Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.662
    Допаѓања:
    106.771
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно да престанат овие преговори и никаква промена на името.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Нашиов проблем е решлив само немаме здрава политика за да го решиме.
    Ако ја испуштат и оваа 2012 год. и не запнат да се направи ревизија на Букурешки Договор од 1912год, тогаш се испуштени сите шанси.
    Тие можат да трубат колку сакаат дека со решавање на името ќе се влезе во ЕУ ама вистинско прашање е колку сме навистина спремни да влеземе во ЕУ. Знаеме со какви атрибути располагаме и какво стопанство, а за политика :x
    Имаше можности и солуции да се реши името и тоа во време на деншнава владејачка партија. Една како најдобра солуција беше (според мене) да во Грција се пишеме Македонија-Скопје а во ЕУ станеме Македонија, ама што ќе се случеше?!? Ќе рипнат патриотите во стил како тоа Скопје нема Ск. само Мк и владеачите ќе изгубат рејтинг и автоматски губат на избори и бап Б.Ц ќе си ја наследи фотељата со навидум решен проблем. А кога станува збор за фотеља е многу дирљиво прашање. Пари се во прашање, пари и тоа големи париииии.
    Втора солуција ако навистина мислат да распишат Референдум автоматски може да се сахрани тоа прашање. Па кој бре на Референдум ќе напише да се менува името?!?
    И така додека ние си тапкаме во место, Грците ги тапшаат по рамо а владетелите се лижат кај Германците :) :$
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    4.261
    Помина времето кога ова требаше и можеше да се реши. Наместо тоа ќе биде поарно под итно да почне да се инвестира во обновливи извори на енергија, особено соларна и ветерна. Името може да се зачува или да се смени, но оние кои имаат навистина памет не се бават со вакви минливи прашања, туку со она што е и што ќе биде - како ќе преживееме со климатските промени кои веќе се во тек а кои ја зафатиле ова парче земја. Во тоа влегува и зошто да плаќаме скапа струја, парно и сл. кога изобилува земјава со сончеви денови и сили ветрови по планините.

    Ако многу бргу политичарите и народот не се позанимаваат со овие реални прашања, многу лесно може да се случи да се разбудиме за неколку децении како гости во документарецот на Дискавери за жителие на балканските пустини кои леб немаат да јадат зашто плаќаат скапа струја.
     
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    „Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е, ести голем, ако останеме без името наше, од кое уште се плашат ко од чума. А без име, векутуми, а без него и гробовите ќе ни бидат празни„
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Потпис на ова.

    Ние сме Македонци
    Ние сме Македонија
    Само кога ќе се сетам на силата и топлината која се чувствуваше помеѓу народот за 20год. на Р.М., кога сите славевме за кошаркарите, кога сега цел ниш пее за Македонија. И некој сака да преговара за да го уништи мозаикот на љубовта кон татковината.Ма не доаѓа во предвид.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    нека прекинат преговорите веќе еднаш ми се здосадија едно име имаме нека им ја пуштат на грците и готово,кој с ерабрал со грците па ние да се разбереме :)
     
  7. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    Дефинитивно да се престане со преговорите,а и најискрено последниов период нема ни баш фајде да се влезе во ЕУ,ко демек цвеќиња ке ни процветаат ако влеземе,еве и Бугарија и Романија влегоа,па ништо посебно не им се промени,ни па некаков напредок имаа...А и тие што мислат дека којзнае каква работа ќе ги чека ако отидат во друга земја се лажат,ретки се тие на кои им се посреќува престојот во странство...Така да според мене дефинитивно не треба да се прифаќа членство во ЕУ на сметка на името наше
     
  8. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Велите НЕ? Епа и ќе си имате Не.
    Европската Унија е заедница која гарантира напредок. Сите земји од европската унија се обединети, во смисла на економски, финанскиски,воен и правен поглед. Во светот се повеќе се афирмира како една светска сила и стои рамо до рамо со САД, Кина , Русија. Секако има услови кои треба да се исполнат за да една земја стане дел од ЕУ. Ние како што сме затуцани и уназадени нема уште многу да се оправиме. Па и не сакаме!!! Ова е за срамота. Па послем ќе се жалите во темата МОДА дека кај нас немало H&M или дека во Евро Азија носеле роба од стари колекции. Ние сме биле Македонци и едно име сме имале -МАКЕДОНИЈА. Мислите Александар на нас ни ја оставил да ја чуваме. не дека плукам по името мое или нешто, туку ај да ве видам летово и за празнициве кога цело скопје ќе му ја летне за Солун на ШОПИНГ. Епа така ќе ги извадиме грциве од криза. 20 години да се тапкало во место. не е до никој , до нас е.
    А за промена на името, колку ќе го променат? Вардарска МАКЕДОНИЈА? епа добро и Вардарска е. тоа е тоа. Јас воопшто не се надевам за ревизија на Букурешкиот договор, само затоа што Бугарија и Грција се веќе дел од ЕУ. :puke: на узанаденоста на народов! и затоа ќе има и миграција во странство. овде неможе да се успее. тоа ти е македонски менталитет.
    Сакам да продолжат преговорите и се надевам за посветла иднина на Македонија.
    БИДЕТЕ ЛУЃЕ ОТВОРЕНИ! ГЛЕДАЈТЕ ГО СВЕТОТ ОД СИТЕ ХОРИЗОНТИ!
    Толку од мене. Поздрав , бацки :hai: :* :lol:
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    А што треба, да го преименуваме, ајде нека Грција го смени, или некоја друга држава, абе кај се видело таква глупост?Ај тебе утре маж ти да те однесе и да те прекрсти не му чинело името, може?
    За болдираново? Па што сме ние ако не Македонци, и точно ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ.
    Не сме Вардарска....ни било каква друга, туку една и единствена МАКЕДОНИЈА.
    Да ти се плукнам и на ЕУ и на се.Треба крај на преговорите.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ако се смени името, ќе не избришат, само проблемот е што не е само име да се смени, туку комплет или со се името и нешто друго во пакет.Ниедна земја колку што знам не си сменила име, само поради нелогични причини - да се смени име само за да се влезе во ЕУ |( се запнале за нас, а некако тие други земји си влегле во ЕУ ама не смениле име :!: Туку ова мене ми изгледа како да големците немаат што да прават, па растураат по светов каде ќе стигнат, а не дека е нешто толку битен нашиот проблем или пак проблемите на другите земји, едноставно онака ради релаксација прават проблеми |( Мислам толку некои финти прават, како ние треба да направиме за да влеземе во Еу или други земји, до толку што се смешни и проѕирни.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Зашто со сила се правите глупи, и борци не разбирам!
    Името е веќе сменето, само чекаат начин да ни го сервираат.
    Или пак имаат на лагер 5-6 имиња и незнаат кое да биде.
    И помирете се со фактот дека нема ЕУ ако нема друго ИМЕ!
    Мислам и малите деца го знаат тоа веќе!
    Нема потреба од лупаме по гради и нациналистички да тврдиме дека името не го даваме!
    Тоа нема да ни помогне.
    Ниту некогаш ни помогнало.
    Не сум продадена душа, реалист сум по ова прашање, пратам секое случување и тврдам дека нема надеж, нема излез од овој лавиринт во кој сме влезени.
     
    На Saki15 и Danilela им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Не е за борци работата, лупање по гради и националистичко тврдење дека името не го даваме.Работата е што ова е осетливо за секој човек, па макар и да се работело за Американец, впрочем како и секој народ, не се само американците, како второ нормално дека на секој човек му е битно кој му е идентитетот, како трето, а имам кажано, којзнае колку цивилизации се збришани само заради вакви слични работи.Да беше до сега сменето, па да чекале како да ни кажат или пак имаат избор на имиња, немало ова да трае со години.А секако се знае дека Америка е диригентот на целава работа, а останатите земји кои до сега и помагале на Грција, кои патем тие ја имаат создадено како држава, имаат и те каква улога во овие преговори, затоа и не случајно ни праваат некакви си сопки, ЕУ вака решил, ЕУ така решил...па ја тераат Грција да не подбуцнува вака со името, а дополнително е тоа што и оди тоа во прилог на Грција.Само некако премногу големиве сили се трогнати од нас, до толку што им сме посебни :D иначе да не се, немало да го има овој проблем и толку долго да биде нерешлив.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32

    Извини молим те,а зашо да не бидам борец за името,епа не сакам да се смени и готово,ти ако сакаш твој проблем,само не не прави нас глупави што си ја сакаме земјата,пошо очигледно во земјава на секој му е дозволено да се лупа у гради и националистички да тврди кој е и што е,само ние МАКЕДОНЦИТЕ коа ќе се изјасниме,тогаш сме глупави,прости и затуцани и смешни и што уште не...епа од таквите како тебе и слични со такво размислување сме во оваа ситуација и сите ни се качуваат на глава,и да може смешна сум и затуцана ама јас не сакам името да се смени и ќе се лупам у гради колку што можам повеќе ]:)
     
  14. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Наназад низ темава пишува нешто за ревизија на Букурешкиот мировен договор. Нема врска дека ќе има ревизија. Ревизија може да се изведе само ако некоја од земјите-потписнички или нејзина правна наследничка ја побара.
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    јас сум 99% сигурна дека имeто е сменето или како што кажав има предлози за имиња, и се согласила владава наша на некој предлог на Нимиц уште пред година -две ама Грциве одбиле.
    Зашто незнам баш точно но има некоја позадина Грција, и тоа дебела.
    А дека ја подржуваат ја подржуваат ама не од чиста мира, туку од дебели политички и економски користи од неа.
    Којзнае какви се не прљави работи за нив врши Грчка и што уште не!
    И искрено порблемот со Егејците е доста актуелен и контраверзен.
    Не за џабе се Грците толку засегнати, се и имаат и зашто.
    Но правата и целосната причина само они ја знаат.
    А дека ќе се смени ќе се смени името, знам и нема никој да ни помогне.
    Немаме ние такви сојузници па ни сила со која нас некој би ни го држел грбот.
    А во Еу ако не влеземе пак и во Нато црно ни се пишува.
    Задуженоста расте, невработеноста расте, само ни мачкаат очи дека отвараат нови фабрики и нови работни места.
    Еу ќе ни донесе можеби многу поскапувања но и големи погодности.
    Пример 100% подобрена инфраструктура.
    Патишта, болници, училишта, библиотеки и многу друго.
    Плус ефикасна контрола над сите трошоци и целата фискална политика.
    Епа владата може се да збори ама од тоа и се плаши.
    Темава е непресушна и можам со часови да зборувам зашто да и зашто не во Еу и зашто сметам дека не смеаат да прекинат преговорите, но само едно со сигурност ќе кажам, не им верувам на никој збор што го кажуваат во врска со преговорите, се мутат туку многу тајни преговори и разговори, и на никој не му е гајле што народот мисли.
     
    На Saki15 и daylight им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    4.261
    Изгледа дека всушност Македoнија немала спор со Грција. Грција веројатно е само инструмент на големите сили, барем според овој интересен текст од вторник, 20.03.2012 - Нова Македонија :


    Притисок од запад врз Груевски
    Премиерот Никола Груевски во своето последно интервју со Јанко Илковски рече дека три од петте најмоќни држави во светот, членки на Советот за безбедност, всушност бараат од Република Македонија да си го промени името.

    Груевски е политичар за кого се искажани секакви оценки, но никој досега не му забележал дека тресе од ракав. Ни неговите најлути противници не можат да го обвинат за недоследност, за спротивставеност во исказите, а впечатокот на народот што веќе шест години по ред му укажува најголема доверба е дека тој не лаже, односно дека говори искрено.

    Според тоа, и оваа изјава за нашата анализа ја земаме како што е дадена - за прецизна и вистинита. Како таква таа е одговор на сите наши дведецениски прашања, дилеми и сомневања поврзани со извонредно тешкиот пат во етаблирањето на македонската држава. Груевски е првиот македонски политичар што таа мака ја синтетизира во неколку збора, кои не можете да ги толкувате вака или онака, ами како комплетна слика што ги вознемирува сите сетила. По ваков исказ дури и на вистинољубивиот премиер ќе му биде тешко да продолжи да говори убедливо за преговори за заемно прифатливо решение, за апсурдноста на грчката преговарачка позиција, за мајсторлакот на грчките дипломати да ги влечат за нос западните држави и светските организации, за разумен компромис, пријатели и партнери.

    Жесток судир

    Целокупниот арсенал на политичка и дипломатска реторика е обеспредметен. Не важи. Штом три земји-членки на Советот за безбедност бараат Македонија да си го смени името тоа значи:

    - Дека нема преговори, односно дека тие се чист фингерај. Форма зад која се крие поинаква суштина. Паѓа во вода македонскиот напор да дојде до разумен компромис.

    - Дека резолуциите 817 и 854 се неважечки исто колку и Привремената спогодба, односно пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

    - Паѓа во вода и „аргументацијата“ со која настапуваа „опозиционерите“, кои систематски лажеа дека преговорите се всушност само техничка операција за промена на недостоинствената референца „Бивша југословенска република Македонија“ со некоја подостоинствена, без притоа да се загрози идентитетот на цел еден народ.

    - Дека всушност Македонија нема спор со Грција, ами жесток судир со три земји-членки (САД, Франција и Велика Британија).

    - Дека САД само привремено ја признале државата Република Македонија со намера полесно да ја превеслаат жедна преку вода. Во случајов, за да пропадне референдумот за територијална поделба, Вашингтон нѐ призна под уставното име. Аналогно, и ЕУ ни го даде статусот „кандидат“ како капка лимон во лажица смрдливо рибино масло. И едното и другото нив не ги чини ништо, а нас буквално сѐ.

    - Ова, пак, значи дека аргументацијата за ирационален спор со една држава (сосед) е сосема нерелевантна. Ниту Грција е способна некого да го лаже и замајува, ниту е најмоќната држава во светот, која може да прави што сака.

    - Бидејќи веќе две децении се шуткаме од инстанца до инстанца, а спорот не е решен, ниту ставот на трите евроатлантски моќни држави е сменет, значи дека нивната одлука е стратегиска, одамна е донесена, односно веднаш по одржаниот референдум за независност на Македонија.

    Соодветно, политиката на ЕУ, НАТО и на САД е дизајнирана етапно да ја исцрпува Македонија со наметнување секакви преседани, поставување пречки и блокади, преку перманентно деградирање на нејзината државност и инсталирање механизми за контролирана нестабилност. А во сите ситуации поврзани со спорот Атина полека трансферира во универзална алатка за севкупна употреба. Нешто како општо место во регионалната политика на западните држави.

    Стара политика

    Овие констатации им се познати на сите Македонци. Ама никој од светот на политиката досега не се охрабрил да им ги соопшти директно и без украсување.

    Е сега, зошто таканаречениот демократски Запад не може да го проголта постоењето на држава под името Република Македонија? Одговорот изгледа треба да се бара во историјата, и тоа од мигот кога се случи самракот на Отоманската Империја. Односно, во државните политики и одлуки на 19 и раниот 20 век. Западот ги брани својот државен и политички континуитет на сметка на Македонија и Македонците. И тоа ни е познато горе-долу на сите.

    Сега доаѓаме до сетот прашања за македонските политичари што „нѐ водеа“ во изминативе две децении низ сите фази на спорот.

    Ако од почетокот знаеја за позицијата на трите големи држави, зошто избраа да нѐ движат по патот што завршува со формирање сосема нова држава, приближно како Косово? Оти, да не се лажеме, прифаќањето ново име значи бришење на историските факти од 1944 година до денес, а со тоа и уривање на државните темели. Формирањето нова балканска држава ги актуализира и ги прави реални аспирациите на големоалбанските идеолози и стратези што имаат свои побарувања на сметка на оваа Република Македонија. Ама и на другите соседи. Што ако во таква ситуација политичарите-Албанци кажат дека не сакаат да бидат дел од новата држава? Повод лесно може да се искреира, што видовме и во изминативе месец-два.

    По една ваква изјава - констатација - признание, нема бегање од општествен разговор на сите нивоа. Без ракавици, без адреналин, уочување на сите грешки во чекори и одлуки. Претресување на ситуацијата од сите страни. А таа е следнава: Македонија џабе го менуваше Уставот поздравен од Бадентеровата комисија под притисок, а божем да покаже кооперативност и да ја одоброволи Грција. На сопствена штета се откажа од својот државен симбол - знамето, од македонското малцинство во соседните држави, од придобивките на АСНОМ како членка на антифашистичката коалиција во Втората светска војна и еден од основачите на ООН. Со признавањето на Тајван дозволи да се повлече УНПРЕДЕП и така ја остави северната граница без „заштита“. Со тоа го направи првиот чекор кон фингираниот воен конфликт. Молкум и незаинтересирано, на 7 декември 1999 година Владата на РМ прифати државата да ни биде деградирана во статус на територија, и тоа од страна на ЕУ. Овој статус ја претвори Македонија во најголем бегалски камп во 1999 година и во 2001 година го отвори патот на УЧК кон Македонија, а беше под директна инструктажа на земји-членки на НАТО. Прифаќајќи ги беспоговорно и консензусно рамковниот договор и промената на уставната преамбула, Македонија потпомогната од западни „олеснувачи“ самата го отвори патот до статусот „нова држава“ така што се пререгистрира во државна заедница на еден мнозински народ што „павта“ идентитетно (зашто името му е оспорено и е предмет на преговори) и повеќе национално и историски дефинирани „делови од народи“ што имаат дури и матични држави. Ваквите решенија нѐ тераат да измислуваме постојано „нови факти на теренот“, како што гласи најциничната изјава што ја опишува политиката на моќ, а чиј автор е Карл Билт. Таков пример е операцијата на лажиран попис. За потребите на примарната лага произлезена од рамковниот, во 2002 година моравме да изведеме лажна пописна операција што ќе го вклопи саканиот процент. Поради тоа моравме да измислиме и нова територијална организација, да го прекинеме и одложиме последниот попис и да го прифатиме молкум предупредувањето на известувачот за Македонија, Англичанецот Ричард Хјуит, кој нѐ советува да одржиме попис ама „да сме воделе сметка резултатите да одговараат на фамозните 20 отсто загарантирани со рамковниот“!?

    Нов пакет

    Сега сме пред нов пакет ултиматуми. За да станеме дел од т.н. западен демократски свет, ни се прошируваат политичките критериуми што, сите до еден, водат кон истата цел. Се разбира, не македонска, ами онаа на трите влијателни држави. Тука се поставува суштинското прашање дали може да се нарече слободен избор ако ве тераат да избирате помеѓу убиство и самоубиство во фаза кога го конституирате животот. Во двете варијанти резултатот е смрт или престанување на постоењето. Ако самите си пресудите, трајно и непоправливо сте ги убиле и Македонија и Македонците како народ. Ако не го прифатите ултиматумот, ќе ве убие некоја контролирана нестабилност што ви излегла од контрола, иако фактички некој друг управува со неа.

    Сепак вторава, условно речено, опција е поизгледна зашто остава отворен мал прозорец на можност некогаш некоја идна мотивирана генерација Македонци во видоизменети светски политички околности да почнат со ревитализација на контаминираниот животен простор.

    Како и да е, по петочната изјава на премиерот Никола Груевски може да се заклучи дека македонската страна, иако е свесна оти преговори фактички нема, продолжува да е дел од светската фарса на глумење право и правда во надеж дека ќе спречи насилна егзекуција како во Ирак и Либија (а пред триесет години Либан), со идеја да го одложи денот на одлука и со надеж дека нешто можеби во меѓувреме драматично ќе се смени.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Па сосем нормално дека се е тоа игра на големите сили, посебно САД како телохранител на Франција, Велика Британија кои учествувале во создавањето на Грција како држава, а дополнително е што грците сакаат да не смена, кога тие со векови околу тоа анализираат, дискутираат итн.Мислам конечно се открива вистинската позадина на работава.Мислам совршено добро знаат странците за нас, а тоа дека малкуцка се преправаат, да, не им е на одмет.Ова е премногу очигледно, што дури и од авион се гледа.Можеби да не беа странците, Грција како држава којзнае како ќе опстоела, а се гледа и сега дека таа зависи од нив.Е сега плус дополнително е тоа подбуцнување со историјата, за да изгледа премногу автентично, да се камуфлира првобитната причина на ситуацијата.Ама како што гледам вековниот спор, бога ми тешко им оди на Американците со нас, душата си ја вадат, веројатно има уште нешто што се занимаваат со нас, толку многу, секако на нив воопшто не им е до нас, туку како што реков има уште нешто што вака ни прават, имаат некоја скриена математика.
     
  18. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Нека престанат преговорите. Барем колку толку ќе се смири ситуацијава...или како и да е.

    Нема со сила да глумам патриот и да се удирам со сила во гради за нашава држава и за нејзино име кога најсикрено, гајле ми е.
     
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Преговорите за членство во ЕУ мислам дека треба да престанат. Според мое мислење ЕУ е формирана првенствено со економски план, но подоцна кога се придадоа политичките идеи и стремежи работата се измеша. Затоа и одредени држави сега пропаѓаат економски и се искористуваат како марионетки од оние држави кои се помоќни. Пошто ние кај нас дома си ја немаме средено политиката, нема потреба да се вмешиваме во ЕУнија. А и да влеземе во ЕУ немојте да мислите дека економската ситуација ке процвета и парите туку-така ќе никнат одеднаш. Ако не станеш сабајле во 8 да одиш на предавање или на работа, никој ниту ќе се образува ниту ќе земе плата, па во која сакаш држава да се наоѓаш. Било каде и да си треба да го испотиш газенцето (извинете на израз, така е зборот де :lol: ) ако сакаш парички да имаш у џеб. А и покрај тие парички што ќе си ги имаш, во секоја држава треба да плаќаш данок. Така да врти-сучи пак те стрижат, кој повеќе-кој помалце. Затоа велам НЕ ЗА ЕУ. Ем те уценува да смениш име за да те прими (фактички индиректно ти вели дека не те сака) ем ние упорно се трудиме да не примат? А кој ви рекол дека 100% после промена на име ќе не примат? Ете знаме сменивме. Се случи нешто посебно? Абре луѓе се руши ли ѕид со глава? :?: :^)

    За НАТО, велам ДА бидејќи тоа е безбедносна организаација и за не дај Боже ситуација на војна или конфликт добро е да има некој да ти го покрие грбчето. Но оваа севетноатланска алијанса повторно е америчко творење и кога ќе размислиш пак си на истото како со ЕУ.
    Работава испадна ДЕК ДА ФАНАМ!?! :D

    Ја викам со кинезиве некако да се поврземе, ем инвестиции ем заштита...Ху ноус?
    По ова горе што го напишав, јасно е дека НЕ САКАМ ДА СЕ ПРОМЕНИ ИМЕТО, од причина што неможе некој од кеиф, без образложение и без никакви гаранции, да ми побара такво нешто (мене како граганин на конкретната држава)! А да не потенцирам дека се ова е уцена: АКО го смените, ЌЕ ве примиме .... :!: како не!

    ПС. ова може да е офф ама сакам да го напишам како реплика кон претходните постови. Некаде прочитав “што направила државата за мене па да останам тука?“. А зошто таа феминка не се запраша Што она направила за државата за да се чуствува убаво во неа?
    Зошто да се купат гаќи од Golden point (или било кој бренд што потекнува од ЕУ) место да купам гаќи од Винка-Виница, Стружанка... (било кое македонско производство)? Ова е само пример... Mислам дека ме сфативте што сакам да кажам. Зошто не купуваме македонски производи, со тоа да ја стимулираме домашнава индустрија, па да има поголем паричен обрт, фирмите и фабриките да работат со полна пареа и така редовно да се зема плата. И не наеднаш ама со тек на време работите да станат розеви и пеперутки да почне да леткаат наоколу нас :D хахахаха Можеби и идеализирам ама исто така негледам голема и разумна причина да се купува и трошат средства на увозна роба, а гледаме дека истовремено нашата индустрија пропаѓа (веќе пропаднала)
    Зошто никој не купува од сјајот во бела амбалажа од ОХИС? Зошто мислам дека повеќето користат нивеа отколку бекутан? грешам ли?
     
  20. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Јас сум за да престанат преговорите , ама колку е тоа изводливо е друго прашање ...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.