Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас сфаќам да не сакаш да смениш име, ако е во државава се цакум-пакум подредено и да има многу што да се изгуби... Ама да не сакаш да се смени име оти прадедовците дале живот за неа... :x ...

    Мојот пра дедо имаше преку 20 пра внуци. Тој нас имињата на сите не ни ги знаеше па јас за него сега ќе се чукам в гради. Ма ајде. По Вмровска реченица од таа амин! И тие тогаш се бореле за некои идеали како сегашниве Грујовисти. Ако малку размислувале тогашните борци немало денешницава да е ваква каква што е. Овој се борел, оној се борел. Па гледам фајде некое ако се бореле... И тие таму Гоцета Делчев, и ред други што ги наредија на плоштад се истото г*мно како Грујо. И тие седеле и правеле некои глупави стратегии. Тие ги основале првите партии овде. А ние ги учиме нив, како борци и како незнам што. Не дај Боже како мине време Грујо во историјата така да го воздигнат како сега што се Гоце Делчев и тие на плоштад другите.

    Мене не ми е гајле за некој си мој пра (пра) дедо од кој веќе ни коски нема. Мене ми е за мојата иднина и иднината на моето потомство. А државава несака да ни тргне поради тоа што се гледа се во минатото. Некои тажат за Друг Тито, други име не даваат затоа што во минатото некој живот дал... Дај бре луѓе гледајте малку напред, оставете го тоа што било, вреди ли да воскреснуваме некој само затоа што некогаш било овака или онака? Се додека тажно гледаме низ минатото нема да ни тргне напред.
     
    На milky-candy и Dgirlll им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    еве дома имам еден патриот :D во груда што се мава :lol: само за тоа знае, а вака да ти направи високо интелегентен муабет, појма нема!!! оф мори мајкооо :devil: реална сум премногу, чим за роден брат ова можам да го кажам, што останува за другите ;) така да, подалеку од вакви машки, сите се ко јајце на јајце, со тесни видици во врска со се... за мене само неинтелектуалните и неизнаживеани луѓе можат вака да размислуваат како брат ми, а за жал, и него го ставам во оваа група! :tmi: само кога ќе ми ги рокне тоа патриотскиве песни, коса ми се крева!!! :emo:

    уште кога ќе почне
    да го дрви
    со патриотските вмровски мисли и поеми, е крајот доаѓа... :puke: јас не знам на кој се метнал ваков, кај мене по дома не сме воопшто вакви! :doh:
     
  3. Unknown69

    Unknown69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Воопшто не ме интересира дали ќе го сменат или нема името, зошто државава веќе ни е отидена така да не се замарам ама баш ич!
     
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ух се изначитав. 90% од мислењата што ги прочитав држат вода, и ми е мило што има толку интелектуалки на форумов :clap:
    Се согласувам мислењата на Исак, мислам дека беше. Баш најреално ја има сфатено целата ситуација. Не се работи за партиотизам воопшто за промената на името. Реално се работи за некој туѓ интерес, конкретно за интереси на водечките сили на ЕУ, а Грција навистина е само мамка во сето тоа. Нашиве политичари, душата на ѓаволот ке ја продадат за некоја пара повеќе, а не пак името, сепак има нешто повеќе зад сето ова.Ако Европската Унија, беше тоа што ни прикажуваат, односно тоа што тие нас ни го дробат дека е, ќе беше убаво, и ќе се согласев и ке бев подржувач, и име да немаме воопшто, ама да сме внатре. Во овој случај, некој сака да си поигра со нас, со нашата работна сила, и само да не искористи. Европската унија има феноменален концепт, и замисла и изгледа рај за нашите очи, но кои се нејзините вистински политики не би сакала да се расиплинувам, зборувано на глобално ниво, иако поединци, односно младите можеби би виделе убаво од неа. Од фасадата на лажен патриотизам ми се повраќа, ние леб немаме да јадеме, горди патриоти ке изиграваме името не го даваме. Стари рекле "За свое дете ако треба и оџа ке станеш". Со тоа алудирам и на и на подобра иднина, и подобро утре. Во овој случај, подржувач сум за промена на името само за да се тргне ветото од НАТО, да има кој да не заштити. Да ни опне нас Грција утре, ке не срамнат со земја бе, ние немаме никаква сигурност. Внатре не знаеме да се справиме со различни националности, национални телевизии им даваме, а не пак да влеземе во конфликт со сериозен противник не дај боже, М од Македонија нема да остане. Моето мислење на оваа тема, е од гледано од повеќе аспекти, и би било убаво да се направи некој компромис, за да се придружиме кон НАТО.
     
  5. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    http://www.youtube.com/watch?v=woXXj9Rxw24
    Поздрав до сите патриотки на форумов кои се чеда на Александар, гордост македонска. |( Бог да ве чува од вашите минијатурни вијуги!
     
    На Kika30 и Offspring им се допаѓа ова.
  6. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33

    :D :D :D
    :rofl: :rofl: :rofl: :clap:
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    уште ракијата, лутите феферонки, шопската фул со кромид :D и 100% се преобразуваш во антички македонски патриот :lol: :rofl:
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Така, така... Добар рецепт за патриотизам. Ко то каже ко то лаже дека не сме биле патриоти. Само кафана ни треба за да се опуштиме, па после кој од кој е поголем патриот... Можда од кај нас потекнува она "во виното е вистината"... Ма ние со било кој алкохол сме патриоти! :!:
     
  9. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    едно големооо НЕЕ за промена на името....според мене добро ни е и без ЕУ и НАТО ;)
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Тебе ако ти е убаво, некому не е. Се гледа по твојот ник. Прашај ги 70% од народот како живеат. Ако не си запознаена подобро не коментирај. Живеј си во твоето мало скоцкано светче.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Значи јас си го кажав само моето мислење, не мора да се сложуваш со тоа и не мора да ти се допаѓа, јас си кажав тоа што го мислам. Инаку не сум ничие директорско дете и многу добро знам до каде ни е отидена државата, но сепак мислам дека со промена на името нема да се смени многу, напротив мислам дека ќе тргне на полошо.
    И за твоја информација сеуште не сум вработена, па сепак излезот не го гледам во промена на името !
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Никаква промена на името :!: Сметам дека не вреди да се промени целото име и целата историја само за влез во ЕУ, чисти глупости. Македонија си била и да си остане и понатаму треба :)
     
  13. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Историјата нема да се менува,само името ке се смени!И убаво кажаа погоре,има градови во Македонија на кои им е сменето името т.е. порано не се викале така,па што?-Ништо страшно. :)
     
  14. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Јас сум за промена на името, само да тргне нешто на подобро во оваа држава,јас верувам дека само тоа е излезот. Од името ништо корист немаме :!:
    Како што на другите држави им тргна после некое време и нам би ни тргнало. Кога една Бугарија можеше да влезе во ЕУ и колку-толку да се подоправи би можеле и ние ;)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Зошто? Кој ти кажал дека ЕУ е чисти глупости? Наведи некои работи, некој став искажи...
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Значи ако беше негативно влегувањето во ЕУ немаше никој да се труди и настојува за тоа :!:
    Чекор кој ни ветува подобар живот на сите нас- треба да се направи!
    Со промената на името не го губиме идентитетот
    Не ми е сеедно за промена на името и несакам да го сменат ама ете и во нашиот живот понекогаш други одлучувале за нас ... па и јас дури да одлучував за промената на името ќе се согласев ако знаев дека после тоа некои семејства што немале маса сега ќе имаат богата трпеза.
    Ако веќе го менуваат барем сами да си одбереме или ќе си играме кумови |(
    Имаше предлог Северна Македонија! :| повеќе би одговарала Централна бидејќи од сите страни ни зедоа делчиња од државичкава наша и тоа што остана е во средината
    како и да кажам јас немам никаква врска со одлуките на претседателот и премиерот
    така да нема што да мислам никој не бара мое мислење :D
     
  17. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Напочетокот кога се „распали“ темава, беше спомнуван Букурешкиот договор. Само да расчистиме..Во Букурешкиот договор нема анекс кој вели дека трае 99 или незнам колку години. Исто така нема ни член според кој ако една од поделените територии основа држава, ќе може да се отвори и да се изврши ревизија на договорот. ...Така да 2013 нема никаво значење за нас и не треба да ја чекаме и да сонуваме дека некогаш ќе бидеме тоа што сме биле многу многу оддамна. Евентуално може да покренеме иницијатива за анулирање на договорот за што си постојат многу докази дека е неважечки. Уште од самото составување договорот нема меѓународна важност бидејќи не е потпишан од сите големи сили, па уште од тогаш се водел како привремен. Но и покрај сето ова, и да се поништи договорот териториите нема да ни бидат вратени, а и ние се имаме изјаснето дека немаме територијални претензии..така да џабе ни е.

    Во врска со името...многу се имаа изјаснето дека не е до нас, па еве да се надоврзам. Нашата иднина е пропишана и замислена од поголемите светски и европски сили, ние и нашата државичка сме само нивни марионетки, па ако тие решиле да вршат глобализација на светот, така и ќе биде кај нив се конците. А и замислата не им е лоша воопшто. Светот би бил едно глобално село, без војни и слични недоразбирања, поделен капитал, работа за сите..утопија.
    А за имево дека ни е античко, така е но дали сме ние антички? Александар Македонски живеел и изградил империја која го носела ова име 300 и некоја година пред наша ера...но ние со доаѓањето на Словените ја губиме нишката со античките македонци.. но ајде да го оставиме тоа на страна, сепак македонци сме си,така си се идентификуваме.
    Немам ништо против да го сменат името, под услов додавање на некоја наставка на веќе постечкото. Еве Северна Македонија...зашто да не, па тоа е и вистината ние сме само дел од некогашна Македонија, и тоа северен, вардарски. Па ако тоа е условот за влез во ЕУ, која сигурно дека нема да се распадне, и од која можеме само да бенефицираме, пошто немаме што да понудиме ( дури и за крадење), така нека биде.
     
    На Offspring и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Браво Олива :) коментаров ти е за :up: :up: :up: :up: Колку и да е болна вистината, најубаво е да биде прифатена таква каква што е! Во многу наврати треба да се мисли со глава а не со срце.....Не може сите се криви, ние да сме прави... ;) ,
     
  19. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Мене едно само ме интересира, дали ако навистина го промениме името ќе влеземе во ЕУ. Некако си мислам дека секогаш ќе се најде некоја друга причина за да чекаме. Од друга страна пак, искрено гајле ми е дали се викаме Македонија или Северна Македонија или не знам уште што. Јас само сакам да имам право на избор, а со денешнава политка не гледам дека имаме баш многу избор. Си тупкаме во место и го одложуваме проблемот...
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Најтрагичното е што ни на Грујо не му е гајле за името. Се вадат на тоа, а не сакаат да влеземе во ЕУ само заради една едноставна причина а тоа е , да можат да крадат слободно колку што може повеке

    Зошто коа БИ влегле во ЕУ ( со знак ? дали некогаш ке се случи) ЕУ ке има контрола во трошењето на пари и нема да си крадат така едноставно како сега.