Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    И покрај тоа што изгледа дека оваа година ќе го менуваме името, јас сум оптимист и верувам дека ситуацијата ќе остане непроменета (под непроменета мислам да продолжат преговорите). Мислењето ми се базира на неколу факти. Прво, јас сум убеден дека ни во СДСМ немаат заеднички став за ова прашање и верувам дека само Заев и најблиските соработници ветиле нешто на некого но тоа не значи дека членството ќе го прифати тоа, па дури и тие од повисоките ешалони. Ако ти кај тебе у партија не можеш да ги убедиш не знам што очекуваш за другите. Второ, и во Грција немаат заеднички став и тоа ни во самата владина коалиција. Трето, и факинг али ахмети рече дека без ВМРО-ДПМНЕ нема услови за решавање на овој спор. Сега за сега ВМРО личи како да игра за СДСМ во однос на спорот со името но кај и да е ќе има конкретен предлог ќе излезе се на маса и ќе мора сите јавно да кажат дали се за или против. Во таква ситуација не верувам дека они ќе бидат ЗА. А и да бидат ЗА, тоа повторно ќе биде одлука на само неколку луѓе не на цела партија и ќе биде многу климаво. Четврто, да, НАТО сака да не пикне во нивнииот сојуз ради Русија, но дури и да не влеземе ние како држава до сега не сме дали никакви знаци дека се приклонуваме кон Русија така да и не е дека до толку им гори под нозе. Притисокот се случува пред се затоа што го инсталираа Заев и сакаат да му наплатат. Тоа е тоа.
     
    На kikikikirika, Aquamarine93, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Грчките весници шпекулираат дека предлозите биле „Новомакедонија“, Горномакедонија“...:headbang: Да ти пукне џигерот кога читаш.
    Кажете една добра причина зошто вакви циркуси од преговори воопшто да продолжуваат? Згрешивме што прифативме да се фатиме за грчково оро на почетокот. А сега демек ни е незгодно да им се заблагодариме на играорциве и да им кажеме „доста беше вртење во круг, ни се сврти во глава, сега ќе си седнеме и ќе се обидеме да се стабилизираме, да видиме кај сме, што сме, КОИ сме..“ Зошто овие ќе не ѕенѕаат со тангото дури не пцојсаме на сред светската сцена (Ако ви текнува на филмот „И коњите ги убиваат, зарем не?“)

    П.С. Во ЕУ и НАТО не влегуваме, па макар се пишале како Павијани од Мајмунија, а Заев, Шеќеринска, Димитров и остали, доброволно да се напупат, да си пишат над подопашникот „слободно уџите“, од другава страна ќе добијат едно големо - ОХИ.
     
    На Lianna Anna, carangigia, edenandrej и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Кое име е прифатливо според вас?
    1. Република Вардарска Македонија
      27 глас(а)
      14,9%
    2. Република Скопје
      2 глас(а)
      1,1%
    3. Друго
      22 глас(а)
      12,2%
    4. Ниту едно, да си остане како што е
      130 глас(а)
      71,8%
    Феминскава анкета укажува на тоа дека 71.8% не сакаат промена.
    Ако има референдум (чисто сумљам), би имало отприлика вакви резултати.
    Слична ситуација би имало во Грчка. Дали навистина мислите дека просечен Грк ќе прифати име кое што содржи назив Македонија, па макар било тоа со префикс Нова или Вардарска? No f*ckin' way. :D

    Ех сега, тоа ми укажува на друга ствар. Дека споров со името ќе се влечка уште најмалку 27 години (ако не се стави клуч на државава до тогаш). Што значи дека повторно се прави дефокус на јавноста со преговори, блага параноја за губење идентитет, такви ствари. Битните од друга страна, како стапка на сиромаштија, невработеност и корупција, ќе си останат.
    Таков ти е тој живот, доаѓа пред избори и потоа заминува на гастербајтен во Немачка.
     
    На Lianna Anna, Rama, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Ај нека потрепка нешто ептен трезвено тука :)
    Од збор до збор - :bow:

    гфхфгхфх.PNG
     
    На Justicija, +++, Црна Ружа и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Одамна го зборувам ова. Само би дополнила дека кај нас луѓето се идентификуваат и со партиите и нивните лидери, па ако случајно кажеш лош збор за нечиј идол, исто како да си го навредил лично или да си му навредил некој од најблиска фамилија, веднаш добиваш куп навреди, клетви и сл.
     
    На +++, Yowannty, Capricorn96 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115
    Ја мислам дека како и да се викаме, исто ќе му дојде :))))))

    Шо ќе ни е име, коа ние неаме држава.
     
    На Emy867, Lianna Anna, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  7. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Па тебе што ќе ти е твоето име? Зошто не го промениш?
    Што ќе ти е име ако немаш карактер?
     
    На Rama и elimkd им се допаѓа ова.
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115

    Имам бејб карактер јас.
    Државата наша нема карактер, океј?
    Ова е држава, според тебе???????????????????????????? Абе ајде...
     
    На Justicija и Rama им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Каков народ таква држава велат :)
     
    На LaBella, Lianna Anna, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  10. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Денешните луѓе немаат карактер, како можело под турско ропство да се зачува македонскиот идентитет, борбеност и јазик.
    Епа бејб немаме држава бидејќи се продаде македонската историја, се воведува двојазичност, па сега на ред е промена на името, а знаеме дека сево ова ќе се заврши со поделба на територијата
     
    На LaBella, Tanjamm, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Зошто не купуваат Албанците такви приказни дека колективни идентитети не треба да постојат и дека националните држави се out of fashion (кога се работи за нивниот колективен идентитет, и нивните неколку држави, се разбира)?
     
    На Tanjamm, Lianna Anna, faye и 4 други им се допаѓа ова.
  12. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115
    Не, не, не, не, НЕ !!!

    Турско спомна? Сега во какво сме? Да не имаме нешто силна економија НАША, МАКЕДОНСКА? Нешо филмска продукција НАША, м??????? Или гледаме туѓи серии и купуваме странски продукти? Тоа е идентитет? Се продаваме за 500 денари да гласаме или да завршиме некој работа. Се занимаваме со ниски работи. Закржлавени сме. Љубоморни. Катили. Сиромашни, па можеби сето тоа сиромаштијата си го повлекува, природно, кој знае...

    Како и да не крстат, ние ќе си останеме исти. Не знам колку е битно како ќе се викаме се` додека не се промениме самите НИЕ. А тоа нема никогаш, ама НИКОГАШ да се случи. Јас тврдам дека ние сме најзагрозено нешто во Светот. Значи, тврдам! Рамо до рамо со племињата сме.

    И не, не го викам ова зашто не сум патриот или оти не си ја сакам државата. Различно е тоа. Јас сум само реален. Што би можел јас или уште 1000 поединци да променат нешто во однос на тоа? Ништо.

    Затоа, како сакаат нека не крстат.

    Ти го крсти - оно прде.

    Тоа сме ние.
     
    На Justicija и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    До некаде и ти си во право..разочарувањето и предавството што го доживеавме овие последни години од двеве партии, не склесаа и скаменија..не дека не си ја сакаме државава, па вчера рипавме од радост навивајќи за НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ, ЗА МАКЕДОНИЈА

    Потонати во жива кал останавме вакви агресивни и....
    Се додека во оваа земја не се роди партија со политичари отпорни на корупција, нема избор за дискусија.
     
    На Lianna Anna, Justicija, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115

    Тоа и ми е муабетот.
     
    На Rama, Rebecca_R и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека не сте ни токму што воооооопшто коментирате на ваква тема :(
    Мислам дека јасно е „едно име имаме“ и точка.
     
    На Плавуша123, Rama, orevokrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115
    Држава не се сака со љубомора, зли мисли, поткупувања, корупција, расфрлано ѓубре НАСЕКАДЕ (децата уште од мали им е природно да изедат нешто и паковката да ја фрлат како да е обично мавтање со раката), со загадени градови, со екстремно зголемен број на луѓе кои си заминале, заминуваат и ЌЕ си заминат од тука... На социјалниве мрежи е лесно да сме патриоти, да викаме дека имаме едно име, да објавуваме „Тешкото“ и да се перчиме дека сме најјаки у Свет.


    Впрочем, како досега не викаа нас??? Вака ко шо се викаме, или FYROM ???
     
    На Tanjamm, Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    А сигурно не се сака со дефетизам. Има проблеми и тие ќе си ги решиме самите. Ако некој мисли дека до толку не чини што не може да се поправи подобро да замине отколку да шири дефетизам. Држава се сака со успешни репрезентации, со млади иноватори и работливи луѓе, со добри луѓе и тн. а такви ги има во Македонија многу.
    Не е поентата како не викале туку како ние се викаме а тоа е Македонија. Инаку некаде не викале ФИРОМ некаде ФИР Македонија а некаде само Македонија. Борбата продолжува. Ние сме во право и ако не за друго само заради тоа треба да се бориме.
    P.S. Ми се допаѓа што мнозинството жени се против промена на името. Тоа ми дава уште поголем оптимизам!
     
    На kikikikirika, Tanjamm, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115

    Мене Македонија лично ништо ми нема дадено, само земано. Во различни сфери од живеењето, и тоа.
    Затоа, немам проблем со името. Разочаран сум тотално и тоа е моето размислување. И да, одвај чекам да одам да живеам на некое друго место. Место кај што нема ни да знам кој владее а кој е опозиција. Гајле ми е мене за тоа...
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Не уништија како држава. Двојазичност, промена на име...Што е следно? Да избегаме и тие малку што си останавме оти ништо не остана од државичката наша.
    Им текнало на Грците име ќе ни менуваат, и си се подвиткавме и ќе ни го сменат. Кај се видело некоја држава на друга име да и менува? Гласавме за живот, со надеж за нешто подобро ама и овие се тотален пропаст и ќе не доуништат како претходните.
    Сите политичари се иста ср**а, само за жал народот страда.
     
    На H.VAGA, Lianna Anna, theunforgiven и 2 други им се допаѓа ова.
  20. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Само да не испадне и ова како „паранојата“ со двојазичноста? Гаранции видовме дека нема за ништо, од никого.
     
    На Lianna Anna, Rama и carangigia им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.