1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Никогаш не ме интересирала политиката и никогаш нема да ме интересира но кога се става во прашање мојот идентитет и името на земјата во која сум родена и порастана тогаш го променувам мислењето.
    Начи грците сакаат само да пропаднеме да не избришат а не само они туку и многу други земји.
    На нив не им е проблемот нашето име туку нашата територија (поточно кажано нашите делови од земјата кои они ни ги земаа) колку што знам во 2013 треба да ни ги вратат деловите. Затоа и они инсистираат да го смениме името,затоа што ако не сме веке под името Република Македонија нема да ни ги врата деловите а они тоа и го сакаат. А и незнам што ке добие ме ако влеземе во Еу или Нато ? ..
    Ке добиеме само повисоки сметки повисоки казни, а истата сиромашна плата :!:
    Така да едно големо НЕ за промена на името.

    МАКЕДОНИЈА
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    " Мојот идентитет e она што ме прави да не сум иста со ниту една друга личност"
    Кратко и јасно без многу зборови се е кажано . Без својот идентитет, без својата држава...каква и да е ... без своето минато, култура ...ние сме никој и ништо,ние не постоиме и не вреди ме како народ.
    Ни најмалку не ја сакам политиката ...Додека власта се прави дека војува ,народот страда.
    Да се промени името на својата држава е исто како кога би го промениле своето име .
    Дали некому ќе му се допаднат моите зборови или не ... негов проблем ... и покрај тоа што не зависи од мене.Јас ќе кажам НЕ за промена на името.
     
    На viku, Phyramide и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    На овој пост мислиш? Што треба да сватам од него?
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па дека ништо посебно немав кажано, за исаак да ме нападне дека идам во грција на шопинг и им го полнам џебот на грците, што мислам дека е моја приватна работа, а ти индирекно да ме нападнеш дека фрлам со камења по македонија, а ја величам грција! јас не фрлам со камења по македонија, јас фрлам со камења по денешниот македонски народ 8о% почнувајки од политичкиве партии , да сум родена во времето на гоце делчев, да ќе бидам горда и ќе ме боли за мкд, зашто знаеме дека тоа биле реалните патриоти... а не денешниве што го оставаат народот да пати, а си го полнат џебот! значи јас не се закачив со никого прва, го поштувам секое мислење, но извини ама се изреволтирав,,,јас сватив дека постот е индирекно наменет кон мене... можеби грешам, но како и да е.. :)
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Имаш право. Денешниве ПАТРИОТИ не можат да се токмат со тие од турското, ама дали си размислила за ова: во ТОА време постоеле луѓе кои дури и по Гоце Делчев и ред други како него (Јане Сандански, Карев, Питу) плукале и го сметале за предавник, па еве денес во сите учебници по историја го има. Изгледа ние како народ имаме забавени рефлекси и касно сфаќаме што вреди во државава (најчесто постхумно).
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    не верувам дека некој од овие денес што се 'борат' за нашава држава утре ќе биде почитуван и ценет како гоце делчев итн :) како што кажав тие гледаат што повеќе да ја ограбат државата и го користат секој момент да се препукуваат еден со друг! па кога нас тие што ни ја водат државата се такви, тогаш што останува за нас обичниот народ? немам веќе верба во оваа држава :| :worried:
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Малку ќе отидам оф топик, ама во овој контекст морав да споменам дека секогаш гледам Вести и искрено делот со препукувањата ми е нај интересен. Си седам и си фаќам сеир :lol: Може во меѓувреме да ја пратам мајка ми да ми направи пуканки за да го доловам моментот. Ама паѓам од смеа, едниот едно рекол, Бранко рекол Грујо е крив, Грујо вика Бранко додека беше се се затвори. Цепки невидени ми се. Како мали деца, само не ми е јасно кој им верува :lol:
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :rofl: :lol: јас и ти сигурно не :D :D :D
     
  9. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Овие твои зборови ме натераа да помислам дека поприлично си излегла од рамките на доброто однесување после мојот став и дека се однесуваат на мене (затоа што се после мој пост). Твојот став многу често го слушам и во вообичаени разговори „мои пари-мој ќеф“ и во право сте. Ама кога станува збор за Грција како борбено, ревносно, жолчно реагирате што дури ми е по малку смешно. Демек „што сакате зборувајте, ама за Грција моја мила не ми ја гибајте“. Барем имате нешто што ви е поента животна - „да се оди на шопинг во Грчка“. Ваше право е тоа, никој не смее да ви го одземе, не се палете толку.

    И не е изборот дали сте за Гоце Делчев или Никола Груевски, или Јане Сандански или Бранко Црвенковски. Измешавме баби и жаби. Прашањето е дали би го смениле името за влез во ЕУ? (читај дали би се продале себеси, историјата и иднината, дали би му се дале на тацна на Грчка, расипнички да победат во споров, за нешто што сеуште не знаеме како ќе ни се одрази).

    Девојче, не се вртам јас во „твојот двор“ кога ќе се побунам кога некој ладнокрвно се изјаснува против МОЕТО име, идентитет, националност..... Ова не е само твој двор, и мој е, и на дедо ти и на син ми, па и на внук ти во иднина. Ти и слични луѓе на тебе, сте решиле да не продадете и ич не ви е гајле. Кога ќе го продаваш ТВОЈОТ двор ич не ти се мешам, за НАШИОТ, богами не ми е сеедно, и треба цврсто да сме против, ама не едни против други Македонци (како што е најчесто) туку македонци против противникот, кој и да е, па макар и Грчка.
     
    На stella83 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    епа бидејки се изјасни дека прашањето беше само за промена на името, тогаш требаше да го скокнеш овој дел 8) ти дали би отишла мене не ми е гајле, исто ко што тебе не ти е гајле за мојот двор 8) така да не знам кој сега испомеша баби и жаби... јас во ниеден, ама ниеден случај прва не почнав да се закачам,и ти кажав, да, ме изреволтира твојот пост, кој индирекно беше наменет за мене 8) ама како и да е,ти држи си до себе и твоите интереси, јас ке си држам до мене и моите интереси, и проблемот е решен...а и не се секирај јас не избирав за кој сум, само правев споредба... сигурно неможам мојот глас да го дадам за некој мртов бели?? :?: :lol: и нема што да се побунуваш ти и да ни држиш нас лекции (на неостомислениците како тебе) , за моето мислење околу името, туку треба да го почитуваш, ко што јас почитувам тоа што ти не сакаш да се смени :) на крај краева, јас во ниту еден твој пост не се побунив за твоето NE за промена на името... очигледно ти беше таа што се буни со спротивните размислувања.. и не сум јас продавач на тезга на тоа ли ти личам сега? :D не можам јас да го продадам твојот двор, но можам да имам спротивно мислење од твоето- демократија , нели? на крајот на краиштата не сме излегле сите од една мајка, и не можеме да бидеме јаце на јајце...и да реагирам и ке реагирам жолчно, на секој што ке користи саркастичен тон индирекно да ме нападне! а мене дали грција бугарија ми се мили, ма тоа е само мое бре :)
     
  11. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Очигледно на различни фрекфенции сме, ама нема врска. И никој никому на форумов не забранил различни ставови и расправија околу тоа. Јас си дозволив малку „сарказам“, ама не се служам со зборови као „е*ате“, „не си го бутај носот кај што не му е место“- мислам...?!?

    ОК, не ме штеди мене, но-штеди го форумов (иако е македонски :lol: ).

    Незнам зошто имаш чувство дека држам лекции, тоа се само мои мислења кои ТИ ГИ ПОЧИТУВАШ, нели??
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па чим не се обидов да ти држам лекција од типот- поубаво ке биде во еу зашто вака размислуваш итн, значи ги почитувам и не ти се мешам во одлуката ;) јас само дојдов, се искажав, и оппп веднаш ти беше таа што се обиде да ми држиш лекција за моите *грешни* ставови и не се фаќај како слеп за стап, за мојата прва реплика, пак ли треба да повторам, бев изревлотирана и беше само момент што не се повтори пак ;) и јас го делам мислењето дека не сме на иста фреквенција пред се сме 13години разлика :)! и не верувам дека му штети на форумов користев * звездичка... ;)
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    и овде дигам бело знаменце :D си ги искажавме ставовите, и тоа е :D нема зашто да се препукуваме како да сме во сообрание :lol: на крај на крајот, ова е само форум, така да... :D
     

    Прикачени фајлови:

    • white flag.jpg
      white flag.jpg
      Големина на фајлот:
      51,3 KB
      Прегледи:
      176
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Преговори
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Не можам да ги читам сите коментари тука бидејќи немам време, само ќе си кажам мое мислење и став!
    Јас никако не би сакала да се смени името Република Македонија, не сакам да ми го сменат државјанството и идентитетот и името на јазикот кој го учам и зборувам одкако знам за себе!
    Јас, Македонка
    Јазик, Македонски
    Од Република Македонија!
    Па ако сакаат и Грци и Фуеревци нека скокаат до небо, ако има референдум јас, а и многу други Македонци ќе гласаат против промена!
    Што ќе ни е Европа?? Не сме спремни бре луѓе!!! Јас бев и видов, а сигурно и мнооооооооогу други тука била во европска земја и знаат како е. Каде ние со нашите неразвиени како прво, сообраќајници, а потоа се друго!
     
    На baguf4e и Frosin4e им се допаѓа ова.
  16. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Don't you F.Y.R.O.M me, say MACEDONIA

    Вака порано бев против промена на името...ама па што и ако бев...пола македонија се изјасни дека не сака промена они пак продолжија со преговори..така да мојот глас не се важи...Сега немам никакво мислење ако сака нека се смени ако сака нека остане исто...се за подобра иднина... ;)
     
  17. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ сместа....!!! ние сме МАКЕДОНЦИ имаме МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и ИДЕНТИТЕТ а оние ај да им ставиме македонски презимина па да видиме дали не ке се бунат !!!
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Хехехе ма кој не прашува нас бе,кога тогаш името ке се смени сакале ние или не... Инаку јас сум ЗА промена на името.Како прво несум кој знае колку голем патриот(да не кажам ич),а како второ незнам зошто толкава прашина се крева околу тоа дали ке се викаме северна македонија или горна македонија или што знам ја... :D родени сме во македонија,како сакаат нека не викаат ние пак ке сме македонци.И готово... :)
     
    На elygj му/ѝ се допаѓа ова.
  19. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    јас сум ПРОТИВ влез во ЕУ!!! поради тоа што : ние сакаме да се токмиме со др европски земји, ама факт е дека на можиме поради тоа што стандардот на живот ни е мн низок. Доколку влезиме во ЕУ ќе се поскапат давачките, а примањата ќе бидат исти и не ќе можиме крај со крај да сврзиме, друга работа е невработеноста, т.е. нема доволно места за вработување бидејќи мн факултети се отворени без размислување шо понатаму(МОЕ МИСЛЕЊЕ). За влез во НАТО не сум доволо информирана за тоа шо ако влезиме, шо ако не, па затоа нема да коментирам.
     
  20. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Значи стварно не ми е јасно, ако повеќе од половина народ во МК се изјаснил дека не сака да се смени името Република Македонија, тогаш зошто упорно продолжуваат со тие глупави преговори?! Зарем не може да се каже-не го менуваме името и тоа е наш последен одговор?! Да ти е**м политика!