Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не знам што ќе се преговара???? Нема преговори, се знае кое е нашето име и крај!!!
    Ама `од горе` се сите притисоци, па не е така лесно како што изгледа. Сепак Груевски компани добро се држат сега засега и се надевам дека ќе успеат докрај со сегашниот став!
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не сум за промена името, колку и да носи тоа подобра иднина. И додека влезе некоја силна инвестиција, и додека не примат во ЕУ и така натаму ќе помине доста време, а и дали ќе се оправиме со тоа или пак ќе бидеме до гуша со проблеми. Врти сучи исто ми се фаќа.
    Не е дека тие земји членки во Нато и Европска унија имаат кој знае каков златен живот. И особено ме нервира кога луѓе се осврнуваат на Шведска или Данска. Животот таму. Во ред, е ја знаеме состојбата но далеку сме од тоа да се споредиме со нив.
    Не е Македонија единствен пример, ниту пак во Хрватска не е сјајно да речеме. Каде и да се отиде, работа нема за сите струки.
    Ние сме таков народ. Сите ги сметаме за подобри од нас, пуст менталитет, а тамошните многу јасно си го сакаат родниот крај.
    Мене лично влез во ЕУ или било каде ништо не ми значи. Доволно ми беше што ни се укинаа визите барем не мора кај бугарчиштана да се клањам и молам за влез во таа земја.Моменталната економска ситуација ја гледаме каква е, само ние сме си навикнати па не не стрефува срцев удар што одморот на Хаваи сепак ќе го прескокнеме идното лето.
    Да не должам многу, никако не сум за промена, а што ќе одлучат тие над мене..
     
  3. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Менување на име ?! А за што? ЕУ може утре да се распадне а ние да бидеме влезени во историја како некој кој се откажале од вековната борба и сонот на нашите предци кој го оставија животот за Македонија само заради некој поволности кој ги добиваш со членството? Ма наместо да се инсистира толку на еу и нато треба да се размисли и друга страна Африка и Азија да се седне и да се направи стратегија која ќе почне да се применува со цел освојување на овие пазари каде ќе ни биде полесно
    Воен сојуз ок не не сака Нато нема проблем еве ви ја Русија и само што ќе кажат русиве дека сакат воен сојус со нас ќе не примат во нато! Излез има но менување на името несмее да се случи!
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Аргументов "ЕУ ќе се распадне" ви вришти :rofl: Незнам кој ве лаже со тоа - ама нека прекине, аман за аман :rofl: Божем ЕУ е Југославија па има свој назначен доживотен претседател, па кога ќе почине претседателот народите меѓусебе ќе се исколат. Смешки.
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па не знам што е тука толку смешно :?: Секако дека терминот „ќе се распадне“ е мислен фигуративно, јас барем верувам.

    Ако Европска унија со оглед на тоа во каква состојба се наоѓа моментално, а ќе биде уште полошо, само е прашање на време, не може да функционира како единствена економска сила, значи де факто нема да функционира.
    Нормално дека ЕУ не е Југославија. Секоја држава членка си го задржува сопствениот суверенитет се додека истиот не го попречува економско - социјалниот интегритет на Европската унија. Нема да се создадат наново граници, тоа е јасно.
    Но ако навлеземе подлабоко во Шенгенскиот систем единствено што може да се случи е да се укине - а знаеме дека со неодамнешните случувања во Африка со огромниот бран на бегалци и ова беше веќе предложено од страна на некои членки на Европската унија - укинување на шенгенскиот систем привремено односно воведување повторна контрола помеѓу државите на граничните премини.

    Што се однесува до економската состојба во која Европската унија се наоѓа, по некоја случајност во мојата блиска професионална средина имам луѓе кои го следат тоа и се експерти. И не ми мириса на арно ама ич. Баш прошлата недела имавме вонреден состанок на оваа тема. Грција е прва која ја влече (повторно фигуративно кажано) Европа надоле, а да не ги заборавиме и Шпанија, Португалија, Италија и Ирска. Европа има можност да спаси уште само една земја. За другите нема пари. Затоа им чади од ушите на врвните европски политичари а најмногу на Меркел и на Саркози. Знаеме точно зошто им е потребно очајно да ја спасат Грција - затоа што имаат таму пари. А за другиве држави - епа мало морген.
    Поедноставно објаснето, кога веќе немаш од што да црпиш а сите резерви ти отишле во црна дупка, епа де факто - не постоиш :)
    Се разбира ова е најцрното од сите можни сценарија. Економисти имаме на форумов, тие би знаеле поубаво да објаснат што всушност се случува во Европа и зошто не е на арно ситуацијава.

    И да потполно се согласувам дека за ваква Европа нема потреба Македонија да отстапува од таква есенцијално битна ствар као сопственото име. Друга работа е што е сосема реално дека тоа име кога - тогаш ќе се промени. Се лупале ние Македончињата во гради или не.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Според мое мислење не станува збор за промена на име како ,,Македонија,, туку промена на термините ,,македонски народ,, ,,македонски јазик,,... значи тука е проблемот. Тоа значи и целосно менување на Уставот. Да беше само името досега сто пати ќе не прекрстеа како сакаат.
    И да се излезе на Референдум повеќе од јасно е каков ќе биде одговорот. Единствено се плашам ако се излезе на Референдум се напишат такви двосмислени одговори кои ретко кој ќе ги разбере, тешко дека ќе дочекаме солуција на одговор со ,,да,, и ,,не,,. Како и да е се знае исходот од Референдумот па нема да е на одмет да се пропере још некој денар.
    Кога би имаче прави политичари, би седнале на маса и би го решиле проблемот - е тоа е права политика.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Прееска слушнав малку на тв, а сега проверив и на интернет, некаква акција од страна на владата и археолозите има во Делчево :^) а според тоа што прочитав, веројатно било поради еден тунел изграден во Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор.Прибидејки се споменува тунел, злато, моја претпоставка е дека на Ацка наш гробот го бараат, некако како сигурна да сум, знаејки како некогаш бил однесен неговиот гроб на тајно место, каде пред да се влезе во неговиот гроб се поминува низ тунел, па потоа се стигнува до гробот преполн со злато.Најчудно е што сега надлежните и ареолозите ништо не говорат за ова, не дозволуваат да се снима :geek: се одвива сето тоа во тајност :geek: .Е сега веројатно е тоа што мислам, зошто што ќе им е еден тунел и како божем полицијата само им помага на археолозите :geek: :?: :^) Е бога ми ако го најдат, тогаш се што зборат грците, ќе пропадне во вода :D а најверојатно е дека тоа би имало влијание во преговориве, во докажувањето на нашиот идентитет, претпоставувам, поради мистичноста на сето ова.Незнам дали некој слушнал, ама е доста чудно :?: :^)
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    На Сител рекоа дека според делчевци таму во тунелот каде било планирана изградба на железничка во 2та с.в., швабите оставиле внатре некој камион полн злато - 30 тони ако не се лажам, ако се лажам, простете! Не проверив, ме мрзи :D
    А,ништо чудно некоја акција да е за Ацко.
    Паско бреј ја „решилл“ као загатката - ахам, таму е! :D
    Не само што никој не говори, него и општината немала пристап до таму рекоа :) толкава тајност заради камионот аман, или можда баш ради златото, пошто ќе не спасува од грчкиот „потоп“ :D
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Баш пред неколку часа поминав до тунелот каде што го копаат. Голем беше отворот и имаше камиони и луѓе. И на враќање беше темно и го осветлиле местото. Си велам кој знае што прават.
    И после на Сител слушнав и јас дека можеби се наоѓал таму камион уште од 40тите години полн со злато. Но полицијата и археолозите сеуште не откриваат за што се работи. Кажале само дека било некое археолошко откривање и ги замолиле повеќе да не ги прашуваат. Ниту на камерите им било дозволено да се приближуваат, само со налог.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тие кријат, а мене одма ми светна дека заради Ацката наш е :rofl: пусти Аце, се превртува, мир нема од нас и грцине :wasntme: :rofl: Абе сто посто е гробот, знаејки како бил однесен од Египет до тука, со робови, почетокот на просторијата во која се наоѓал е исто како што сега зборуваат за тунелов, затоа не ме чуди тоа да бараат, а дополнително што и владата е вмешана во тоа, не само сегашнава, па и НАТО бараше исто во војната кога беше тука, што сега и нашиве бараат. Не може за еден обичен канал кој би имал неколку само артефакти, за тоа да се случува ова во голема тајност, их бре ама сум радознала, уште да им отидам на лице место, да проверам и да се осигурам! :D :wasntme: Е сега карактеристично што уште кога бил пренесен неговиот гроб тука, во тоа време на ист начин во тајност се одвивало тоа, римските војници после пренесувањето биле убивани, со цел да не се дознае.А злато не да има, врие :D всушност се она што се оставило со погребувањето негово.Претпоставувам, затоа што и те како им е битно на нашиве, а што би било еден доста силен аргумент во преговорите, не дека одвивањето на истите само од нас зависи, но пак ова има донекаде голема улога.
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.468
    Пол:
    Женски
    Неможам да го сконтам образложението и причините со кои би се ставиле на тепет променаТА на нашето име, окончано со устав, знаме, химна.
    Тоа е безсмислено, исто како да ја земаш било која земја и да и упатиш вакво барање. Настаните кои биле во СФРЈ, завршиле пред 20 години, и веќе толкав период живееме под ова небо со знаење дека сме самостојна и суверена држава, која сама одлучува за својата иднина.
    Повеќе од сигурна сум дека додека е оваа влада, никогаш нема да влеземе во ЕУ, а со ова наше легитимно име, па уште посигурна-НИКОГАШ. Тоа е пајажина од игри и комбинации, кои не се во прилог на врвот на државава, и моменталнава ситуација ке трае паралелно со нив.
    Во никој случај не смее да се дозволи да дојде до промена на нешто кое постои 20 години и кое ни го гарантирало секое право како народ и нација, под никакви услови и притисоци.
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    „Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е, ести голем, ако останеме без името наше, од кое уште се плашат ко од чума. А без име, векутуми, а без него и гробовите ќе ни бидат празни.„ -

    Петре М. Андреевски :bow:

    Не знам што повеќе да додадам ... Се имам изјаснето . Крв давам територија и идентитет НЕ !
     
    На thelittle17 и angelce1 им се допаѓа ова.
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    А што мислите што ќе се случи ако влеземе во ЕУ ??? :) Сигурно нема да има ништо посебно, освен поскапување на се' :)
     
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.355
    Допаѓања:
    286.409
    Усвет ќе фане народот :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ако решат да го сменат името, ќе не снема, мислам премногу едноставно е, тотална чистка ќе направат.Е сега дека се плашат од нас како од чума, се согласувам, само проблемот е што нас на секаков начин направиле да не сме многу моќни, покрај војската.Доколку би ги имале сите можности, верувам дека ништо и никој не би ни можел, а најмалку Грција :!: прво што Америка малку троа не имитира од нашиот некогашен начин на владеење, второ немаше американциве да ги величат нашите војници во Ирак, каде што се, а како трето е сегашното повлекување на американците од таму, поради загубата на војниците, всушност и нивното справување таму, кога веќе би збореле за издржливост.Не зборам дека не би требале да ги повлечат, сепак луѓе се, но многу работи се толку контрадикторни од страна на Америка, што и човек што појма нема од политика ќе му стане јасно која е целата тактика.Ах..и уште ред други работи. Туку работава се тегне цело време, па којзнае може во иднина ќе се откажат од нивните напори за да го смениме името :D
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ^^

    Не сакајќи да навредам некого ама кога веќе се упатуваат на дискусија и да дадат мислење па и глас на темава(не само на форумов туку вооопшто ) да бидат бар маку поупатени .Многу малку знаат всушност што се случува . Трчаме во ЕУ за пари , за многу не им игра улога додавка кратенка во името не знаејќи дека со тоа сами се закопуваме . Одамна името не е проблем бар не само името . На Грција и смета што постоиме , што не има како народ како нација како држава . Името е само изговор , само сламка за која се фаќаат.Тоа ерга омнес значи дека сака да не смени начисто , а историјата овој исконски народ да исчезне. Дури тогаш сме вечтачка нација некој кој не знае што е која е и што сака . Што мисилите дека Грција толку би фрлала пари на лобирање би се брукала по Европа и би се замарала со една државичка која во Меѓународната политика е никој и ништо ? Токму затоа пресудата во наша корист е мнооогу важна , тоа е шлаканица која ја жигоса Грција која се избрука . Македонија може да влезе во НАТО затоа прекин на преговорите никако . Таман направивме чекор напред историски . Светот дозна дека имаше Македонија право правно ги поразивме . Ќе почне да тоне Грција се ослабнува нејзината позиција на мегународен план повеќе не е толку силна за да се дрзне и да даде отпор на една Америка . Америка гледа кај има корист . Демократијата на Обама е на страната на Грција за разлика од Бушовата , републиканската . Таков притисок како што Буш се залагаше за Македонија тешко дека ќе се повтори . Но сепак оптимист сум , грците и покрај се не ја добија очекуваната подршка од Обама . На идниот самит во Чикаго под притисок на Америја , Грција би можела да не става вето , зошто не е во состојба тоа да го прави , ако Америка ги притисне . Но сепак надежта ни е во ЛОБИРАЊЕТО . Доволно ни е НАТО евроспката унија како ваква во моментов не ни треба . Затоа оние што се за промена на името прво да подразмислат дали знаат што е идентитет па да се осмелат да изгазат толку години , крв и жртвување . Малку се свесни за влогот .... многу малку .
     
    На angelce1 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Несакам промена на името и ако го сменат само за во Европска Унија јас се селам од тука ! (така е зборот :) )
    Го сакам името Македонија, поарно да не сме член на ЕУ отколку да бидам Северна Македонка или незнам ти што !
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Во право си за лобирањето, нешто што треба да направиме, а тоа им е во корист на грците, тоа што постојано го прават,покрај тоа што Америка е на нивна страна или беше незнам, сега нели по ова што се случи со пресудата,која излезе во наша корист.Секако дека е важно што ние мислиме, само од една страна Америка ако сака да не збрише, ќе не збрише и нема да и треба многу, затоа што таа е диригентот на целава работа, да беше до нас и грците лично, од одамна ќе беше ова завршено.Америка точно знае која била Македонија некогаш, сите знаат не само Америка, ама не им одговара, а освен тоа што имаат сила и моќ, нешто што дополнително им го овозможува тоа право за таква политика да имаат.Пример и да се смени името, ние ќе бидеме избришани од секаков аспект, не би да навлегувам детално во аргументите кои наводно ги има Грција, а ги нема, затоа што сосем спротивно би говорела од нивните тврдења за Македонија/македонштината.Ние генот од античките македонци ги имаме, а што е уште еден темелен аргумент, само прашање е на време целата оваа работа, ништо друго.
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Посакувам да се најде гробот на Александар знам дека предвидуваат дека се во Персија мислам дека беше ама замислите да се најде на наша територија ... Тоа би била конечна капитулација на Гејлада ^_^ . Решение ќе има и тоа во блиска иднина зашто на цела Европа и воопшто светот им скисна од ова тупење. Нормално предвидувам дека биберот (САД ) ќе замеша прсти само не знаеме каков ќе биде пазарот . И кој ќе го извлече подебелиот крај . Правдата е на наша страна , светов никогаш не функционирал фер.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Па гробот на Александар е тука во Македонија, џабе не беше тоа сега скоро што се случи во Делчево,не е во Персија.Значи тоа е уште еден дополнителен аргумент, охооо колку против аргументи има кога станува збор за споров :D :D не се свесни грците.Е сега кога Америка ќе посака работите да бидат како што ние сакаме, тогаш ќе цветаат рози :D :wasntme: Грција како држава отсекогаш била зависна од странските држави, не е од сега, плус тие ја имаат формирано или имаа удел во формирањето нејзино, така ми се чини беше, не ми текнува добро во моментов.Па ако сакаат да кренат раце од Грција, тогаш таа не би била сега тоа што е.Нашиов проблем изгледа како нерешлив, само се одолговекува нешто,треба еднаш засекогаш да се реши и доста е веќе.