Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името Македонија или да престанат преговорите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сами, како држава, не можеме, ама не ми е јасно зошто сеуште се дебатира, кога знаеме дека јасно и гласно се изјаснија - нема прием во ЕУ за нови држави.
    Па ние може и на глава да се качиме и да се викаме Тунгузија. И онака ништо од нас не зависи.

    Моето мислење го знаете, се произнесов погоре. Ми се гади од цела Европа, толку ќе ви кажам. И да, Европа полека но сигурно оди во бездна. Сакала, нејќела ги следам овие работи, дел од работното секојдневие ми е тоа. Ќе ви кажам едно, сите гледаат што поскоро г’з да спасат пред да биде многу доцна. Грција повлече лавина, сега следат Португалија, Шпанија, Италија...
    Да можам си купувам утре нива во Бурунди или во некое забутано селце на сред некој океан, и ќе си ја копам цел живот. И нема да ми чуе да купувам телевизор и да се замарам со политики и глупости, а најмалку со глобални заедници преполни со лицемерие.

    Не знам зошто ама некако во глава ми е врежан еден дел од Диво Месо...се надевам нема да бидам погрешно сфатена, ама последниот дел ми е битен и проклето се совпаѓа со моето мислење за Европа.

    Ебави младоста. Се` ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни Бог. Немате ред ни во главите ни во телата. Се` на своја рака, со првиот ветар, како муви без глава. Мислите се` што лета, се јаде. Европа ве бара! И` се прди на Европа за вас...”
     
    На Bozica1980, Annath, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Би сакала да имам позадина да можам така да размислувам. Жалам што немаме повеќе опции. Но меѓу оваа состојба во земјава и потенцијална ЕУ членка... мижечки би го одбрала второто.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Несакам да се промени името!!! Ама понекогаш едно се желбите едно можностите...незнам веќе што да кажам, не ми е јасно зошто ни се поставува ваков услов...комплицирано е
     
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    според околностите кои ги имаме јасно ми за манипулациите од другите земји кои секогаш не изигруваат,па така не верувам на никаква помош,и не сакам да се случи првото,затоа нека престанат преговорите,зошто немаат смисла никаква,и губат на време-стануваат досадни а на европската унија се надевам дека нема да и биде криво за една држава како што е нашата мала и убава за нас Македонија! :)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Jас комплетно ги сваќам ставовите на сите поединци кои ги изнеле своите мислења на темава, те сваќам Дафне на што мислиш :). Плус имаш големо знаење од сферата на законодавството на ЕУ. Твоите аргументи се издржани.
    Но сепак постои опасност за распаѓање на ЕУ и тоа не се должи само на големите дефицити во кои се Шпанија, Португалија и Грција. Тоа се должи на општата економска состојба во светот. Постои можност за враќање на златното важење на парите, колку злато-толку музика. Доколку ова се случи, ЕУ дефинитвино ќе се распадне. Златното важење би се вратило на сцена токму поради трошењето на пари со кои не располагаат земјите...Сепак секој си има свои ставови и размислувања. Јас искрено не сакам да се ризикува името поради влез во ЕУ (руски рулет), на другите тоа не им пречи - гледаат на придобивките, сепак секој со своите ставови ;)
     
    На Bibko и Ashling им се допаѓа ова.
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    9.12.2010 12:19
    По низата конфликти, финансиски превирања и економската криза која ја потресе 2010-та, експертите оптимисти за случувањата во следните 12 месеци.

    Очекуваат новата година да донесе консолидација и стабилност. На меѓународна сцена во следната година се очекува Кина да биде присутна во секоја дипломатска и економска комбинација и за прв пат да ги надмине САД по производниот потенцијал.

    Последиците ќе се чувствуваат и натаму во Еврозоната. Аналитичарите прогнозираат дека Европската унија ќе се соочува со низа тешки одлуки, а кризата во Еврозоната ќе ја стави на тешка проба издржливоста на богатите земји во извлекувањето и спасувањето на сиромашните членки во зоната на заедничката валута.

    По цела деценија исполнета со војни и судири во новата година на според лондонскиот весник „Тајмс“ кризата на Еврозоната се очекува да се продлабочи при што зоната на еврото би можела да почне и да се распаѓа.



    Се извинувам за офф топик, но сакам да ги истакнам прогнозите на врвните економисти низ светот за случувањата во 2011. Во која насока оди ЕУ...дали да менуваме име или не ??!! :?:
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Според мене референдум би требало, каде што мислам дека 95% од граѓаните ќе кажат НЕ.
    И самиот премиер неколку пати имаше изјавено дека тој не може да одлучува во име на целата Македонска нација.
    А, овие милите и драги еустралијанци, канаџани и тако даље, не смеат да имаат право на глас, а исто така и оние со двојно државјанство.
    Европската Унија слична е на сојузите што се создавале низ целата историја на светот, само се чека војна за да се распадне, а кај и да е не ни бега ни трета светска.
     
  8. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Според мене сите овде сакаме да се развива економијата, тоа е главаната цел заради која ни е потребно NATO и ЕU, но мораме да земеме во предвид дека моќта на Aмерика е многу голема и во сите мегународни институции или пак во специјилизираните агенции на мегународните инститиции кои дејствуваат во светот, има голем процент на средства во IMF,WB, IBRD со кои што може да одлучува како сака, можеби претерав, но верувајте во прашање е каптал. Ова со Америка само како пример, туку сакам да кажам за тоа колку сме ние моќни. Според ова, нашиот спор е со Грција, а пак Грција е поголема од нас држава, поразвиена економски, има подобра географска положба....итн, не дека јас сакам да го смениме името туку мислам дека ќе мораме, и да мораме го смениме, тоа нека биде некое разумно решение. Значи јас сум против, но форумџии ова не живот секој да не потценува за малку пари, нашите деца па и ние не сакаме да живееме во сиромаштија, во скратување на основните потреби.... немаме моќ, не можеме многу да направиме и самите гледаме дека кога ќе дојди нешто да се решава за нашата држава секако на меѓународно или европско ниво сите не поддржуваат, се на наша страна,се согласуваат со нас, но кога ќе дојде моментот да се изјаснат што мислат за нашето прашање на крај излегува дека не ги интересира, дека се против нас, или, пак чекаат некој друг да не поддржи па после да одлучат.Јас сум Македонка ја сакам нашата држава ова со менувањето на името е нешто најапсурдно што може да се случи, но немаме што да правиме. На сите нас ни е јасно ако ние немаме пари немаме ништо, но ако имаме многу работи се полесни. Апсурдно е, негативно е, но толкави ни се можностите како држава. :(
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Грција економски развиена?
    Сега Грција?
    Во Атина уште има протести, државана е пред банкрот.
    Економски развиена.
    Да те тера туѓа држава да се откажеш од идентитетот сопствен?
    Да немаме име, да се декларираме само ко некое малцинство како Власине.
    И знаеш што следува потоа?
    Голема Албанија.
    Грција само се плаши да не и ги побараме МАКЕДОНСКИТЕ делови, до Солун некаде.
    Затоа не успорува.
    А, знаеш колку ќе се крени стандардот на цените во Македонија?
    Која мизерија тогаш ќе бидеме?
    Кога-тогаш европскана унија ќе ја нема, Велика Британија и Италија мислам дека беше, од пред една година склучија пакт за взаемно помагање при војна, односно нов сојуз.

    А,да кукличке2 како мислиш дека ќе се подобри стандардот во Македонија со влез во ЕУ?
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Значи не ми се верува и на Нова годна да се бистреле политики ;)
    Јас мислев дека само јас се палам на политика, ама имало и бетер од мене :)
    Ова најдобронамерно :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Ashling како овде да нема протести за тутунот, грозје, млеко дека не им ги откупуваат и дека е ниска цената.....рудари една друга фирма, стечајци. Овде луѓето молат, се бунат само за леб не за да одат на одмор и да одат на шопинг во Грција, ама очигледно ти немаш таков проблем( и мило ми е да има се помалку сиромашни луѓе). Колку и да не се согласуваш ние им ја подобруваме финансиската состојба со одење на одмор секоја година кај нив, со шопинг...
    Но ако не знаеш како функционира светот информирај се кој го има главниот збор :D
    Ако сме биле толку многу напред одамна ние ќе им стававме вето, ембарго и како што имаше настани во кои наши Македонци беа тепани таму, никој ништо не неправи од меѓународната заедница се само со некои опомени од ОНН од ЕУ и толку.
    Ако сме биле способни одмана ќе бевме и за во нато и еу :)
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ти поставив доволно јасно прашање,а одговорот никаде не го прочитав.

    Способноста ни е поврзана со историјата.
     
  13. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    :!: Доволно напишав што мислам за оваа тема.Натаму немам намера да коментирам, нити пак да покажувам/докажувам што милсам, ни јас нити било кој друг на форумот нема моќ да направи многу за ова.Ќе кажам уште еднаш дека не е само историја, туку е прашање на МОЌ, ВЛАСТ и ќе се прави како што ќе наредат светските моќни држави. Јас не би преговарала воопшто, ама целосно ќе бидиме изолирани и назад со технолошкиот развој, економскиот и се друго(доволно сме назад не ни треба уште).Да не се менува името, а во слушај да се смени тоа да е некое разумно решение. :|
     
  14. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    :!: ете заборавив за способноста ако бевме способни немаше да имаме само кафани и кафичи и текстини фабрики и некоја за чоколадни. ке помислевме малку на компјутери, на нешто што се бара на пазарот, што е идинина.Економска моќ значи и секаква друга моќ. :)
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не дека менуваме нешто, туку дискутираме.
    И радо би дискутирала на тема политика него да трачарам кој со кого се измувал вечева.

    -МОЌ и ВЛАСТ се поврзани со историјата, уште кога бевме под османлиска власт, 5 века ко не сме можеле гла да крениме и секое востание бил неуспешен обид бидејќи не сме биле способни за целосна организација.
    И со договорите во Версај таму, си барале нашиве права шо не ги добиле.
    И после втора светска исто, но не се откажале.
    Самостојноста ето ни ја пред нос лупната во 91ва година со референдум.

    Ми се свиѓа ставот на премиерот што сака да распише прво референдум, па после да се донесе одлуката.

    Како што напоменав во некој од моите постови на темава.
    ЕУ кај и да е ќе се распадни.
    Ние кај тогаш без пари, па и без идентитет ќе останиме.
    Она што некои живот давале, па ние сме ти биле некоја генерација да си поништуваме сопствена историја и да не оставиме зад нас никаква историја.
    Страшно.
     
  16. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Да не беше трагично, ќе беше комично!
     
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    зоки-поки незнам дали твое е ова со болдираново или од некој друг член, но како тоа вие мислите дека со влез во ЕУ веднаш Македонија ќе стане ЕВРОПСКА земја?
    Никој не му е гајле за историјата, тоа што некој живот давал, бил осудуван на смртна казна, за ТИ ДА МОЖЕШ ДА СЕ ВИКАШ МАКЕДОНЕЦ, тоа не е битно.
    Смешни сте.
    Поготово со ставот дека ако влезиме во ЕУ веднаш ќе процветаме како кокичиња во Март.
    ЕУ нас нема да не рани, ЕУ нас нема да ни дава повисоки плати.
    Само стандардот ќе се смени и лебот место 30 ќе го плаќаш 60 денари,а платите ќе останат исти, пензиите исти,давачките повисоки.


    Албанија е во ЕУ?
    Во последниве неколку години Албанија се крена на нозе.
    Знаеш зошто? Зошто се почитуваат меѓу себе, си помагаат и не крадат, ама пусто балканско во нас нека му умри кравата на комшијата зошто тој не купува млеко, туку произведува.
    Pointless i know.

    Сеа на болдираните реплики да одговорам.
    1. Постојат ЈАСНИ СТАВОВИ ОКОЛУ (НЕ) МЕНУВАЊЕТО НА ИМЕТО.
    Што мислиш, зошто Милошоски уште води преговори?

    2. ЕУ ќе се распадни, не зошто јас завидувам туку така е.
    Почнаа да се формираат нови сојузи, исто како што за време на војните постоеле и се распаѓале.
    ЕУ не е она што беше пред неколку години, сега е мошне заслабната.
    Гледајте бе луѓе малку вести, ова се работи што треба да се знаат пред да завземиш некоја страна.

    3.Македонија ја поистоветуваш со Африка.
    Компарација за мерак.
    Речи ми дека 80% од Македонците живеат во беда.

    4.Кои долгови жити мене?



    Русија случајно дан е во ЕУ?
    *Ако знаете нормално што е Русија.
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :^) Знаеме што е Русија :D Како што тргнала работата таму, канибализамот 'пак ќе се врати', луѓето пари за леб немаат.... извинете на офф :)
     
  19. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Како сто е тргнала работава со името само "РАЗУМЕН КОМПРОМИС" може да ја испраи.. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :
    :rock: :rock: :rock: :rock: :rock:
     
  20. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    разумен компромис,може да се постигне,ама проблемот е шо тие шо треба да го постигнат компромисот,не се разумни :D
     
    На faye и BoaVista им се допаѓа ова.