1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Па никогаш не е доцна. Точно е дека сите влади ги критикуваме, но секоја од нив има направено е позитивен исчекор напред. Не се согласувам дека тоа е правено за ЕУ и НАТО, туку тоа е користено како изговор за некои незгодни реформи. Има клуќни реформи не е само шминка но факт е дека треба да се направи повеќе. Што се однесува до тоа дека ние сме се ваделе дека се сме направиле а они не ен примаат - тоа е делумно точно! Ако ги гледаме строгите формални правила тогаш не, ние не сме достигнале ниво да бидеме членки на НАТО и ЕУ. Ама ако ги погледнеш другите што влегле ќе видиш дека за многу работи сме далеку подобри од нив. Тоа значи дека ЕУ и НАТО немаат толку строги критериуми туку пред се од политички причини го прават ова проширување. Строго гледано ни една од балканските дрѓави не заслужила да влезе во ЕУ и НАТО ама ете влегоа некои.
    Што се однесува до меѓународното право, да тоа е така. Големите им диктираат на малите, ама и малите знаат понекогаш да изненадат. Според мене овие 25 години наша грешка е што немаме изградено заедничка политика која секоја влада ќе ја следи. Немаме стратешки партнер, не знаеме што сакаме ама еве дури и на ваков форум каде што сме анонимни ние не можеме да се договориме што сакаме.
    P.S. мене ми е совршено јасно дека во Македонија 66% од луѓето се изјасниле како Македонци на последниот попис. Затоа би ги замолил тие што се изјаснуваат на темава да кажат и која националност се. Верувам дека на пример на Албанците им е многу полесно да речат "ама баш ми е гајле како ќе се вика само да влеземе во Еу/НАТО. Сепак треба да мислите и на чувствата на вашите сограѓани Македонци.
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
    На CameliaMiller, Rama и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Дали ќе се вика Вардарска, Скопска ,Горна , Долна , 33 пати спомната во библијата Македонија , воопшто не ме занима.... нема да бидам потресен и ќе спијам мирно.

    Ако жртвата што треба да се придонесе за подобар Еу живот е да ставиш некакво зборче до името Македонија , нека биде и тоа...
    И така и вака кој и да ме праша било каде надвор од каде доаѓам , јас ќе им кажам Macedonia.
     
    На black-angel, Mishela, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  3. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    А ако тој што те прашува после тоа ти рече дека ќе ти даде 100 евра ако кажеш дека си од Monkeydonia дали ќе прифатиш? Мислам дека 100 евра се убави пари и носат поквалитетен живот.
     
    На CameliaMiller, jacqueline.s, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Не ме интересира ни за политички партии ни за Нато и ЕУ .. Сакам само да кажам дека како македонски народ срамота е да си ја продадеме историјата на нашата земја .. Бидејќи МАКЕДОНИЈА е наша земја и ние како народ ако не се бориме за подобро нас ќе не поделат ке не сменат ке не направат нова држава а нашата историја ке си ја превземат тоа е тоа
     
    На Dimaja, Плавуша123, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Ќе кажам не фала имај убав ден, не паѓам јас на такви лесни провокации и да се понижувам себе си за 100 евра ...
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Сета ситуација за ЕУ мислам дека само не вртат околу малиот прст.Убаво кажа еден член погоре дека многу повеќе работи МАКЕДОНИЈА направила за разлика од др.држави.Ако влеземе во еу цените на производите дупло ќе се качат,а платите ќе останат исто.
    Мислам дека еу си игра игра со нас.Кој и да дојде на власт од партивее се едно исто Германија им кажува.
    Џабе се тепаме меѓу себно сите сме од кожа и коски.
    Само некој не буцка за да пролеваме крв.Мислам дека треба сите да баталат парија дали вмро или сдсм и да се споиме како вистински народ и граѓани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
     
    На Плавуша123, Rama, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  7. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Па слично ни прават и на државно ниво.
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Да де слично е , можеби и исто|(...

    Што сте толку потресени , не е ова вмро па да во 3 саат сабајле да носат одлуки без да прашаат народ, си има процедура , си има гласања , сичко си има све...
     
    На elimkd и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  9. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Не знам каква врска има ова со ВМРО и СДСМ кога дискутираме за нашите мислења како членови на форумот? Мојот став по ова прашање не се менува во зависност од тоа кој е на власт. Јас сум секогаш против вакво решение кое вклучува промена на нашето уставно име. Апсолутно не ме интересира процедурата дали е преку ноќ или преку ден :)
     
    На CameliaMiller, Плавуша123, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.990
    Допаѓања:
    166.689
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме дека она што Грција највеќе го сакаше, е зборот Македонија скроз да се тргне од името. Но, српрајс српрајс тие веќе знаат дека такво нешто нема шанси да се случи, па кој го слушаше Коѕиас сфати дека тие веќе попуштиле околу тоа и бараат исклучиво географска одредница. Па дури и самите даваат предлог со Македонија во него, што претходно беше незамисливо. При што самите си ги погазуваат своите "тврди" ставови и црвени линии.
    На нив веќе им е јасно. Тие се катастрофално поразени околу овој спор така што единствено што можат да му понудат на својот народ е она "ете им го сменивме името", пошто друго немаат што да извадат на маса и да собираат поени, со оглед на нивната катастрофална ситуација.
    Вардарска е само предлог. Допрва ќе се дискутира и ќе се даваат уште предлози. Ме нервира фактот што потсеќа на тезгарење и сметам дека не треба да биде јавно.

    Друго, ние секако живееме во Вардарска Македонија и со тоа апсолутно ништо не губиме. Иако лично сум повеќе за Северна Македонија. Исто Горна Македонија е едно од опциите. Сите тие алудираат на фактот дека постои јужна, долна или егејска Македонија, и дека некогаш давно тоа било едно. За Нова Македонија не сакам ни да размислувам. Нова не сме.

    Станува збор за компромис. Ќе гласам за промена на име со географска одредница, само доколку под националност стои Македонска, и под јазик стои Македонски. Лично мислам дека во таа насока ќе одат преговорите. Нас географската одредница нема да ни промени ништо во негативен контекст, доколку Грците прифатат да не ни го чепкаат идентитетот. Како и всушност самиот Коѕиас рече, "проблемот" е географски, а не идентитетски. Чим така, во ред.

    Реално дечки, овој спор мора да се реши еден ден, влегле ние во ЕУ и НАТО или не.
    Ние секако секогаш ќе се викаме Македонци. Сигурно нема да се викам Јапанка кога не сум. :)
     
    На ilenaki, CrazyOne, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  11. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Овакви размислувања како твоето постојат само за да си најдеш оправдување пред себеси (ако си Македонка) за тоа што прифаќаш да се смени името ама сите оправдувања немаат никаква логика.
    Грците губеле - не е точно, Грците никогаш изрично не рекле дека не прифаќаат име кое ќе содржи збор Македонија освен екстремистите. Кај нас екстремистите се тие што прифаќаат промена на име ама тоа е друг муабет.
    Ние не сме губеле ништо ако се вика Северна Македонија. Еве контра прашање, што пак Грцтие губат ако се викаме Република Македонија?
    Проблемот не е името - тоа е идентитетот, историјата и на крај нашето постоење. На Грците не им одговара нашето постоење (делумно и на Бугарите) затоа што не се вклопува со нивните историски приказни и затоа што гледаат дека сме слаби и сакаат да го искористат тоа.
    И уште едно прашање зошто ти е битен националниот идентитет и од кога името на државата во која живееш не е дел од националниот идентитет особено ако си прифатила да го смениш? Еве кажи ми што ти прави разлика дали си северномакедонка кога веќе живееш во Северна Македонија? По твојата логика тоа ти е исто.
    Проблемот со многу Македонци (ако си Македонка/Македонец) е тоа што наместо да си се грижиме за нашите интереси, ние се ставаме во позиција на другата страна. Некои луѓе имаат комплекс на помала (национална) вредност и кога ќе ми каѓе некој "ех кај можеме ние со грција". Е па ај ако не да ја укинеме државава пошто од 200 и кусур земји на светот 160-170 се појаки од нас.
     
    На CameliaMiller, jacqueline.s, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  12. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Која сврха да разговараме за име на држава шо нема да постои за 20 години?
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Единствена причина заради која постои оваа држава е името Македонија. Што ќе ни е држава ако не може да си го зачува името?! Легитимен е стремежот на секој поединец да си бара подобра иднина, дали во друга држава, дали со бугарски или каков не веќе пасош. Но, државата не смее да си игра играчки.
     
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.990
    Допаѓања:
    166.689
    Пол:
    Женски
    @edenandrej
    Очигледно никогаш не си слушал грчки парламент, ниту пак митинг. Нивната намера од секогаш била да го избришат зборот Македонија од нашето име. Зошто ако нема Македонија, нема да има Македонци и Македонски.
    Грците златен, губат во секој случај. Зад затворени врати до сега, а сега веќе и јавно говорат дека без разлика што ќе стои пред Македонија, пак сите ќе не викаат Македонија. Нивната борба е сега да не биде дека прифатиле пораз, да променат бар нешто од нешто. Тие веќе немаат иста сила да се расфрлаат со вета како пред 10 години. Немаат веќе таква моќ и статус. И знаат дека допрва ќе бидат под јаки притисоци.
    Јавно се говори дека станува збор за географска одредница, а не идентитет. Колку да имаат со што да собираат поени на домашна сцена. Најголемиот страв за кој највеќе се дискутира моментално таму е да не побараме членство под уставното име. Тие борбата околу името одамна ја изгубија.

    Ептен неповрзани работи збориш.
    Можеме да се викаме и северна тунгузија се додека идентитетот како Македонка не ми се спори. Грција се вика Елада, а во националност им стои Хелени, а не елади.

    Никој не вика дека треба да се откажеме од земјата зошто Грција била појака, не си додавај зборови. Баш сега ние ги имаме картите на наша страна. Сега е моментот да искористиме. Ако географска одредница не ми менува идентитет зошто тоа да го гледам како проблем? Проблем е секој предлог што задира во идентитетот и тоа е неприфатливо. Се што е надвор од тоа може да се разгледува.
    Можда сме биле 5 века под турско, ама дај не бидете толку ограничени.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Историите не им се поклопуваат бидејќи господинот патор Груевски неколку години вршеше антиквизација и провоцирање кон Грција и Бугарија.
    Го смени името на аеродромот, го смени името на автопатот, стави воин на коњ на сред плоштад (пази, толку му беше страв што ден денес споменикот се вика воин на коњ, мислам ако веќе провоцирал нека пишел Александар Македонски), стави споменик на Филип Втори, споменик на Тодор Александров, секојдневно навечер пуштаа филмови каде нас нешто ни е земено ние нешто сме изгубиле ние сме за жалење.

    Не не сме изгубиле ништо, не сме за жалење, Тодор Александров е Бугар и убиец на Македонци, Филип Втори е Грк, аеродромот е Петровец, автопатот не е Александар Македонски.

    Ете тоа им смета на Грците. Провокациите.
     
    На *Amethyst* и Vitaly им се допаѓа ова.
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Омразата кон Груевски кој патем како и Заев е само еден политичар минлив ти го поматиле разумот до толку што имаш целосно разбирање за Грците и нивните ставови. Тоа не е во ред. Преиспитај се. Спорот со името е започнат со осамостојувањето на Република Македонија а тогаш Груевски имал 21 година а Заев 17 така да остави дневнополитички препукувања за други теми. Ова е надпартиска тема не а за Груевски или за Заев. Ете ти имаш конкретно прашање а ти наместо одговор само ни кажуваш дека овие 10 години сме ги провоцирале кутрите Грци. Претпоставувам дека според тебе во знак на извинување треба веднаш да се прекрстиме.
    P.S. баш ме интересира каква врска има Тодор Александров со спорот за името со Грција.
     
    На CameliaMiller, jacqueline.s, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    СДСМ, Бранко, Шеќеринска и останати посткомунистички Кока Кола социјалисти ги направија сите можни отстапки на Грција, а за возврат добивме ембарго, третирање како гомна на граница, променето знаме, откажување од македонските малцинства во соседните земји и други дебилски потези. Јавна тајна е дека добар дел од раководството на СДСМ многу убави пари земаа од грчкото лоби во Македонија. Па, и Тито Петковски има грчки зет нели?

    Провокации ли се тоа што 10,000 барања на Македонците деца бегалци од Егејска Македонија за повраток на имот и државјанство немаат никаква разрешница? Провокации ли се тоа што сите словенски топоними во Егејска Македонија беа заменети со грчки? Провокации ли се тоа што во Егејска Македонија нема ниту едно училиште на македонски јазик?

    Тодор Александров е дел од македонската историја сакал ти или не. Има многу почитувачи од Македонија сакал ти или не.
     
    На Rama и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Da si go smenis imeto kako na nekoj drug mu odgovara t.e spored interesot na nekoj drug (ko bajagi podobro kje bide) e besmisleno. Za toa sto toj istiot utre kje kaze Dr nesto ne mu se dopagja I taka se do nedogled.
     
    На jacqueline.s, Rama, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    @Yowannty сега ке ја викаме Ѓулзема може ли?Како може некој да ми менува личен индентитет?Тргне самите од себе,или кога се работи за државата што ми е гајле како сака нека се вика,боже,боже кое глупо размислување,ние што сме Македонци или немаме име па кој како сака нека не вика.
    Освен Р.Македонија друго име не е прифатливо.
     
    На Lianna Anna и edenandrej им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.990
    Допаѓања:
    166.689
    Пол:
    Женски
    Ја тебе ти игнорирам секаков коментар, откако ти се дрзна да ликуваш на мои здравствени проблеми. Тоа доста говори за тебе. Мислам дека ти треба да го напраиш истото.

    Се што кажа е скроз неповрзано и испревртено од она што јас го пишав. Ако си бар малку паметна, ќе го избришеш коментарот зошто прво, моето лично име не е тема на расправа овде, и второ никој не говори за промена на идентитет освен тебе и на тебе сличните што упорно го уфрлуваат истото во муабет.
     
    На Victorian, theowndemon, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.