1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Јас не знам зошто сите патат од тоа дека со влегување во НАТО и ЕУ нас проблемите ќе ни се решат. Тоа не оди на копче бре! На тоа треба да се работи со години и години. Во такви пактови и меѓународни организации се влегува со веќе решени проблеми и државна стабилност. Европска Унија сака држави кои ќе придонесуваат за нејзин развој, за нејзин прогрес. Со што ќе придонесеме ние?
    Македонија отсекогаш имала предавници и нажалост сеуште ги има. Се испопродадоа со тоа пасошите за една кола од Бугарија, а сега има и такви што името ќе си го дадат за некаква Европска Унија за која се прогнозира дека ќе се распадне кај и да е.
    Едно големо НЕ за менување на името, иако тоа не ни е преуслов за влегување во ЕУ.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    абе најубаво ќе биде сите 'продадени' души, да си направат град-држава во еден дел од македонија па да видиме што носи еу и нејзините благодети (може ќе бидат позитивни или негативни, ама додека не пробаш, никогаш нема да знаеш) ;) , со сменето име, а тој дел што нејќе да си го смени друга град-држава со несменето име и без еу! па за 10 години ќе направиме муабет кој како живее, и какви приходи има 8) зашто, можеби некој не сака да се смени името, ама некој па сака! ;) некој сака подобар живот, и нема за ручек патриотизам! :hai: (мала шала беше ова со град-државиве бре :lol: , се шегувам јас секој има право на свое мислење околу темава)

    п.с едвај чекам A1 вести :~: секунди бројам ;)

    абе немало вести сега, после ќе има :lol:
     
  3. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    ordinari.е како не ни е предуслов името,па јасно и гласно кажаа странциве,дека основен услов за почеток на преговори е да се реши спорот со името со грција,па после може да се разговара за се друго...на сите конференции,состаноци,интервјуа го повтараат истото,појасни и погласни неможеа да бидат.и фуере и сите останати и еврокомесари и експерти и све по ред.зарем не си гледала вести последниве неколку недели?и сеа ние треба да се правиме на тошо и да викаме-не бе,не е проблем тоа не е предуслов?кого ке залажуваме? :?: :)
    a секако,никој не очекува дека ако влеземе во европа работите преку нок ке се сменат,и ке станеме јаки као германија или франција :D нормално дека ке треба да поминат години за да се сменат и средат работите,мегутоа ке има некое движење кон подобро,а вака само тапкаме во место и се повише тонеме.нашиве политичари немаат капацитет да не извадат од калта во која сме зацапани.
    а за тоа дали ке се распадне европската унија или не,не сме јасновидци па да можеме да знаеме нели,времето ке си покаже своето.
    мене лично не ми е сеисто како ке се викаме,македонци сме и тоа ке бидеме секогаш нели...мегутоа нас со години веке не не викаат и пишуваат како македонија по институцииве по светов,не пишуваат фиром секаде за да се избегне спор со грците.а кога веке не сме само _македонија_зарем не е сеисто дали сме бивша југословенска р.македонија или северна р.македонија?дури второво е пократко и барем не сме бивши :D е сега проблем е за внатрешната употреба и со земјите кои не признале.е да ни беа по способни политичарите досега можеа да ги издриблаат работите и да се најде некој компромис.ама на жалост не се.на почетокот на преговорите,за идентитетот и јазикот воопшто не стануваше збор,бевме во многу поповолна положба,тоа не ни го негираа,ама како минуваат годините а решение нема се повеке проблеми излегуват на маса...сега се растрчаа нашиве политичари да молат да не примат под фиром ама сега пак европа нејке,ни вика неможе,решете си го проблемот прво :D а кога ке ми текне дека правеа кампањи истите тие политичари" dont you firom me" :?: :D и разгледници и петиции пракаа по европа.испагаме смешни во очите на светот.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    За Tanja6

    Точна е изјавата по медиумите дека основен предуслов за влез во НАТО е да се реши спорот со името. Кога ќе се размисли подлабоко ќе се дојде до заклучок дека со нас си играат мајтап кои стигнат...Кажи ми Тања те молам објасни ми - како е можно да не признаат вкупно 129 земји во светот под уставното име Република Македонија(овој податок е заклучно со септември 2010 год.) ????? Тоа е веродостоен податок и непоблив факт! Ама очигледно дека еврокомесариве премижуваат за тоа...Друга работа - Швајцарија, Норвешка и Исланд не се членки на ЕУ и ај кажи ми што им недостига на овие држави? Во Швајцарија е се така под конец подредено што и тревата по парковите и дворовите знаат колку милиметри да ја искосат за да биде перфектна? :) Може ли во нешто, објасни ми, да се споредат Швајцарија и Македонија? :D Секако дека НЕ! Разликата е.... :x И во случај да влеземе во таа ЕУ, состојбата овде кај нас нема многу да се промени(криминал, корупција, непотизам, партизација на све живо и диво - има и ќе си има) И во десет европски унии да влеземе, тие сме - балкански менталитет, продадени душички кои го вртат газот кај што дува ветерот, лажни патриоти... :tmi:
     
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    kike,мила.ти демек ми даваш реплика,а уствари и двете го збориме истото :) во претпоследниот мој пост (пред 2 страни)ако си го прочитала и јас пишав-да бевме некоја економски развиена зејма,политички стабилна,земја каде се почитуваат законите,европа немаше воопшто да ни треба....да бевме земја као швајцарија секако дека европа немаше да ни треба...ама далеку сме од швајцарија нели :) е затоа ни треба европа......а ако влеземе некогаш у европа,као шо пишав и погоре секако дека работите нема да се сменат преку нок,ама сигурно ке има промени,подобро ке е за економијата,за бизнисот,за транзитот на луге,за работа во странство и сл.е сеа може ке има и некоја негативна консеквенца,неможе се да биде позитивно нели али мислам дека позитивните придобивки ке бидат далеку повеке од негативните.како и да е,мое мислење е дека на нашава сиромашна земја европа и те како и треба.
    а шо се однесува до тоа колку земји не признале бројката ја знам,ја следам политиката,редовно читам весници,глеам вести, а и по некоја политичка емисија :) мегутоа џабе е шо не признаа толку земји кога веке ја губиме подршката.немаме јаки политичари,немаме успешно лоби да лобира по светот.како минуваат годините,почнаа да дигаат раце од нас и од нашиов проблем.подршката спрема нас станува формална,само на збор,а уствари никој не се замара повеке со нас.гледаат странциве дека во нашава политика нема креативност и иницијатива,неможеме да најдеме решение за проблемот,само глумиме преговори,и глумиме напредок во земјава со лажирани статистички податоци а уствари тонеме.
    дај боже да не сум во право и да успее нашава влада да не зајакне како држава и без европа,ама чисто сумњам дека ке се деси тоа.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    [/quote]
    А, за македонската дијаспора - СИТЕ ТИЕ СЕ ПРАВАТ ПАТРИОТИ, СЕ ЈАВУВААТ ПО ИНТЕРАКТИВНИ ЕМИСИИ, КАКО НА ПРИМЕР ЈАДИ БУРЕК СО ЈАНКО И БУМБАР НА СИТЕЛ...ПА КУКААТ, ПЛАЧАТ КАКО ИМ ФАЛИ ТАТКОВИНАТА...ЕПА ДРАГА МОЈА ЗОШТО НЕ СЕ ВРАТАТ ТУКА ПОВТОРНО? ПОСЕБНО ТИЕ ШТО СЕ ЗАМИНАТИ ВО АВСТРАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА, АВСТРИЈА ИТН..ТУКУ БАШ НАПРОТИВ - ГЛЕДААТ И ОСТАНАТИТЕ ОД ФАМИЛИЈАТА ДА СИ ГИ ПОВЛЕЧАТ ТАМУ!!!!! ИМАМ ВО МИЧИГЕН РОДНИНИ ЈАС. ЗНАЕШ КАКО ЖИВЕАТ? КАКО БОГОВИ...ЦЕНИТЕ НА МНОГУ АРТИКЛИ ТАМУ ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ГОРИВАТА СЕ ПОЕВТИНИ НЕГО ТУКА... МАКЕДОНЧЕ, ПРОКЛЕТО СИ СЕ ЗНАЕ КАКВО Е - ГАЗОТ ГО ВРТИ ТАМУ КАЈ ШТО ДУВА ВЕТЕРОТ...И ПОСЛЕ ПАТРИОТИ БИЛЕ И... :x МИЖИ МИТРО ТУЛУМБИ ПАЃААТ. ИАКО И ВО СТРАНСТВО НЕ Е СЈАЈНО И СОВРШЕНО, НО ДАЛЕЕЕКУ ПОДОБРО Е НЕГО ТУКА![/quote]
    Kика 30 јас живеам во Aвстралија и да ти кажам воопшто не се јавувам по интерактивни емисии и не барам песни да ми пуштаат жалосни,и искрено не ми фали татковината,ни мене ни на мажот ми,само сакам да си ги видам родителите,не сум патриотка,и не сум заинтересирана за името воопшто.и би сакала да си ги повлечам моите да живеат овде,зашто знам какви маки мачат таму и многу ми е жал,секогаш кога и да се јавам ;( и овде можеби постарите се повеке патриоти,на младите им е срам да кажат дека се македонци :x и да имате шанса,ве советувам да одите некаде далеку,зошто цел живот да се мачиме,а можеме да живееме подобар живот :)
     
  7. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    Za Wolf4e

    Чест на исклучоците како тебе...Се восхитувам на вакви искрени и објективни луѓе и отворени, кои не глумат лажен патриотизам..Тоа што го велиш за странство - истото и јас го имам пишувано во моите погорни мислења во оваа темаа... Поздрав и се најдобро. :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Имаме овчар, ама каде не води е прашање. Во 2 милиона слепци едноокиот е водич :)
     
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    И да го смениме името, и да влеземе во ЕУ, што добиваме? Повисоки цени(како сега да не се), а помали плати. Некој сега нема од што да живее, а не пак тогаш.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Добиваме повисок стандард и повисока стапка на вработеност. Добиваме повисока гаранција за нашата безбедност и стабилност. Добиваме отворени врати низ Европа на неограничено, а не како сега утешна награда на 2 месеци и тоа ако имаш незнам колку евра во џеб како гаранција и ред други процедури. Тогаш повеќе нема да се вадат Бугарски Пасоши затоа што со нашите ќе добиеме исто она што сега го нудат Бугарските. Мене ова во случајот многу ми одговара. Прво нешто ако влеземе во ЕУ, вадам пасош и ме нема. На неограничено 8)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Искрено што сакаат нека прават, јас си заминав од Македонија, и не планирам да се вратам. Прво затоа што сакам тоа што толку години на факултет вложувам, да ми се исплати. Второ затоа што сега сфаќам дека образовниот систем не е 0, 0 е многу. Со име Македонија или не, нашата ситуациија нема да тргни кон подобро, затоа што се што беше добро се уништи. Дај Боже да грешам, дај Боже да грешам...
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Абе џабе се траќаме ние како замрзнати компири, само Грујчето си знае, што и како ќе си прави. А што и да се случи, ние пак ќе си останеме Македончишта, гордо исправени со градите кон татковината :D , чисто онака, патриотски. 8)
    А и да влеземе во ЕУ, што фајде... па не сме навикнати ние на таков стандард бе, и така нема да ни одговара. Абе нас никако не ни одговара, тоа е факт. И да се отворат 1000 нови места за вработување, мора еден да се јави зошто чистач бил... |(
    И ние во Европа... Абе ајт да си бидиме мирнички, арно ни е вака. Ем патриоти ќе си бидеме, со нашето Македонско име, ем прилагодени со гооодини наназад на нашиов стандард.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ако во ЕУ е така лошо, зошто сите се тепаат да влезат и даваат и територии и исполнуваат реформи?
    Јас не сфаќам, му одиме по гзот на Фуере, правиме се' што се може, само се поднесуваат некои извештаи постојано, народот е под невиден притисок и тестови, казни до небо, а од друга страна - не, не менуваме име и не, нејќеме ЕУ? :^)
    Па за кој к*р тогаш го правиме сето ова и се мачиме?
    Ова се вика - сакам да се е*ам, ама да не ми влегува.
    Бог да чува е нашиот народ, само стап за нас, ништо друго.
    Ако вака продолжи, до Нова година и фаќам уџум, без да кажам и чао, на никој.
    Прекиснато ми е да не можам работа да си најдам, од ред партиски полтрончиња, кои си фураат политика и уво ги боли за обичниот народ.
    И притоа ми солат памет, нарекувајќи ме непатриотка.
    Новост - и јас, и сите ние, имаме право на еднаквост и пристоен живот.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Е, баш така Трендафилче, да си ми жива и здрава :*
    У осталом, зависиме од сите околу нас, ама храбро се држиме за едно чудо, еееј не попуштаме, го држиме името како слеп за стап :^) . Добро е тоа, добро ееее... тоа е патриотизам :!:
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Нато е нужно зло.Точка.Мораме!
    ЕУ е пожелно!Тешко ми паѓа кога некој ја дава Норвешка како пример,со краен оптимизам дека имаме потенцијал да и бидеме пандан за некое време...ах.
    Друго,да не беше мотивот за еу,длабоко верувам дека ќе си останавме на нивото од пред 20 години,не дека сега нешто сме поарни,ама барем се лажеме и се трудиме,иако нашиов народ е некреативен,неамбициозен и премногу мрзлив,па дури и тоа што треба да исполни некои минимум стандарди,буквално се сфаќа и навистина се минимум.ЕУ како идеја е фантастична,лошо е што почнаа да ја владеат политички сили,а дека ќе се распадне,нема,тоа ми е оној чичковски муабет уз ѕидарско пиво пред коперација.Почна да се шири како грип,не за друго,си се тешиме бе шо!Ние бар нема да се брукаме кога ќе се распадне,умни да си испаднеме,а до тогаш да стискаме палци дека така ќе биде.
    Сакам во ЕУ,по секоја цена,ме фаќа инает,ме фаќа само желба за патриотизам,ама ништо повеќе.Не живеам од патриотизам и верувам дека муабетот за кој се фативме со името,античката историја треба да се вметне во светска историја,ниту наша,ниту на грчиштата,што и за воља на вистината и така си е.Цел свет сме измелезени,а и кој ненорален може да изнесе факти врз основа на претпоставки или пишани материјали кои можат да се толкуваат на толку различни начини.На крај краева,зошто се водат преговори?!Се трудиме да ги фатиме на цака од типот лажеш,не лажам,лажеш,не лажам,не лажеш,лажам?!
    ЕУ,таму си го гледам спасот,со легачи со по три паузи во денот,со грди колачиња со вкус на целофан,со нефукционално судство,со факултети во кои владеат мито и корпуција,не ми се живее.Можам да си ја сакам државата,ако направила нешто за мене,всушност таа и не е крива,народот во неа е,ама сепак,не можеш по магарето,удри по самарот,ако толку се патриоти би го смениле името да не ни ја срамат земјава веке,да не бидат Македонци туку фуромјани!
     
  16. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Јас сум Македонка, тука сум се родила, моите предци се Македонци и пред многу векови се бореле и живот дале за ние да можеме слободно да живееме и јасно и гласно и без страв да кажеме дека сме МАКЕДОНЦИ и дека нашата држава е МАКЕДОНИЈА а не северна, јужна или не знам уште како.
    После толку години доаѓа некој и сака промена на името затоа што него така му одговара...епа нема да биде толку лесно ! Никој нема право да менува име на држава, а доколку сака слободно може да го промене името на својата држава !
    Значи, каква - таква ја сакам оваа државичка и не сакам да се менува името по никаква цена !!!
    Стоп за преговорите !
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Друг аргумент вака по цврст немаш? Освен дедовците твои, од кои веќе ни коски можеби нема? Ова е нешто што најмногу мразам, бабите дедовците, на времето, пра дедовците, живот дале. Абре остај ги тие што дале, никој не ги терал, гледај сега што се случува! Знаеш каде е отидена државава?! У пичку матер ете таму е отидена. Или можеби си нечие директорско дете па толку имаш почувствувано каде отишла. Биди македонка кога ќе немаш леб да јадеш. Биди македонка кога детето ќе ти плаче затоа што нема колку што имаат другарчињата. Биди македонка кога во денот ќе јадеш леб и маргарин. Е да си на мое место и на местото на тие 30% ако не и повеќе не вработени па ќе те прашам дали ќе бидеш македонка или ќе се срамиш.
     
    На mila-vanila му/ѝ се допаѓа ова.
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Уф се изначитав ... Не сум по политиката воопшто ама сакав да си пишам мислење :)

    Факт е дека секој од нас си ја сака татковината ... Тука сме родени тука сме растеле имаме спомени .. тука ни е семејството и пријателите.

    Искрено јас сфатив само дека премногу млади луѓе ја осетиле тешкотијата на животот и секој човек како таков ке бара нешто подобро. Како што погоре кажа Оффи животот знае да те зашамара многу добро ... но некој никогаш не добил таков шамар.

    Што е битно дали ке се викаме Македонија или северна Македонија .. и сега сем Република Македонија па сите не викаат фиром .... Така да доколку со менување на името има државава подобра иднина нека се смени одма што е до мене. И според мене со менување на името не се менува историјата. Зарем ке престанат децата да учат за Александар Македонски и се што било порано ?

    Моите правнуци еден ден може ке речат ееее прабаба ми колку маки трпела дури била приморана да се согласи името на државата да се смени.

    Секој човек од околу 40-50 години (нашите родители) се нервираат но не покажуваат. И алал да им е на тие што изнаоѓаат милион начини за да си ја подобрат ужасната состојба дома ... Доколку татко ми би можел да работи никогаш нема да го осудам ако извади бугарски пасош или ако оди во странство да заработи. Се тоа го прави за нас. Само родителите си знаат колку ги боли кога ке им речам ке ми дадете пари за ова или она а приморани се да речат не зашто немаат !!!

    .. 4 члено семејство Две деца ... една плата го издржува се тоа хмм не! Воопшто нема да ми смета и ако не крстат Северна Грција да ви кажам право. Само доколку тоа донесе до посредена држава.

    Секако и без тоа може да се смени состојбата во државава ама на власт е некој што газот не знае да си го избрише кога оди во вц а не па да ја среди државава.

    И не заборавајте од фонтаната во вардар што ја прават пари ке излегуваат ке собираме воопшто не сте стрпливи и вие .. Плус магаренца кокошки фрижидери телевизори па кој што сака ке си земе доколку нема сам да си купи.Тоа ни го овозмужва државичкава.

    Еее затоа Тедибеар за претседател :lol: Да гласате за мене и се ке средам. (се шалам малку да ве насмеам да не ми се нервирате многу) :)
     
  19. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Нато ни треба,треба да влеземе во Нато за да си обезбедиме безбедност.што е есенцијално за една држава,налет Еу Нато е првата препрека што треба да ја преминеме.Околу името ...хм моменталнава политичка гарнитура не ми изгледа доволно компетентна да се справи со овој проблем,а можам да кажам дека бидејќи уживаат огромно владение и симпатии кај мн граѓани се плашат да превземат некој сериозен чекор бидејќи можно е да предизивикаат револт кај граѓаните.Народов па наш Македонски нит се тера нит се води,јас си ја сакам Мк ноо клет народ сме и тоа е тоа,од една страна се тепаат по гради патриотизам невиден а од друга сакаат во ЕУ сакат ова сакаат она....не сме обединети и тоа не крши во поим,меѓу себе ќе се испотепаме а камоли за поголеми нешта...мн проста маса ,мал број интелектуалци а мн од нив бегаат надвор,овде владее љубомора завист желба да се наштети на другиот,па само скопјани со која омраза зборат за нели провинцијалците па што понатаму?!значи мислам дека мора да сме една целина која знае што сака,така би и помогнале и на владата која не велам не, има огромна одговорност на грбот,но се знае ,ако се смени име криви се ни сменија име ,ако не се смени е не влегуваме во Еу поради нив не кочат сакаат да не затворат надвор од светот .....Не менува една наставка на името ако живееме поквалитетно.
     
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Вака - те молам немој да се налутиш ама морам моето мислење да го кажам во врска со ова...Впрочем и за тоа се овие форуми за да се споделуваат различни мислења... Не ми е целта да те навредам ама во твојов пост фалеше уште и Калеш Анѓа да ја спомнеш или пак Гоце Делчев кој го сардисале окупаторите :lol: Убаво ти рекоа погоре - ти или си некое директорско дете, што не си осетила немаштија да видиш како е...Или пак си од оние патриотине на Грујо што 'живот даваат' за државава рѓосана...Пишува погоре за таквите патриоти...Тука во близина кај што живеам јас има штаб на вмро и секоја вечер се собираат локалните грујовисти од маалово и прават стратегии кој каде да се пикне на работа со партиската книшка, иако се тотално неспособни(со трето одделение...) Па вакви изјави од типот на твоиве, за предците наши ме потсеќаат на локалниве патриоти тука кај мене(шефот ги научил како да се понашаат :lol: ) Иако во целост не се слагам со твоето мислење сепак тоа е ТВОЕ мислење и го почитувам, ама морав искрено вака да одговорам, без никаква намера да те навредувам.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.