Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Одорке, дур ти пишуваш тука со мене во врска со името, двете политички партии најверојатно сега разговараат во врска со промена на името. И те како е безначајно твоето мислење а и моево на форумов.
    И јас не реков дека си „обоена“ туку реков дека си патриотка, колку што знам.
    Што се однесува до твоето обвинување, повели:

    Како демек ти овие луѓе не можеш да ги сфатиш зошто ти си ја сакаш државата и името. Ништо против. Тоа е твое. Ама дека не обвинуваш, далеку од тоа. :)

    Што се однесува до Украинците, знаеш искрено повеќе ги почитувам нив.
    Веќе зборувава и за „упадот“ во Собранието и во врска со поставеноста на Македонците. Се виде на дело патриотизмот.
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Како не гукне еднаш,барем еднаш да рече Македонија,овој цело време"нашата земја"без разлика дали од тука се обраќа,дали од странство.
    Ама,нели се залага тој за еднакво мултикултурно опшество:inlove:
    Името Македонија не е синоним за тоа,и пречка е што треба да се отстрани што е можно поскоро(facepalm)
    #ЗАЕВ#ВЕЛЕПРЕДАВНИКУ#НИЗАЕДЕН:D
     
    На zuto, Lianna Anna, Aquamarine93 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    СДСМ се познати по политиките на менување на име. Ова не е ништо ново. А за Груевски здравје, во друга тема.
    Јас мислам кажав веќе во темава, на претходната власт ја поддржував тужбата во Хаг а и во 2006 година негував надеж дека Груевски ќе направи нешто. Тогаш и тој се виде каков ќе биде кога коалицираше со ДУИ наместо со ДПА. Тоа не го кријам, ама секогаш со доза на песимизам зошто знам како функционираат тука работиве. Али реков, не сум зависел никогаш од буџет на Република Македонија или пак сум добил место во администрација од ниту една партија.

    После ова што се случи сега пак, не верувам дека ќе се извлечеме од катастрофава.
     
    На Lianna Anna и Rama им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    "Не можам да разберам" ти е репер за обвинување и гаранција дека ако се промени името на државата ќе имаме подобар животен стандард?

    Тоа е најголемиот проблем за кој пишувам од почеток. Дека не сме свесни колкава е нашата народска моќ. И дека се додека ти зборуваш овде како мислењата, протестите, државата се незначајни компоненти индиректно им ја олеснуваш работата на политичарите за продавање на името, што и ќе се случи со вакви ставови и размислувања.

    И упорно иронизираш со ова "ти додека пишуваш овде" во фазон - пишуваш а не дејствуваш. Демек јас не знам дека овие реплики ти се игра на его. Ама ајде, терај. :yawn:
     
    Последна измена: 26 јануари 2018
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Одорке, мене тие работи ми се јасни. Работата е што ги упатуваш на погрешна адреса. И затоа ти велам дека џабе ти е надежта кога 95% од Македонците не се заинтересирани. Затоа го мразам тоа глумење на патриотизам кое е присутно кај многу луѓе во државава. А верувај голем дел од овие квази-патриоти им е гајле само за местото во администрација што го добиле.
    А „не можам да разберам“ и те како е репер за обвинување. Само е помека форма на обвинување. :)

    Јас ти велам дека твојата политика на патриотизам не донела ништо на долгорочен план. Нада, nichts, nothing. :)
    Украинците тоа го сфатија и се кренаа на бунт на пример. Македонецот, хмм, уште се освестува и го бара идентитетот.
     
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Плус, да не се лажеме. Овој референдум ако излезе, ќе биде со стратешки определена цел, и во недела ако не се одалечиме макар накратко од политичкиот фитиљ и размислата ,,еј, дали сега ВМРО ќе ме гледаат како нивен член ако излезам" нема да успееме да издејствуваме ништо.
    Околу заинтересираноста многу е јасно тоа, со истата порака сме, дека нема колективна свест за вакви прашања, тоа го пишав уште во првиот пост.

    А тоа ,,не можам да разберам'' не знам зошто го сфати како навреда кога името не е зависно од нашата егзистенцијална иднина, и сам го знаеш тоа.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Во повеќе наврати имам изнесено мислење и за Груевски,и не го бранам воопшто,оти и тој не е баш нај-невин,но за разлика од Заев,играше малку поинакви игри,ги држеше под контрола Аљи и компанија(не дека не им даде голема слобода и замав да урлаат низ државава,но сепак ги држеше во рака со по некое тендерче,го има тоа и во бомбите).
    ВМРОвциве не дека се патриоти од љубов,на прсти се бројат вистинските,но Заев и компанија претераа начисто претераа,скроз избегаа од колосек.
    Но,има една поговорка тражили сте гледајте(и јас тука спаѓам,за жал).
    Згрозена сум од ситуацијава,се срамам од себе што гласав за идиот кој ќе ми сменува име за кое гинеле мои предци,згрозена сум што ќе ми прави тука мултикултурни опшества и држави,ко да има реална потреба од тоа.
    Место да покачи плати,стандард,да оправи здравство и сл,тој ќе лижи задник на Албанци и Грци.

    И,во право си што кажуваш дека наместо да кренеме бунт,протест ние тука си куцкаме постови.
    Но,не сме биле сложен народ никогаш,и нема ни да бидеме,ете таа е суровата реалност.
    И јас исто како тебе,ни едните ме вработиле на државно ни другите,никој немам потреба да го фаворизирам ни идеализирам.
     
    На zuto, Lianna Anna, Aquamarine93 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Одорке, низ твојата призма тоа е така. Низ мојата призма тоа е сосем поинаку. Не сакам понатаму искрено да се инаетам во врска со способноста на Македонецот да изгради економија која нема да дозволи масовно иселување на млади од државава.
    Добро е што делиме исти ставови во врска со заинтересираноста и квази-патриотизмот во државава, драго ми е.
    Во ред е, ако не е навреда ок, ама едноставно така звучи, како навреда. Можеби и не ти беше намерата нема врска.
    Реалноста е дека ние никогаш нема да влеземе во НАТО и во ЕУ благодарение на Грција, а тука не се разликува и Бугарија со нејзината политика. Ако не смениме име, нема влез.
    А со оваа економија искрено не знам што си велите вие, дека државава ќе опстане? Можеби ќе се продолжи нејзиното трање ако се изгласа референдумот против промената на името. Ама имај ја во предвид масовната бугаризација и масовното иселување од државава.
    А држава не се гради со пензионери.
    И доколку би имало сега референдум кој не би бил наместен единствени кои би го бутнале тој референдум би биле пензионерите и никој друг. Младите поинаку размислуваат.
     
    Последна измена: 26 јануари 2018
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067

    Груевски сè што правеше со Али беше политички пазар а тоа не е дефиниција за патриотизам. Те молам само не ми кажувај дека „странцките“ фактори го спречиле во тоа зошто ова го тврди само Мирка Велиновска и Васко Ефтов.
    И Заев ако гледаме така го држат под контрола „странцките“ фактори ама гледаш за едните Заеб е предавник а за другите Гвујо е патриот.

    И двајцата се предавници и луѓе кои си го гледаат својот интерес.
     
    Последна измена: 26 јануари 2018
    На Tanjamm и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467

    Трампата име за подобра економија што ти е гаранција дека добро ќе заврши за нас? Тебе ако те прави среќен подобриот финансиски статус кој е знак прашање дали ќе го имаш, дури и под претпоставка да влеземе во ЕУ, не знам што да ти кажам. Или може планираш со тогаш овозможениот пасош да одиш надвор, не знам и не навлегувам.
    Зборуваш како Македонецот не може да изгради поволна економска стабилност (што е факт и никаде не оспорив), зошто тоа се докажа низ транзитниов период, ама забораваш дека повторно и тоа излегување надвор не ти нуди големи шанси за успех.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Па јас не реков дека е патриот од чиста љубов Груевски.
    Нагласив дека на прсти се бројат вистинските патриоти,исто имам нагласувано дека Груевски почна да не "продава" а Заев ќе не спакова,ќе ни стави панделка и ќе не испорача кај што треба :D

    Зборот ми е,вака-така 11 години ни мачкаше очи,не чепна по име и други национални обележја.
    Глупаво ми е да не признаам дека и тој си гледаше свои интереси,но како рекле од двете зла-изберете го помалото.
    Имам слушано разни гадости од Грујо и компанија,и затоа престанав да гласам за него,но затоа пак Заев дупло повеќе ме разочара.
     
    На zuto, Lianna Anna, "Zoki" и 2 други им се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    А кои ти се шансите тука Одорке, ај објасни ми? Од година во година животот станува сè повеќе и повеќе понеподнослив. Дали си се запрашала на фамилиите со деца како им е? Знаеш дека голем дел од тие фамилии имаат бугарски пасоши? Зошто ги земале тие бугарски пасоши, што мислиш ти?
    Остави ти Скопје, и Скопје е дно за преживување а надвор од Скопје е уште поголемо дно, особено Источна Македонија.

    Како сакаш врти, бугаризацијата си трае и ќе си продолжи. Едноставно е, државава нема што да понуди за да ги задржи тие луѓе од бугаризација. И тоа е факт. Нема економија, нема стандард, дно. :)

    И да, мене лично ме прави посреќен подобриот финансиски статус. Знак прашање дека ќе го имам е точно, ништо не е сигурно. Ама искрено подобро и тоа да се обидеме него ли вака да тапкаме во место во земја на која ќе ѝ бидат потребни најмалку 60 години да излезе од економска криза. А верувам дека ќе бидат повеќе.

    Ова девојко не е иронизација туку е реалност, не иронизирам воопшто.
     
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Па јас би рекол дека е подеднакво зло со Заев. Само попаметно изигра од муртинецот. ;)
     
    На Lianna Anna и Rama им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Во ниту еден наврат не ги осудив оние кои вадат Бугарски пасоши. Многу добро знам зошто е тоа така. Никој од убавини не се откажува од идентитет. Но, прашај колку од тие семејства навистина успеаа да овозможат подобра иднина за себе и своите семејства и колку навистина им е добро таму во туѓина? Многу од нив се еднакво сиромашни како што биле и овде, дури и повеќе. Ретки се оние кои се снашле.

    Премногу ризично е вака како што кажуваш ти. За да пробаш играш на карта на идентитет, не може тоа така. Ене ги и Бугарите влегоа во ЕУ па на крај не излегуваат со стандардот. Башка за вадење Бугарски пасош треба да имаш некој твој далечен/близок роднина од таму, не се вади тоа туку така, за се има процедури. И не знам колку си информиран ама масовната Бугаризација веќе е во намалување цела година. Источна Македонија не е цела Македонија, ние 2000000 холограми да не сме што сеуште живееме овде?

    Не е реалност, зошто не ги знаеш моите дејствувања надвор од форумските рамки. Ти можеш само да хипотезираш.
     
    На Lianna Anna и Rama им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Девојко, јас не велам дека ти ги осудуваш. Јас само ти говорам дека бугаризацијата си трае понатаму. И тоа е еден вид на продавање на државата и идентитетот, идентитет не се продава само преку промена на името.
    А ова се случува зошто оваа држава нема ништо да понуди. Јас на пример имам поинакви искуства, јас на пример имам искуства кои велат дека фамилиите со бугарски пасоши се снашле надвор и дека им е подобро од Скопје. Секој со своите искуства.
    А за тоа дека била намалена бугаризацијата, не би рекол. Тоа се вести од Шител и компанија. На времето и Латас така известуваше за бугарските пасоши ама испадна дека бугаризацијата се зголемува од година во година и се шири како чума. Македонските весници и не се баш така објективни, приказната на терен изгледа поинаку.
    Имаш редици од Македонци пред ДАБЧ во Софија кои чекаат документ за „блгарски произход“. На терен сликата е поинаква.
    Ти не одлучуваш, мнозинството одлучува тоа е работата. А мнозинството бара финансиска стабилност и не го интересира за твоите и моите мислења на форумов во врска со патриотизмот.
     
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Ако ти така велиш во ред. Ама практикава на дебатирање на форум за овие работи ти е погрешна и се покажала во доста наврати како погрешна. Батали ме ти мене, мене не ме интересира што ќе се случи така да мене ми е дозволено ова.
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не е сител, туку реалност. Не може секој да вади Бугарски. Си ги видел условите?
    Ситуација на терен си видел па коментираш или ова ти е од телма статистика дека има масовно иселување надвор од Истокот? :D

    Ти немаш ниту искуство, ниту самосвест. Да имаше ќе беше во Бугарија, и од таму ќе ја водеше дискусијава, но сеуште си овде. Ако не те тангира сегашната ситуација, глумејќи изгубен Германец со парола нисам одавде, слободен ти е патот за надвор, никој не ти брани или осудува. Лично и јас би се одлучила на таков чекор ако почувствувам потреба и дека можам, ама не по цена да се повикувам во име на целиот Македонски народ, за да ми е почиста совеста со тоа што ќе држам говоранции дека повеќето млади незадоволни од сегашната ситуација се спремни да го продадат името и идентитетот за ситнеж.
    Мислиш дека со продавање на името ќе добиеш нешто и дека цела младина размислува како тебе? Живеј во таа надеж, ќе правиме муабет кога ќе се случи тоа, а како тргнало ќе се случи. Но, не поради младите, туку ради таквите кои не веруваат колку народот има сила и што значи демократија во вистинска смисла на зборот. Ама да не биде после ,,ама, јас мислев" зошто тогаш нема да има назад, а од мислење леб не се вади.

    Инаку, името не го гледав од политички аспект, што и напоменав низ првиот пост, меѓутоа ти револтиран од некои x причини ја дотера дискусијата до овде мавајќи ме со свилени ракавици.

    Каде се видело во светот на држава да се менува име поради лоши соседски односи, ајде кажи ми? Сите ни се смеат, и со право.

    И за крај зошто мене да не ми е дозволено да го изразам мислењето, а тебе ти е, (демек јас не сум политички полтрон, а ти си), и која тактика? Мислиш дека политички сум ангажирана? Не, не сум. Никаква корист немам од ниту една партија.

    Патем, стварно без иронија ти посакувам среќа да си го најдеш патот надвор, и сите оние како тебе кои кога протестиравме 2006-та, и за јазикот, не прават фантоми, како никогаш да немало граѓански протест. Поздрав.
     
    Последна измена: 26 јануари 2018
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Одорке, ти благодарам на искрените желби. Се надевам дека и ти ќе го најдеш патот било каде.
    Што се однесува до твојата објективност не можеш од една страна да тврдиш како ти „не ги разбираш“ луѓето како мене а од друга страна да велиш „јас никој не обвинувам“. Ова веќе спаѓа во обвинување.
    За бугарски пасош доволно сум информиран, не треба да ми кажуваш процедури а сега ќе ти кажам и новитет дека ја скратија постапката на шест месеци, ако ништо друго има најави од Бугарија.



    И да, верувај дека кога ќе ми дојде можноста ќе избегам од тука макар и да бидам изгубен Швеѓанец. Како и голем дел од Македонците и Албанците за кои самата си свесна. А вие ако сакате чекајте уште 30 години да се поправи економијата, зошто според најновите најави на Виенскиот економски институт толку ќе треба на државава да го стигне стандардот на Европа. И знак прашање е дали ќе бидат повеќе или не.


    Понатаму немам што да додадам, ти кажувам пак, ти посакувам секое добро.
     
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    27067683_10214975238557358_2296440472198954021_n.jpg
    Македонија до Америка, ама буквално! Големо ни е името!

    Што ќе прават сега грчкине фашисти со американскине иредентисти и други белосветски „узурпатори“ на грчка своина? Преговори нешто, достоинствени решенија за обете страни? Или можеби овие имаат платено авторски права?
    Абе на секој град во Македонија би им ставила префикс „Македонски“ - Македонско Скопје, Македонски Велес, Македонско Тетово, Македонска Гевгелија. Па кога ќе кинисаат грчкине коцкаришта преку наша граница, ако ништо друго џигерите да си ги јадат кога ќе ги читаат патоказите. И никад на коцка да не добијат, голи пиштоли да се враќаат дома!
     
    На Victorian, galapce, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1516995812503.jpg
    И после некој ќе ми зборува против Турција...
    Нека се засрамат суте кои зборат против Турција која ни е најголем пријател и помагател на Македонија.
     
    На Tanjamm, Mari-Ja, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.