Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    ЕУ призна дека направила голема грешка со Бугарија и Романија, па затоа при примањето на нови членки во иднина ќе биде многу повнимателна и построга во однос на критериумите, а за тоа сум сигурна. Она што ги вади овие две држави (во однос на нашата положба) е тоа што имаат големи територии и излегуваат на море.
    Инаку баш го читав најновиот извештај од Комисијата на ЕУ за Македонија и не сакате да ни ги видите оценките. Најслаби имаме за судството и администрацијата. Ме изненадија оценките за човековите права, мислев дека ќе бидат малку повисоки. :^)
     
  2. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Само мала дигресија. Нормално дека ќе ни бидат ниски оценките за судството кога во нашата држава секој со секого се тужи. Во земјите со добар судски систем или тие што ни даваат совети (пр. Шведска) еден судија има многу помал број предмети отколу просечен судија кај нас. Треба и менталитетот на луѓето да се промени за да се подобри судството.
     
  3. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Јас мислам дека не ни треба ни ЕУ ниту Нато да просперираме како држава...знаете ли што им направи ЕУ на новите членки им постави нуклеарки и ги претвори во тест зони за оружје што е потенцијална опасност...епа луѓе полека но сигурно ќе се истребиме од Земјава бидејќи ја загадија максимално...ништо ќе неможе да се произведе од земјоделството а да не е отровно и опасно по живот...очигледно е дека материјалното сите луѓе поготово младите ги залепува па мислат дека во ЕУ цветаат ружи...но исто така разочарува и нашава политика ако вака се продолжи незнам дали со платите наши ќе може да си дозволиме вода за пиење а не пак за храна...Сметам дека треба да гледаме ние како држава да зајакнеме да се смалат цените и да се зголеми производството...само така ќе напредуваме и ќе ги надминеме сите...со рестрикции никаде не одиме (особено ако ни диктира некој од надвор)...
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    CuteBunny, ние ли треба за тоа да гледаме да зајакнеме како држава? Во оваа држава народот е безгласна буква. Во оваа држава власта ги држи конците и ги мрда како што сака, а ние обичниот народ имаме право да молчиме. Народот се бунеше за Скопје 2014, ама кој го слуша?! За бесмислените закони се бунеше, но пак кој го слуша? Јас би сакала да влеземе во ЕУ, само за да можам да си извадам пасош и да избегам одовде неограничено.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375

    Колку само нема врска бројот на случаи на судиите со корумпираноста. Знаеш зошто се ниски оценките за судството?
    Затоа што некој какот тетка ми, што има завршено правен по стар систем со 9.8 просек и има завршено академија за судии исто со висок просек, неможе да стане судија, затоа што нема познаници кои се во Владата. И така она цел живот ке си го помине како асистен за плата од 18 000 денари, а некој што е близок до владеачката гарнитура ке биде судија. И нормално дека позицијата која му е дадена мора да биде отплатена со вршење на соодветни услуги на оние кои го поставиле на тоа место.
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.796
    Пол:
    Женски
    Не сум некој голем патриот за да ми биде важно дали ќе се промени името. Сакам да се промени заради напредок на државава, иако со нашава влада се оди тешко.
     
  7. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Јас не реков дека има врска бројот на случаи со корумираноста на судиите. Јас само реков дека кај нас нема доволен број на судии во однос на тоа колку предмети има. Па нормално дека ќе има предмети што ќе се влечкаат по судовите по 10 па и повеќе години. Тоа го прави судството неефикасно. А за тоа дека судството ни е корумирано, па и не би рекла дека е покорумирано од било која друга државна институција. И тука прекинувам со коментирање за судството, затоа што е малку надвор од темава. Ако постои некоја тема поврзана со судството, можеме таму да продолжиме со коментирањето... :)
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Лебарка јас стварно не знам од каде ја извади оваа информација дека кај нас има многу предмети, а малку судии? Па во нашата држава е сосема спротивно, ние имаме премногу судии во однос на тоа колку предмети има. Не за џабе ја намалија надлежноста на повеќето судови во државата, посебно во помалите места. Така да не држи вода тезата дека предметите во судовите ненавремено се решаваат поради тоа што имаме малку судии, а многу предмети. Еве на пример во помал град(до 20-25 илјади жители) судовите имаат по 10 судии, а се надлежни да судат само за дела за кој е пропишана казна затвор до 3 години. Малку ли судии се тоа во однос на надлежноста која ја имаат?
    Друго, судството по правило треба да биде НЕЗАВИСНО И САМОСТОЈНО! А во нашата држава министерот за правда е еден од членовите кој учествува во избор и разрешување на судии и јавни обвинители. Е ОВА Е КЛУЧНО ЗА НЕЕФИКАСНОСТА НА СУДОВИТЕ. Како може судијата да биде непристрасен, а судството независно кога тој судија е избран од тело во кое членува министер за правда, и истиот тој судија може да биде разрешен од тело во кое членува министерот за правда. По правило судската власт е одделна самостојна и независна власт, но во практиката извршната власт(министерот за правда) има многу големи ингеренции и ја попречува таа независност на судовите.
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Па нормално е кај нас луѓето повеќе да се тужат отколку во Шведска на пример, кога кај нас на секој чекор имаш кршење на правата на човекот, отпуштање без основ, малтретирање од службени лица и слични ствари. Никој не седнал од чиста мира да се тужи со некого и да плаќа бранител и трошоци за постапката ако не му е повредено некое право, секако со ретки исклучоци кои се тужат за една педа нива.
     
  10. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Кога кажа дека "народот" се бунел за проектот 2014 или за било кој друг проект што не ни оди во прилог ...јас не се сложувам бидејќи јас не гледам МАКЕДОНСКИ народ овде...како што и самата кажа дека сакаш да побегнеш од тука...така и сите размислуваат за да го одберат полесниот пат...затоа најголем дел од партиските војници се млади луѓе ...кои чекаат да бидат командувани од нечија власт наместо да си ја превземеме власта во наши раце...Ваква ситуација сме имале во минатото...секогаш сме биле предавници како народ и озборувачи да наштетиме сами на себе ако некој е во подобра ситуација од нас ...наместо да се поддржуваме и меѓусебно да се бодриме како што направи еве на пример Словенија исто е голема колку нас а вреди повеќе од сите ex yu државички....не те осудувам само кажувам дека има излез ама нема веројатност дека ова некој ден ќе се оставари...на жалост... :worried:
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Па нормално дека сакам да побегнам одовде. Кој сака да живее во беда, стрес и нервози? Мене искрено не ми е гајле за Македонија, ич не ми чуе. Мене ми е гајле за мене. Ако некогаш би имало организиран протест против сиромаштија и ако некогаш народот успее да го крене гласот јас ќе ги поддржам со драга волја. А вака, не се заморувам, ич за оваа земја. Зошто да пробам да променам нешто кога знам дека немам фајде. Сама против сите неможам, и се додека е така не планирам да се заморувам. Кога би ми се пружила шанса, ќе избегам одовде и нема да се вратам. :)
     
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Не ги прочитав сите мислења кои се оставани на темава, но претпоставувам дека поголемиот дел од нас би сакале да си остане името и преговорите да се прекинат :)
    Имано јас низ моето академско образование ја изучувам токму оваат тематика, ЕУ, влез во ЕУ, договори, конвенции, конференции......И имам да кажам нешто: изразувањето на националната припадност и идентитетот е основно човеково право.
    Многу е глупаво да настојуваме за влез во ЕУ, во време кога е во прашање понатамошното постоење на самата интеграција. Во досегашното функционирање на ЕУ се откриени многу неправилности, а и сведоци сме на кризата во Грција која се прели и во другите членки на ЕУ.
    Според мене нема логика да си го менуваме името (идентитетот и припадноста) поради еден преференцијален трговски договор, кој во секој момент може да се распадне........ќе останеме со едно големо НИШТО!
    Наместо овие напори, да се свртиме кон подобро организирање на економијата во самата земја, би било подобро за сите :)
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Се убаво кажа, особено последното да ја организираме економијата во земјата, ама мислиш дека нас некој не слуша? Дојде време кога не смееме јавно да си го искажеме мислењето, а не пак да превземеме било што друго. Особено ако тоа ја загрозува владејачката партија не смееш збор да исустиш.
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Треба некој од нас да биде луд најверојатно за да каже ДА на ова прашање.
    Секако дека не! И сум против влегувањето во ЕУ. Половина од државите на балкаков кои веќе влегоа се покајаа....И многу јасно зошто!
     
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Ќе си препукнам што гледам толку испрани мозочиња! Невработени, гладни, боси ама МАКЕДОНЦИ ... и све тоа.... А до кога? До кога некој ќе те гледа во очи ќе те вика на митинзи и ќе ти проповеда ко да си има работа со ретардирана маса на луѓе ( што за жал, се повеќе ми се потврдува) и до КОГА ќе верувате во тоа? Јас можам да разберам очајни луѓе кои своевремено излезот го гледале во промена, па сме си играле лево маде-десно маде (пардон мај френч), ЗАТОА ШТО сакале да излезат од БЕЗИЗЛЕЗНОСТ. И стана збор за тоа кој повеќе ќе вети и кој поблиску се знае со роднините од трето колено на братучедот од тетка на човекот што е на прагот на факинг дислексија -Господинко господинко Груевски. Веќе и на него самиот му е јасно дека асално ја сјеба работата, ама мислам дека пријатно ќе се изненади кога ќе види со каква глупа маса на луѓе си има работа.
    А на тие што слушале муабети дома, или што се вработени преку нивното прекрасно партиско книшче во кое се крстат во името на отецот синот и Грујо, еве јас ќе ви објаснам дека ДА. Вашиот сакан мил прекрасен Груевски има диктаторска политика, више налик на Хитлер отколку на Сталин...има сериозно малициозна и застрашувачка острица насочена кон влашката заедница.
    Ако сакате да имаме квалитетна дискусија,загрејте ги малце неврончињата и бидете прагматични во пристапот, ЗАРАДИ СЕБЕ. Македонија..Горна или Долна.уатевр. Ништо не е црно - бело, најмалку долгорочно политичко планирање... Ако не сакавме да го менуваме името, не требаше да започнеме ни со менување на знамето своевремено, што беше глупоста од која започна се. Сега е веќе доцна. Да се преживе или не е работава...!Нека не ни умира народов за храна, нека немаме 50 % ОСНОВНА неедуцираност, нека запре перењето на мозоците преку медиуми и ПАЗАРОТ на труд нека стане место на натпревар на таленти и познавања, а не на познанства!!!!
     
    На CoverGirl10, lebarka, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Офи штета е и срамота што ни еден од нашите политичари не се грижи за развојот на Македонија. Тоа е суровата реалност. Ние не можеме да смениме ништо, но барем да си го задржам правото да се декларирам како Македонка......бидејќи што друго и да ни наметнат е физички непостоечко :@ . Се чувствувам буквално како да го смениле моето име..... Единствен политичар кој го ценев беше Срѓан Керим, но и тој ме разочара со последниве случувања со МПМ :(
    Дафне Ќе додадам само уште нешто........ вработени, најадени, облечени и дел од ЕУ. Ова не оди така лесно, особено не во случајот со нашата земја, бидејќи со приклучувањата во ЕУ многу од досегашните производства ќе изумрат......... стандардот ќе скокне, но ќе скокнат и цените, домашните производи и производства ќе бидат буквално прегазени од странската конкуренција. Немојте да се залажувате дека доколку влеземе во ЕУ истите тие ќе се ангажираат само за подобрување на нашата економска состојба, дека одеднаш невработеноста ќе се намали. ЕУ е политички проект (повеќе од економски), ако имаат интерес ќе влеземе, ако не (како и до сега) ќе ни наоѓаат најразлични изговори и гачки :?: .
    Зарем мислите дека Грција е толку моќна со своето вето ???? Еееееее тука во позадина има многу други причини, кои најверојатно нема никогаш да ги дознаеме.......Во ЕУ и во овој политички свет се е за пари и интерес !!!
    И еве да земеме дека ќе го промениме името и ќе бидеме најадени, вработени и облечени и дел од ЕУ, но што правиме кога ЕУ ќе се распадне....е тогаш ќе бидеме гладни, невработени, боси и без никаков идентитет!
    Не ми е логично да го менуваме името за еден вештачки створен политички проект, кој при еден потрес може да се распадне многу лесно.
    Не знам колку ги следите случувањата во ЕУ, но Германија веќе се заканува дека ќе го укине функционирањето на еврото на својата територија и ќе ја врати марката.......тоа е доволен индикатор во која насока одат случувањата во ЕУ.
     
    На faye, beached и marama им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    ФБИ мене ич не ме занима дали ќе бидам македонка. Се имам изјаснето и поназад во темава. Тоа што сум македонка немам никаков ќар, така да сеедно ми е како ќе се викаме.
     
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.796
    Пол:
    Женски
    Сеедно ми е како ќе бидеме, само многу трнлив е патот до успехот. На нас младите ќе ни биде последно, но што ќе прават постариве?
    Како и да е кога нашиве политичари повеќе би се насочиле кон подобрување на економијата во државава , а не кон бранењето на името би имале напредок.
     
  20. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    ФБИ... Што мислиш што ќе се распадне попрво...? ЕУ или Македонија со ова темпо? Не треба да гледаме на грвчиња за да ни стане јасно тоа. Јас ја разбирам твојата логика, ама Германија се заканува да го повлече еврото бидејќи новите земји членки ( како што беше примерот со Грција) се на прагот на банкрот и делејќи иста валута запаѓаат во дефлација. Мое чично мислење е дека тоа ќе биде позитивен чекор во смисла на тоа дека една од основачките земји на унијата ќе има стабилна валута и еврото ќе биде распределено по-внимателно и по-дарежливо спрема нас ( ивеншали, ако станеме дел од ЕУ). Единствениот проблем во врска со ова е дека, не е законито Германија да го стори тоа со оглед на тоа дека не постои клаузула за „повлекување“ во Основачкиот Договор на Унијата - Договорот од Мастрихт.Други информации во корист на ЕУ е дека се прават прогресивни размислувања и чекои кон правење на Уни-право, Уни-Устав кој еднаш до сега не беше успешно прифатен заради недостатокот во апроксимација на законодавствата првенствено од казнена природа...Затоа преку регулативи и Конвенции се наложува едно унифицирано право, во главните области на државите и соработка во повеќето полиња... Така што, далеку е ЕУ од распаѓање и банкрот.
    Немојте да се сфатиме погрешно, не бранам никакви интереси партиски или политички. Ни едните ни другите не ми чинат..Али рака на срце од едните ме фаќа УПЛАВ..Крајно тоталитаристички и неразумно владеење. Не го прифаќам тоа за себе и (во иднина) за моите деца. Не би требало ни вие да сте компромисни за вашата иднина.
     
    На BoaVista и Offspring им се допаѓа ова.