Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ако немаш време не реплицирај и готова ствар, не е којзнае колку тешко :) Форум, колку што гледам е место за размена на мислења, ставови, искуства во што спаѓа и релицирање.

    Пак лаги, ниту сум пишувал секој ден, ниту реферати, туку обично кратки постови кои изобилувале со факти и аргуементи, нормално зачинети со презир и омраза 8)

    Не сум неопределен од морална и етичка гледна точка, партиски сум неопределен, секако сум против екс-власта и нејзиното заминување не е фактор на промена на ставот пошто последиците се трајни, ало, не се исто 11 години и пола година, а новата власт секако има грејс период некаков да се покаже (иако засега не ветува многу, најголемото срање на кое никој не обрати внимание, сите опседнати од законов, тоа е преземањето на бирократската армија на платен список од страна на Заев, ужасна ситуација која стана очигледна на локалните, таа невероватна промена во гласање кај твоите сонародници :devil:). Брзо ќе им дојде време за критики полни со цинизам и презир и на овие новите како што тргнало, но за тоа потоа, паметам дека во 2006-8 не сум ги хејтал екс-власта како после 2011 да кажеме.

    Не се чувствувај нелагодно, цитирај си како што треба и објасни, не биди потомок на Ацета :) Нема луѓе без емоции, има луѓе кои бираат каде ќе ги даваат своите емоции, тоа е разликата, не треба позитивните емоции да се арчат на глупости, треба да одат некаде по заслуга а не по дифолт, нема да живееме 500 години :party:
    За негативните, е тоа е веќе потешко, премногу лоши ствари се дешаваат, нема еден единствен ден без тешка афера, без крадење, без смрт и страдање, а ќе си рече човек, толку мала средина, би требало да е многу подобро, не е Пакистан ова со 200+ милиони раја и 666 етнички групи...
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Од правилникот на форумов:
    Едноставно е Ружо, кажуваш тоа што мислиш, без постојано да цитираш и разубедуваш. Не дека некој не те разбра после толку повторување околу колективните идентитети (откако си член - со месеци), само одбира да не се согласи со тебе.

    Знам, знам, стандардна приказна. Тогаш почнаа да ве „регрутираат“, 2012-та некаде стартуваше и отпорот.
     
    Последна измена: 23 јануари 2018
    На Aquamarine93 и Rama им се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Апсолутно пиштол на глава, ништо не е доброволно, ако немаш документи ќе одиш затвор, мораш да носиш легитимација со себе пошто претставниците на држаата си земаат право да те лишат од слобода на движење, ако не платиш данок ќе одиш затвор, ако не исполниш нешто од она со кое си уценет ќе одиш на робија...
    Или нешто е доброволно од тоа?

    Ништо не одговори, само набројуваш лаги зачинети со безуспешни обиди за цинизам, држи се до тоа што го знаеш.
    Јас немам држава, постои држава која ми зема пари и ми бара документи и во која по случајност на судбината сум се родил (ок, технички била друга али исчезнала па оваа после), тоа е разликата. Ти ете имаш најмалку две :)

    И што ти кажуваа таму кај татарите за колективен идентитет, сериозно 50 професори ти предаваа на таа тема? Којзнае што факс било тоа, кои тоа предмети биле во прашање.
    Може ќе те научеле дека државјанство е правна категорија, подложно на промена и дека колективен идентитет не зависи од тоа. Пошто милиони курди не се рачунаат себеси за турци иако имаат документи со црвено знаме, полумесечина и лик на Ататурк на докуменат.

    Може се булшит за тебе, (нормално и очекувано дека е така), за мене не се, апсолутното мнозинство на твои сонародници е спротивно на карактеристиките кои ги набројав, секако дека има исклучоци. Но, исклучоците и не се така чести како што се обидуваш да претставиш, уште да прочитавме дека се мнозинство. Уште ако си од дијаспора, на безбедна оддалеченост од субјектот на љубав, може ќе ни објасниш како тоа раја со толку вредности направила едно вакво општество, од кое истите тие сакаат да бегаат, масовно, цело село?

    За дефинирање и продолжување на муабетов е потребна нова тема, ќе ја отворам деновиве па таму ќе видиме што и како.:)

    Татарски или било друг наметнат идентитет не е добра ствар, лоша е, без ралика кој е од илјадниците шо постојат. И како ве идентификуваат тие, како се гледате меѓу себе како идентитети, како блгари кои не знаат дека се блгари, Тито ви го перел умот дека сте македонци или еволуирало сето тоа? А вие нив татаришта, Ваташа ова она...

    Можеш да наброиш али не сакаш, јасно, важно се многу, ептен многу, нели, толку многу што не дознавме ниту една ствар.:)
     
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не се обидувам да доминирам, уште помалку да терам инает, туку застапувам рационално мислење базирано на аргументи и факти, тоа ти е дискусија, затоа прашувам, оставам простор да бидам побиен, да се набројат позитивни страни на колективен идентитет и уште многу други ситуации, прашувам што е добро во патриотизам, кои се вредностите, ама никој не кажува, сите кријат :)
    Моја грешка е што не отворив тема околу колективни идентитети за да се водат таму дискусии па затоа се провлекува тоа на други теми, а грешката треба да се поправи :)
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Ружо, поима си немаш :)
    Нити имаш способност за логичко аргументирање, нити пак за водење на фокусирана дебата. Поента немаш во тоа што го зборуваш. Генерално тресеш многу зелени. Ако сакаш да бидеш разбран, прво разбери се сам со себе - што сакаш да кажеш, потоа пишувај и очекувај одговори. Озбилен проблем ти е ова.
    Освен тоа, ако тебе не те интересирааше ФИРОМ, и живееше така ко што се трудиш... ќе се дистанцираше од темиве и ќе те читавме во други. Ама тука си. :) И не си спремен да си одиш од тука, па мајка Јана да е. Фиромското во тебе ќе да те јаде. Или балканското едноставно, ц
    И престани со навредите. Интелегенцијата и начитаноста не ти се толку високи за такво нешто да ти биде дозволено. :)
     
    На Outlook, carangigia, Aquamarine93 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    И што е тоа што не е логичко, или аргументирано? Тие се фактите, might is right, не смееш да постоиш во рамките на општеството без наведените ситуации, нема простор за избор. Државата го употребува монополот на употреба на организирана сила за да те оданочи, да ти земе пари, да прераспредели средства, да ограничи движење итн.

    Не ми е мене проблем, тебе ти е со твоите полусварени фрази и наводните професори кои предавале нешто во Плевен или Своге или каде и да било тоа.
    Мене ме интересира РМ од други аспекти, но не сум емотивно поврзан за тој ентитет.

    Да, може да има нешто фиромско во мене, жив човек, подложен на влијанија на средина, но секако многу помалку од некои други:)

    Пошто ако некој е начитан и интелигентен треба да му се дозволи да навредува?
    Ептен ти е јака страна логиката :)
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ако колективен идентитет (на национален ли поточно мислиш?) не зависи од државјанство, зошто велиш дека на некој со бугарско државјанство му е наметнат бугарски идентитет?
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Одамна сакав да кажам,т.е да прашам што е проблемов со колективните идентитети,ама ај си реков да си поќутам :D
    Ама,машала сте разврзале муабети :worried:

    И,пак,не ми е јасно,ај разграничивме дека не може секој да е патриот,и дека и тие што се,се ендемски вид,или пак патриоти од лична корист,трето нема.
    Ама,како тоа да не постојат колективни идентитети,побогу,скроз ме збунивте8-|
     
    На Outlook и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  9. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Јас дури сега сфатив дека Црна Ружа е уствари хипик во душа. :D

    Настрана од тоа, навистина ја напнува со тоа колективните идентитети, човек ќе помисли магистрирал на темата. :D А и негативно е тоа што не остава простор на друг да се искажи, веднаш следуваат затскриени навреди. Као демек јас богот на мудроста, да ве научам нешто вас обични смртници.
    И што подучува? Цело време од како е зачленет тука, буквално исти ствари пишува и ги нарекува факти и аргументи.

    Немав попаметна работа, па читав квази философии. :drunk:
    Контаминирачко дејство, читаш некој друг член со Ружините ставови.
    И си викаш, ова некое алтер его, што ли е? :D
     
    На CoCoGiiiRL, carangigia, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    И истата таа држава постои за да те заштити во сите ситуации кога ќе нема што да ти оданочи, бидејќи немаш апсолутно никаков приход. Постои и за ред други работи - позитивни ама, колку ќе е добра (организирана ко систем) или лоша...тоа е друго прашање.

    Моите полусварени фрази се другата страна на твоите ограничени погледи, генерално ограничени, и особено ограничени во однос на државата и луѓето како некој монструм кој со пиштол вперен в чело те принудува. Можда чисто психолошки ти е проблемов, всушност.
    Си читал во развојните години за принудниот државен апарат? Те ежела можда фразата?
    Ти каде студираше? На интернет? :)

    Не видов дека си подобар од тие некои други.
    Си ти,дури и поемотивно поврзан со тој ентитет од мене, оти те пука омраза кон истиот. Тоа е посилна емоција и од љубовта кон некој народ. А, јас, чак толкава љубов за сите во РМ....немам. Имам почит, ама. Ти тоа немаш. Тоа не те прави добар и културен и воспитан. Те прави безобразен и дрзаок. Видено на форумов.

    Да, гледам дека ти пак пукаш од логика и памет. :) Затоа ваљда и чувствуваш потреба да нон-стоп почнеш со како јас не знам, треп-треп, оти ако не ги издуваш градите и се кренеш на прсти, нема да приметам и да приметат другите дека си кажал нешто... паметно. :)
     
    На Rama, Bridget и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Сега е во мода да се проблематизира идентитетот. Баш гледав на телма, оној Чомовски имаше емисија каде преиспитуваа што е всушност идентитет, со акцент на колективниот. Ружа мисли дека е оригинален, ама тоа е цела доктрина. За нив мултикултурализмот претставува почетна фаза кон отфрлање на колективните идентитети.
    Кога веќе ја спомнав емисијата, исто така се наметна прашањето зошто македонските канали не пуштале албанска музика. Тотална албанизација се промовира на ТВ, и никому ништо.
     
    На Konfetka, Aquamarine93, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Кажано накратко:Се е тоа перење на мозоци.... :worried:
    А зошто па албанските канали не пуштаат македонска музика?
    Зошто во Струга летово одбија да ми зборуваат на македонски,во бутик?
    Зошто сите албански државници на маса го закачуваат прво албанското,европското па тек на крај македонското знаме....
    Примери милион,ама тука ќе застанам,да не повредам нечии светогледи.

    Во право си,тотална албанизација владее,а тие се вадат на карта на мултикултурализам :D
     
    Последна измена: 24 јануари 2018
    На sjdgo, Konfetka, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Пет сценарија кои ги спремив и се погодни за секој. Ова се тие сценарија според мене и на толку успеав да ги ограничам во моментов со информациите на кои на сите им се достапни:

    1. Заев ќе го смени сам името;

    2. Заев ќе го смени името во договор со ВМРО;

    3. Ќе биде организиран референдум во кој ќе биде ставен акцент на тоа дека граѓаните имаат само право да го менуваат името и никој друг а всушност ќе биде сменето;

    4. Ќе биде организиран референдум за името на кој граѓаните ќе гласаат за промена на името;

    5. Ќе биде организиран референдум на кој граѓаните ќе гласаат за да не се менува името и да си останеме со привремената референца.


    За последиците нема да говорам, доволно беше што кажав некои работи поназад. За друго во друга тема. Не им се допаѓаат на многумина ама тоа е, не можеме сите да имаме исто мислење.
    Особено за опција број пет.

    Вие сега можете слободно да дискутирате и да кажете свое мислење т.е. мислење за тоа како ќе се одвиваат работите понатаму.
     
    Последна измена: 24 јануари 2018
    На Someonespecial и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Ова. Оти Вмро си молчи. Барем така новиот претседател се изјасни, оти е за компрмис на името. Плус, оној Ѓорчев, не сакаше да одговори дали ќе стои зад иницијативата до Уставен. Освен Филип, бунтовник во душа, другиве се поткупени. Пазар.

    Ова, само ако го наместат. А ќе го наместат.

    Сите досегашни индиции покажуваат на тоа.

    Нема да гласаат промени во законот за рефернедум за џабе. Ами од една единствена причина. Да се смени името, референдумот да испадне во нивна корист. Нешто слично на референдумот за територијална поделба.
     
    На theowndemon, Rama, Aquamarine93 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Зошто да прогнозираме за нешто што немаме информации? Еве денес ќе се сретнат Ципрас и Заевас, а во сабота ќе се сретнат Заев, Иванов и Мицкоски. После тоа веќе ќе знаеме на што сме. Како и да е, останувам на ставот дека промена на името не треба да има од било кои причини.
     
    На Rama, Aquamarine93 и Outlook им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Ако беше таква работата не требаше воопшто ни да постои темава зошто немаме ние ама баш никакви информации, обичните смртници.

    Но, секој договор кој бил досега постигнат во републикава бил секогаш политички пазар. Така да и јас типувам на тоа дека ќе биде сменето името во договор со ВМРО.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/28991321.html

    „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за грчката телевизија Антена, вели дека од новите власти како партија немаат информации за процесот, но дека ги охрабруваат, како што вели, конечно да најдат достоинствено и соодветно решение, адекватно за двете земји. Тој не коментира дали како партија имаат свој предлог за решение и вели дека нивниот предлог или позиција може да го загрози процесот, затоа ги охрабрува да најдат решение. Мицкоски не ги коментира ниту можните предлози кои излегоа по медиумите, велејќи дека тоа се само шпекулации.“
     
    На Rama, Lianna Anna и +++ им се допаѓа ова.
  18. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Да не беше жална ќе беше смешна таа изјава на Мицкоски. Сепак да почекаме до сабота кога ќе мораат да излезат со официјален став и Заев и Мицкоски и Иванов. Тогаш ќе се види кој е кој и што треба да правиме.
     
    На Rama, Lianna Anna, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Ставив горе видео од изјавата. Мислам дека ова се однесува на тоа. Ако сакаш можеш да го погледнеш погоре. Или на претходната страна мислам дека беше.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1516709858506.jpg
     
    На Rama, Aquamarine93 и +++ им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.