1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Грчкиот неделник риал њуз во својот последен број открива дека Вардарска македонија ќе биде новиот предлог кој ќе го достави Грција на новата влада на република Македонија. Алтернативен предлог како што дознава риал њуз би мижел да биде република Скопје кој во претходноте години беше одбиен во преговорите од страна на поранешната власт на дпмне. Дали вие се сложувате за промена на името и кое име според вас е нај прифатливо.
     
  2. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Република СЈО.

    Тоа ќе биде името.
     
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам со ниедно друго име се знае нашето име на државата како е МАКЕДОНИЈА!
    А Грчката власт ако сака нека се превртува!
    Не смеат да ни се мешат во нашата држава и ниедна друга било која.
    И подобро е да не влагаме во Еврпоска Унија да си седиме мирни
     
    На Troi, girl-miri, melnicanecot и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.408
    Пол:
    Женски
    Државава си има име и само тоа е прифатливо, нема друго.
     
    На girl-miri, melnicanecot, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.933
    Пол:
    Женски
    Наместо новата влада да се занимава со промена на името подобро нека поработи на тоа да ги покачи платите и стандардот на граѓаните како што вети.
     
    На butterfly*, Abeja, EraBon и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Како мислиш да седиме мирни името не го даваме а ние ќе се селиме од државата така му доаѓа работава. Ние како држава тапкаме у место само заради името дали според тебе е подборо сите да си заминиме од државата или да го смениме името и да одиме напред. Името не значи ништо ама нашиве политичари во последниве особено 11 години ни ја полнат главата со името а во нивните глави се вртеше дека нема да можат да крадат од народот бидејќи ќе бидат контролирни од европска унија.
     
    На Emy867, sj *O*, Teen girl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Може сме се разбрале али ако влеземе во европаска унија бетер ќе биде се
    а ти ќе дозолиш името да се смени само за да влеземе во таа унија
    исто како некој дома да ти дојде непознат и да ти каже дека ќе се викаш трајко а не ристе???
    зар би дозволил да го смениме името за да продолжиме напред ?знаеш што зборуваш?
    20 и нешто години тапкаме во место и така ќе остане.
    Европска унија сите нас ке не контролира не само политичарите и нас ѓраѓаните и ќе не задолжат дупло од сеа.Се знае која е целта на европска унија.
    Ако не ти одговара државава оди си најди си подобро место за живот никој не не држи со сила тука па и кај да си.И малце размисли со бистра глава не гледај од политички аспект што ќе биде ако се смени името,не ми смета од која политичка определеност си али пак ке ти кажам размисли убаво и отвори очи како еден обичен граѓанин
    поздрав
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
    На Troi, PaLaVa, Плавуша123 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Државата оди назад само заради тоа што не се сложуваме за да го промениме името а со самото тоа се ставаме во опасност да да ја изгубиме финансиската сигурност и да ја загрозиме безбедносната состојаба на државата со што се ставаме во опасност од терористичи напади. Европската унија можеби ќе не контролира но со тоа ќе се стави ред во државата и нема секој да прави што ќе посака во државата.
     
  9. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Државата оди назат уште пред да се даде предлог.И што ако сме смениле име ќе се смени нешто нема се ќе биде по старо иста песна како и до сега.На крај ќе дојде и нашите лични имиња да ни ги сменат.
    Многу луѓе не би дозволиле промена на име за да влеземе во таа унија!!!
    Терористички напади имало и ќе има и не значи ако го смениме името дека нема да дојдат терористи.
    Меѓусебно се колеме не се сакаме а не па терористи ,ред во државава никад немало ни ќе има со ваков народ лажговци,крадци,безобразни,некултурни.Секој гледа да те заебе да те украде.Дома ти доаѓа комшија и те краде па како сакаш да ни биде државава како што треба?
     
    На anaja1, LadyInTheDark, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Отвори ги очите и види како стојат работите реално не како кажуваат опозициските медиуми.
     
  11. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Не планирам да се карам и не ни сакам мене очите одамна ми се отворени.
    За никоја партија не сум ни од едната ни од другата нешто сум добила све што сум изградила до сеа во мојот живот се сама сум направила со сопстевн пот и труд.
    Вести не ни гледам било која тв да е али многу добро знам што се случува и затоа тебе ти предлагам ти да си ги отвориш очите убаво и да не гледаш од страна на некоја партија.Размислувај со свој мозок а не со испран.
    Не ги гледам луѓето кој која партија е не ме интересира
    Групава е отворена за секој соето мислење да си го каже така и јас си кажав што си имам.
    Може подобро ќе биде да излезат сите граѓани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и да гласат дали да се смени името за да влеземе во еу
     
    На anaja1, PaLaVa, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Е ова добро го кажа секоја чест
     
  13. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислиш со ладна глава ќе дојдеш до правиот одговор.
    Ако знаеш да се снајдеш ќе се снајдеш и во оваа држава.
    Благодарам поздрав
     
    На anaja1, PaLaVa, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Се срамам што одредени припадници на македонскиот народ се спремни да го продадат името.А најголема корист од тоа секако-соседите.Ќе влеземе во Еу само за да се задолжиме уште повеќе,да не црпи максимално од ова мало парче земја и се разбира нема потреба од бугарски пасош за странство.Ако ова се случи во Британија или Германија,или било која цивилизирана држава,се знае дека дотичните преданвици гадно ќе поминат.Овде се гледа само да се смени името (ситница нели :x), за да уживаме “европски стандард“.Националната свест потонала и не важно дали ќе те прекрсти некој од Трајко во Ристе...Ех,ова моја чудесна земја...:tmi::tmi::tmi:8-|(facepalm)(facepalm)
     
    На Abeja, CameliaMiller, Troi и 16 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Секако само ние меѓу себе се викаме Македонци, а земјава ја викаме Македонија... Пола држави во светов не знаат дека постоиме, а пола не викаат Фиром.
    Плус, гратис прашање, вие што имате бугарски пасоши не ве боли срцето што се пишувате Бугари?
    Се пишуваат Бугари за да имаат подобра иднина, а овде очи вадат за името... Абе ај логика...


    Прво, слушам по улици некои разговори помеѓу прости луѓе, дека Заев ќе го менувал името.
    Значи колку треба да си прост за така да речеш?
    Заев е семоќен Господ, па што сака ќе прави?

    Не!
    Не смее сам со прст да мрдне.... Триста процедури има за промена на името, а на крај народот одлучува.

    Второ, кога размислував како дете, и јас се правев патриот за името.
    Ама ако името е услов за да имам подобра иднина, за да се зголемат и плати и да имаме поквалитетен живот, тогаш гајле ми е ако стои НОВА пред Македонија.... Што дека ќе биде Македонија, ако сме мизерни со гомна до гуша?

    Така да, ако има референдум нема да се правам патриот, туку како свесен и зрел граѓанин ќе размислам со ладна глава.

    Но, свесна сум дека изгледа никогаш нема да дојде до промена на името, пошто имаме многу заслепени квази патриоти, кои во меѓувреме го чекаат бугарскиот пасош.
     
    На anaja1, +++, JoanaS и 19 други им се допаѓа ова.
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Името на нашата држава е Република Македонија и тоа треба да остане. Значи јас сум ПРОТИВ. Мислам и на дете од второ одд му е јасно дека РЕПУБЛИКА во нашето уставно име е тоа што прави дистинкција меѓу нашата држава и географскиот регион. Сто пати сум го кажал примерот со Ирска. Ирска е остров, северниот дел му припѓа на Обединетото Кралство и тој регион се вика Северна Ирска. Независната држава која се наоѓа на истиот остров се вика РЕПУБЛИКА Ирска. Ниту има некаков спор со UK ни ништо. Истото е и со нас. Ако Грците се толку да го држат името нека си ја крстат нивната провинција Јужна Македонија. Патем, тој регион официјално не се викал Македонија до пред 30-40 години.
    Останатите кои мислат дека за 100 евра плус плата треба да се смени името не само што не се патриоти туку и немаат чувство за правда.
    Подобар живот во Македонија нема да ни донесе НАТО, ЕУ, Русија, Кина или Дедо Мраз, туку ние самите со вистински реформи и напорна работа. Тука не мислам само на централна и локална власт туку и секој од нас како поединци. Така ќе добиеме и респект од другите држави и нации а со промена на името ќе добиеме само нови проблеми и срамење пред светот.
    Мислам дека е далеку пофер да се преселиш од државата отколку да бараш промена на нејзиното име.

    P.S. Инаку прашањето од анкетава спаѓа во групата на сугестивни прашања. Како на пазар се ставени опции за избор на име и последното е опција дека не сакаш промена. Вистинско прашање е дали сте за промена на името или не. Иако ова прашање е далеку покомплексно. На пример во моментов многу луѓе мислат дека се викаме ФИРОМ, што не е вистина. Тоа е референца, односно име со кое ни се обраќаат во Обединети Нации додека да се реши спорот со името. Тоа значи дека над 100 држави не имаат признаено како Македонија и така ни се обраќаат во официјална комуникација. Нема правила во одност на мултилатерални договори (некогаш ФИР оф Мацедониа некогаш Macedonia), односно водење дипломатски битки со Грците. Е сега ова сега што се наметнува од Грците ќе значи целосна промена на името во официјални документи, пасоши и тн. Тука е и прашањето за националниот идентитет.
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
    На Abeja, girl-miri, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Северна Македонија ко предлог кој се форсираше пред години и години ми е по прифатливо одошто Вардарска Македонија. Повеќе ради звучност, него заради нешто друго. Мада, чудно ќе ми е дека Грците ќе прифатат некое име кое содржи „Македонија“. Ако беше така, до сега ќе се сложеа, едно илјада пати. Уште во 2008. имавме двајца лидери - НГ и БЦ, плус и еден американ президент - Буш кои ги убедуваа Грците за.... Северна(? РМ -Скопје) и не запали. :) Топката е во рацете на Грција. И никој не може да и направи повеќе притисок од она што и се правеше до сега за да попушти. Не е дека ВМРО и НГ беа толкави патриоти, па, затоа до сега не се смени името (реши спорот), него беше оти, не можеа да се убедат со Грците за предлогот, оти работата беше... што е по... прифатливо пред се' за Грците. :) Џабе кај нас се везеше по политички емисии со наши кобајаги, аналитичари за темата со години и години.
    Референдум за промена на името и рекоа дека ќе има.
    Така што, мене и не ми смета ако БЈРМ се замени со РСМ. Оти за тоа и збориме. Да се замени БЈРМ кое веќе ни се лепи насекаде. Земјите и понатака ќе не викаат МКД. Ама во меѓународните организации и на меѓународните настани ќе стои новото име. Ко што до сега стоеше и стои БЈРМ.
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
    На galapce, Victorian, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  18. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    БЈРМ е точно дека се лепи насекаде каде што има присутни Грци а за жал ги има на повеќе места. Сепак до нашите претставници зависи дали ќе успеат да се излобира да се користи Македонија или БЈРМ. Второ земјите нема да не викаат Македонија. Тоа е условот на Грција за тоа е и промената на името. Треба сите да не викаат како што сме се согласиле да не викаат. За Грците решение за името е да престане да се употребува Република Македонија било каде. Се разбира за нас тоа е неприфатливо (зборувам за себе, за повеќето Македонци и верувам за владата на Македонија која и да е во моментот). И искрено, треба да ни биде гајле што е прифатливо за Грција а што не. САД веќе не се таков фактор како што беа во светот а не пак Грција. Доста се потценуваме. Ние треба како држава да покажеме дека сме реформска држава, држава што ја бива и заслужува респект па после тоа Грција и измислениот спор за името најмал проблем ќе ни биде.
     
    На CameliaMiller, PaLaVa, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    За да не ни беше битно (во моментов), како ќе не викаат Грците и што на нив им е прифатливо, ќе требаше сите македонски влади, особено ВМРОвската да работеа на тоа да изградат држава која нема да се крсти во присоединување кон ЕУ како единствен излез/опција за некаков демек напредок. Единственото нешто заради што во изминатите години се правеа реформи беше бидејќи од ЕУ ил НАТО го бараа. И повторно, се' што беше правено беше повеќе шминка. Ако вистински сакаа да постигнат нешто, ќе беше повеќе од шминка и сериозно ќе се потрудеа да направат нешто повеќе и всушност и немаше да има уназадување во реформите со објаснувања кои и ден денеска се користат: затоа што сме се измориле и исфрустрирале, демек, оти ги исполнуваме условите,а не не примаат па, очекувано е..... Реформите не требаше да биде само заради влез во ЕУ или во НАТО или било каде. Требаше да бидат заради државава и народот во неа. Особено кога реформите значеа европски пари за реформирање. :) Ама за нив очигледно значеа само пари,не реформирање. А, кога некој ти дава пари и ти стануваш зависен од тие пари... знаеш како оди тоа.
    И јас би сакала да никој не не уценува. Оти и јас еднаш многу одамна учев меѓународно право каде стоеше дека државата постои од моментот кога се формира и не зависи од ставот на другите. Исто учевме за самоопределување на народите и што ли не друго. Ама исто имаше нешто кое зборуваше за позицијата на државите на меѓународната сцена и колку тоа зависи од големите.
     
    На +++, Victorian, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Како сака нека се вика државата ние сме македонци и ќе си останеме македонци. Идентитетот не се менува само да се среди ситуацијата да се крене стандардот и платите. А тоа реално со овие долгови во кои влеговме во Грујовистичкава деценија без финансиска неповратна помош од ЕУ е невозможно. Значи влез во ЕУ и НАТО под било кои услови само да пркнеме како држава. СО ПОЛН ЏЕБ И СТОМАК ПОЛЕСНО Е ДА СЕ БОРИШ И ЗА ИМЕ И ЗА ИДЕНТИТЕТ. Мора да се среди државата!!! Што е тоа луѓе со основно земаат над 1000 евра плата доктори на наука дома седат каде го има тоа?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.