Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Балканот е збирштина на пропали колективни идентитети за жал, било кој да се земе веднаш се судираме со патологија, дали е тоа шиптарско-арнаутско-качачки, дали е тоа четнички дали е тоа гејски, све је лаж и превара :D
    Изгледа дека најмногу зависи од самата цифра на раја која се идентификува со одреден идентитет па така гејскиот делува "појак" пошто има 10+ милиони лица кои се идентификуваат како такви, качаци има околу 6 милиони...тажно и пред се, опасно.
     
  2. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Секако ни е дно-дна државата. Не би ме изненадило ни тоа, ниту пак нешто особено потресло. :)
     
    На Tanjamm, Lianna Anna, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Со БДП од 3,8% во 2015 год. Македонија беше на 30 место во светот, имаше намалување на невработеноста. Имаше субвенции за започнување на сопствен бизнис, субвенции за живеење во село (се разбира таму може да се одледуваат производи) субвенции за земјоделство, субвенции за растително и сточарско производство и.т.н.
    Наместо да гледаш туѓи серии пушти си македонски документарни филмови за Васил Чакаларов, Гоце Делчев, Лазар Поп Трајков, Христо Узунов, Јордан Пиперката и.т.н.
    Јас не се продавам за пари. Тоа што набројуваш љубоморни, ѓубрето на улица се фрлало и бла бла муабети се однесуваат на домашно воспитување, исто и зачувувањето на државата, името, знамето и химната се вкоренува од најмали нозе.
    Ако не ти важно името ајде тебе да те применуваме во Стојанка, за два месеци да ти го смениме полот во женски и на крајот да ти дадеме бугарски пасош. Пошто нели не е тоа важно, важно е каков си одвнатре.
     
    На Outlook, Rama, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    И не само идентитет туку и национална свест. Како не научивме нешто од нашиве комшии (буквално од сите) за овие работи? Да ги простудираме и да видиме како се прави и гради држава, како се станува државотворен народ. А економски не се ништо подобри од нас, евентуално полоши.
    Па ене ги за пример, Ахмети и Села. Очите ќе си ги извадат, Села го обвини Ахмети дека негово масло бил ќотекот што го изеде во парламент, ама за работи кои ги засега нивната заедница, нивниот колектив, се сложни како едно. Затоа што се свесни дека постојат вредности (нивни, не македонски) кои се над нив двајца, тројца.
     
    На Tanjamm, Outlook, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Демек македонците се отепаа од преиспитување на својот колективен идентитет па ете шиптариве нешто а-у си тераат по нивно.:D

    Одговорите за застарената power-play ситуација која сеуште гнои на Балканот се наоѓаат во миграцијата, наталитетот, економијата и меѓународната поставеност = во сите 4 македонците фејлнаа во однос на качаците. Тоа е, 5 пати повеќе ги има, подобро се поставија во меѓународни води, имаат поголем наталитет (иако не како некогаш) имаат повеќе пари, наводно биле поработливи (иако се отепаа од влегување на државно) и тоа е тоа.

    Постои некој чуден тренд, сепак не гледам потреба нешто да се гледа на арнаутите како некакви победници, двете земји каде се доминантно население се дно од општество и нивниот колективен идентитет е едно големо ништо, продуцира едно големо ништо. Утре можеби ќе имаат и трета (Илирида) која повторно ќе биде дно на дното, корупмирана небитна сиромашна припиздина.

    Можеби еден ден раја балканска ќе сфати дека цел посран милениум го прави истото и сеуште се дави во исти гомна па ќе бидат можни промени на подобро. Дотогаш ќе остане дно, без разлика на бојата на знамето или грдиот јазик кој го зборуваат овие или оние..:party:
     
    На Tanjamm, poenta, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Кој комшии бре :D грците кои егзистираат како општество само и само поради туѓу пари инаку ќе имаше канибализам по Атина, Албанија и Косово се дно на дното, Бугарија е приказ за депопулација во светски рамки, Србија копа сеуште кон ново и ново дно.
    Приказните за национални ткива го држат балканот 150 години назад.
     
    На Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Македонците... „да не се преиспитувале“, немаше сега да ја водиме оваа дискусија... немаше да постои оваа тема, онаа влада веројатно, и т.н.
    Ништо ново не прочитав откако повторно се активираше темата, па така и со твоето мислење. Филозофии, светогледи кои ми се добро познати, а не ме ни интересираат, јас гледам што се случува на терен. Таму, Албанците си го хранат „колективното его“, се наметнуваат себе, знамето и јазикот, без разлика дали грди или какви и да се. Така, додека некој живее сонувајќи за своите идеали, т.е. свет или Балкан без национални идентитети, граници или не знам, некои други ги претвораат своите идеали во реалност. Тоа е.
     
    На Tanjamm, Lianna Anna, baba Rada и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не се преиспитуваат, воопшто. Антички хунзи, ацета и самуила, Ск-2014, рудникот Алшар и центарот на белата раса. Да не беше во хибернација последниве години? :D

    Која тоа реалност? Шипарите појако се осеќаат шиптари него античките - антички и затоа победуваат?
    Тоа што качачкиот колективен идентитет "победува" e резултат на погореопишаните ситуации, повеќе деца, повеќе пари, поголема бројност во регионот, подобро позиционирање на нивните држави на меѓународен план...и тоа е тоа. Реалност е дека нивните идеали се дно и дека нивните општества де дно и ќе останат дно. Во реалниот живот, постоењето на две или три или пет качачки држави ќе има нула влијание на квалитетот на живот на популацијата во тие држави. И наместо да се борат за нешто друго, опипливо, тие се загубени во националистички кретенизам.

    Некоја твоја врсничка од Зајас сеа го дои второто арнаутче, е така се добива војната на ретардирани колективни идентитети (освен евреите, тие имаат force multiplier :devil:) а не со интензивен филинг на национална припадност, треба активност, посветеност :party: не доаѓа тоа само по себе.
    Ако навистина на раја им сметаше законот, па и сите дешавки 2001-2018 ќе имаше поинакви реакции а не само муабети на нет, по слави и визити и пред кооперација. Можеби, само можеби антички хунзи немаше пример...шо знам...да отпуштаат или уценуваат како хиени бремени антички жени? Или да им бараат 2000 денари назад после вадење од тековна?

    Нема проблем што се однесува до мене, нека продолжат сите по старо :)
    Припадниците на колективните идентитети познати како Германци и Французи научија некои лекции, кои очигледно "реалистиве" балкански не можат.
     
    На Gosh, Tanjamm, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Очигледно е дека има премногу деца на подфорумов и не разбираат дека животот беше далеку поефтин порано и подобар. Сè почна со таа срамната приватизација на Црвенко и од тогаш почнавме сè повеќе и повеќе да го пробиваме секое можно дно.
    Сиромаштија имало секогаш ама никогаш не бил толку скап животот како сега.
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На Emy867, LaBella, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115

    Те молам да наведеш за кои тоа се' ти мислиш дека се деца на подфорумов.

    Понатаму: Децата се родиле во тоа време и добиле што добиле. Ако ти си живеел во некое друго време, тоа е некоја друга работа, океј? Јас сум од тие кои НИШТО не добиле од Македонија. Секако дека имам носталгија и дека ја сакам мојата татковина, меѓутоа, кога гледам што се случува во неа - губам волја да се борам. Мене најубавите години ми отишле тука, сакам барем малку да поуживам и затоа сакам да одам некаде на друго место, не можам јас животот да го потрошам на партии и на политики, било тоа да е име, презиме или што и да е.


    За оној кој ме советуваше да си пуштам документарци за Гоце Делчев :)))))))))))))))))))) Абе дај, ти се молам!!! Светот оди по Месечината, јас ќе се занимавам со идеологии некакви...
     
    На baba Rada, Justicija и +++ им се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Тогаш очигледно е дека исто размислуваме. И јас немам ништо добиено од Македонија, сè сам имам создадено во животот. Погрешно си ме сфатил а и мојот коментар. :)
     
    На Tanjamm и theunforgiven им се допаѓа ова.
  12. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Oди Стoјaнке нa месечинaтa 8)
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115

    Па ако сум упорен и доволно заработам, зошто да не одам? Може ќе се сретнеме, in your dreams.
     
    На Justicija, +++ и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Oди aмa вo еден прaвец:!: фaлa бoгу немa дa ме сретнеш, дoмa ќе си гледaм дoкументaрец :D
     
  15. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115

    БАШ поради таквите ко тебе велам дека не ми е битно како ќе ни се вика државата.
     
    На Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Тaкви кaкo мене штo си јa сaкaaт држaвaтa и штo се прoтив прoменa нa иметo?
    Не, тебе не ти е вaжнa прoменaтa нa иметo бидејќи си oпoртунист и рaзмислувaш крaткoрoчнo. Свесен си што носи промената на името? Или нaјвaжнo ти е дa си нaјaден, нaпиен и прoшетaн сo 500 еврa плaтa штo ви јa ветијa, a кoјa никoгaш немa дa се случи.
    Епа од такви како тебе што им е сеедно, државата ни дојде до ова дериџе. Такви како тебе кои ќе си одат од државата, ама претходно се ќе уништат.
     
    На LaBella, Bitter-Sweet, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Не може и не смее никој да менува името на еден народ од минатото.
    Може да му даде име со географска одредница на тој народ од минатото. (каде е и каде се наоѓа)
    Културното наследство на Александар , е светско културно наследство како што е големиот ѕид во Кина. (да стаевме макета на ѕидот на плоштад, никому ништо ама ете наместо Александар ние го крстивме воин на коњ)
    Може Македонија и Грција да се договараат колку сакаат но Македонското културно наследство е македонско културно наследство кое преку Александар е и светско наследство. Никогаш и никој не може да смени дека Александар е Македонец.
     
    На Rama, Tanjamm, Outlook и 3 други им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа го споредува албанскиот национализам со некој наводен македонски :D :D Доволно за да се заклучи дека нема што повеќе да се разговара, плус, постовиве се офтопик, ама да не биде дека не сум реплицирала.

    Спиев како Трнорушка, ама нели нешо оспорувавте вие, протестиравте, влада мењавте? Не е точно дека нема преиспитување, туку се нема капацитет успешно да тече тој умствен процес.

    Која е потребата во секое мислење да наведуваш толку очигледни ствари? Нели ти е досадно?
    Секогаш истата неможност да се согледаат работите од друг агол, битно да се врти плочата по 371-ви пат.

    Балканските општества се дно, ама ти забораваш кој си и каде живееш. Као нешто вонземјани те оставија на планетава, те одгледа планинска вила, растеше покрај леприконите, па сега нешто се оградуваш од некаква припадност. Ако не планираш да заминеш во некое подобро општество, некое кое не го граделе твоите предци, не знам од кај ти произлегува тоа „сеедно ми е што ќе се случи со РМ“. А и ако планираш, некој може нема такви намери, па не му дошло да чита несериозност и сеир.

    Македонците живеат во најкревката, со најнеизвесна иднина, држава во регионот. Воедно, факт е дека Македонците се најслаби националисти во истиот тој регион, било тоа случајност или не. Поцврст карактер сепак ќе ги одржеше во поповолна позиција, ама скапан менталитет.

    И остај мене тие муабети како се живеело и се живее во државава, знам јас се што треба да се знае. Знам и дека ти беше редовен од непостоитиранскаплатформабабароганавмро задолжените за подфорум политика на Фемина.
    Ако ти немаш проблем со ситуацијата, имам јас. Ми смета. А пошто твоето спамање едно та исто за наметнатите колективни идентитети, не е нешто во кое наѕираат решенија оти е неприменливо во пракса (ете, можеш да ги убедиш албанците дека нивните знаме и јазик се небитни за да ни ги бутаат на сите пред нос? - не можеш), не си го троши времето и не ме цитирај. Едноставно е, шири пропаганди без да ми се обраќаш. И онака не кажав ништо што не е точно и што може да се оспори, па не гледам како се најдов во муабет овде воопшто?

    Можев да испратам неколку реченици околу спорот, ама ќе дојде Ружа, и ќе летнат минутите кои ги имаш за форум.
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На Rama, Outlook, Aquamarine93 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    А кои сме тоа ние, секогаш ме интересира да дознаам...:D

    И тоа како има мкд национализам само што е артикулиран на поинаков начин од арнаутскиот. Неброена пара се улупа во поврзување на колективниот идентитет со антики, со одредени делови на Пакистан :party: па дури на националниот ТВ сервис, спонзорирани од буџетски пари дефилираа програми од Ниче Македон каде што објаснува дека "makedonoidite" биле зачетници на белата раса.

    Напротив, јас не планирам во догледна иднина да заминам од РМ, а ако не се лажам ти некаде имаше напишано дека сакаш да бегаш оттука. А се знае од каде најјако се пее солун е наш, од Виндзор Онтаријо или од Малме.:devil: И зошто би требало да ме тревожи судбината на РМ? Истата онаа која вложува милиони во Јохан, Ивона и Ниче имбецилот?
    Што да им кажам на албанците? Ако има членки/членови од таа колективна припадност и ја пратат темава нека реплицираат и нив ќе им го кажам истото.

    Инаку точно, јас потекнувам од планетата позната под името Common Sense која се наоѓа во галаксијата Logical Consistency feat. personal responsibility и дури до кај нас се пронесе дефиницијата за лудило од некој си Алберт А. која гласи "doing the same thing again and again and expecting different results".
    Наместо од почеток да се прави граѓанско општество, да се минимизира примитивниот албанскиот национализам преку едукација, пропаганда, некогаш со стап некогаш со морков, еден колективен напор на било кој начин да се излезе од таа матрица, да се форсира мешање помеѓу колективите - раја понесена од националистичко лудило ќе граделе национална држаа а пред себе ги имале демографските, миграционите и економските показатели, мислам дека таа кобна 1991 имало и попис, значи имале фреш инфо.

    Погоре имаш готов рецепт како да ги победите качаците, реални и остварливи опции и наместо благодарност тука нешто се обидуваш да навредиш, не е тоа убаво, така да си знаеш :D.
    Значи лицата кои тврдат дека нешто им значи македонскиот колективен идентитет, никако не треба да мислат на напуштање на земјата за чија судбина ламентираат, треба да имаат мнооогу повеќе деца него што имаат сега, треба да работат на икономски прашања, да думаат како да се позиционираат подобро на меѓународен план него што тоа го направиле качаците и секако, да се спремни за положување на животот ако за тоа дојде потреба (војна, сецесија, инсурџенси, било што)

    Ако наместо тоа се колне по виртуелни платформи и се параноизира со небулози за тоа како рандом индивидуалец на форум бил за нешто задолжен на некоја тема, тогаш тоа ти е...not much to go for (heidy)
    Ајде барем ќе соберете 150К за референдум каде и да е :mm:
    Ако останат толку. Пошто македонците ја направија РМ одвратна за живот за...македонците. За 300 евра надокнада.
     
    На Tanjamm, Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ете го пак Ружа.
    Тоа е тој опасен елемент и пандан на УЧК - Ниче Македон и компанија што гостуваше во глупите емисии на Слободан Томиќ :D
    Далибешеоваозбилно?
    Тој Ниче aкo се појавил 2 пати на ТВ која некој ја гледа, изминативе 9 години.

    Поради ова, можеби?
    Ама, ако ти не се грижиш самиот за себе и како ќе ти минуваат деновите тука, претпоставувам е сувишно да се очекува дека ќе се грижиш за нешто друго. Несериозен однос, живот од денес за утре. Али битно да те крепат соништата и идеалите за светот без колективни идентитети. Наметнати бе. Јас сметам дека мене родителите ми се наметнати. И висината, и бојата на коса и очи. Сакам сите да излеземе од нашите тела и да лебдиме во воздух. Страшно продуктивни муабети.

    И јас не одам никаде засега. Change of plans.

    Да кажеше како ти се исплати твојата филозофија за бришење на колективните идентитети, и кој придонес го дава за општеството во кое живееш :D после да зборуваш кој дава резултати?


    Ова не се постигна во минатиот систем, во демократија ли?

    Мислам јавно да се обратиш е доволно за сите до еден да те послушаат.

    Не, стварно не знам кој те лаже дека постоел јак македонски национализам, па уште таков кој му парирал на албанскиот... а до мене ли се упатствата какви политики да водам? :o Благодарност за истите, само не ми е мудро да примам совети од луѓето кои беа сигурни дека тиранската платформа е параноја :). Не се обидувам да те навредам, само премногу сакаш да разговараш, а се што кажа е старо, спинуваш, потоа изнесуваш општи некои факти за живеењето у земјава, кои не ти се само тебе познати, и не си ги пишувал само ти на форумот. Кое фајде од повторување и жалење, секако нејќам цела младост да ми помине во тоа. Треба нови и практични идеи. Значи следен пат ако ме цитираш, цитирај ме со новитети. Ајде, поздрав.

    А ова подобро да го премолчам, во интерес на моето време.
     
    На Rama, baba Rada, Outlook и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.