1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Како прво и основно Солун е втор град по големина во Грција,град којшто излегува на море,град којшто уште пред еден век имал пристаништа за размена на роба,тој е втор еконмски развиен град во Грција така да неможеш да споредуваш.Ако ти го земеш Скопје и Скопје ти е репер за тоа колку е развиена Македонија тогаш ние сме развиени.За второво само ќе ти кажам премногу веруваш на некои статистики на wikipedia нормално пишувани од странски разузнавачки служби колку само да се пере мозок за соврсенството наречено ЕУ(ропство).Да имаше Полска,Чешка,Литванија толкав економски раст немаше секоја втора проститутка во Западна Европа да биде од Полска,Унгарија,ЧешкаЛитванија,Романија,Бугарија,Словачка ;) .Ако Полска имаше толкав економски раст немаше 1 милион Полјаци да емигрираат во Германија ;) исто како и Бугари и Романци.На Полјаците им се зголемиле годишните плати но 10 пати им се зголемиле трошковите. Ако Еу им ветуваше подобра иднина дали тоа беше подобра иднина за Бугарите да одат во Германија и да работат за 4 пати пониска плата од еден просечен Германец и германските капиталисти троструко да се богатат ;) .Како прво треба да разграничиш дека Германија,Франција,Америка,Британија се држави кои командуваат со светот и мислиш дека на нив им е целта тебе да те прават богати :^) .Тие одсекогаш биле богати и секогаш ќе останат богати.Имаат еден куп колонии,војни за ресурси,банки.Тоа што Грците се презадолжувале со кредити во нивните банки за да живеат во благосостојба сега троструко повеќе ќе плаќаат не се секирај ти за тоа.Никој денеска не ти дава пари за џабе.Ти споредуваш држави коишто одсекогаш биле богати.Дај ми пример држава којашто била сиромашна и којшато влегла во Европска Унија и станала богата.
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.185
    Допаѓања:
    23.871
    Не се статистиките од википедиа туку се од економски сајтови, на кои сигурно повеке им верувам отколку на некој тука. Кој спореди земји кои се веке богати?? Јас не! Туку ти си запнала со тоа кој го командува светот (што е факт) ама исто така е факт и дека Полска, Словачка итн од СИРОМАШНИ земји напреднаа. Проститутките што ти ги спомуваш се најчесто од Украина и Молдавија (најнеразвиени земји во Европа). Солун, како втор најголем град, со трговски, економски и каков и да е раст, ги помага остананти градови. Економијата се мери на ниво на држава, не на ниво на град.
    И ај те молам доста со тие цени како им се зголемиле. Сум била, сум видела. Тргни од Грција.. Цените се ИСТИ како кај нас, дури некои работи се поефтини (зборам за храната како основа) а имаат милион пати поголема примања од кај нас.
    Австрија сум била, ке ти кажам и за тамо. Цените се за некои 10% поскапи од кај, а платите 100пати поголеми.



    пс. мислсам дека овие постови модераторите треба да ги префрлат во темата за Европска Унија
     
  3. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Ти ако си била и си ја посетила Австрија само јас имам роднини коишто живеат во Данска.Огромна е разликата.Друго е да си турист друго е да живееш таму.Грција срце давала 5000 евра на железничари плата ,а притоа истата фирма работела со 7 пати загуба така затоа сега крахираа ;) .Скоро во секоја економска област во Грција е така неприродно им се качувале платите,а цело врме работеле со ненормални загуби.Германија,Франција,Шпанија,Австрија,Холандија уште пред да се створи Европската Унија биле богати држави така да нив Европската Унија не ги направи богата туку уште побогати на сметка на нас. Пред 25 години во Чешка,Словачка,Полска имале свое производство,своја храна,вода,а денеска нивните продавници се полни со германски,француски,шпански производи и погоди кој се богати од тоа?Јас не сум се фатила за тие земји туку сакам да ти кажам дека премногу веруваш на нешто што го читаш на интернет или гледаш на телевизија.Одшто Полска,Чешка живеат добро затоа се повеќе и повеќе расне социјалистичко движење кај нив и носталгија спрема социјализмот каде што имаа сопствено производство,сопствена храна,сосптвена облека наспроти денеска при свои ресурси тие купуваат странска.Ако не си знаела Чешка,Унгарија,Словачка,Полска денеска се најголеми центри на порно индустрија и највеќе девојки денеска што се порно глумици се баш од тие земји .Грција едно парче лубеница е 50 денари така да не збори дека имаат приближно исти цени.Такси е 15 евра километар ;) .Вода обична е 70 па нагоре денари.Оваа тема отиде во спротивна насока но само сакав да кажам дека овдека на овој народ упорно му се пере мозок дека ако смени име дека ќе живее во благосостојба што е многу грешно.На Шведска,Норвешка,Финска не им треба Еу па пак се богати и среќни.Се е до народот каков НАРОД,таква ДРЖАВА.Кратко и јасно едно големо НЕ за менување на името на државата.Како прво зашто Европа не ја уцени Хрватска поради спорот со Словенија за границата да прават отстапки туку со нерешен проблем ги примија во Нато.По тоа се гледа дека важат двојни стандарди како им одговара.И престани да споредуваш богати држави и империи колонизаторски и да ти се реперз за економски раст.Да беше така Германци ќе одеа во Полска на печалка,а не обратно.
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.185
    Допаѓања:
    23.871
    Добро, ок, нека биде како што ти кажуваш за земјите во ЕУ (инаку вода во грција литар ипол е 50 центи=30ден) ама ај според твојава логика, што нас како мала земја ни преостанува?? како се живее кај нас? Колкава е просечната плата на македонецот, коллкави се реалните месечни трошоци, колку сме ние како држава во долгови? Ајде дај совет како ние да опстанеме, па да те послушаме.

    Искрено, јас не гледам друг излез од ова нашево освен ЕУ. Бар ке можам законски да мигрирам и работам. И да, на твоите роднини у Данска да не им е толку лошо и да не планираат патриотски да се вратат во земјата Македонија?
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ISAAK а кој тебе ти кажа дека јас одам таму како турист и дека седам само некој ден на пример 7 дена ;) ? и кој тебе ти кажа дека јас не сум била и во обичната грција ;) а дали јас ке одам да им се изнапазарам тоа е мој проблем, мои пари и како сакам ке си ги трошам, дали во грција, дали во италија или франција, мои финансии, мои планови како да се потрошат, а за шкртање на коли, до сега мене ми се нема десено, а и да ми се деси, тоа не треба да те засега тебе, тебе никој не те тера на сила да одиш во грција, а дали јас или секој што решил да оди- си е наша работа, и не треба да коментираш на тоа...прашањето е за еу, а не за пазарење во грција :)
     
  6. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Изненадувачки колку многу си ја сакате Грција, а за Македонија со дрвја и камења фрлате. Браво! Не можете да живеете од патриотизам, сакате ЕУ - младина на која секоја држава би и позавидела. Јас да сум на ваше место би си отишла таму.

    Инаку, да, против промена на Уставното име, Македонија, против омаловажувањата на лицемерната Европа, против секое ситно задоволство по цена на моето достоинство и достоинството на моето потомство!
     
    На angelce1 и Annath им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    |( |( |( не си го бутајте носот кај што не ви е место :) ако сакате дигнете и ваш споменик како најголем македонски патриот у 21 век, ама ич нема да ме засега! ваш живот-ваш проблем бре ало! е*ате тоа, не си гледаат у својот двор, по туѓите дворови се вртат! божееее .... :hai: :smoke:
     
  8. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Во случај лудото да ми зборува мене само ќе и кажам дека јас себеси се доживувам како соменик на патриотизмот и горда сум на тоа! Она што сакав да ја прашам- што толку те здоболи па така пишуваш??? Ти сметаат луѓето што си ја сакаат државата???
     
  9. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Малку сте забегале од темата, ама нема везе. Колку сите да се тепаме во гради кој од кого е поголем патриот, едно треба да сватиме: премногу мала државичка сме па сами да си ги носиме сите одлуки. Ниеден од нас несака да го викаат по друго име, нели? Ама тоа е. Мораме да продолжиме понатаму ако сакаме да имаме поубав живот. Па на крај краева мислам дека е многу побитно сите ние да имаме повисок животен стандард, младите да не седат дома без работа, родителите да си имаат повеќе од едно детенце итн.
    Јас сум ЗА менување на името ако тоа ми донесе поубава иднина на мене и на моето семејство.
     
    На crazyinlove19, ludoto19, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Истото го кажав и јас.Нормално дека би избрала поубава иднина со повеќе можности,зашто сосем ми е неважно дали ќе бидам патриот или не,и онака нема некое фајде од тоа
     
  11. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Штом сме седнале да пишуваме на форумов, на нашиот компјутер дома, можда со кафенцето и цигарчето на деск, можда со нешто за грицкање и неколку реда Милка -греота е да ја продаваме државата за „подобри услови“, имајте малку почит кон оние кои го дале животот, младоста, можда на ваши години биле во ров, прегладнети и премрзнати за да си ја заслужат земјава. Маж ми беше во ров 8 месеци за оваа земја, кога ќе му се јавев слушав гранати како фрчеа над него, можете ли да се ставите на местото на вакви луѓе. Со што сте допринеле за стварање и одржување на државава па да имате право на глас да ја дадете???

    Знам дека не е се како што сакаме, и дека има подобро, и дека само еднаш го живееме животот па малку ни е криво да го проживееме во сиромаштија- ама секоја голема вредност бара жртва. Дали и телото би си го дале за малку подобро утре??? Нели тоа некако исто му доаѓа!?!

    Можда нашето уставно име секако ќе претрпи измени, не е во наша моќ да го задржиме, ама барем да не сме ладнокрвни, барем малку да не боли, барем да не се караме по форуми кој е за а кој против.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Вику јас тоа го кажав во првиот пост.Свесни сме дека некои работи не се во наша моќ и не можеме да влијаеме на нив.Порано или подоцна името ќе се смени.И најискрено немам зашто да се преправам дека тоа ме боли.Прифаќам додавка во името и тоа е.
    А знам и јас луѓе кои во 2001 лежеа во ровови и секоја чест за нивната храброст и преданост кон татковината.Тие се најоглемите патриоти.Ама што добија тие за возврат??
    Државата не заслужува такви патриоти :fubar:
     
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Viku, извини ама морам да бидам малку подиректна. Војната во 2001 си беше чисто политичка работа. Поктрај твојот сопруг, биле уште многу татковци, синови во таа војна. Јас лично мислам, дека само на тие што им фали нешто отидоа, а отиде и таткото на моето дете-чисто од патриотизам. Кој те молам патриотизам, чиста политичка работа. И во оваа тема не се работи за тоа. Јас и ти можеме до утре да полемизираме овде и пак ништо. Кој и да дојде на чело на државава името ќе се смени.
    И уште ова, а ти со што придонесе? Па не беше ти во ров? Мажти беше. Он може да зборува, ти не. Поздрав
     
  14. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Не името да го сменат, ако сакат и Македонија нека ја поделат нека ја снема од картата, ама ич не ми е гајле. Ни сум видела арно од ова држава а не вервам и дека ке видам. Така да ако сакат и Грција нека се викаме ич нема да ми смета.
     
  15. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Да, ама не сум јас таа што ја отвара тезгата! Запрашајте се себеси дали имате допринесено со нешто, па толку лесно му „легнувате“ на Европа.

    Можеби си во право, можеби тие имаат и право да се жалат, ама
    во ред ли е??? Девојчево има 19 години, ништо добро не видела, па види што си посакува!!! -не можам да се начудам!!! А што мислите, во другите држави ружи цветаат??? Не ги гледајте само касетите на вујковците од Австралија, тие се направени да ве направат љубоморни!
     
  16. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Во мојот пост не цитирав никој, и не му се обратив на никој, едноставно си го кажав моето мислење, и несакам да се расправам, што има врска дека имам 19 години, јас не се жалам за мене,животот пред мене е, се жалам за моите родители дека немат видено ништо арно, и партиски книшки имат се разбира вмровски и пак немат аир видено, нејкам да се расправам, си го кажав моето мислење не очекувам на сите да му се бендисува начинот на кој што јас размислувам.
     
  17. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Јасно ми е, сите имаме револт, ретко на кој му е лесно во оваа државичка. И јас сум млада, и со многу планови и идеи, ама пред мене само катанци. Имам револт, можеби поголем од твојот, кон политичарите, кон земјите што не кочат, кон земјите што се прават набудали дека не им е јасно за што се работи, верувај ми дека е така, и јас мразам што се случува овде. Ама си ја сакам Македонија, јас сакам тие што и мислат лошо да ги снема, а не неа. Јас не сакам на друго место да живеам, не сакам друг мајчин јазик, не сум се пишала ни Бугарка, ниту сум била на печалба во Италија, Швајцарија или Германија, ниту ќе одам, јас само овде знам да живеам. Јас не си ја мразам земјата, јас само ги мразам луѓето што ни ја искористија, па и го свртија грбот. Колку политичари овде се напрајле богаташи а ништо добро не ни донесле, јас сакам тие да се срамнат со земјата, а не Македонија.

    На друго место само си гостин, угнетен и заборавен. Ова сеуште е твоја татковина. Барај начин да и помогнеш да биде подобра, не ја мрази!
     
  18. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    На секое AKO има и АMA...кој тоа во случајов гарантира дека ќе донесе поубава иднина за мене и за моето семејство...Грција..?, која имаше едо АКО за знамето па имаше усште ено AKO за името, а ние и тогаш пред 20 години исто поради поубава иднина го променивме знамето и ја прифативме референцата... арно АМА од поубавата иднина ни трега,..напротив сега има ново АКО за идентитетот утре ќе има за незнам што...и нормално, АКО си овца ќе те шишаат...
    Затоа АКО не сакаш да те шиша кој ќе стигне,..нема "АМА од небо ќе ми падне"...него ќе си ги засукаш ракавите и ќе се фатиш за работа, пошто друг сигурно нема да ти ја донесе на тацна поубавата иднина за џабе...затоа се вика "уздајсе усе и у своје кљусе"...се друго си има цена...освен некој безврени мислења на поединци кои не вредат ни да се спомнат...
     
    На angelce1, Annath, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Кога би требало да се бира би избрала Македонија да престане со преговорите, иако може да се најдат решенија, но името да се менува, во никој случај. Ние имаме своја култура и со самото менување би ја изгубила, а со тоа би го изгубиле и идентитетот. Јас сум горда што сум македонка...Македонија Вечна.. ;)
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    прочитај го мојот 1 пост и ке сватиш зашто изреагирав изреволтирано, а не ме здоболе ништо не се секирај :D