкиот договор видов неколку пати 1913 значи не, туку 1912 е и да најбитното за нас- потпишан е меѓу Гција, Бугарија и Србија (Југославија, СХС ) и пазете...нема ни ти еден потписник од Македонија...ауууу. Е тоа е најзезнато нешто. И гледате и денес- Грција не ни признава име, Бугарија не ни признава народ ( идентитет) а Србија Црквата. Јасно ко ден.
    Извинете што забегав малце ама ете зашто иаме проблем.
    Поздрав
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Има кај нас тука остатоци од времето на Александар,а и во Грција.Ако Александар не бил ниту Македонец ниту Грк, немало да биде таа вековна војна помеѓу Македонија и Грција.Како второ јас лично сакам да си ја знам генеалогијата на мојот народ, затоа и се замарам со овие работи :) Како трето Илирите , Тракијците - на територија на денешна Бугарија, Пајонците ( не Панонци) - на нашиве простори,но подоцна се, Александар не се занимавал многу со нив,поточно со Тракијците, повеќе со Грците, Периската империја,Индија.Како четврто јазикот на кој зборувал Александар се нарекува Коине, на тој јазик зборел исклучиво само со своите луѓе- генералите,народот, затоа во тој период многумина не го разбирале кога тој разговарал со нив, мислам дека на Каменот од розета го има, а е многу сличен/ист со денешниов македонски јазик на кој ние говориме.Нашата традиција што ја имаме ние, ја имал Александар, начинот на кој се прави една свадба се правела тогаш, се прави и сега,поточно свадбата на Клеопатра,како најидентичен пример.Има доволно археолошки остатоци кај нас од времето на Александар или приближен период на периодот на неговото владеење.Македонскиот народ во суштина е плав народ, неколку векови подоцна настанува мешање на народите. Сето ова го знаат Американците, нивната воена стратегија, поточно во Ирак,Авганистан, се темели на воената стратегија на Александар Македонски.Многу историски личности сакале да бидат како Александар, Јулие Цезар, па дури и Наполеон Бонапарта и уште еден куп познати владетели, а колку биле идентични на него тоа не можам да кажам.
     
  7. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Аха....Благодарам за информациите ама јас кога учев историја нас не учеа и тоа професор тежок ВМРО-вец баш од него научив дека Александар сам зборел грчки и дека на територијата на античка Македонија официјален ( ако може така да речам ) јазик бил Грчкиот да, и дека кој ја немал прифатено грчката култура го сметале за варварин. Да, и зашто Александар се сметал себе си за син на Зевс?
    Закључок- Изгледа сите учиме различно во зависност од расположение на поединци. И што ми е гајле за Александар и се тоа пред 2500 години кога јас што се вика трпам за леб во 21ви век 2011 год?
    Иначе јас сум со Влашко етничко потекло и знам само едно- Власите биле единствениот народ што не се измешал со останатите затоа и се повлекле тие во планините..за да не се мешаат. Или Вие друго учевте? Баш сакам да знам што.
    Ради ова не ми е гајле затоа што ни јас ни ти никогаш нема да се докажеме...ни ти некогаш ке разбереш за твоето како да кажам потекло ( од кој народ е ) ни ти мене ке ми се разјасни оти народов ни е пијан и се запнуваат со копање по историјата и вадење фосили.
    Тоа ни е проблемот нас и како држзава и како народ....ДОДЕКА КОПАМЕ ПО МИНАТОТО НИКОГАШ НЕМА ДА ИМАМЕ ИДНИНА...сама поговорка го кажува твоја и да пазиме само на тоа дека ДОДЕКА СИ ЈА БАРАМЕ ИСТОРИЈАТА ДА НЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ГЕОГРАФИЈАТА! Ептан така ми оди се.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Масноли, кажи ми во таков случај Бугарите и Грците, според твојата теорија, т.е теоријата по која ти се водиш, од каде потекнуваат?
    Кои се корените на Бугарија? Од славјанството ли им почнуваат? Нашите корени од кога датираат во таков случај? Од зад Карпатите ли се дојдени нашите предци? Ајде најди ми истражување кое покажува дека зад Карпатите живеел народ, бидејќи јас тоа не го знам, кажи ми ископини археолошки, населби, садови, од толкав голем словенски народ кој се населил потоа на овие простори веројатно има да се копа и да се копа, слоеви и слоеви археолошки богатства, бидејќи оваа земја е полна долж и попреку Балканот, со артефакти од античко време, значи подеднакво и тој простор би требало да е полн. Словените тука кога дошле да се населат никого ли не нашле? Овој простор бил бришан простор ли? Каде исчезнал тој народ што бил тука или воопшто немало тука народ?
    Според тебе, нашата историја од кога треба да датира, која историја треба да ја сметаме за исклучиво своја?
    И за моите предци, инаку како бабата Луна, никој нема изградено споменик, а загинале во Прва светска војна, некои се бореле во Балканските војни, дел на страна на Бугарија, дел на страна на Србија, презимињата им варирале, пак и жените на сите до еден биле измачувани и убивани, бидејќи нивните мажи оделе да се борат за автономија на оваа земја.
    И мојот татко има милиони приказни, особено за една таква негова баба, преживеана од Османлиско, која штета била со пресечен јазик пак не можела да им раскажува за тоа време на своите наследници, за сето она што го преживеала таа и нејзините.

    А, Македонија во време на Букурешкиот договор нема свој потписник бидејќи Македонија во тоа време немала автономија, немале Македонците своја држава :).
    Тито не создал.. вака како тргнува муабетот, евала за бугарите, шест години живеев кај нив и се противев на нивните будалаштини и доживувам во своја земја да чујам теории кои ми наликуваат на она нивното, „Македонија е вештачка творба создадена од Тито„
    Излегува, Македонците сме си Бугари... не зезнале значи, не лажел дури и Тито?
    Инаку размислувајќи вака, во толкав временски период некогаш и негде ќе беше создадена македонска држава, многу пред Тито, а немало... Штом не била создадена ха! Нема Македонци, никогаш и не постоеле.
    Но, драго ми е што ти си на јасно за своите историски корени и свесна за нив.
     
  9. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    А за свадбите ке те демантирам ама одма и ке ти кажам кратко и јасно иако не знам од каде си- Секое населено место во МКД има различни адети. Од село во село се различни така...да тоа се многу измашани обичаи и тоа ама апсолутно не можеш да го користиш како релевантен аргумент. Грешка си. Благодарам
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Незнам за Власите, така што немам што да кажам.Мене ми е кристално јасно дека не можеме да докажеме, јас не го докажувам моето мислење,а немам ни намера да го докажувам, само дебатирам врз основа на тоа што го знам, како сега за Македонија, името итн.Доколку ме прашат ќе одговорам, доколку не, не одговарам, не навлегувам во дискусија било каде ако јас самата сметам дека не можам да дебатирам на некој тема, ако сметам дека можам, дебатирам и толку, тоа е се :)

    Во целата ситуација сегашна што ја имаме во земјава, во позадина стои Америка помеѓу нас и Грците, а се знае колкава е моќта на Америка.

    За свадбите, без разлика каде и каков е обичајот во Македонија, бил ист со начинот на организирање на една свадба во античка Македонија, впрочем кажав и претходно.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Жапче види вака. Дали виде негде јас да се слагам со тоа дека ние сме словени? Најди ми дел каде што јас го имам напишано тоа и извади ми го тука за да се извинам. Ама како што гледам или не ме сфаќате или не сакате да ме сфатите. Јас зборам само едно- никој не дошол од пред 2500 години да ни каже што сме и ти сама си свесна дека ние не сме дирекни потомци на Александар и не ми е јасно зашто да му се поклоувам на некој кој што ни светската историја не знае точно што бил а јас ке се тупам во гради за него? Значи ако сум кажала дека не сме од Александар не реков дека сме словени немој и ти ко овие од власта уште малце и Филип Рикер ке го напраат член на СДСм оти ги критикува знаеш како е кај нив а не ти се свиѓа некој владина одлука одма си СДСМ...така и ти ми напраи. Искрено јас лично не верувам дека имало некои словени што го населиле пола свет...нелогичко е тоа. Овде на нашата територија имало многу народи и логично е само ние да сме мешавина од повеќе народи каде што секако се можеми и античките македонци. Ако гледаме така 500 години сме биле под турско ропство...кжи ми сега ти мене ние сме турци или турците у турција се македонци? А!? Едно е од двете така? Бугарите се Татри иначе за Србте не ми текнува.
    Друго- Какви територии очекувате по 2012 ако се отвори договорот кога нема наш потписник? И ако гледаш на тој договор Грција е во право за Македонија затоа што 51% од вистинската Македонија е во Грција и со право не пердашат нели... ( логички ).
    А ние би требало да датираме вакви какви што сме од врмето на Кирил и Методиј...колку биле словенски просветители не знам затоа што колку што знам Солун никогаш не бил освоен од никој ради ѕидовите....битно од нивно време.Ете кратко јасно Ако те интересира уше нешто прашај со задоволство би ти одговорила тебе....оти искрено ова..пообјективна личност неам сретнато и за тоа ти спуштам капа. Секоја чест! :clap:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    ОК погрешно сум те сфатила во таков случај, можеби бидејќи премногу филозофии имам слушнато од луѓе кои директно не поврзуваат само и само со Словените пак затоа поставив прашање, помислив и овде да не станува збор. Се извинувам за тоа.

    За античката историја, кој бил што бил поима си немам. Историјата секако ја пишуваат победниците и дури и да оние наши историчари се во право, нема да докажат никому и нема да се промени светската историја, а напротив вечно ќе бидат сметани за налудничави.
    Народ без држава не е народ. Нациите кога се создавале, ние не сме биле присутни :)
    И тоа е проблемот со овој народ и тоа е проблемот и кога луѓето на пример се прашуваат зашто овој народ не оди на протести.. па тоа е. Треба да имаш чувство на припадност кон определена територија, култура, историја, традиции.. народ, а не да размислуваш само како да спраштиш од тука.
    А, баш поради тоа немање, го разбирам и оној дел од народот кој се пали на споменикот и сличните дела од антиквизацијата, бидејќи просто не сме го имале тоа во државава никогаш. Националното чувство никогаш не било воздигнато, и на таа карта игра актуелната власт и само поради тоа се овие луѓе глупави за мене, бидејќи се искористени. А, не ги обвинувам за нивната потреба да си ги откријат корените и да се веселат на патриотски песни :D
    Нашата позиција како народ низ вековите била просто објект, не субјект.. така е и со Букурешкиот договор, дури и денеска кога сме држава, ние продолжуваме да бидеме објект на дискусија, макар што овој пат присуствуваме на преговори ДЕМЕК како субјект :), ама тоа е приказна за мали деца.
    Што фајде ако присуствуваме. Името секако ќе се смени. Штетата секако ќе е наша. Грција секако добива. Тие немаат што да загубат.
    Секој спор се решава според тоа на чија страна се великите. На наша секако не се, никогаш не биле никогаш и нема да бидат. Од тапкање по рамо земјава е каде што е, надвор од сите сојузи, без име, без јазик, без националност... дискутабилно се. Сеедно не има, постоиме, ама... не баш.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Потполно се согласувам со ова. Многу убаво кратко и јасно кажано. Се што мислев јас и постепено што го кажувам ( тоа дека сум ептен перфекционист и ситничарка не дека сакам :D ) си го напишала. Ти дужам 50 евра за пласирањето на моите мисли како што треба...хехехехе. Шала на страна се согласувам од А до Ш и само се прашувам едно.. Што се деси со Гоце Делчев Питу Гули, Даме Груев, Сандански....или само декор за во химна се? :D Ма пијан народ Бог да чува...никој не може да биде поголем патриот од никој во сопствената земја СЕКОЈ СИ Е НАЈГОЛЕМ ПАТРИОТ ЗА СЕБЕ...и јас и ти и таа МКСкорпионка со која што имам јас така дискусија пожестока и Оффи и Мерлинка и сите ние...сите си ја сакаме земјата..треба да ми каже некој дали и колку? Не!.. Идури не го научат тоа политичариве, дури играат на оваа карта ( национализам )....кажав - РАДИ ИСТОРИЈАТА ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ГОГРАФИЈАТА.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Не е дека ради историјата ќе ја изгубиме географијата, на нас и онака ни земаа неколку делови од нашава Македонија :doh: , а не пак сега за мало делче, нема врска поради историја, ако големите земји сакаат да не збришат, ќе не збришат.Додека со историјава е чисто онака една историска пресметка :D помеѓу нас и Грците, во која ако не би биле во позадина американците, до сега од одамна ќе беше завршена пресметката :D секако во наша полза ќе беше :geek: :D
     
  15. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    не сум за промена..и мислам дека нема како да исчезнеме..сепак нашето име е бренд во светски рамки...
    ,,на Македонија и должиме две работи - прво признанието дека таа е колевката на светската култура и второ ние т.е Европа и должиме извинување за сите неправди кои и ги имаме сторено...Ото фон Хабзбург
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Мислам дека оваа Влада нема некое конструктивно решение ниту пак дипломатија за решавање на овој проблем. Ќе се провлекува оваа прашање од маса на маса се додека не дојде 2014 год. кога ќе се направи ревизија на Букурешкиот договор направен далечната 1914 год (обично на 100 год. на такви договори се прават ревизии) и кога ќе се види што, кој и како направил.
    Повеќе од очигледно е дека не е во прашање идентитетот или докажувања или сл. глупости туку лоша дипломатија и политика.
    Ќе видиме колку САД сега ќе го притисне Грујо за да се реши ова прашање. Ако би бил малку попаметен, а сите знаеме дека добар улов е во матно, треба да ја искористи предноста што ја има како резултат на случувањата во Грција.
    Како и да е, според мене името не треба да се менува.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.220
    Допаѓања:
    139.946
    Може делумно ќе бидам оф-топик, ама имам потреба да се искажам, а овде ми се чини најсоодветно.

    Кога ќе ја слушнам „Едно име имаме“ и помислам дека може да ни го сменат, душата ми се стега, останувам без здив, снеможувам што викаат во Охрид.

    Сега слушнав и нешто во што не сакам да верувам - дека и химната ќе ја сменат. И ми се случи истото, останав без воздух.

    Да ми кажеше некој дека толку многу ми значат, немаше да му верувам!
     
    На wolf4e и Phyramide им се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Македонија си е Македонија нема менување ако сакаат Грците нека си се сменат грди луѓе :^) :^) :^)
     
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266

    исто и со мене. НИКАКО за промена на името, па дури и по цена никаде никогаш да не влеземе.
    историјата и минатото што го имаме е побитно од лижење г'з на грците и сите европски комесари, посредници и полтрони :devil:
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Џabe ја туфкаме сите ние, тоа е веќе договорно и мислам дека одамна одбрано име, само се чека момент кога ќе не изненадат, пријатно |( КОлку и сите да сме против а сме Сите, реално, никој не го еспаи народот! Не сакам да бидам песимист, но мене работава така ми мириса :doh: