Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115
    Ја ништо не разбрав :))))))))

    Како и да е, ве поздравувам и ви посакувам преееееееекрасен викенд.
     
  2. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Уф, овде жешка дебата се развила. :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Ова со латиницава на предложениве имиња не ви смрди?
     
    На Rama, Aquamarine93 и carangigia им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Аииии @sjdgo стана патријотка, метаморфозата е во полн замав, јас сум шокиран :worried:

    Преиспитувањето на наметнатите колективни идентитети е во зачеток и нема да даде веднаш резултати, како што пред 200 години беа одвојувањето на религијата и држаата, како што се преиспитуваше ропството, како што некои твои претци би биле шокирани од тоа жените да имаат рамноправност така и ти и сите сте шокирани од неприпаѓањето кон наметнат колективен идентитет. Но има време, можеби некои твои внуци и правнуци ќе можат да одлучат за себе во кој и каков колектив да припаѓаат.
    Па замисли, наместо да се надоградувало тоа од екс-ју, да се подигне цивилизациското ниво (50 години качачкиот национализам бил сузбиен) отците на твојата држаа решија нешто друго.
    И кои ви се резултатите на градење национална држаа, за 26 години сте на раб да ја изгубите, ве уценуваат качаци и гејци, на меѓународен план дно, економско дно, правно дно, образовно дно, здравствено дно...продолжете со градење национална држаа, please 8)

    Несериозен однос кон животот? Зарем јас?:worried: Ах, окрутни животе:D
    Јас би апелирал да размислиш повторно и твојата животна одлука да не зависи од еден закон донесен од некаков си Зоран Заев. Е тоа ти е несериозност, си планираш пат на запад, Заев носи закон и сеа менување планови ццц...размисли повторно.
    Бидејќи не зависам од РМ и нејзината политичка и економска судбина, можам да си дозволам да живеам тука или не, дали РМ ќе се намали физички, дали ќе се именува поинаку, дали рандом качак вее знаме со орел воопшто не ме допира. Свеједно. And i cant miss to make it hurt :party:

    Нема потреба од лаги во денешно време, еве ти линк од емисијата на државниот ТВ сервис, финансирана од јавен буџет во кој македонците се претставени како зачетници на белата раса, се до јапонското море :D и дека самиот БОГ е македонец! Инаку Ничета има и градежна фирма во која власта вложи милиони, не се само медиумите.



    Нема тиранска платформа (пошто Тирана е дно во геополитичка смисла и никој не ги онади 2%) туку има contingency plan на ЕУ и САД. Веројатно тој план содржи постепена федерализација и конечно, промена на граници, но тоа не е поради качаци туку поради хунзи. И нивните 250К еура за пластични врби. А може и поради тие 100К со бугарски пасоши (истокот ќе припадне таму можеби). Нешто слично како што беше со Косово, знаеме дека косоварите немаше да се отцепат сами од четниците никоаш ако не беа други фактори.

    1.РМ е корумпирано, бесцелно и аморално дно од општество од кое масовно бега раја и каде што царува неписменоста, митото, криминогеноста.
    2.Црна Ружа за разлика од сјдго не е емотивно поврзан со тоа општество и неговите симболи.
    3.Кој од нив двајца подржува криминал, корупција и е емотивно поврзан со симболите на таквото општество?

    [​IMG]

    Не соопшти на кој начин ќе се борите против арнауцкиот национализам, дали е во план собирање потписи за референдум, дали собирате оружје и муниција, дали се собираат задгранични комитети, нешто наталитет зголемување...
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На Mari-Ja, galapce, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.825
    Само наталитет е борба против качаците. Но, за жал од сиромашен човек не можеш да очекуваш повеќе од 2 деца, а богатиот Македонец не сака повеќе. Тука е проблемот.
     
    На Bitter-Sweet и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Доста луѓе кои се поддржувачи на државата која е економски во бездна се нешто вака на пример:

    [​IMG]




    А всушност реалноста изгледа вака (откако ќе се напушти Македонија де) :)):

    [​IMG]

    Е сега, мора да се признае дека човеков е барем искрен... донекаде. Има позади сонце од Вергина, па крст, ама сепак, Канада е на прво место, па после доаѓа Македонија...ако доаѓа воопшто на второ место. :D

     
    Последна измена: 20 јануари 2018
    На Rama, Gosh и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Se iznasmeav, edno vreme za Pendarovski nemav loso mislenje, ocigledno pogresno sum procenila ...me iznasmea, izjavata na pregovaracot,a be toa bilo izjava na partiski vojnik haha a Pendarovski sto e togas? Samoletajuca ptica ? Haha ne be dno dna stanavme
     
    На orevokrsacka, carangigia, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/28986505.html
    Морам да признаам дека преговориве стануваат се поинтересни. :D
    Изгледа толку од причата за пријателски односи. :o
     
    На orevokrsacka, Rama, edenandrej и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Ne ne ova samo uvertira :) cek ako se pocne prepukuvanje ovde kako li Sega kje se vikame ... cekaj moze dnoto ima uste dlabocina
     
    На Rama, carangigia и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    #вратисегрујосетиепростено
     
    На orevokrsacka, blonde_supergirl, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  11. KAZANOVA27

    KAZANOVA27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Се додека ние тука збориме и пишуваме не знам не го даваме името ние сме македонци пееме песни и се однесуваме како "патриоти " името ке се смени и за многу кратко време Македонија ке ја снема од оваа карта се тоа се игри на големите сили. ЛУГЕ ДОДЕКА ДЕТЕТО НЕ ПЛАЧЕ МАЈКАТА НЕ МУ ДАВА МЛЕКО под итно на улица да се излезе и се да се отера упм од грујо до заев се на еден колец и сосема нова една гарнитура.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.825
    Сега кога ќе се смени името, летово сите во Грција дајте им по минимум 1000 евра од семејство, оставете пари затоа што нели не се „националисти“, од обичен граѓанин, до политичар и поп сите кажаа дека Македонија е една и е грчка.
     
    На iloveyou29, carangigia, Outlook и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Ne se sekiraj grcite pa, po makedonskite kazina ostavaat milioncinja, taka sto ekonomski sme fifti-fifti, ne strizat pod ednakvo, a drug si go puni dzebot.
     
    На Rama и diskreten32 им се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Реалноста е дека им се може да бидат националисти. Тужевме во Хаг (инаку и јас ја поддржував тужбата) и што добивме на крај? Пак тие се во право. Сега Грците не зборуваат туку ЕУ зборува наместо нив. Промена на тактиката. Имаат стратешка положба и не им е гајле. Бугарите имаат исто стратешка положба и на нив не им е гајле. Албанците имаат моќно лоби и благодарение на мафијата држат доста американски сенатори во нивна рака и затоа им се може.

    До поделба на државава нема да дојде, до федерализација ќе дојде, тоа сум сигурен. А за да не дојдеше до ова требаше нашиве македонски политичари да работат на тоа да се среди економијата. Ова го повторувам по стопати ама тоа е основата. Дај му на човекот работа, пари, и среќен и удобен живот и ќе нема време да се замара со вакви национализми и глупости и нема да бистри по форуми политика.

    А реалноста е ова:

    http://tv21.tv/mk/?p=144141

    Македонските граѓани ќе го достигнат европскиот стандард на живот за 30 години, доколку во наредните години има раст на Бруто домашниот производ за 4 проценти, а растот во ЕУ ќе биде 2 проценти, пресметал Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Премиерот Зоран Заев пак со оптимизам изјави дека нема да се чека 30 години, туку Владата ќе го зголеми учеството на извозот за да има побрз економски раст.


    И луѓево со право немаат време да чекаат уште триесет години. А верувам дека ќе станат шеесет години во меѓувреме.

    Името ќе се смени, порано или подоцна. Оваа „битка“ е одамна загубена, освен ако не се случи некое чудо и не станеме економски јаки па да не зависиме ниту од едните ниту од другите.
     
    Последна измена: 20 јануари 2018
    На poenta, Rama, Joi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    [​IMG]
     
    На poenta, Mishela, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Уф, не дај боже, никако..треба взатвор да лежи...еднаш ме заеба, втор пат не давам.
     
    На galapce и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  17. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Не се оди со една нога бабе, еднаш ко ниеднаш.
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Тоа еднаш беше 11 години...доста му е...ништо не се офајдивме од него, говорам за она основното, човечкото што требаше да го имаме, стандард, социјала, здравство, правда и ред др.работи...
    Заеб само ќе ни го удри наместениот сатар што ни виси над глава...
    Сите политичари не се имуни на корупција, тешки митаџии и ѓубриња кои ни го одземаа и она основното за живот, вода и воздух.
     
    На galapce и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Докогаофтопици?
    Одмини ме со твоите „досетки“. Сигурно не сум се уште тука за да ја бранам унитарноста, тука сум затоа што така се погоди, така сакам, и немам проблем со тоа. Ти самиот примени ги твоите препораки околу напуштање, наместо да глумиш незаинтересиран, да беше таков, немаше да го посетуваш подфорумов секојдневно со месеци, плукајќи по една политичка опција.
    @sjdgo го остави патриотизмот настрана пред неколку години, дел поради разочараност (од сограѓаните), дел затоа што е прагматична личност на која разумот не и дава да се занесува по идеологии. Но, разочараноста е исто така чувство и минува. Нема цело време да се јадосувам и да се однесувам деструктивно затоа што некои луѓе се такви какви што се. Мене ништо не ме спречува да ги чувам отворени опциите. Ти си емотивно ангажиран кон случувањата, колку и да тврдиш спротивно. Чувствуваш одбивност кон државата, кон народот, и оттаму односот кој го читаме. Пасивната бунтовност, немоќта и дефетизмот, би требало да бидат само фаза кај младата личност, лошо е кога траат долго, не може да се излезе од фазата, и кога поради неа се прават непромислени потези.
    Доведувањето во прашање на колективните идентитети не е никаков шок, ништо кое не може да се разбере или процесуира. Но, во денешницата, не врши работа никаде, најмалку тука и беспредметно ми е да се занимавам со таа тема. Од каде толкава убеденост дека твојата идеологија е супериорна над патриотизмот? Ќе биде земена предвид, ако на дело успее да го потисне. Дотогаш е небитна.
    Јас не поддржувам криминал и корупција. Јас би сакала тие да бидат минимизирани (бидејќи нема држава каде аморалните манифестирања се непостоечки).


    Пораката од постовите на Ружа гласи: aко ти е дома неуредно и валкано, наместо да почнеш да чистиш, запали ја куќата.

    Доста барате оправданија за двојазичност пред самите себе, кога не постојат. Ниче земал милиони од ВМРО, затоа по казна, албанскиот треба да биде службен јазик за сите граѓани на РМ. Е*ена логика.
     
    Последна измена: 20 јануари 2018
    На orevokrsacka, Aquamarine93, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Јас сум најмалку битен во ситуацијата, заедно со моите ставови од 22.век :D и пораката да се елиминира национализмот што поскоро. Прашањето е што патриотите ќе направат, кој правец ќе го заземат, деца не сакаат да прават, војна не им се води (а ако ја има ќе праќаат резервисти во лади ниви и автобуси на бојно поле после ќе им бараат отштетата назад и камата), за референдум превкусна е посебната и дојранскиот сладолед, значи што да се прави, како да се запре качачкиот шовинизам?

    Ете имате школски пример со Србија и нивниот одговор национализам вс. национализам кој заврши со губење на Косово, рушевини, изгубени генерации, смрт, мизерија и дно.

    Никој не бара оправданија за ништо, можеби не знаеш дека денес повеќе од половината од новородените се од...малцинствата, дека екс-власта која одненадеж ти стана мила feat. оваа новата со ликот од муртино бегаат од попис како антички качак од корпа за отпадоци или паста за заби, дека демографската реалност е таа која што е, економската и дипломатската исто.
    Утре ќе побараат федерализација а задутре отцепување, како тоа да се спречи?
    Дали сценарио од типот на Руанда 1994 би било изводливо?

    Се смени централна власт, се смени пимпот на сендвичите и на локалните гласале 57-5 за ненародната власт на crpnatiot. :D

    Тоа што во Ниче Македон не гледаш проблем кажува многу. Додека емоциите се арчат за законот за двојазичност, испод радар поминаа неколку многу погадни ствари :D Cheers.
     
    На Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.