Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не знам кој е овој, но дали се огласи Човекот-Нокт по повод проблемот со името, дали Мичов-Власов-Стефов објави некаква мудрост?
     
    На Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Овој ти е новиот претседател на ВМРО. :D

    Влахов-Мицов го бара ноктот сè уште, се претпоставува дека и ноктот избегал од државава. :devil:
     
    Последна измена: 22 јануари 2018
    На Црна Ружа и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.007
    Ме мрзи да ги читам сите претходни страни, само ќе дадам едно мое предвидување, "новото" име ќе биде: Република Македонија (Скопје) [за грчка употреба].
     
    На edenandrej и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Која суштина? Таа што постои само во твојата глава? Дефокусиран си, Ружо, а упорно ти се праи муабет. Каде јас се декларирав како патриот?
    Не знам колку ти имаш заедничко со Заев, освен некои очигледни ствари, ама знам дека го изгласа и дека на форумов влегуваше у филм како му помагаш да стане премиер, тоа нема да го негираш, прво, затоа што е точно и второ, не ни сакаш да го негираш. Беше и се уште си жесток и посветен противник на минатата власт, неутралец не би се мешал активно во тие ствари да пишува реферати секој ден, што значи, ти си поддржувач на сдс, end of story. Немој мене тие финти, јас патриотката - он неутралецот.

    Како не, затоа си партиски задоен, полн со хејт, деструктивност, имаш предрасуди кон неистомислениците, идеите не ти мрднале подалеку од куцкање на тастатура и т.н. Оти си „различен“.

    Немој да ми кажеш оти мислиш дека само Американците настанале како мешавина и дека некаде, па и овде е поинаку? Ама ти не знаеш што значи живот во сегашноста и во моментот.
    :D
    Да заминам трајно у Америка и да учествувам во тоа општество, ќе станам Американка. Засега не сум.

    Тоа се тие паралели, држење робови, тепање жени, деца и хомосексуалци, на исто рамниште со застапување општествени интереси кои никого не опресираат. Али тоа е, тој си зацементирал во главата дека ставовите му припаѓале во 22. век, и ништо друго не зема предвид. Ме потсеќаш на оние илустрации од пред еден век и кусур, како иднината, т.е. денешницава ќе изгледа.
    [​IMG]

    Ти зад екранот, сигурно не знаеш - мирно, спокојно и задоволно од настапените промени.
     
    Последна измена: 22 јануари 2018
    На Aquamarine93 и Rama им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @+++ Ќе се согласам со тебе дека во Македонија на прсти се бројат вистинските патриоти,треба со лупа да ги бараш....точно е дека се е од лична корист.
    Ако постоеја вистински патриоти и луѓе со национална свест,далеку ќе бевме од ова што ни се случува сега,немаше кој стигне да не игра како сака :D

    Јас лично,си ја сакам државата,(иако не ми дала ништо,баш ништо мене лично,читав дека тука се согласуваме 100% со тебе)и не се чукам во гради да се нарекувам патриот,но ме боли оваа непотребна двојазичност,оваа промена на име итн....
    Но,и јас ко и оние неколку што си ја сакаат вистински државата,не можам да направам ништо(освен повремено да дебатирам тука).
    Таа е реалноста :)

    Сакав да ти реплицирам и за она што кажа дека не сме ги интегрирале на времето доволно Албанците,па затоа сега вака било,е тука не се сложувам со тебе.
    Далеку од тоа е дека тие тука немаа никакви права,абе тие со пушка се дигнаа за уште поголеми права(така се задоени,знаеш).
    Во милионски случаеви Мк била за нив поголема мајка од нас лично,а за нас уште поголема маќеа :D
     
    На realGirl, LollySky, Aquamarine93 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    12.829
    Се сложувам комплет. И мене ако почнам да сметам така Македонија повеќе ме осакатила, отколку што ми дала, ама си ја сакам. Се радувам на македонско знаме, химна, песна, сакам светот да слуша само убави зборови за Македонија. Но, тоа нема да се случи и самите сме криви. Многу сме криви. Со секој наш потег ја урнисавме Македонија. Јас лично не, но многу други. Почни од фрлање смет на улица, па се до лоши закони и неспроведување на истите. Туризам промовираме, а накај Матка да тргнеш секаде купови ѓубре. Тоа сме ние, не не бива.
     
    На LollySky, Lianna Anna и Rama им се допаѓа ова.
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Дали ти ќе ја сакаш државата или не тоа е лично твој избор. Јас на пример решив да не ја сакам. За надежта ќе говорам во друга тема.
    Ова што го говориш со Албанците не е точно, сега ќе ти објаснам зошто и тоа со наједноставен пример. Да речеме ти сега имаш дете дома кое го чуваш, му даваш сè што ќе ти побара но не го учиш да те почитува тебе, не го учиш за своите постапки и само го размазуваш, што ќе стане од тоа дете? :)
    Ќе имаш крајно невоспитано дете. Така беше и со Албанците. Ние им дадовме доста работи ама не ги „воспитавме“ во духот на нашето општество.
    Јавна тајна е дека во Македонија има џамии по Западна Македонија (па и во Скопје) кои поддржуваат исламистички тероризам и вахабизам и луѓе кои шират таков вид на учење. Па јас лично имам видено вахабист на Бит Пазар. Државата тука никогаш не интервенираше, дури и ги толерираше овие работи. Овие работи и ден денес постојат во Македонија а да не заборавиме дека сè уште се шири ваков вид на учење од страна на Косово кој е во моментов центарот на сето тоа. Јавна тајна е дека полицијата наша „храбра“ не стапнува во некои предели од оваа држава зошто таа територија припаѓа на некој друг но не и на државата.
    Остави ги ти акциите како „Бродец“ и „Диво Насеље“, сè тоа беше мачкање очи со цел собирање на политички поени. Кога ќе видиш сè е политички пазар и ништо друго. Навистина е жално што само за гомнари умреа млади деца, од двете страни. Тука мислам на полицајци Македонци и Албанци.
    Зошто се толерираат ваквите работи во Македонија тоа е мистерија. Ама факт е дека ги има.
    Вакви работи и во Германија на пример има, имаш на пример салафисти кои шират ваков вид на учење и луѓе кои рекрутираат пример млади луѓе за борба во Сирија. Ама таму овие работи се држат под лупа и под контрола. Затоа и досега немало вакви глупости таму и Германија е стабилна држава.
    Значи нешто е труло во нашата држава. Да ги држевме овие работи под контрола немаше да се случи ова. И сега Цацко е крив, не е Цацко крив туку МаЌедона е крив. Во секој случај ние не ги „воспитавме“ како што треба.
    Кога ќе видиш работава се сведува на политички пазар и ништо друго и кога ќе видиш на крај нашата држава поддржувала вакви работи.


    Во врска со патриотизмот, хмм, јас веќе споменав во темава некои работи ама нема врска. Ќе ти објаснам просечното Македонче како размислува на темава.
    Македончето јадно и духовно мизерно кога ќе се докопча до позиција во државава тогаш ги заборава сите околу него, па и кучето и желката што ги има дома како домашни миленичиња. Тогаш за него не важи Бог, не важат неговите браќа Македонци, роднините, ма ништо тој се чувствува како да е господар на универзумот. И кога ќе се вработат да речеме некои Македонци кај него им ја вади маста од pardon my french газот (морав ова да го кажам за да го доловам тој садистички македонски менталитет), не ги почитува, ги понижува ама на него не му е гајле зошто тој си зема платичка голема од државата и од функцијата која ја има и е благодарен, тој е патриот зошто на него му чури оџакот дома, топло му е и убаво, другите, ма ич не му е гајле за другите. Другите кој ги врти. Кога ќе постои ризик да ја изгуби работата (дали со промена на власт, дали со нешто друго, whatever) тој тогаш станува мега-патриот :D па тука песни од Орце Стевковски по форумиве, па партиски сендвичи со маргарин, па пред кооперација тврди дека Македонците имале писмо старо 7000 години :devil:, а всушност јадниот се интересира само за својата позиција во државата и страв му е да не ја изгуби :D.

    Ете, сега и Мицко поддржува заедничко решение, тоа е тој патриотизам, сведен на политички пазар. :D

    А ако има некој кој го тврди ова, тогаш одма тој е или комуњар или е вмровчиште и одма тука фрштат приватни пораки со закани, како што мене ми се заканија на пример. :devil:

    Така одат тие игри. Јас лично во животот имам видено повеќе помош од Албанци. Мислам дека пишував тука и на една друга тема.

    Затоа не се замарам. Голем дел од овие патриотчиња што глумат тука на форумов се всушност овој профил на луѓе и мене ова ми е јасно. Остави ти тука што продаваат патриотизам на форум, сè е од интерес тоа и ништо друго.

    Јас би ти препорачал ако добиеш прва прилика да си заминеш од државава, зошто нема ниту Иванов ниту Груевски ама баш никој да ти врачи орден за твојот патриотизам. Во државава ќе добиеш само тапшање по рамо и ништо повеќе.

    Сиромашните и тие кои не добиле ништо од Македонија и од своите „браќа“ веќе ја научија оваа лекција. Затоа имаш и масовно иселување од државава, па бугарски пасоши, па колумни од типот на „јас никогаш нема да се чукам во Александар Македонски и се срамам од својата држава.“
     
    Последна измена: 23 јануари 2018
    На Црна Ружа, Someonespecial, VoodooGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Во глобала исто размислуваме,само што јас сум малку "по мека" ти "по радикален".

    Се знаеше дека и Мицко ќе тресне некоја зелена,не за џабе молчеше до сега....
    Е па,тоа е работата де,изгинаа за ништо млади деца,само се молам нека не гинат повеќе за туѓи интереси,се виде се,подобро нема да биде,само нека не е полошо :)

    А за браќата Албанци,не оспорувам дека и во нив има луѓе,не се сите исти,но воглавно знаеш какви се повеќето,со какви фикс идеи и претензии.
    Но и зошто да не,кога арно велиш,некој сепак им го дозволил тоа.
    Знаеме декa ниту една полициска рација не е изведена кај нив,данок не плаќаат повеќето,колку само пријавени се како вработени-а не одат на работа и така :D
    Па не се будали да не ги искористат овие бенефити...
     
    На Lianna Anna, Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Јас сум можеби порадикален зошто мене таков ме направил животот во државава. Секој со своето искуство.
    Ти негуваш на пример надеж во тоа дека работите ќе се подобрат и дека ете, името нема да се смени, па страв ти е па едно па друго да не навлегувам понатаму. Тоа е твое право и не те осудувам сите луѓе се надеваат, такви сме, кога ќе го допреме дното тогаш не ни преостанува ништо друго освен да се надеваме. И јас сум се надевал во некои луѓе не се грижи ама секогаш со доза на песимизам зошто сум научил како функционираат работите.
    Да сум бил патриот не сум бил ама никогаш. Јас сум задоен со западњачки менталитет :devil: и мене мајчица Македонија никогаш ништо не ми дала. А плаќам како секој од тука даноци.
    Јас веќе ја прифатив реалноста. Некој спомена тука требало национална стратегија. Премногу е доцна за тоа, го пропуштивме секој можен воз. :party:
     
    На Црна Ружа, Lianna Anna, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Влaстa ќе гo менувa зaкoнoт зa референдум зa прoменa нa име пo брзa пoстaпкa?
    Дaли тoa знaчи декa ќе си гo нaпрaвaт пo свoј терк, пa нaместo 900 000 глaсaчи зa успешен референдум ќе јa симнaт брoјкaтa кaкo нив им oдгoвaрa (aлбaнци и сдсмoвци пребрoјте се) oти пoгoлемa верoјaтнoст е вaкa дa дoбијaт успешен референдум oткoлку дa гo изгубaт сo недoвoлнa излезенoст нa веќе пoстoечкaтa брoјкa oд 900 000?
    Ц ц ц, oвa веќе е aплa дупење вo здрaв мoзoк. Кo штo нaпрaвијa финтa сo референдумoт прoтив теритoријaлнa пoделбa и сo неизлезенoст гo пoништијa. Жaлнo.
     
    На Yowannty, Outlook, Aquamarine93 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Да не се залажуваме, доколку има референдум за името организиран од СДСМ, ДУИ, АА и кои беа таму уште албанци а ВМРО-ДПМНЕ го задржи овој мек и индиферентен став, референдумот ќе биде фалсификуван. Ова со промениве за законот за референдум си го прават за секој случај.
     
    На Outlook, Lianna Anna и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Уценети се мислам, не смеат да писнат во замена за живот без решетки.
     
    На Lianna Anna, orevokrsacka и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  14. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Whatever, нема оправдување.
     
    На Outlook, Lianna Anna, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па види, ако имаш став против новиот закон за јазици тогаш автоматски тргнуваш од патриотска позиција, не е тоа којзнае што, едноставно е така. Ама сега не си патриотка, не сакаш да бидеш, поредната хунза ситуација, сите сакаат во РМ да се онадат и да не им влезе, а тоа е пат кон дното.

    А другово не е убаво, тоа што не можеш да ја надминеш кондиционираноста на твојата средина и се служиш со лаги, пакост и клевети, типични фиромски ситуации, не чини :) Како тоа не можам да негирам? Можам, многу едноставно, затоа што лажеш. Не, сериозно, не е добро тоа, на долг рок ќе ти прави проблеми.
    Јас не се спуштам во понорите на твојата колективна припадност, сега да се избацам со муабет дека прдиш во лифтови пример или копаш нос и содржината ја лепиш под столица, дека си бугарка :D пошто нит те знам ни познавам и не сакам да клеветам, дали разбираш дека тоа не е добро?

    Тоа што сум бил против екс-власта автоматски ме прави сдс-мовец? А што, требаше да пишувам позитивно за екс-власта потоната во манијакална корупција, злоупотреби и секакво дно? Сигурна си дека немаш пишувано и ти против екс-власта? :party:
    Па уште сум ги гласал пази кој муабет :D а неам излезено на избори никогаш. Тоа е таа бинарна логика, ние и вие, со пишување против актуелната власт ќе станам мвр-овец и така во круг. Пак ќе ти кажам, мора да ги надминеш овие ствари :)
    Твој човек е Заев, тој е дел од твојот колектив, колку и да те нервира тоа - тој факт нема да се промени, и Бранко и пастирот и оној стариот со сладоледот во Дојран и Шеќеринска и Гордето и Јанко и Миленко, сите тие имаат многу повеќе заедничко со тебе него со мене.

    Како што кажав, времето ќе покаже, дотогаш уживајте во наметнатат колективна припадност, собирајте ги плодовите на истата, додуша моите молби за да се напишат ТРИ позитивни ствари произлезени од ова општество не наидоа на одговор, сега ја симнувам границата на ДВЕ и живеам во надеж за одговор :inlove:

    П.С. Не знам колку е точно, но се пронесе глас дека било многу јако да се има работодавец-македонец.
    Тоа редовни плати, тоа риспекат, тоа поштовање на законски годишен одмор, тоа напредување, безбедност при работа, тоа зголемување на плата, посебно пак ако работникот е женска особа, мх, мх, рај на земјата било.
     
    На Olgica.bu и +++ им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа, кажи ми, државјанин си на РМ? Ти пишува националност? Имаш лична карта и пасош?
    Ако си против колективниот идентитет, биди доследен на својата идеја за неприпаѓање и едноставно, откажи се од твојата припадност кон државава - Биди апатрид некое време и раскажи ни како се снаоѓаш како таков. Дали живееш подобар живот?! И кои се придобивките од неприпаѓањето на колективните идентите итн. Блог дури можеш да почнеш да пишуваш за твоето слободно живеење и неприпаѓање. Ќе те следам. Обеќаем.
     
    На Outlook, zuto, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Секако дека имам такви документи, но за таа проблематика да ти биде јасна, сепак треба барем основни познавања околу истата :)
    Државата не е еквивалент на колективната припадност, што можеме да го видиме во секоја држава и имањето на документи на било која држава не те прави ништо освен граѓанин на таа држава. Имаме 197 признаени во ООН држави и некои 15 други непризнаени, но затоа постојат илјадници колективни идентитети.
    Апатрид е човек кој нема документи од ниту една држава, како оној ликот кој заглави во Антверпен во една книга. Не можам да си го дозволам тоа како поединец, затоа што секаде (освен Антарктик, ако не се стварно нацистите таму :devil:) човек за гол физички опстанок е уценет со такви документи. А ако инсистираш на недоследност поради тоа што практично човек има пиштол вперен во главата, тоа не е добро.
    Она што можам како поединец е да ја лимитирам улогата на општеството во мојот живот, и тоа е сериозна работа која бара многу.

    Сеуште нема поим за човек кој не припаѓа на наметнат колективен идентитет, тоа е нова ствар. А придобивките, барем оние првичните се - јас сум фина, културна и воспитана особа :D, (за разлика од твоите сонародници), не правам лошо никому (за разлика од твоите сонародници), не крадам (за разлика од твоите сонародници), не зависам од буџетот на РМ (за разлика од најголемиот сон на твоите сонародници), не се продавам за сендвичи и дојрански сладолед, не се нервирам од вакви ствари како законот, сеедно ми е кој победил во ракомет, не кодошам, не злоставувам никој, без разлика од која позиција да се тргне и уште милион ствари, некои сосема приватни кои не се за тука.

    Предизвикувањето на тие идентитети е долг процес, нешто кое нема значајно да фати корен in my lifetime за да може да се зборува за големи општествени придобивки, иако тие се очигледни, драстично намалување на војните по светот, слобода на избор на поединецот каде ќе припаѓа, помалку лешеви, помалку страдања, пренамена на средства потрошени за средства за убивање кон средства за живеење итн.

    Не те прашувам да наброиш неколку позитивни ствари, знам дека нема да има одговор.
    Него, шо зготви за ручек денеска?
     
    Последна измена: 23 јануари 2018
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ти можеш колку сакаш заклучоци да изведуваш за мене од моите пишувања, тешко дека нешто ќе погодиш, досега така се покажа, тоа е. Можеш и да глумиш неопределен, никој сериозно нема да ти поверува штом не пишуваш жестоки есеи против актуелната (секојдневно!), како што тоа верно го правиш против бившата власт до ден денес. Или, бидејќи увидовме дека не се снаоѓаш најдобро во времето и просторот,
    можно е се уште да живееш во владеењето на Груевски...
    Ова е општество каде секој поединец натежнува кон едната или кон другата страна, поради воспитување, семејно минато и афилијации, баш на Ружа ќе му верувам дека бил неутрален. Ти лично со твоите политички определби не си ни тема на разговор. Зошто упорно реплицираш, сакаш да бидеш во центарот на вниманието, или што е работата? Јас сакам да коментирам по други прашања, не ми го троши времето кое го имам за форумот.
     
    Последна измена: 23 јануари 2018
    На Aquamarine93 и Rama им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Многу ликови се накотија за брзо време на форумот кои едноставно се too good to be true :D Без емоции, натпросечно интелигентни, толку степени над обичната раја што просто срам да го фати човек за секоја емоција што ќе ја почувствува а да не е претходно израционализирана до корен.
    [​IMG]
     
    На Rama, blonde_supergirl, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Срце си :) Е, да. Верувам дека нити еден од моите преку 50 професори на факултет, не беа способни да ми ги објаснат поимите. Ме просветли со твојот коментар.
    Well, you see...
    Државата е една од тие форми на колективна припадност.
    Дефинирај колективен идентитет и дефинирај држава. ц

    Да, тие немаат држава. И ваљда знаеш како тоа им влијае на животот.
    Ти,on the other hand, имаш.
    Come on. Don't be a wuss.

    Да, Ружо, ружице. Toa и ми е поентата.
    Пиштол чак, не биди drama queen.:D

    Тоа и јас го правам. Тоа и многу други го прават и сепак, на крајот од денот..си го носиме идентитетот кој ко група не прави тоа што сме, и по кој ко група не идентификуваат други групи. Јбг-а.

    Аман. Тоа, ти и твојата секта ли го осмислувате? :D Објави бар во некое списание. Можда и мене ќе ми се присака да бидам special snowflakes. :D Ма знам дека ми се сака да излезам од my ordinary being, living, feeling....:D

    Види бугати. Јас сум фина, културна и воспитана личност too. И знам едно чудо такви меѓу моите сонародници кои патем, по дефиниција не се некултурни, не-фини и невоспитани.
    Prejudice, ah.

    И јас. Тоа не те прави по-по-посебен од нас.
    тоа само те прави незаинтересиран. Има и други такви меѓу сонароднициве, мои.
    тоа не значи ништо освен дека, не си по спортот. Не те прави посебен оти, и меѓу сонароднициве имаме такви. Ме.
    Дел сум од еден таков колективен идентитет и еве, истиве булшит придобивки сметај дека сум ти ги набројала, а исто,можам и ред други работи кои се приватни и не се за тука да ти ги изредам. Проблемот е, Ружицо, ова што ти го наброја е многу,многу,мноу тресење зелени.

    :yawn: океј. ц И јас истово го сањам од кога знам за себе. Знам и за други сонародници-фиромјани дека го сањаат.

    Ти одговорив. Истите кои ми ги изброја...само што, јас сум фиромјанка (здраво,здраво), одгледана од не-фиромјанка и фиромјанин во фиром, едуцирана во патриоЦки Булгаристан и прошетана со фиромскиот сурат лево-десно меѓу поинакви идентитети - колективни.

    Патем, не готвев денеска. Една од придобивките на бидувањето слободен граѓанин со кров над глава, полн фрижидер, апарати за домаќинство, струја.... :) некад, може да отвориш фрижидер, да земеш домашно приготвен ајвар, намачкан на леб, направен од луѓе кои живеат во фиромот и го измезиш со увезено во фиромот сиренце. Ти aма, ко не-припаѓач на колективниот идентитет, ваљда си јадел нешто повкусно и живееш далеку подобро, дишеш далеку подобар воздух...спиеш подобро (јас пример патам од несоници. Ваљда е ради што сум Фиромјанка). :D
    Please share.
     
    Последна измена: 23 јануари 2018
    На Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.