1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Доколку се стигне до промена на името, а со самото тоа и до промена на мојот идентитет и идентитетот на сите мои сограѓани, уште сега Ви најавувам дека во тој момент ќе сторам се што е во моја моќ за да Ве спречам. Затоа што од тој момент ЈАС ќе бидам човек без идентитет и граѓанин без држава, кој во никој случај нема да припаѓа на таа нова држава со ново име. ЈАС сум и ќе останам лојален граѓанин на Република МАКЕДОНИЈА и ќе сторам се што сметам дека е неопходно за да го спречам преименувањето, а со тоа да го спречам и уништување на државата на која и припаѓам. Оние кои ќе се осмелат да ја уништат нашата татковина Република МАКЕДОНИЈА и на нејзино место да наметнат некоја нова земја со ново име ќе ги сметам за окупатори. Се надевам дека ќе го слушнете гласот на народот и дека нема да одите против интересите на земјата на која и Вие и припаѓате. Да живее Република МАКЕДОНИЈА.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Сум за Европска унија и за НАТО......алииии со такви предлози за менување на името НЕ!....ако не не примаат вакви какви што сме не ни мора,како може не ми е јасно????името да се смени бе алооо???значи срамота! :@
     
  3. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Ете се си е кажано на место, само сакав да дополнам дека ние, феминкиве поголемиот процент, име не менуваме. Јас со секој еден што имам разговарано велат дека им е сеедно и дека подобро е да се смени името поради ЕУ :x
    Не сме виделе ние добро од државава, точно, ама
     
  4. Med

    Med Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    НИКАКО промена на името. За што и да се работи. Ако ни го одземат идентитетот тогаш што ќе ни остане? Не вреди!
     
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    како што слушам вестиве,политичкиве емисии,ми се чини дека владава се спрема да ги прекине преговорите и како да бара некој изговор само за тоа.и без тоа преговорите и досега беа само формални никако со години да се мрдне од мртва точка...а и ние народот патриотски нели не сакаме да го менуваме името....ама што потоа? без преговори без компромис нема во европа,нема во нато..некој ке рече не ни треба ни европа ни нато како беше до сеа,така и натаму...ама не би се сложила јас баш со тоа..да сме некоја економски јака земја,политички стабилна,земја каде се почитуваат законите,и има ефикасен правен поредок да...тогаш навистина не би ни требала европа..ама нажалост не сме таква земја.......30 посто од населението ни е сиромашно!,.а на жалост законите важат само за нив и за онаа средна класа шо се помалку ја има...за мокниците,за богатите законите не важат тие можат да градат и крадат кај и кога ке им текне,не им требаат дозволи,не им требаат оправдувања ке се најде дупка во законот за нив.....шо се однесува до правото,недај боже да тргнеш по судови,не да добиеш пари или имот,туку и од дома ке продаваш и на крај кога ке ти ја одбијат тужбата ке се сликаш.. :)
    ај некако и да прејдеме преку сето тоа ама што правиме со албанскиот фактор,колку пати слушавме изјави од албански политичари дека ако не влеземе наскоро во европа и нато,неможат да гарантираат во кој правец ке се одвиваат работите т.с или у европа или пак ке се појават некои свадбари шо ке пукаат случајно,од некоја шума,кај некоја брана и слично...дали полицајците пак ке ги пракаме како жртвени јагниња? несакам постов да ми се разбере како националистички,јас лично лугето ги делам на добри и лоши ,а не по националност и вера,мегутоа реалноста во македонија ни е таква каква што е.
     
    На elygj му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас па незнам што толку се замарате за името :^) Идентитетот, простачки ќе ни го земат, на јаката ни држава! Јас знам како се викам, и сите овде. А за Македонија дали ќе се викала Македонија или Северозападен Таџикистан ич не се заморувам. Политички срања (извинение на израз), обоени медиумски ствари и вие им верувате. Ма ајде, битно Гвујо се труди, мрднавме малку со трудењето негово 4 годишно. И Велес бил Вила Зора, па Титов Велес, па сега е Велес... И што? Идентитетот ми го зедоа? Живеам во него и ми е гајле како се вика. Битно сум овде.
     
    На Kika30 и milky-candy им се допаѓа ова.
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Јас да се прашувам и Тунгузија да се вика оваа скапана држава ич не ми е гајле...Што ми понудила мене Македонија за јас да бидам патриот? Непотизам, корупција, криминал, рекет, неправди, партиски вработувања, партизација на електорнските и пишаните медиуми, местење на тендери,скапан образован и здравствен систем, затајување на данок, перење пари.... Просечна плата-да не можеш крај со крај да го скрпиш месецот...А цените на храната, пијалоците, горивата, сметките - :tmi: , се пристапни само за некој тазе печен директор, министер, службеник или бизнисмен...А, останатите луѓе, кои од свој џеб преку неосновани даноци го полнат буџетот, нека се снаоѓаат како знаат...Па, кога ќе видам по телевизија, глумење на патриотизам, се удараат во гради за Македонија, ако требало ќе гинат...Тие лажни патриоти се најголемите криминалци и предавници, кои се полнат пари крадејќи, а им перат мозок на обичните граѓани...Јас да се прашувам како сакаат нека не крстат(Тунгузија, Грчка Република Македонија, Северна Република Македонија, Северна Грчка провинција-Македониа...) Ќе се замарам јас со државава наша што ни го уништува животот на младите и не ни дозволува да ги покажеме нашите потенцијали и квалификации(зошто треба партиски војничиња да го имаат нашето работно место или мамино или татино синче некое или пак по рамковен- некој тапоглав Шпон, ќе работи во државна администрација и ќе зема дебела плата, а тие што го изгубиле здравјето, нервите, парите и најубавите години по факултетти, ќе си дремат дома или ќе работат некаде како продавачи за мизерна плата од 8-9000...Тоа е реалноста тука..И за тие што вадат бугарски пасоши- :clap: ...Потполно ги оправдувам и не се тие луѓе за мене антипатриоти и предавници, туку паметни луѓе, кои сакаат да избегаат што побрзо од тука и да се најдат во некое поидеално општество, каде ќе им бидат пружени далеку подобри услови за живеење...
     
    На crazyinlove19, Kika30 и Offspring им се допаѓа ова.
  8. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    А бре жени мои! Што е важно што сакаме ние македонците? Важно е како ни ја смислиле оние северно! Ако ја смислиле да се викаме Република Сарма, така ќе се викаме...

    Случајно да не зависи од нас? Како па да не!

    Затоа не се замарам многу многу околу ова прашање (во смисла дека нешто би променила), меѓутоа мојот личен став за тоа дали треба да се смени името, е да не се менува!

    Не затоа што сум некој патриот и паѓам у несвест за државава. Искрено повеќе ми е сеедно отколку што се грижам за нејзе! Меѓутоа не сакам некој да одлучи место мене како ќе се викам! Само заради тоа... Научена сум да се кажувам дека сум Македонка од Република Македонија која зборува македонски јазик... И не сакам сега после толку години некој да ми каже дека нема да се викам веќе така! Не сакам да ме менуваат, затоа што они така сакаат!

    Меѓутоа како што напишав погоре, не зависи ова до мене, нема ни да зависи! Затоа не се преоптеретувам.
     
  9. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Став околу ова имам изградено, значи, не ми е гајле за имево! Ама ич! Јас знам која сум и што сум. Опстојувам во оваа Македонија, едвај, со минималните плати на моиве. Од државава ништо не сум добила. Немам нити пристоен живот... Зошто да ми е важно имево на оваа држава од која, јас, како нејзин академски граѓанин не ги уживам своите демократски права..?! Зошто моето мислење е секогаш партиски обоено ако го кажам гласно..?! Нашиот главен проблем е што сеуште размислуваме со срцето, а не со главата. :!: Повеќе би сакала да живеам во Северна Македонија и да имам пристоен живот, отколку во Македонија каде на 23 години добивам тахикардија од нервозите кои ми ги причинува овој систем...
     
    На Kika30 и Offspring им се допаѓа ова.
  10. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Прочитав неколку коментари во смисла шо ми дала мене Македонија?
    Вака да се разбериме државата ја сочинуваат граѓаните, доколку сакаме да се подобри моменталната ситуација треба малку да се потрудиме, а не само да обвинуваме.
    Како прво не си го почитуваме името, луѓе па ние сме Македонци и државата треба да се вика Македонија и треба едногласно да кажиме НЕ за менување на истото.
    Како второ не си ги почитуваме законите, па и ако ги прекршиме и ни пишат казна одма фаќаме пријател од полиција за да ја искини ЕТЕ НЕПРАВДА за која сите се бунат, демек лелееее има мито и корупција, не можам да успеам заради некој оти има пријтел на функција и сл.ај размислете колку пати вие сте биле причина за нечиј неуспех, заради тоа што сте имале пријател на функција!? или вака не одговара!?
    Како трето зошто бе да вадиме бугарски пасоши, ние бугари сме !?!?!??!!?!?ама ајде ви се молам, па после немало бугариштата да велат дека нема Макадонски народ, туку има само место кое се вика Македонија :@
    Како последно сите мислат дека ако си заминиш од тука се ќе ти биди полесно во друга држава, е не е баш така `САМО ЕДНО МЕСТО СЕ ВИКА ДОМ` кај и да одиме, колку да се прајме дека сме други, стално ќе се сеќаваме на родното место тука ни се родителите, браќа/сестри, другари, пријатели, па и непријатели, љубови и сл.
    Секој има право на свое мислење, ама овие се факти кои не смееме да ги занемариме.
    Заклучок:Македонија си има име, или нека прифатат или кој ги е*и!!!
     
  11. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    А зошто да не извадам бугарски пасош ако ми се пружи подобра прилика за живеење во некое друго општество...? Некој ќе ми каже фала ако останам овде, во оваа скапана држава и да се мачам, бидејќи не сум дете на некој директор, не сум партиски војник(јас партиски газови не лижам за да просперирам во животот иако имам симпатии према една политичка партија :!: ) и не сум тапоглава Шипка, која ќе ја седнат на фотеља бидејќи рамковниот така налага... А, за македонската дијаспора - СИТЕ ТИЕ СЕ ПРАВАТ ПАТРИОТИ, СЕ ЈАВУВААТ ПО ИНТЕРАКТИВНИ ЕМИСИИ, КАКО НА ПРИМЕР ЈАДИ БУРЕК СО ЈАНКО И БУМБАР НА СИТЕЛ...ПА КУКААТ, ПЛАЧАТ КАКО ИМ ФАЛИ ТАТКОВИНАТА...ЕПА ДРАГА МОЈА ЗОШТО НЕ СЕ ВРАТАТ ТУКА ПОВТОРНО? ПОСЕБНО ТИЕ ШТО СЕ ЗАМИНАТИ ВО АВСТРАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА, АВСТРИЈА ИТН..ТУКУ БАШ НАПРОТИВ - ГЛЕДААТ И ОСТАНАТИТЕ ОД ФАМИЛИЈАТА ДА СИ ГИ ПОВЛЕЧАТ ТАМУ!!!!! ИМАМ ВО МИЧИГЕН РОДНИНИ ЈАС. ЗНАЕШ КАКО ЖИВЕАТ? КАКО БОГОВИ...ЦЕНИТЕ НА МНОГУ АРТИКЛИ ТАМУ ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ГОРИВАТА СЕ ПОЕВТИНИ НЕГО ТУКА... МАКЕДОНЧЕ, ПРОКЛЕТО СИ СЕ ЗНАЕ КАКВО Е - ГАЗОТ ГО ВРТИ ТАМУ КАЈ ШТО ДУВА ВЕТЕРОТ...И ПОСЛЕ ПАТРИОТИ БИЛЕ И... :x МИЖИ МИТРО ТУЛУМБИ ПАЃААТ. ИАКО И ВО СТРАНСТВО НЕ Е СЈАЈНО И СОВРШЕНО, НО ДАЛЕЕЕКУ ПОДОБРО Е НЕГО ТУКА!

    Редактирав за името да спомнам за не биде постот надвор од темата. За името наше апсолутно не ме интересира..Јас си го знам моето име и презиме, а Македонија како ќе се вика :) имам еден предлог и би му го кажала на Нимиц - БИВША ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СЕГАШНА СЕВЕРНО-ГРЧКА ТЕРИТОРИЈА ИЛИ РЕПУБЛИКА ПРОТЕКТОРАТ НА ВИШИТЕ СИЛИ НА ЗАПАД.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.920
    ^^ да додадам само за цените во Мичиген (САД) .. Млекото, горивото, млечните производи, детергентите се поефтини од кај нас.

    За Името се изјаснив. Ако подобро живеам така нека се смени уште денес. Јас немам по три пасоши од различни земји и станови надвор од МК па да киднам коа ке згусти како нашиве мили политичари (патриоти) кои заради политика на популизам и залажување на масата водат политики кои не буткаат се подоле.
     
    На Offspring и Kika30 им се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Промената на името ниту некогаш зависела од нас, ниту ќе зависи. Колку и да се противиме името ќе се смени, тоа им е јасно и на нашите политичари. Не верувајте на изјавите дека нема да го дадат името, тоа се изјави дадени за да си го за да си го зачуваат гласачкото тело. Основна грешка на нашите политичари е тоа што немаат поима од дипломатија и што не искористија влез во ЕУ под привремената референца со која денеска не насловуваат. Грешка им е тоа што наместо да развиваат лажен патриотизам, досега требаа да обезбедат влез во ЕУ и подобри животни услови, па после да преименуваат аеродроми и слични ствари. Наместо тоа тие не оддалечија уште толку од Европа, од држава лидер на Балканот, сега дури и Црна Гора и Албанија се пред нас!
    Незнам зошто не ми е ни чудно веќе кога ќе прочитам некој напишал дека не сака да влеземе во ЕУ, таму не било убаво. Да, да, не е убаво, затоа сите држави се тепаат да влезат, Србија даде територија(потенцирам ТЕРИТОРИЈА) во замена за побрза интеграција во ЕУ, а нашите на неспособни политичари затоа што не можат да не мрднат ни чекор понапред од гомната во кои не внесоа, полесно им е да го убедат овој прост народ дека ќе ни биде поубаво без ЕУ и дека ние можеме без ЕУ! Епа ајде да видиме, ако можеме што не отворат работни места, што не донесат некоја инвестиција, што не подобрат нешто во државата?
     
    На O.l.i.v.a, Trendafilka, Kika30 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Најмногу се нервирам кога некој е против промена на името затоа што Македонија имала историја стара незнам ти колку години (никогаш не ме интересирало да научам), и дека Македонија била античка земја, со антички корени. Ама знаете што?! Била и имала! Сега не е и нема. Сега има единствено немаштија, газолижачи, криминал и проституција. Прекинете да гледате во историјата, што е битна историјата кога денешницава е ужасна?! Тоа било и поминало, сега е многу поинаку. И Александар Велики освојувал територии до незнам каде во неговото време, па ајде да земеме да ги бараме назад тие територии оти Македонија се простирала НЕКОГАШ до таму. Уосталом, добро рече некој над мене. Промената на името не зависела и нема да зависи од нас. Ене, и србите се бунат за Косово ама кој ги слуша? :)
     
    На BoaVista и milky-candy им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Многу интересен феномен, сите кои се за промена на името и подобра иднина на Македонија, тие се расипани и продадени души, ама затоа сите партиски полтрончиња, крадачи, гзолижачи и врскаџии се патриоти, чесни и мирни души?

    Со или без промена на името, ние кај и да е, ќе се испоколиме самите со себе.
    Таква ни е крвта, такво ни е тлото, труло и никакво.

    Се обидувам да си го сакам народот и државата, ама попусто, гнило е, народот е жив прост, ко изгубени овчички, овчар немаме, волци околу нас колку ти душа сака.

    Кој како стигне не дупчи, а ние сме мазохисти кои уживаме во мизерија.
    Понекогаш си мислам дека ова ни е за памет, од што сме живи утепани, изгубени, ем шуто, ем се бодеме.

    Наречете ме како сакате, ама по било која цена, мора да се реши ситуацијава за да тргне некако работата.
    Инаку, не знам што би правеле, од воздух, идеализам и патриотизам не се полни мешето, ниту се раѓаат деца, ниту ќе живнеме...

    Да е до мене, личното мислење ми е дека нас ни треба еден богат добротвор кој ќе не доведе во ред, ќе не строи и наредува, а ние послушно ќе слушаме да не води по патот.
    Затоа не бива, послушни сме и си трпиме.
     
    На BoaVista, irenna и Offspring им се допаѓа ова.
  16. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Никој не се потруди да свати шо сакам да кажам, ама нема врска :D позз :*
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    сФати ;)
    Јас го прочитав и искрено не ми запна за око, ниту за срце.
    Еве зошто, некаде имам напишано, ќе напишам пак.
    За државата имам сторено доволно. Сметки подмирени на време, данок платен, казните платени, иако имам значи луѓе во секој момент за да фатам врски и да ми ги скинат.
    При татко во полиција, јас на времето од мој џеб си платив 1200 ден. казна за неносење лична карта, па сега ти види.
    Дипломирав со време на држ. универзитет, постојано подмирена партиципација со време и ред други непотребни трошоци кои не тераа да ги плаќаме, т.е. не крадеа. Волонтирав година дена без пари, за мојата држава, мислејќи ќе ми се врати со добро, со арно, ќе направам разлика, јас и мојот гревен идеализам.
    Нејсе, не сум само јас таква. Има ред други послушни и трпеливи граѓани, кои дремат технолошки вишок, патат од депресија, заради пуста СИРОМАШТИЈА И НЕМАШТИЈА, заради тоа што месо си дозволуваат само на празник, и едни исти чорапи ги крпат три пати по ред. И не, лага не е, повеќе од половина Македонија живее баш така, до гуша со долгови и кредити.

    Животот не е кафе на Ленинова со наочари од 350 евра и шопинг у Грчка и глумење лудило, животот во Македонија е стресен и стегнат и депресивен и ако си лабилен, лесно можеш да се збудалиш.

    Сите ние сме правеле и се' уште правиме добро, и со кое добро ни се враќа?
    Јас сум последната која сака да замине од тука, тука ми е домот, семејството, пријателите, убаво го сфаќам концептот дом и татковина, без гајле.

    Ако е за тоа, јас завршив македонски јазик и се гордеам со мојата професија, за која многумина патриоти ми се смеат како сум тоа што сум, немало живеачка за мене, немало профит, пари и иднина, требало да запишам економски или правен или не знам ти што...

    Така што, убаво го сфатив твојот пост Ред.
    Ама кога ќе дојде време да си основам фамилија и кога ќе немам каде да живеам, кога ќе треба да скрпам живот со 200 евра и да немам пари да си купам ништо друго освен работи од пазар, да знаеш дека ќе ми скурчи, зашто животот е еден и е за живеачка пристојна и уживање, а не за глумење лудило и револуционеризам гоце делчевски.
    И некој друг треба да живее после тебе и после нас, а ако вака се продолжи не ќе остане никој овдека, ниту да го изгасне светлото.

    Ги сфаќам сите луѓе, и оние со бугарски пасош и иселеници, и сите кои скрпуваат крај со крај, по секоја цена и им аплаудирам, СЕКОЈА ЧЕСТ НА ХРАБРОСТА, ИЗДРЖЛИВОСТА И НЕРВИТЕ, зашто знам како е да се нема, да си на дното, да немаш да му дадеш на детето 30 ден за баничка за во школо, или доволно пари да му платиш партиципација, па после 1 година успешна на факултет сега да е приморано да седи дома!!!

    А лесно е да се оди на шопинг секој викенд и со полни ќеси и полн новчаник да се труби колку е лесно да си патриот и македонец, кога единствената мисла и грижа ти - што ново да облечам утре.
    Таков патриот можам да бидам и јас и сите ние.

    Кога се би било подредено, и барем малку поубаво, никој нема да си оди и да ја руга Македонија.
    А жално е колку е нашиот народ скромен и колку малку му треба, а НИ ТОА ГО НЕМАМЕ.
    Ајде сега да си играме ПАТРИОТИ.
     
    На Lolo5, crazyinlove19, Blanca и 3 други им се допаѓа ова.
  18. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    еве сега ќе дадам еден мал пример за да ме сфатите-

    мајка ми, си го има сменето името... едноставно, не си го сакала, и било срам да пружи рака на некој човек и да се запознае! и било комплекс, и дури на 14 години (замислете дете) си го сменила... и била среќна, без срам си го кажувала името... сега знам дека некои ќе кажат-ама не си го сакала името! мене поетата ми е друга,а таа е кога нешто ќе те направи среќен, ќе ти донесе повеќе во животот, тогаш зашто да не!? замислете ние сега вака живееме, а утре? наместо, како што е редот, секоја година се подобро да биде, кај нас обратната песна се пее- секоја година се полошо и полошо ! нешто што ме остава фрапирана е кога ќе видам некој/а македонец/ка да пружа рака во контејнер :o !!! па каде го имало ова, во сопствена држава, ти да бркаш и храна да бараш во контејнер?! и, оди прашај го тој човек, дали ќе го смени името, ако има храна од продавица, а не од канта, остатоци...?? и сигурно дека ќе ти каже да! дигнале цени овдека, а каде пари???? не, бре, важно, јас името не го менувам, ама ко голтар ќе си живеам! со електромашински факултет, продавачка да работиш? 8000 денари плата да зимаш!? а некој со врски да ти го земе местото, само зашто има книшка во рака, и е нечија марионетка! па каде има вакви работи во еу?? можеби има :!: , ама не до тој степен како кај нас! да седи некој со медицински факултет дома, е тоа никаде го нема! и кога ја гледам целава ситуација овдека, си викам, па зашто да учам јас факултет, да трошам толку пари, нерви, и време? од каде јас да знам дали утре ќе има работа! и од каде јас да знам дека утре и ќе постои земјава! зашто албаницте кажаа- да се најде решение, или војна! и сега пак некој че каже, епа нека си одат во албанија! ама ајде, отерај ги во албанија да те видам! ееее,подобро името че го сменам, отколку војна да пукне пак! е за тоа пред се, а после за подобриот живот!
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    малце офф, ама охохоооо, добри вести ќе има на A1 сега ;) за паричките и имотот на судиите, луѓето во владата итн... ајде да видиме колку се богати, па да си направиме споредба?а? што велите :lol: мислам дека се малце побогати од мене, онака, 'само' за 1-2 скалила |( , бидејќи, ептен им е тешка работичката! ;) :envy: